Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 149.391 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Композитна сателитска снимка на Антарктикот (2002)
Композитна сателитска снимка на Антарктикот (2002)

Антарктик — најјужниот и најмалку населен континент на Земјата, кој го опкружува Земјиниот Јужен Пол. Антарктикот е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа и има површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз, со просечна дебелина од 1,9 километри.

Антарктикот е во просек најстудениот, најсувиот и најветровитиот од континентите и има најголема просечна надморска височина. Континентот главно претставува поларна пустина, со годишни врнежи од над 200 мм покрај брегот и многу помалку во внатрешноста. Околу 70% од светските резерви на слатка вода се замрзнати на Антарктикот, кои доколку се стопат ќе го подигнат глобалното ниво на морињата за речиси 60 метри. Антарктикот го држи рекордот за најниска измерена температура на Земјата, −89.2 °C (−128.6 °F). Крајбрежните региони можат да достигнат температури над 10 °C (50 °F) во лето. Домородните видови на животни вклучуваат грини, цевчести црви, пингвини, фоки и тардигради. Онаму каде што се јавува вегетација, таа е претежно во форма на лишаи или мов.

Ледените плочи на Антарктикот веројатно првпат биле видени во 1820 година, за време на руската експедиција предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Во следните децении следувале и дополнителни истражувања кои биле организирани преку француските, американските и британските експедиции. Првото потврдено пристигнување на континентот било потрдено од норвешки тим во 1895 година. Во почетокот на 20 век, имало неколку експедиции во внатрешноста на континентот. Британските истражувачи биле првите што стигнале до Јужниот магнетен пол во 1909 година, а географскиот Јужен Пол првпат бил достигнат во 1911 година од норвешките истражувачи. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Стари потопени дрва во езерото Чеао Лан во покраината Сурат Тани, Тајланд.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Павароти во 2001 г.
Павароти во 2001 г.
На денешен ден…

Денес е 19 февруари 2025 г.

Настани:

1878  Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот.
1905  Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“.
1921  Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1945  Започнала големата битка на тихоокеанскиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија.
1959  Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.
1968  Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.
1994  Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1996  Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.
1996  Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
2021  Порфириј е устоличен како патријарх на Српската православна црква.

Родени:

1473  Никола Коперник — полски астроном.
1743  Лујџи Бокерини — италијански композитор и виолончелист.
1875  Димо Хаџи Димов — македонски револуционер.
1876  Константин Бранкуси — романски вајар.
1895  Лика Чопова-Јуркова — македонски педагог и публицист, внука на Гоце Делчев.
1896  Кирил Јанчулев — генерал во бугарската армија.
1896  Андре Бретон — француски писател.
1912  Адолф Рудницки — полски писател.
1922  Тодор Димитровски — македонски лингвист.
1935  Јосип Генералиќ — хрватски сликар.
1940  Смоки Робинсон — американски соул-музичар.
1951  Трајан Мартиноски — македонски поет.
1952  Данило Турк — претседател на Словенија.
1954  Сократес — бразилски фудбалер.
1954  Јура Стублиќ — хрватски и југословенски пејач, член на рок-групата „Филм“ (Film).
1955  Дејвид Мареј — американски џез-музичар.
1957  Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач.
1960  Момчило Бајагиќ-Бајага — српски поп-рок пејач.
1962  Хана Мандликова — чешка тенисерка.
1966  Енцо Шифо — белгиски фудбалер.
1979  Игор Митрески — македонски фудбалер.
1985  Јеле Ванендерт — белгиски велосипедист.
1989  Ридигер Зелиг — германски велосипедист.
1993  Мауро Икарди — аргентински фудбалер.
1994  Владимир Цупара - српски ракометар.
1995  Никола Јокиќ - српски кошаркар.

Починале:

1923  Иван Тавчар — словенечки писател и политичар.
1951  Андре Жид — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1947 година.
1952  Кнут Хамсун — норвешки писател.
1962  Јоргос Папаниколау — грчки цитопатолог, творец на т.н. ПАП-тест.
1997  Денг Сјаопингпремиер на НР Кина.
2008  Наталија Бесмертнова — примабалерина на Бољшој театар од 1961 до 1995 година.
2016  Умберто Еко — италијански писател и филозоф.
2019  Карл Лагерфелд — моден творец.
2021  Ѓорѓе Балашевиќ — српски поп-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич