ФК Астон Вила
Астон Вила | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Астон Вила | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Вила, Виланите, Лавовите | |||
Основан | март 1874[1] | |||
Стадион | Вила Парк Бирмингем, Англија | |||
Капацитет | 42,788[2][3] | |||
Сопственик | Насеф Савирис | |||
Менаџер | Стивен Џерард | |||
Лига | Премиер лига | |||
2019–20 | Премиер лига, 17-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
ФК Астон Вила е англиски фудбалски клуб со седиште во Астон, Бирмингем. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал.
Клубот е основан во 1874 година, и бил еден од клубовите основачи на Фудбалската лига во 1888 и Премиер лигата во 1992 година. Астон Вила е седумкратен шампион на Англија, но сите седум титули ги освоиле во старата Прва дивизија, потоа седумпати освојувач на ФА Купот и пет пати победник на Лига купот. На меѓународната сцена, Вила е еден од петте англиски клубови кој го освоил Европскиот куп на шампиони/Лигата на шампиони, правејќи го тоа во сезоната 1981-1982. Покрај тоа, имаат и една титула Суперкупот на Европа во 1982 година.
Својте домашни натпревари Астон Вила ги игра на стадионот Вила Парк, уште од далечната 1897 година. Традиционалниот прв дрес на клубот е во бордо боја со небесно сини ракави. Клубот има жестоко локално соперништво со Бирмингем Сити, со кој играат градско дерби уште од 1879 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Основање и годините во Фудбалската лига (1874−1920)
[уреди | уреди извор]Астон Вила Фудбал клуб бил основан во март 1874 година, од страна на членовите на крикет клубот Вила Крос Веслијан Чапел во Хендсворт кој сега е дел од Бирмингем. Четворицата основачи на Астон Вила биле Џек Хјуз, Фредерик Матјуз, Волтер Прајс и Вилијам Скатергуд. Првиот натпревар на Астон Вила бил против локалниот рагби тим Астон Брук. Како услов за одигрување на натпреварот Вила била принудена да се согласи првото полувреме од натпреварот да се одигра според правилата за рагби, а второто полувреме спореед правилата за фудбал. По преселбата на новиот терен Велингтон Роуд, Вила наскоро се докажала како еден од најдобрите клубови во Мидландс, освојувајќи го нивниот прв трофеј, Бирмингем сениор купот во 1880 година, под капитенската лента на шкотланѓанецот Џорџ Рамзи.[4]
Во 1887 година, клубот го освоил нивниот прв ФА Куп, предводени од капитенот Арчи Хантер. Астон Вила била еден од десетината екипи кои се натпреварувале во инаугуративната фудбалска лига во 1888 година додека еден од директорите на клубот, Вилијам МекГрегор бил основач на лигата. Астон Вила се појавува како најуспешен англиски клуб во Викторијанската ера, освојувајќи пет првенствени титули и три ФА Купа до самиот крај на владеењето на Кралицата Викторија во 1901 година.[5] Во 1897 година, кога Вила ја освоила “двојната круна”, тие се преселиле на нивниот сегашен дом, теренот Астон Ловер. Симпатизерите подоцна го преименувале во “Вила Парк”, но нема официјални изјави дека наведениот терен се нарекува Вила Парк.[6]
Подеми и падови (1920−1964)
[уреди | уреди извор]Астон Вила го освоила својот шести ФА Куп во 1920 година, пред наскоро да започне нивниот спор пад којшто ја довел Вила - во тоа време еден од најпознатите и најуспешните клубови во светскиот фудбал - до испаѓање во Втората Дивизија во 1936 година, за првпат во историјата на клубот. Ова пред сè се случило како резултат на слабата одбрана, тие примиле 110 гола во 42 натпревари, а 7 од нив постигнал Тед Дрејк од Арсенал во неславниот пораз на Вила Парк со 1-7.[7] Како и сите англиски клубови, Вила пропуштила седум сезони поради Втората светска војна, а токму тој конфликтот довел до тоа неколку фудбалери да ги завршат нивните кариери предвреме. Повторната изградба на тимот се случува во втората половина на 1940-тите години, под водството на поранешниот играч Алекс Меси. Во сезоната 1956-1957, Астон Вила стигнала до првиот трофеј по цели 37 години чекање, а истиот го донел друг поранешен играч на Вила, Ерик Хогтон, кој го предводел клубот до освојувањето на, тогаш рекордниот седми, ФА Куп, поразувајќи ги во финалето “Базбиевите бебиња” на Манчестер Јунајтед.[8] Конечно, напорите на менаџерот Џо Мерсер вродиле со плод и тој ја вратил Вила во првата лига како шампиони на Втората Дивизија во 1960 година. Веќе следната сезоната Астон Вила станала првиот освојувач на Лига Купот.[9]
