Византиска морнарица — збирен поим за поморските сили на Византија. Како и на царството кое ја користело, таа била директно продолжување на традицијата на римската морнарица, но имала голема улога во одбраната и зачувувањето на државата за разлика од нејзиниот претходник. Додека флотите на обединетото Римско Царство се соочувале со поголеми морски закани, функционирајќи како полициска силабиле мошне послаби во моќ и престиж од легиите, морето било пак од голема важност за опстанокот на источниот дел на царството, па така некои научници ја нарекуваат и „поморско царство“.
Првата закана за Рим во Средоземјето била заканата од вандалите во V век, но нивната закана била отстрнета во војните на Јустинијан I во VI век. Воспоставувњето на постојано одржувана флота и воведувањето на дромонот галија во тој период го означува моментот кога византиската морнарица почнала да се одвојува од нејзините римски корени и да развива сопствен карактеристичен идентитет. Овој процес ќе се забрза со започнувањето на муслиманските освојувања во VII век. По загубата на Левант а подоцна и Африка, Средоземното Море било трансформирано од „римско езеро“ во поморско боиште меѓу византијците и арапите. Во овие борби, византиската флота била критична, не само за одбранатa на далечните поседи на царството околу Средоземјето, туку и за одбивање на нападите на главниот град. Иако употребата на штотуку измислениот „течен оган“, најстрашното и најпознатото оружје на византиската морнарица, и токму со ова оружје Цариград бил спасен од опсади и во бројни поморски битки биле извојувани победи. (Дознајте повеќе...)
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба, ќерка на митскиот крал Тантал?
... дека градот Гелзенкирхен во Германија е привремено преименуван во „Свифткирхен“ во чест на концеритете на Тејлор Свифт во јули 2024 година?
... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците, чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
Победувајќи го актуелниот првак Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил првачката титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот првак во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс.