Напад (фудбал)
Во фудбалот, напаѓач е играчот кој игра најблиску до противничкиот гол, и е најмногу задолжен за постигнување на голови. Оваа позиција е најпозната во фудбалот, поради фактот што напаѓачите стануваат славни фудбалери побрзо од оние кој играат на останатите позиции заради постигнатите голови. Најпознатите напаѓачи (Пеле, Марадона) постигнуваат најмногу голови, и поради тоа тие се најскапи и најмногу барани на трансфер пазарот.
Модерните фудбалски формации обично вклучуваат еден, два или три напаѓачи. Тренерите обично поставуваат средиштен напаѓач кој е поставен најнапред (средиштен напаѓач или единствен централен напаѓач), и уште еден напаѓач кој е поставен помеѓу единствениот шпиц и средниот ред (т.н. “втор“ напаѓач) или евентуално уште два напаѓачи кој дејствуваат по двете крила (лево и десно) и на тој начин се поддршка се централниот напаѓач.