ФК Барселона
Целосно име | Фудбалски Клуб Барселона Futbol Club Barcelona | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | Барса или Блауграна (како тим) Барселонистас (поддржувачи) Блаугранес или Азулгранес | |||
Основан | 29 ноември 1899 како Фудбалски Клуб Барселона | |||
Стадион | Камп Ноу (Капацитет: 99,786) | |||
Претседател | Жозеп Марија Бартомеу | |||
Менаџер | Кике Сетиен | |||
Лига | Ла лига | |||
2018/19 | 1-ви | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
|
Фудбалски Клуб Барселона (каталонски: Futbol Club Barcelona, често познат како Барса или Барселона) — професионален фудбалски клуб, со седиште во Барселона, Шпанија. Се натпреварува во Ла Лига, и е еден од трите клуба кои никогаш немаат испаднато од првата шпанска лига.
Формиран во 1899 година од страна на швајцарски, шпански и каталонски играчи предводени од страна на Жоан Гампер, клубот станал симбол на каталонската култура и каталонците, под мотото „Més que un club“ (македонски: Повеќе од клуб). Официјалната химна на Барса е „Cant del Barça“ чии автори се Жуам Пикас и Жозеп Марија Еспинас.[1] За разлика од многу други фудбалски клубови, навивачите ја поседуваат и раководат со Барселона. Барселона е вториот најбогат фудбалски клуб во светот во поглед на приход, со годишен обрт од 484 милилони евра.[2][3] Клубот има долго соперништво со Реал Мадрид, натпреварите помеѓу овие два тима се познати како Ел Класико.
Во домашните првенства ФК Барселона освоила рекордни дваесет и пет Шпански купови, девет Шпански Супер Купови и два Лига Купови. Исто така е еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал, со освоени десет УЕФА натпреварувања. Барселона е единствениот европски клуб кој игра континентален фудбал секоја сезона од 1955 година. Во 2009 година Барселона стана првиот шпански клуб кој ги има освоено Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на шампионите во една сезона. Истата година стана и првиот фудбалски клуб во светот кој има освоено шест од шест трофеи во една година, вклучувајќи ги и Шпанскиот Супер Куп, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клупски Куп.
Историја
[уреди | уреди извор]Раѓање на ФК Барселона (1899-1922)
[уреди | уреди извор]На 22 октомври 1899 година, Жоан Гампер ставил оглас во Лос Депортес изјавувајќи ја неговата желба за формирање на фудбалски клуб; состанокот во Gimnasio Solé на 29 ноември резултирал со позитивен одговор. Единаесет играчи присуствувале – Валтер Вилд (првиот директор на клубот), Луис Досо, Бартоломеу Терадас, Ото Кунѕл, Ото Маер, Енриг Дугал, Пер Кабо, Карлес Пужол, Жозеп Лобе, Џон Парсон, и Вилјам Парсон- и Фут-Бол Клуб Барселона (Foot-Ball Club Barcelona) беше роден.ФК Барселона имал успешен старт во регионалните и државните купови, натпреварувајќи се во Каталонското првенство и Кралскиот Куп. Во 1902 година клубот го освоил својот прв трофеј Копа Макаја и учестувал во првиот Кралски Куп губејќи со 1:2 од Бизгаја во финалето. Кампер станал претседател на клубот во 1908 година, клубот бил во финансиска криза откако не освоил ниту еден трофеј од Првенството на Каталонија во 1905 година. Претседателот на клубот на пет посебни прилики помеѓу 1908 и 1925 година, поминал вкупно 25 години на чело со клубот.Едно од неговите најголеми достигнувања е обезбедувањето на сопствен стадион на Барселона а со тоа и стабилен приход.
На 14 март 1909 година, тимот се пресели на Камп де ла Индустриа, поголем стадион со капацитет за седење од 8000 луѓе. Од 1910 до 1914 година Барселона учествувала во Пиринејскиот Куп во кој учествувале најдобрите екипи од Ландужок, Миди, Аквитаин ( Јужна Франција) Баскиската држава и Каталонија. Во тоа време натпреварувањето се сметало за едно од најдобрито натпреварување отворено за учество. Во текот на истиот период, клубот го сменил својот службен јазик од кастиљски на каталонски и постепено се развивал во значаен симбол на каталонскиот идендитет.За многу навивачи поддршката за клубот имала помало влијание отколку самата игра а повеќе да бидеш дел од идентитетот на клубот. Кампер започнал кампања за регрутирање на нови членови на клубот, и до 1922 година клубот имал повеќе од 20 000 членови и бил способен да финансира за нов стадион. Клубот се преселил на новиот Лес Кортс кој бил инагуриран истата година. Лес Корт имал почетен капацитет од 22.000, којшто подоцна бил проширен на 60.000 седишта. Џек Кренвел бил регрутиран како првиот менаџер со полно работно време и така иднината на клубот почнала да се подобрува и на теренот. За време на Камперовата ера ФК Барселона освоил единаесет првенства на Каталонија, шест Кралски Купови, и четири Пиринејски Купови, првата златна ера.
Ривера, Република и Граѓанска војна (1923-1957)
[уреди | уреди извор]На 14 јули 1925 година, публиката на стадионот ја исмејувала државната химна во вид на спонтан протест против диктаторството на Мигел Примо Де Ривера. Како одмазда шест месеци теренеот бил затворен и Кампер бил принуден да се откаже од претседателството. Ова се совпаднало со преминот на клубот од аматерски во професионален; во 1926 година директорите на Барселона за првпат јавно објавиле дека Барселона е професионален клуб. Победата во Шпанскиот Куп во 1928 година била прославена со поемата со наслов „Ода а Платко“, напишана од поетот Рафаел Алберти, член на генерацијата од 1927 година, кој бил инспириран од херојскиот настап на голманот на Барселона. На 30 јули 1930 година, Кампер извршил самоубиство по период на депресија како последица на лични и финансиски проблеми.
Иако продолжил да има играчи од калибарот на Жозеп Есколија, клубот влегол во политички конфликт кој го засенил спортот во општеството. Иако тимот го освоил Првенството на Каталонија во 1930, 1931, 1932, 1934, 1936 и 1938 година, успесите на национално ниво (со исклучок на спорната титула во 1937 година) го одбегнувале. Еден месец по Шпанската Граѓанска Војна која започнала во 1936 година, неколку играчи од Барселона и Атлетик Билбао биле регрутирани во редовите на оние коишто се бореле против бунтот. На 6 август, Жозеп Суњол, претседателот на клубот и претставник на професионална независна партија, бил убиен од војниците на Фалангист во близина на Гуадарама. Наречено мачеништвото на Барселона убиството било клучен момент за историјата на ФК Барселона. Во летото 1937 година, составот заминал на турнеја во Мексико и САД, каде што бил примен како амбасадор на Втората Шпанска Република. Со таа турнеја клубот се обезбедил финансиски, но исто така резултирала со тоа што половина состав побарал азил во Мексико и Франција. На 16 март 1938 година, Барселона била авионски бомбардирана, што резултирало со 3 000 мртви; една од бомбите ги погодила канцелариите на клубот. неколку месеци подоцна Каталонија била окупирана. Како симбол на недисциплинирани каталонци, клубот, со само 3 486 членови, се соочил со бројни рестрикции. По граѓанската Војна , Каталонското знаме било забрането и на фудбалските клубови им било забрането да користат странски имиња. Овие мерки го принудиле тимот да го смени неговото име на Клуб де Фудбол Барселона (Club de Fútbol Barcelona) и да го отстрани каталонското знаме од клупскиот грб.
Во 1943 година, Барселона се соочила со лутиот соперник Реал Мадрид во полуфиналето на Копа дел Генералисимо. Нивниот прв натпревар на Ле Кортс завршил со победа од 3:0. Пред вториот натпревар, играчите на Барселона во соблекувлната имале посета од Франко директорор за државна безбедност. „Потсетувајќи“ ги дека тие играат само заради „рамнодушноста на режимот“. Реал Мадрид доминирал во натпреварот, победувајќи со 11:1. И покрај тешката политичка ситуација, Барселона уживала во успесите во текот на четириесеттите и педесеттите. Во 1945 година, со Жозеп Самитиер како менаџер и играчи како Цезар, Рамалет и Веласко, тие ја освоиле Ла Лига за првпат по 1929 година. На ова ги додале и титулите од 1948 и 1949 година. Исто така ја освоиле и својата прва Копа Латина титула истата година. Во јуни 1950 година, Барселона потпиша со Ладислао Кубала, кој требало да биде влијателна фигура во клубот.
На една дождлива недела во 1951 година, публиката пешки го напуштила Ле Прат по победата над Сантандер со 2:1, одбивајќи да си оди со трамваите изненадувајќи ги властите на Франко. Трамвајски удар се одржувал во Барселона, кој добил поддршка од навивачите на блауграната. Настани како овој го направиле клубот да не биде претставник само на каталонија; многу прогресивни Шпанци го гледале клубот како силен бранител на правата и слободите.