Испаѓања и препород во 80-тите години (1964−1992)
[уреди | уреди извор]Принудното повлекување на Мерсер од клубот во 1964 година го означило периодот на длабоки превирања. Најуспешниот клуб во Англија имал борба да остане во чекор со промените во модерната игра, чиј крајен резултат бил испаѓање по трет пат, под водството на Дик Тејлор во 1967 година. Следната сезона навивачите повикале управниот одбор да си поднесе оставка бидејќи Вила завршила на 16-тото место во Втората Дивизија. Со огромни долгови и наоѓајќи се на дното на Втората Дивизија, управата го отпуштила Томи Камингс (менаџерот кој го заменил Тејлор), а само неколку недели подоцна целиот управен одбор поднел оставка поради преголемиот притисок од навивачите.[10] По многубојните шпекулации, контролата врз клубот ја презел лондонскиот финансиер Пет Матјуз, кој исто така го довел Даг Елис на претседателската функција.[10] Сепак, ниту новиот сопственик не можел да го спречи испаѓањето на Вила, за првпат, во Третата Дивизија по крајот на сезоната 1969-1970. Сепак, Вила постепено започнала да се опоравува под раководство на поранешниот капитен на клубот Вик Кроу. Во сезоната 1971-1972 се вратиле во Втората Дивизија како шампиони, со освоени рекордни 70 бода.[11] Во 1974 година, Рон Сандерс бил назначен за менаџер. Неговиот сериозен пристап како тренер се покажал многу ефикасен освојувајќи го Лига купот следната сезона, а на крајот од сезоната 1974-1975 ги вратил во Првата Дивизија и во Европа.[12]
Вила се вратила меѓу елитата, додека во исто време Сандерс продолжил да гради победнички тим. Кулминацијата на неговата работа го донела освојувањето на седмата првенствена титула во сезоната 1980-1981. На големо изненадување на навивачите и коментаторите, Сандерс поднел оставка од функцијата менаџер на Астон Вила во средината на сезоната 1981-1982, поради влошени односи со претседателот, кога Вила се наоѓала во четвртфиналето на Европскиот куп. Тој бил заменет од неговиот асистент Тони Бартон кој го предводел клубот до историската титула во најсилното Европско натпреварување, победувајќи го Бајерн Минхен со 1-0 во финалето одиграно во Ротердам со голот на Питер Вит. Следната сезона, Вила била крунисана во победник на Суперкупот на Европа, победувајќи ја Барселона со вкупен резултат 3-1. Овие резултати го означиле врвот на Вила, а набргу потоа во остатокот од славните 80-ти години клубот нагло опаднал, што кулминирало со ново испаѓање во 1987 година.[13] Сепак, овојпат клубот таму се задржал кратко, изборувајќи промоција во елитата веќе следната сезона под водството на Греам Тејлор. Истиот менаџер, во првата година по враќањето во Првата Дивизија (сезоната 1989-1990) ја води Астон Вила до второто место.[14]
24 години во Премиер лигата (1992-2016)
[уреди | уреди извор]Вила била една од основачите на новоформираната Премиер лига во 1992 година, и во инаугуративната сезона завршиле на второто место зад Манчестер Јунајтед. Во остатокот од деведесеттите, Астон Вила минала низ тројца различни менаџери и нивните крајни лигашки позиции биле шарени, иако освоиле два Лига купа и речиси редовно се квалификувале за Купот на УЕФА. Во 2000 година, клубот стигнал до финалето на ФА купот, каде загубиле со 1-0 од Челси во последниот натпревар што се одиграл на стариот Вембли.[15][16]
