Карта на ерменскиот геноцид во 1915 година — концентрациони логори, места на погубување и патишта за депортација
Ерменски геноцид — систематско и континуирано етничко чистење, протерување и масовно убиство на припадници на ерменскиот народ во Отоманската империја за време на Првата светска војна, извршено по наредба на тогашните османлиски власти. Иако османлиските власти воделе континуирана политика на прогон и депортација на ерменското население, особено во Мала Азија помеѓу 1894 година и 1923 година, најголемиот обем на протерувања и убиства се случил во текот на 1915 година. Според различни проценки, во ова злосторство биле убиени помеѓу 800.000 и 1.500.000 припадници на ерменскиот народ од Отоманската империја, а паралелно со прогонството врз Ерменците, османлиските власти прогонувале и други христијански народи, како што се Асирците и Понтиските Грци. Потомците на протераните Ерменци од Отоманската империја денес претставуваат основа на современата ерменска дијаспора која е распространета низ целиот свет.
На 24 мај1915 година, Обединетото Кралство, Франција и Русија го усвоиле текстот на заедничката декларација со која за прв пат во правната пракса тие директно ја обвиниле земјата за злосторство против човештвото извршено врз припадниците на ерменската заедница во тогашна Турција. Меѓународната асоцијација за проучување на злосторства на геноцид во јуни 1997 година ги прогласила масовните убиства и прогони на ерменското население во Турција за време на Првата светска војна за геноцид. (Дознајте повеќе...)
... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
...дека роденото име на Бранислав Нушиќ е Алкибијад Нуша бидејќи татко му бил Влав од битолското село Магарево?
...дека геолозите ги прифатиле тектонските плочи дури кон крајот на 1960-тите?
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Во штипското селоКарбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери.
Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската.
Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.