Менаџерите Фердинанд Даучик и Лазло Кубала го предводеа клубот до пет различни трофеи вклучувајќи ги Ла Лига, Копа Де Генералисимо( сега Кралскиот Куп), Копа Латина, Копа Ева Дуарте, и Копа Мартини Роси во 1952 година. Во 1953 година клубот ги освои Ла Лига и Копа дел Генералисимо повторно.
Клуб де Фудбол Барселона (Club de Fútbol Barcelona) (1957-1978)
[уреди | уреди извор]Со Хеленио Херера као менаџер, младинецот Луис Суарез, Европскиот Фудбалер на Годината во 1960, и двајца влијателни Унгарци препорачани од Кубала, Сандор Коцис и Золтан Зибор, екипата освои уште една државна двојна круна во 1959 година, Ла Лига и Купот на саемските градови во 1960 година. Во 1961 стана првиот клуб кој го победил Реал Мадрид во Европски Куп, но загубија со 3:2 од Бенфика во финалето.
Шеесеттите беа понеуспешни за клубот, со доминацијата на Реал Мадрид во Ла Лига. Израдбата на Камп Ноу заврши во 1957, што значеше дека клубот има малку пари за нови засилувања. Од друга страна, декадата ја забележа појавата на Жозеп Фусте и Карлес Рексач и освојувањето на Копа дел Генералисимо во 1963 година и Саемскиот Куп во 1966. Барса ја врати гордоста со победата над Реал Мадрид од 1:0 во финалето на Копа дел Генераисимо на Бернабе во 1968 предводени од Франко, со поранешнит републикански пилот Салвадор Артигас како менаџер. Крајот на Франковото владеење во 1974 ја забележа промената на официјалното име во Фудбалски Клуб Барселона и враќањето на амблемот во оригиналниот дизајн, вклучувајќи ги оригиналните букви.
Сезоната 1973-74 го одбележа доаѓањето на Јохан Кројф, кој беше купен за рекордни 920.000 фунти од Ајакс. Веќе докажан играч во Холандија, Кројф брзо ги освои симпатиите на навивачите на Барселона со нековата изјава во медиумите за тоа зошто ја избрал Барселона а не Реал Мадрид, изјавувајќи дека тој не би можел да игра во клуб кој е поврзан со Франко. Понатаму тој станува омилен со избирањето на Каталоското име Жорди за неговиот син, кој е локален светец. Рамо до рамо со квалитетни играчи како Жуан Мануел Асенси, Карлес Рексач и Хуго Сотил, тој му помогна на клубот да ја освои Ла Лига титулата за 1973-74 година за првпат после 1960 година, поразувајќи го Реал Мадрид со 5:0 на Бернабе во текот на сезоната. Тој беше крунисан со титулата за Европски Фудбалер на Годината во 1973 во неговата прва сезона за Барселона (негова втора Златна Топка; првата ја освои додека играше за Ајакс во 1971 година). Кројф доби престижна награда третпат по ред (првиот играч што успеал) во 1974 додека сè уште беше во Барселона.
Њунес и годините на стабилизација (1978-2000)
[уреди | уреди извор]Почнувајќи со Жозеп Луис Њунес во 1978, претседателот на ФК Барселона избран од членовите на клубот. Оваа одлука беше тесно поврзана со Шпанската транзиција во демократија во 1974 и крајот на Франковото владеење. Главна цел на Њунес беше да ја развие Барса во светски клуб давајќи му стабилност како на теренот така и надвор од него. На препорака од Кројф, Њунес го назначи Ла Масиа на чело со младинската академија на Барселона на 20 октомври 1979 година. Неговото претседателство траеше 22 години и значително ја измени сликата на Барселона, додека Њунес строго се придржување кон политиката во поглед на платите и дисциплината, наместо да им ги исполни нивните барања, тој испушти играчи како што се Диего Марадона, Ромарио и Роналдо. На 16 мај 1979 година, клубот го освои својот прв УЕФА Куп на Победниците совладувајќи ја Фортуна Диселдорф со 4:3 во Базел, во финале кое беше гледано од 30 000 навивачи на Барселона. Во Јуни 1982 година Марадона потпиша за тогаш рекордна сума од 5 милиони фунти од Бока Јуниорс. Во наредната сезона под раководство на Меноти Барселона го освои Кралскиот Куп совладувајќи го Реал Мадрид. Престојот на Марадона во Барселона беше краток, тој наскоро ја напушти Барселона и премина во Наполи. На стартот на сезоната 1984-85 најмен беше Тери Венаблес како менаџер и ја освои Ла Лига со забележителени настапи на германскиот играч од средниот ред Берн Шустер. Следаната сезона Венаблес ја однесе Барселона во финале на Европскиот Куп, но загуби на пенали од Стеауа Букурешт во драматична вечер во Севиља.