Позицијата на клубот во Лигата повторно почнала да варира под раководство на неколку различни менаџери и работитего достигнале врвот во летото 2006 година кога Дејвид О`Лири си заминал со голема горчина.[17] После 23 години поминати како претседател и најголем акционер (приближно околу 38 %), Елис конечно одлучил да ги продаде неговите акции во Астон Вила поради болест. По многубројните шпекулации било објавено дека клубот ќе го купи американскиот стопанственик Ренди Лернер, сопственик на НФЛ екипата Кливленд Браунс.[18] Доаѓањето на новиот сопственик во лицето на Лернер и назначувањето на Мартин О'Нил за менаџер, го означиле почетокот на периодот на оптимизам во таборот од Вила Парк и драстични промени се случиле набргу потоа во клубот вклучувајќи нов амблем, нов дрес, нов спонзор како и големи промени во играчкиот кадар во летото 2007 година.[19] О'Нил ја водел Астон Вила до три 6-ти места во финалниот пласман во Премиер лигата, а во сезоната 2009-2010 клубот играл во финалето на Лига купот, каде биле поразени од Манчестер Јунајтед со 2-1, и во полуфиналето на ФА Купот.[20] Сепак, само пет дена пред почетокот на сезоната 2010-2011, О`Нил поднел оставка,[21] а по само една година со Жерар Улие на чело, тренерската функција во клубот ја презел менаџерот на градскиот соперник Бирмингем Сити, Алекс МекЛиш, и покрај бројните протести од навивачите против неговото назначување; тој бил првиот менаџер кој се преселил директно од едниот во другиот клуб.[22] Договорот на МекЛиш бил раскинат на крајот на сезоната 2011-2012, откако Вила заврши на 16-то место, со катастрофален крај на првенството од 10 кола без победа.[23] МекЛиш бил заменет од Пол Ламберт.[24] Во февруари 2012 година, клубот објавил финансиска загуба од 53,9 милиони фунти,[25] и Лернер го ставил клубот на продажба три месеци подоцна, со проценета вредност од 200 милиони фунти.[26] Со Лернер сè уште на кормилот, во сезоната 2014–2015 Астон Вила постигнала само 12 погодоци на 25 натпревари во лигата, што бил најнизок број во историјата на Премиер лигата, а Ламберт бил сменет во февруари 2015 година.[27] Тим Шервуд го наследил Ламберт,[28] и го спасил клубот од испаѓање, истовремено водејќи го до финалето на ФА Купот, но тој бил отпуштен во следната сезона 2015–2016,[29] а неговиот наследник Реми Гард, не успеал да ја извади Астон Вила од зоната за испаѓање на крајот на сезоната - завршувајќи го нивниот 29-годишен престој во највисоката фудбалска лига во Англија.[30]
Промени на сопственици, годините во Чемпионшип и промоција (2016–)
[уреди | уреди извор]Во јуни 2016 година, кинескиот стопанственик Тони Ксија го купил клубот за 76 милиони фунти.[31] Поранешниот тренер на Челси Роберто Ди Матео бил назначен за нов менаџер на клубот, но бил отпуштен по лошиот старт на сезоната.[32] На неговото место дошол поранешниот менаџер на Бирмингем Стив Брус.[33] Искусниот Брус го консолидирал тимот и го предводел до 4-тото место на табелата на крајот од сезоната 2017-2018, но поразот во финалето на плејофот за промоција во Премиер лигата од Фулам ги оставил во Чемпионшип и во следната сезона. Во октомври 2018 година, Брус бил отпуштен откако добил само еден натпревар во серија од девет натпревари.[34]
Како негова замена клубот го назначил менаџерот на Брентфорд, Дин Смит, а во улогата на негов асистент во клубот се вратил и Џон Тери.[35][36] Под водството на Смит, резултатите драстично се подобриле, така што тимот завршил на 5-тото место и повторно стигнал до плејофот - помогнато од рекордната клупска серија од 10 лигашки победи по ред. Промоцијата назад во Премиер лигата после три години отсуство, конечно била постигната со победата над Дарби Каунти со 2-1 во финалето на плејофот на Вембли.[37] Голема заслуга за промоцијата имал позајмениот напаѓач од Челси, Тами Абрахам, кој постигнал 25 гола и бил втор стрелец во првенството.
Во јули 2018 година, сопствеништвото над Астон Вила го презеле Насеф Савирис и Вес Еденс со контролен удел од 55%. Тие ветиле големи вложувања во клубот и реконструкција и тоа го исполниле откако во летниот трансферен по промоцијата, Вила била меѓу екипите со најголем број на потрошени пари за нови играчи. Сепак, и покрај дванаесетте засилувања во повратничката сезона во Премиер лигата клубот бил исправен пред битката за опстанок, која на крајот ја добива спасувајќи се во последното коло и завршувајќи на 17. место. Во меѓувреме, играчите на Смит стигнале и до финалето на Лига купот во кое биле поразени од Манчестер Сити со 2-1.
Бои, дресови и амблеми
[уреди | уреди извор]Бои и дресови
[уреди | уреди извор]Клупските бои се состојат од дрес во бордо боја со небесно сини ракави, бели шорцеви и небесно сини чорапи со бордо елементи на врвот. Тие беа оригинални носители на јака и сина боја. Со оваа комбинација на бои бил создаден и нивниот прв дрес во историјата. Боите на Вила на почетокот генерално се состоеле од обични мајици (бела, сива или сина нијанса), со бели или црни шорцеви. Неколку години после тоа (1877–79), тимот носел неколку различни дресови, како целосно бел дрес, син и црн, црвен и син до дрес во обична зелена боја. До 1880 година, Вилијам Мек Грегор вовел црн дресови со црвен лав извезен на градите. Овој дрес се задржал шест години. Подоцна бојата на дресот станала во боја на чоколадо со небесно сини нијанси, а бојата на чоколадото подоцна станала бордо боја.[38] Никој не е сосема сигурен зошто бордо и небесно сината боја станале усвоени бои на клубот.[38] Со тоа Астон Вила се приклучила на неколку други англиски фудбалски клубови кој ги усвоиле овие бои: како Вест Хем Јунајтед и Барнли.[39][40]
Дресови низ историјата
- Домашни
- Гостински
Новиот амблем бил претставен на 2 мај 2007 година, и е на сила од сезоната 2007-2008 па наваму. Новиот амблем исто така го сочинува и ѕвезда која го претставува трофејот освоен во Европскиот куп 1982 година и позадината е небесно сина, со “нескротлив лав” кој го зазема главното место на целиот симбол на Вила. Традиционалното мото “Подготвени” (Prepared) останал на амблемот и името Астон Вила е скратено на АВФК, каде што ФК било отфрлено од претходниот амблем. Лавот сега унифицира наспроти лавот кој пред тоа беше користен. Ренди Лернер спровел истражување во кое навивачите потпомогнале во дизајнирањето на новиот амблем.[41]
На 6 април 2016, клубот потврдил дека ќе користи нов амблем од сезоната 2016–2017. Лавот во новиот амблем има додадени канџи, и зборот "Prepared" бил отстранет за да се зголеми големината на иницијалите на клубот и лавот во значката.[42]
Стадион
[уреди | уреди извор]Стадионот на кој Астон Вила ги игра својте домашни натпревари во моментов се нарекува Вила Парк и тој е нивен дом уште од 1897 година; претходно клубот користел само уште два други терени Астон Парк (1874–1876) и Велингтон Роуд (1876–1897). Вила Парк е најголемиот фудбалски стадион во Мидлендс, и осми по големина стадион во Англија. Стадион досега бил домаќин на 16 репрезентативни натпревари на англиската сениорска репрезентација, од кој првиот бил во 1899 година, а последниот во 2005 година. Така, тој бил првиот англиски фудбалски терен кој организирал меѓународен фудбал во три различни века. Други позначајни настани кој се одржале на овој стадион било финалето на последното издание на Купот на победниците на куповите во 1999 година и ФА Комјунити Шилд натпреварот во 2012 година.
Вкупниот капацитет на Вила Парк изнесува 42,095 седечки места, но клубот планира во иднина да ја прошири трибината Норт Стенд со што капацитетот би се зголемил на околу 50,000 седечки места.