По ФИФА Светскиот Куп во 1986 година, англискиот напаѓач Гари Линегер потпиша заедно со голманот Андони Зубизарета, но тимот не можеше да постигне значајни успеси затоа што Шустер беше отстранет од тимот. Венаблес беше отпуштен на почетокот на сезоната 1987-88 и заменет со Луис Арагонес. Играчите протестираа против претседателот на клубот Њунес во настанот познат како Хеспери Бунт, сезоната заврши со победа во финалето на Кралскиот Куп против Реал Сосиедад од 1:0.
Во 1988 година Јохан Кројф се врати во клубот како менаџер и го состави таканаречениот Тим од Соништата. Тој користеше шпански играчи како Жозеп Гвардиола, Жозе Мари Бакеро и Тики Бегиристан и интернационални ѕвезди како Роналд Куман, Михаил Лондруп, Ромарио и Христо Стоичков. Под негово водство Барселона освои четири последователни титули во Ла Лига од 1991 до 1994 година.Двапати ја совладаа Самдорија еднаш во финалето на Купот на Победниците во 1989 година и еднаш во финалето на Европскиот Куп во Вембли во 1992 година.Исто така го освоија и Кралскиот Куп во 1990 година, Европскиот Супер Куп во 1992 година и три Супер Купа на Шпанија. Со 11 трофеи, Кројф стана дотогаш најуспешниот менаџер на клубот. Тој исто така стана и најверниот менаџер на клубот раководејќи го клубот осум последователни години. Иднината на Кројф се смени во последните две години, кога не успеа да освои ниту еден трофеј што резултираше со негово заминување.
Кројф беше на кратко замент од Боби Робсон, кој го презеде раководењето на клубот само на една сезона во 1996-97. Го донесе Роналдо од ПСВ и им донесе тројна титула на навивачите, освојувајќи го Кралскиот Куп, Купот на Победниците и Супер купот на Шпанија. И покрај добрите резултати на Робсон на него се гледаше како караткорочно решение додека клубот чекаше Луис ван Гал да стане достапен. Како и Марадона, и Роналдо не остана долго во клубот и се пресели во Интер. Сепак, нови херои како Луис Фиго, Патрик Клајверт, Луис Енрике и Ривалдо се појавија кои го освоија Кралскиот Куп и Ла Лига шапионатот. Во 1999 година клубот ја прослави својата титула во Примера димизион. Ривалдо стана четвртиот играч на Барселона кој ја имаше освоено наградата за Европски Фудбалер на Годината. И покрај успесите во домашното првенство, неуспехот да го совладаат Реал Мадрид во Лигата на шампиони доведе до поднесување на оставки од страна на претседателот Њунес и менаџерот ван Гал во 2000 година.
Заминување на Њунес, доаѓање на Лапорта (2000-2010)
[уреди | уреди извор].
Заминувањата на Њунес и ван Гал не беа ништо во споредба со тоа на Луис Фиго. Како заменик капитен, Фиго стана култен херој на Каталонија. Навивачите на Барселона беа вознемирени со одлуката на Фиго да им се придружи на лутите соперници Реал Мадрид, и за време на неговата посетата на Камп Ноу Фиго беше дочекан многу непријтелски од страна на навивачите. По неговото прво враќање публиката фрли глава од прасе и полно шише виски кон него. Претседателот Њунес беше заменет од Жуан Гаспарт во 2000 година, во неговите три години на чело, клубот забележа доаѓања и заминувања на менаџери; ван Гал по вторпат беше на чело со клубот. Гаспарт не успеа да стекне доверба на теренот и надвор од него па така тој и ван Гал дадоа оставки во 2003 година.
По разарочувачката ера на Гаспарт, во комбинација за нов претседател беше младиот Жоан Лапорта, и нов млад менаџер, поранешен холандски играч Франк Рајкард. На теренот мешавина на интернационални играчи комбинирани со шпански играчи го врати тимот кон успесите. Барса ја освои Ла Лига и Супер купот на Шпанија во 2004-05 година, а играчот од средниот ред Роналдињо ја доби наградата за ФИФА Играч на Годината.