Сопственост
[уреди | уреди извор]Првите акции на клубот биле издадени кон крајот на 19-от век како резултат на законот кој настојувал да го кодификува растечкиот број на професионални тимови во Асоцијацијата на фудбалските лиги (ФА). ФА тимовите биле задолжени да достават акции до инвеститорите како начин на олеснување на тргувањето помеѓу клубовите без мешање на ФА. Ова тргување продолжило и во 20-от век, сè до 1960 година кога Елис почнал да ги купува поголемиот дел од акциите. Тој станал претседател и најголем акционер на Астон Вила од 1968 до 1975 година, исто така бил сопственик на мнозинскиот пакет акции во клубот од 1982 до 2006 година. Клубот бил ставен на продажба на Лондонската Берза во 1996 година, а вредноста на акциите била непостојана и по десет години од ставањето на продажба. Во 2006 година, била објавена информација дека неколку конзорциуми и индивидуалци сакаат да наддаваат за купување на Астон Вила.
Во август 2006 година, било потврдено дека Ренди Лернер, сопственикот на НФЛ клубот Кливленд Браунс, постигнал договор за купување на Астон Вила за 62,6 милиони фунти. Изјавата излегла во јавност на 25 август во која се вели дека Лернер обезбедил 59.69% од акциите на Вила, станувајќи најголемиот акционер. Исто така, тој се назначил за претседател на клубот. Последната година во која Елис бил таму задолжен, Вила загубила 8,2 милиони фунти пред даноците, споредено со 3 милиони фунти профит од претходната година, а приходите паднале од 51,6 милиони фунти на 49 милиони фунти. Ренди Лернер презел целосна контрола на 18 септември поседувајќи 89.69% од акциите.[43] На 19 септември 2006 година, Елис и неговиот управен одбор поднеле оставка и биле сменети со нов одбор на чело со Лернер. Лернер го вработил Чарлс Крулак како надворешен директор, а Елис бил награден со почесното место претседател во пензија.[44]
На 18 мај 2016 година, Ренди Лернер се согласил на продажба на Астон Вила на Recon Group, во сопственост на кинескиот стопанственик Ксија Џјантонг. Продажбата била завршена на 14 јуни 2016 година за пријавени 76 милиони фунти, откако била одобрена од Фудбалската лига, со што клубот станал дел од одделот за спорт, рекреација и туризам на Recon Group.[45][46][47]
Откако не успеале да обезбедат промоција во Премиер лигата во сезоната 2017-18, со што започнале да се зголемуваат шпекулациите за финансиските тешкотии во клубот. Ова го поттикнало сопственикот Тони Ксија да побара дополнителни инвестиции. На 20 јули 2018 година, групата NSWE - египетска компанија - во сопственост на египетскиот милијардер Насеф Савирис и американскиот милијардер Вес Еденс решила да инвестира во клубот. Тие купиле контролирачки удел од 55% во клубот и Савирис ја презел улогата на претседател на клубот.[48] На 9 август 2019 година, во пресрет на враќањето на Вила во Премиер лигата, документите од Компаниите Хаус откриле дека сопственоста на малцинскиот удел на Рекон Груп е откупена, а Тони Ксиа веќе немал никаков удел во клубот.
Општествена одговорност
[уреди | уреди извор]Астон Вила има уникатни односи со Детската Болница Акорнс, односи какви никој досега немал во англискиот фудбал. За првпат во Премиер Лигата, Астон Вила го отстапи местото напред на своите дресови, кое е наменето за високоплатените спонзори, за болницата Акорнс, со цел хуманитарната акција за се здобие со поголемо внимание, а со тоа и да собере што повеќе парични средства. Покрај натписот на дресовите кои тие им го отстапија, тимот исто така одвои и парични средства за околу 300 дена во кои се вршеше хуманитарна работа, обезбедување и собирање на финансиски средства за болницата, како и посети на самите играчи на болницата. Во септрември 2010 година, Астон Вила во Вила Парк започна иницијатива наречена “Храната во Вила Мидланд” каде што клубот помина две години во обучување на ученици заедно со “Гостопримството на Астон Вила и Настаните” и со Советот на градот Бирмингем. Клубот ќе отвори и ресторан на трибината Тринити Роуд каде што ќе бидат регрутирани 12 студенти во полупречник од 12 километри оддалечени од Вила Парк, каде што мнозина од храната која што ќе биде сервирана во ресторанот ќе потекнува од тоа локално место.
Навивачи и соперништва
[уреди | уреди извор]Астон Вила има најмногубројни навивачи и црпи поддршка во Мидленд и пошироко, но и со поддршка од целиот свет. Поранешниот Главен Извршен Директор Ричард Фицџералд изјави дека најголемиот дел од навивачите околу 98% се белци. Кога Ренди Лернер и неговиот режим го презедоа клубот, тие се стремеа да ги прошират границите на поддшка на клубот и кон другите етнички заедници. Многубројните организации се воспоставија како поддржувачи на локалната заедница вклучувајќи го и Астон Прајд. Програмата “Вила во заедницата” исто така беше имплементирана за да ги охрабри младите луѓе за да ја дадат својата поддршка. Новите сопственици исто така иницираа неколку истражувања за да се здобијат со мислењата на навивачите на Вила како и тие да бида вклучени во одлучувањето за одредени работи. Се свикуваат состаноци на секои три месеци каде што се поканети и навивачите по случаен избор, да поставуваат прашања до Бордот. Во март 2011 година, клубот поддржи иницијатива од навивачите за официјална химна која би требало да го подигне духот на Вила Парк на повисоко ниво. Песната “Ѕвоната ѕвонат” (The Bell’s Are Ringing) требало да биде наменета да се пее пред почетокот и на крајот на секој натпревар. Како и другите англиски клубови, Астон Вила има неколку хулигански “фирми” (организации) познати како “Villa Youth”, “Streamers”, “Villa Hardcore” и “C-Crew”, со што втѕориве биле многу активни во 70-те и 80-те. Како што може да се примети низ целиот англиски фудбал, хулиганските групи се ставени под контрола. Во 2004 година хулиганите на Вила беа вмешани во тепачка со навивачите на Квинс Парк Ренџерс хадвор од Вила Парк каде што загина еден редар. Главните групи на поддржувачи сега може да се најдат во голем број меѓу кои има и домашни и меѓународни поддржубачи на клубот. Ова ја вклучува и официјалната група на навивачи на Астон Вила која има мали ограноци како дома, така и надвор. Во времето на Даг Елис постоеја неколку независни групи на поддржувачи, но повеќето се распуштија по неговото пензионирање. Клупските навивачи исто така имаат објавено и списанија како што се “Хероите и Виланите” и “Светите Тројца”. Соперниците на Астон Вила се Бирмингем Сити, чиишто натпревари меѓу овие два клуба се познати и како “Второто Градско Дерби”. Историски гледано, Вест Бромвич Албион се најголемиот соперник на Вила, според истражувањето спроведено помеѓу навивачите во 2003 година. Двата тима се натпреварувале во три ФА Куп финалиња во доцниот 19 век. Вила може да се каже дека чувствува соперништво и против Вулверхемптон Вандерерс и Ковентри Сити. Поради паѓањето на Вест Бромвич и Бирмингем Сити во Втората Лига во сезоната 2005-2006, во сезоната 2006-2007 Вила беше единствениот тим во Премиер Лигата кој се натпреваруваше од Мидландс. Единствениот тим во кој Вила гледаше како на соперник и соперник беше Шефилд Јунајтед, кој играше 100 километри подалеку од Јоркшир. За сезоната 2010-2011, Вест Бромвич Албион, Вулверхемптон Вандерерс и Бирмингем Сити и се придружија на Вила во елитната лига. Ова го означи периодот кога “Големата Четворка” на тимови од Западен Мидлендс играле заедно во Премиер Лига во една сезона и за првпат во најелитната англиска лига од сезоната 1983-1984.