Во сезоната 2005-06, Барса ги повторила успесите во првенството и во супер купот. Во Лигата на шампиони во финалето Барса го победила англискиот клуб Арсенал со 2:1. Губејќи со 1:0 на само 15 минути пред крајот успеале да направат целосен пресврт врз Арсенал кој играл со играч помалку, со што на клубот им ја донеле првата Европска куп титула после 14 години. Исто така учествувале и во ФИФА Светскиот Клупски Куп но беа поразени со гол во последните минути од бразилскиот клуб Интернационал. И покрај тоа што беа фаворите и сезоната ја започнаа добро Барселона ја заврши сезоната 2006-07 без трофеи. Претсезонската турнеја во САД и расправата помеѓу играчот Самуел Ето и Рајкард беа наведени како главни фактори за неуспешната сезона и неосвојувањето на ниту еден трофеј. Во Ла Лига, Барса речиси постојано беше на првото место, но нивните лоши игри во новата година му овозможија на Реал Мадрид да стане шампион. Сезоната 2007-08 беше неуспешна, и Барса не успеа да ги повтори успесите од претходните години, па така менаџерот на резервниот тим Барса Б Жозеп Гвардиола го презеде раководењето на клубот од Рајкард на крајот на сезоната.
Барса го победи Атлетик Билбао со 4:1 во финалето на Кралскиот Куп во 2009, освојувајќи го натпреварувањето по рекорден 25 пат. Победа над Реал Мадрид три дена подоцна и над Манчестер Јунајтед со 2:0 на Стадио Олимпико во Рим за третата Шампионска титула а истовремено Барса стана и првиот шпански клуб кој ги има обединето трите титули.Екипата го победи Атлетик Билбао во Супер Купот на Шпанија во 2009 година и победи над Шахтјор Донеск во УЕФА Супер Купот во 2009, станувајќи првиот европски клуб кој ги има освоено и домашниот Супер Куп и Европскио Супер Куп. Во Декември 2009 година, Барселона го освои ФИФА Светкиот Клупски Куп и стана првиот тим што има освоено шест титули во една сезона. Барселона забележа уште два рекорди во шпанскиот фудбал, освојувајќи ја Ла Лига со рекордни 99 бода и победувајќи во Шпанскиот Супер Куп по деветти пат.
Поддршка
[уреди | уреди извор]Прекарот culer на навивачите на Барселона е добиен од каталонското cul (Македонски: задник), бидејќи гледачите на нивниот прв стадион Камп де ла Индустрија, седеле со своите задници преку трибината .Во Шпанија, околу 25% од популацијата се смета дека се симпатизери на Барселона со што Барса е на второ место зад Реал Мадрид со 32% симпатизери, Валенсија е на треото место со 5%. Во Европа, Барселона е на второто место по популарност. Бројката на членови на клубот е значително зголемена од 100.000 во сезоната 2003-04 на 170.000 во септември 2009 година, големиот пораст на членови се препишува на влијанието на Роналдињо и на тогашниот претседател Жоан Лапорта.
Ел Класико
[уреди | уреди извор]Често во националните лиги има луто соперништво помеѓу двете најдобри екипи, а посебно во случајот на Ла Лига, каде што натпеварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид е познат како Ел Класико. Од почетокот на првенството овие два тима беа претставници на два сопернички региони во Шпанија : Каталонија и Кастиља, исто така имиња на два града. Соперништвото се смета дека е од политички и културни тензии помеѓу Каталонците и Кастиљанците за време на Шпанската Граѓанска Војна.
За време на диктаторството на Примо де Ривера а на посебно Франциско Франко (1939-1975) сите регионални култури биле потиснати. Сите зборувани јазици на шпанската територија, освен Шпанскиот (Кастиљскиот), биле забранети. Ова ја симболиризирало желбата за слобода на Каталонскиот народ, Барса стана Повеќе од Клуб (Més que un club) за каталонците. Според Мануел Васкес Монталбан, најдобриот начин за каталонците да демонстрираат против нивниот иденитет било да се приклучат во Барса. Било помалку ризично отколку да се приклучат во анти- Франковото движење, и им овозможувало да го изразат своето незадоволство.
Од друга страна, Реал Мадрид бил гледан како олицетворение на суверениот угнетувачки централизам и на фашистичкиот режим во управувањето на ниво и пошироко (Сантјаго Бернабе е крстен по поранешниот претседател на клубот кој се борел со националистите). Сепак, за време на Шпанската Граѓанска Војна, членови и од двата клуба како Жозеп Суњол и Рафаел Санчес Герера страдале од Франковите поддржувачи.