Статистика
[уреди | уреди извор]До денес Астон Вила има одиграно 100 сезони во првата лига, само Евертон има одиграно повеќе од Вила, 107 сезони во највисоката по ранг лига. Како резултат на тоа, натпреварот Астон Вила против Евертон има најмногу одиграни средби во првата лига. Астон Вила е една од најголемите седум екипи која играла во Премиер Лигата од нејзиното формирање заедно со Арсенал, Евертон, Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем Хотспур. Вила е петта на табелата, сметано од формирањето на Премиер Лига до денес, по бројот на освоено бодови и е на четвртото место по бројот на освоени трофеи, вкупно 20. Астон Вила моментално го држат рекордот на најмногу постигнати голови во првата лига во една сезона, 128 гола во сезоната 1930-1931. Легендата на Вила, Арчи Хантер стана првиот играч кој постигнал гол во секое коло на ФА Купот во победоносната кампања на Вила во 1887 година. Најдолгиот рекорд на домашни натпревари без пораз во ФА Купот траеше цели 13 години и 19 натпревари, од 1888 до 1901 година. Астон Вила е еден од четирите англиски тима кој го имаат освоено Европскиот Куп. Тоа го постигнаа на 26 мај 1982 година во Ротердам, нанесувајќи му пораз на Баерн Минхен, благодарение на голот на Питер Вите.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]
|
|
Менаџери
[уреди | уреди извор]
|
|
|
|
Титули
[уреди | уреди извор]Домашни
[уреди | уреди извор]- Прва Дивизија / Премиер лига : 7
- 1893–1994, 1895–1896, 1896–1897, 1898–1899, 1899–1900, 1909–1910, 1980–1981
- Втора Дивизија / Чемпионшип : 2
- 1937–1938, 1959–1960
- Трета Дивизија / Лига Еден : 1
- 1971–1972
- ФА Куп : 7
- 1886–1887, 1894–1895, 1896–1897, 1904–1905, 1912–1913, 1919–1920, 1956–1957
- 1960–1961, 1974–1975, 1976–1977, 1993–1994, 1995–1996
- 1981
Меѓународни
[уреди | уреди извор]- 1982
- Интертото куп : 1
- 2001
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Aston Villa Football Club information“. BBC Sport. 1 January 2010. Посетено на 26 June 2007.
- ↑ „Villa held by 10 man United (match attendance at top)“. Sky Sports. 10 February 2010. Посетено на 11 February 2010.
- ↑ „Aston Villa 1 – 1 Man Utd (match attendance at bottom)“. BBC Sport. 11 February 2010. Посетено на 10 February 2010.
- ↑ „Aston Villa Hall of Fame“. Aston Villa F.C. Архивирано од изворникот на 15 October 2007.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 192.
- ↑ Hayes, Dean; p. 170.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 71.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; pp. 86–87.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 93.
- ↑ 10,0 10,1 Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 100.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 106.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 111.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 148.
- ↑ Ward, Adam; Griffin, Jeremy; p. 155.
- ↑ „Aston Villa“. Football Club History Database. Richard Rundle. Архивирано од изворникот 29 December 2012. Посетено на 19 March 2012.
- ↑ „Chelsea claim FA Cup glory“. BBC Sport. 20 May 2000. Архивирано од изворникот 10 October 2012. Посетено на 21 September 2010.
- ↑ „O'Leary parts company with Villa“. BBC Sport. 19 July 2006. Архивирано од изворникот 11 October 2013. Посетено на 15 September 2008.
- ↑ „Lerner set to complete Villa deal“. BBC Sport. 27 September 2006. Архивирано од изворникот 30 March 2013. Посетено на 15 September 2008.
- ↑ „Villa secure new kit deal with Nike“. ESPNsoccernet. 7 February 2007. Архивирано од изворникот 8 November 2012. Посетено на 15 September 2008.
- ↑ McNulty, Phil (28 February 2010). „Aston Villa 1–2 Man Utd“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 16 April 2012. Посетено на 28 February 2010.
- ↑ „Club Statement: Martin O'Neill“. Aston Villa F.C. 9 August 2010. Архивирано од изворникот на 17 August 2010. Посетено на 9 August 2010.
- ↑ „Aston Villa appoint Alex McLeish as manager“. BBC Sport. 17 June 2011. Архивирано од изворникот 17 June 2011. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ „Alex McLeish sacked as Aston Villa manager“. BBC Sport. BBC. 14 May 2012. Архивирано од изворникот 14 May 2012. Посетено на 14 May 2012.
- ↑ „Aston Villa appoint Paul Lambert as new manager“. BBC Sport. BBC. 2 July 2012. Архивирано од изворникот 16 October 2013. Посетено на 29 December 2013.