За време на педесеттите соперништвото помеѓу клубовите е дополнително влошен со контроверзниот трансфер на Алфредо Ди Стефано, кој конечо заигра за Реал Мадрид и беше клучот за нивните успеси. Шеесеттите ги одбележа среќавањето на соперниците во нокаут фазата од Европскиот Куп. Последниот натпревар во Европските Купови беше во 2002 година и беше наречен наптревар на векот од страна на шпанските медиуми и беше гледан од повеќе од 500 милиони луѓе.
Ел Дерби Барселони (Градско Дерби)
[уреди | уреди извор]Локален соперник на Барса отсекогаш бил Еспањол. Еспањол е еден од клубовите со кралско покровителство, основан од шпански фудбалски навивачи, за разлика од мултинационалнта природа на управата на Барса. Основачката порака беше јасна анти Барселона, и тие ја гледаа Барселона како тим на странци. Соперништвото беше зајакнат кога каталонците видоа провокативен претставник од Мадрид. Нивниот оригинален терен бил во богатата област на Сариа.
Традиционално, особено во времето на франковиот режим, Еспањол од мнозинството на граѓани во Барселона бил гледан како клуб кој е во согласност со централната власт, за разлика од револуционерниот дух на Барселона. Во 1918 година Еспањол започна контра петиција против автонимија, што во тоа време беше релевантно прашање. Подоцна, поддржувачка група на Еспањол им се приклучи на Фалангистите во Граѓанската Војна, кои беа на страна на фашистите. И покрај овие разлики во идеологиите, дербито им било отсекогаш поважно на навивачите на Еспањол отколку на Барселона. Во последните години соперништвото стана помалку политички, кога Еспањол го преведе своето официјално име и химна од шпански на каталонски.
Иако е едно од најиграните локални дербиња во историјата на Ла Лига, тоа е исто така и нај неурамнотежено, со убедлива доминација на Барселона. Во првенствената табела Еспањол успеал да ја заврши сезоната пред Барселона само во три наврати во речиси 70 години и во сите каталонски Кралски Купови победувала Барселона во 1957. Еспањол може да се пофали со најголемата победа во дербињата со 6:0 во 1951 година. Еспањол забележа победа од 2:1 против Барселона во сезоната 2008-09, со што стана првиот тим успеал да слави на Камп Ноу таа сезона.
Финансирање и Сопственост
[уреди | уреди извор]Во 2010 година, Форбс ја процени вредноста на Барселона на околу 752 милиони евра( 1 милион долари), со што го зазеде четвртото место после Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Арсенал, врз основа на бројките во сезоната 2008-09. Според Делоите, Барселона забележала приходи од 366 милилони евра истиот период, со што го зазема второто место по Реал Мадрид кој забележал приходи од 401 милион евра.
Заедно со Реал Мадрид, Атлетик Билбао и Осасуна, Барселона е организирана како регистрирано здружение. За разлика од друштво со ограничена вредност, невозможно е да се купуваат акции во клубот, само ченство. Членовите на Барселона, наречени социс формираат собрание на делегати кое е највисок орган на клубот. Од 2010 година клубот има 170.000 социзи.
Ревизија од страна на Делоите во јули 2010 година покажа дека Барселона има нето-долг од 442 милиони евра. Моментало 58% од нето вредноста според Форбс. Новата управа на Барселона, којашто нареди ревизија ги наведе стриктуралните проблеми како причина за долгот.
Рекорди
[уреди | уреди извор]Мигели моментално го држи рекордот на најмногу вкупно одиграни натпревари за Барселона (548) и најмногу Ла Лига настапи (391), Чави, е играчот со најмногу интернационални настапи, до 9 мај 2010 година има одиграно 352 лигашки натпревари и 527 натревари во сите натпреварувања.
Најдобар стрелец на сите времиња во ФК Барселона во сите натпреварувања ( вклучувајќи ги и пријателските) е Лионел Меси со 368 голови голови. Рекордот со најмногу лигашки голови го држи Лионел Меси со 253 голови голови во Ла Лига, рекорд што нема да биде соборен уште долго време. Само четири играчи успеале да постигнат над 100 голови за „Барселона“: Цезар Родригес (195), Ладисало Кубала (131), Самуел Ето (108) и Лионел Меси (368).
На 2 февруари 2009 година, Барселона стигна до вкупно 5.000 голови во „Ла Лига“. Голот беше постигнат од страна на Лионел Меси на натпреварот против „Расинг Сантандер“ во кој Барселона славеше со 2:1. На 18 декември 2009 година, „Барелона“ го победила „Естудиантес“ со 2:1, со што ја освоила шестата титула во годината, и така станала првиот фудбалски клукб кој има освоено шест титули во една сезона. Барселона исто така го држи и рекордот на најмногу освоени Кралски купови (25) и заедничкиот рекорд со „Реал Мадрид“ за најмногу освоени Супер купови во Шпанија (8).
Најпосетениот натпревар на домашен терен на Барселона бил со 120.000 гледачи, и тоа на натпревар во Европскиот куп, во четвртфиналето против „Јувентус“ на 3 март 1986 година. Со модернизирањето на „Камп Ноу“ во текот на деведесеттите и со воведувањето на седиштата на сите трибини, капацитетот на стадионот бил поставен на 98.772 седишта, со што тој рекорд нема да биде соборен во блиската идинина.
Грб и Дрес
[уреди | уреди извор]Клупскиот грб потекнува од крстот на свети Ѓорѓи, каталонското знаме, и боите на Барселона. Од своето формирање клубот играл со грб. Првиот грб бил со облик на четвртести дијамант на врвот со Круната на Арагаон и лилјакот на Кралот Џејмс и опкружен со две гранки, едната од ловорово дрво и другата од палма. Во 1910 година клубот одржал натпревар за неговите членови за да дизајнираат нов грб. Победникот бил Карлес Комамала, кој истовремено и играл за клубот. Предлогот на Камамала станал грбот кој денес е актуелен, со мали измени. Грбот е составен од крстот на свети Ѓорѓи во горниот лев агол со каталнското знаме до него и боите на Барселона на дното.
Дресеот со сина и црвена боја за првпат бил носен на натпревар против Хиспаниа во 1900 година. Имало неколку спротивни теории за црвено синиот дизајн и дресот на Барселона. Синот на првиот претседател, Атур Вити, тврдел дека идејата за боите на дресот на неговиот татко била иста со онаа на школскиот тим на трговецот Тајлор. Друго објаснување, според авторот Тони Струбел е дека боите се од првата република на Робеспјер. Во Каталонија сите делеле едно исто мислење дека боите се избрани од Жоан Кампер и дека се на неовиот домашен клуб ФК Базел.
Од своето формирање, Барселона никогаш не носела реклами од спонзори на нејзиниот дрес. На 14 јули 2006 година, клубот објави дека склучил петгодишен договор со УНИЦЕФ, во кој е вклучено логото на УНИЦЕФ да биде на дресот. Со договорот Барселона донира 1.5 милинони евра на УНИЦЕФ ( 0,7 проценти од нејзиниот годишен проход, еднаков на меѓународната помош на ОН) преку Фондацијата на ФК Барелона. Фондацијата на ФК Барселона е организација која е формирана во 1994 година на предлог на тогашниот претседател на Економскиот Статуторен Комитет, Џејми Гил-Алужа. Идејата била да се формира фондација која ќе привлекува спонзори за поддршка на непрофитабилна спортска компанија. Во 2004 година, компанијата можела да биде една од 25 Почесни членови преку придонес помеѓу £40.000- €60.000 ( £ 45.800- €68.700) годишно. Исто така постојат 48 членови соработници достапни за сума од £14.000фунти( €16.000) годишно и неограничен број на спонзори за сума од £4.000 фунти годишно ( €4.600). Нејасно е дали почесните членови имаат удел во политикта на клубот, но според авторот Антони Кинг, мала е веројатноста е дека тоа Почесно Членство нема да биде вклучено барем во некое неформално влијание над клубот.
Барселона го заврши несоработувањето со спонзори во сезоната 2011-2012, со веќе потпишаниот петгодишен договор со Катар Фондацијата вреден 150 милиони евра.
Период | Изработувач на опремата | Лого на Дресот |
---|---|---|
1982–1992 | Мејба | Нема |
1992–1998 | Капа | |
1998–2006 | Најк | |
2006–2011 | УНИЦЕФ | |
2011– | Катар Фондација |
Стадион
[уреди | уреди извор]Барселона на почетокот играше на Камп де ла Индустриа. Капацитетот бил околу 10.000, и функционерите на клубот сметале дека објектите се неадекватни за клуб во кој расте членството.
Во 1922 година, бројот на поддржувачи ја надминал бројката од 20.000 и со позајмување на пари на клубот, Барса можела да започне со градење на поголемиот стадион Камп де ле Кортс, којшто имал првичен капацитет од 20.000 гледачи. По Шпанската Граѓанска Војна клубот почнал да привлекува повеќе членови и поголем број на гледачи на натпреварите. Ова доведе до неколку проекти за проширување на : централната трибина во 1944година, јужната трибина во 1946 година, и конечно северната трибина во 1950 година. По проширувањето, Лес Кортс можел да смести 60.000 гледачи.