- ↑ „Aston Villa announce £53.9m loss for 2010–11 financial year“. BBC Sport. 28 February 2012. Архивирано од изворникот 10 March 2012. Посетено на 19 March 2012.
- ↑ „Aston Villa: Owner Randy Lerner puts club up for sale“. BBC Sport. 12 May 2014. Архивирано од изворникот 1 June 2014. Посетено на 24 July 2014.
- ↑ „Aston Villa: Paul Lambert sacked as manager“. BBC Sport. 11 February 2015. Архивирано од изворникот 13 February 2015. Посетено на 11 February 2015.
- ↑ „Tim Sherwood appointed new Aston Villa boss“. BBC Sport. 14 February 2015. Архивирано од изворникот 2 January 2016. Посетено на 11 February 2018.
- ↑ Percy, John (25 октомври 2015). „Tim Sherwood sacked as Aston Villa owner Randy Lerner runs out of patience with beleagured [sic] manager“. Telegraph.co.uk. Архивирано од изворникот 28 октомври 2015. Посетено на 29 октомври 2015.
- ↑ Jennings, Patrick (16 April 2016). „Manchester United 1 – 0 Aston Villa“. BBC Sport. BBC. Архивирано од изворникот 17 April 2016. Посетено на 17 April 2016.
- ↑ „Aston Villa: Dr Tony Xia completes takeover of Championship club“. BBC Sport. 14 June 2016. Архивирано од изворникот 13 November 2016. Посетено на 13 November 2016.
- ↑ „Roberto di Matteo: Aston Villa sack manager 124 days after he takes charge“. BBC. 3 October 2016. Архивирано од изворникот 3 October 2016. Посетено на 4 October 2016.
- ↑ „Aston Villa: Steve Bruce appointed manager of Championship club“. BBC Sport. 12 October 2016. Архивирано од изворникот 29 October 2016. Посетено на 13 November 2016.
- ↑ „Steve Bruce: Aston Villa sack manager after one win in nine league games“. BBC Sport (англиски). 3 October 2018. Архивирано од изворникот 3 October 2018. Посетено на 2 November 2018.
- ↑ „Dean Smith: Aston Villa appoint new head coach with John Terry as assistant“. BBC Sport (англиски). 10 October 2018. Архивирано од изворникот 11 October 2018. Посетено на 2 November 2018.
- ↑ „John Terry appointed Aston Villa assistant as Smith named manager | Goal.com“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 2 November 2018.
- ↑ „Championship play-off final: Aston Villa 2-1 Derby County“. 27 May 2019 – преку www.bbc.co.uk.
- ↑ 38,0 38,1 „Aston Villa“. Historical Football Kits. Архивирано од изворникот 19 January 2013. Посетено на 19 March 2012.
- ↑ When Saturday Comes: The Half Decent Football Book; p. 183.
- ↑ Schwartz, Nick (26 May 2014). „Meet the 3 teams promoted to the Premier League“. USA Today. Архивирано од изворникот 28 May 2014. Посетено на 4 June 2014.
- ↑ „The Aston Villa Hit: The Current Crest“. Aston Villa F.C. Архивирано од изворникот 13 October 2010. Посетено на 19 March 2012.
- ↑ „Introducing our badge for 2016/17“. Aston Villa Football Club. 6 април 2016. Архивирано од изворникот на 9 април 2016. Посетено на 6 април 2016.
- ↑ Austin, Simon (19 September 2006). „End of Ellis era“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 16 January 2009. Посетено на 15 September 2008.
- ↑ Conn, David (23 August 2006). „Ellis rolls away from his nice Villa earner“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот 4 December 2013. Посетено на 19 March 2012.
- ↑ „Club statement: Sale confirmed | Latest News | Aston Villa“. www.avfc.co.uk. Архивирано од изворникот на 15 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
- ↑ Murphy, Pat (14 June 2016). „Aston Villa: Dr Tony Xia completes takeover of Championship club“. Архивирано од изворникот 14 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
- ↑ „Introducing Tony Xia | Latest News | Aston Villa“. www.avfc.co.uk. Архивирано од изворникот на 19 May 2016. Посетено на 20 May 2016.
- ↑ Official, AVFC (20 July 2018). „Club statement: Investment in Aston Villa“. Aston Villa F.C. Посетено на 20 July 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|