Откако било завршено проширувањето немало повеќе место за ново проширување на Лес Кортс. Освојувањето на двете Ла лига титули во 1948 и 1949 година и потпишувањето на Лазло Кубала во јуни 1950 година, кој подоцна ќе постигне 196 голови во 256 натпревари, ќе привлече поголем број на публика на натпреварите. Клубот започнал да прави планови за нов стадион. Изградбата на Камп Ноу е започната на 28 март 1954 година, пред 60.000 навивачи на Барса. Првиот камен на идниот стадион бил ставен на место под покровителство на гувернерот Фелипе Аседо Колунга и со благослов на архиепискотпот на Барселона Грегорио Модрего. Изградбата траела три година и завршила на 24 септември 1957 година по цена од 288 милиони пезети , 336 % над буџетот.
Во 1980 година, кога требало стадионот да се редизејнира за да ги исполни критериумите на УЕФА, клубот собирал пари со тоа што им ја нудел на поддржувачите можноста да го испишат нивното име на циглите за мала сума. Идејата била популарна кај поддржувачите, и илјадници луѓе ја платиле сумата. Подоцна ова станало центар на контроверзи кога медиумите од Мадрид ја објавиле веста дека на една од циглите било испишано името на долгогодишниот претседател на Реал Мадрид и поддржувач на Сантјаго Бернабе Франко . За подготовките на Летните Игри во 1992 година два реда со седишта биле изградени над претходниот покрив. Имал моментален капацитет од 98 787 со што бил најголемиот стадион во Европа.
Исто така има и други објекти, што вклучуваат:
- Ciutat Esportiva Joan Gamper (Терен за тренинг на ФК Барселона)
- La Masia (Престој на млади играчи)
- Mini Estadi (Дом на резервниот тим)
- Palau Blaugrana (Спортска арена на ФК Барселона)
- Palau Blaugrana 2 (Втора спортска арена на ФК Барселона)
- Pista de Gel (Лизгалиште)
Почести
[уреди | уреди извор]Домашни
[уреди | уреди извор]- Шампиони (21): 1928–29, 1944–45, 1947–48, 1948–49, 1951–52, 1952–53, 1958–59, 1959–60, 1973–74, 1984–85, 1990–91, 1991–92, 1992–93, 1993–94, 1997–98, 1998–99, 2004–05, 2005–06, 2008–09, 2009–10, 2010-11, 2012-13, 2014-15
- Вицешампиони (22): 1929–30, 1945–46, 1953–54, 1954–55, 1955–56, 1961–62, 1963–64, 1966–67, 1967–68, 1970–71, 1972–73, 1975–76, 1976–77, 1977–78, 1981–82, 1985–86, 1986–87, 1988–89, 1996–97, 1999–00, 2003–04, 2006–07
- Победници (25): 1909–10, 1911–12, 1912–13, 1919–, 1921–22, 1924–25, 1925–26, 1927–28, 1941–42, 1950–51, 1951–52, 1952–53, 1956–57, 1958–59, 1962–63, 1967–68, 1970–71, 1977–78, 1980–81, 1982–83, 1987–88, 1989–90, 1996–97, 1997–98, 2008–09
- Вицешампиони (9): 1902–03, 1918–19, 1931–32, 1935–36, 1953–54, 1973–74, 1983–84, 1985–86, 1995–96
- Победници (9): 1983, 1991, 1992, 1994, 1996, 2005, 2006, 2009, 2010
- Вицешампиони (7): 1985, 1988, 1990, 1993, 1997, 1998, 1999
Европски
[уреди | уреди извор]- Куп на Саемските градови (претходникот на УЕФА Европа Лига)
- Победници (2): 1949, 1952
Светски
[уреди | уреди извор]- Вицешампиони (1): 1992
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален Состав
[уреди | уреди извор]- Обновено на 7 January 2021[4]
|
|
На позајмица
[уреди | уреди извор]
|
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „FC Barcelona Hymn“. FC Barcelona.
- ↑ „The World's 50 Most Valuable Sports Teams 2014“. Forbes.com.
- ↑ „Deloitte Football Money League 2015“ (PDF). Deloitte UK. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-22. Посетено на 22 January 2015.
- ↑ „Players“. FC Barcelona. Посетено на 6 October 2020.
|