Прејди на содржината

Боливија

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
За останати значења на зборот „Боливија“, видете ја страницата за појаснување.
Повеќенационална Држава Боливија
Знаме Грб
Гесло¡La unión es la fuerza!
„Сојузот е силата!“ (шпански) [1]
ХимнаHimno Nacional de Bolivia
Випала од Куласују:[2]
Випала од Коласују.
Главен градСукре
Најголем град Санта Крус де ла Сиера
17°48′S 63°10′W / 17.800° ЈГШ; 63.167° ЗГД / -17.800; -63.167
Службен јазик шпански
кечуански
ајмарски
и 34 останати локални јазици[3][4]
Народности  55% староседелци
(Кечуани, Ајмари
и 34 други народи
30% местици
15% белци[5]
Демоним Боливиец
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Луис Арсе
 •  Потпретседател Давид Човеванка
Независност од Шпанија 
 •  објавена 6 август 1825 
 •  призната 21 јули 1847 
 •  сегашен устав
7 февруари 2009 
Површина
 •  Вкупна 1,098,581 км2 (28-ма)
 •  Вода (%) 1.29
Население
 •  проценка за 2018 г. 11,217,864[6] (83та)
 •  Густина 10.2 жит/км2 (224та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $50.904 милијарди[7] 
 •  По жител $4,789[7] 
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $24.604 милијарди[7] 
 •  По жител $2,314[7] 
Џиниев коеф. (2010)positive decrease 53[8]
висок · 14та
ИЧР (2013) 0.667[9]
среден · 113та
Валута Боливијано (BOB)
Часовен појас BOT (UTC−4)
Се вози на десно
НДД .bo
Повик. бр. +591

Боливија (шпански: Bolivia, кечуански: Buliwya, ајмарски: Wuliwya, гварански: Volívia), или официјално Повеќенационална Држава Боливија[10][11] (Estado Plurinacional de Bolivia) — независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад. Главен град на државата според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Пас. Државата има 37 службени јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

Пред европската колонизација на Америка, андскиот регион на Боливија бил дел од познатата Империја на Инките — најголема држава во претколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во 16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувала Горно Перу и била дел од Вицекралството Перу. По објавувањето на независноста во 1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на 6 август 1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.

Боливија е демократска претседателска република. Административно, државата е поделена на девет департмани. Релјефот на државата е разновиден, па така во западните предели се наоѓаат високите Анди, а во источниот дел на земјата се наоѓаат низините на Амазонија и Гран Чако. Државата е означена како „држава во развој“, со среден Индекс на човеков развој и ниво на сиромаштија од 53%.[12] Главни стопански гранки во државата се земјоделството, шумарството, риболовството, рударството и производството на текстил, облека, обработени материјали и рафинирана нафта. Држава е богата со природни ресурси, особено со калај и литиум.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]
Симон Боливар

Боливија го добила името по Симон Боливар, водач на Шпанско-американските војни за независност.[13] Антонио Хосе де Сукре, за време на периодот пред независноста на државата, предложил територијата на Боливија која се викала Горно Перу да биде заедно со Перу и да се обединат со Обединетите покраини Рио де ла Плата, или да објави независност од Вицекралството Перу. Сукре на крај се одлучил да ја направи Боливија независна и да ја именува според Симон Боливар.[14]

Оригиналното име на државата било „Република Боливар“. Името не било сменето во „Боливија“ сè додека Мануел Мартин Крус изјавил: „Ако од Ромул доаѓа Рим, тогаш од Боливар доаѓа Боливија“ (Si de Rómulo Roma, de Bolívar Bolivia). Името Боливија започнало почесто да се употребува и било одобрено на 3 октомври 1825.[15]

Според уставот од 2009 година официјалното име „Република Боливија“ било сменето во „Повеќенационална Држава Боливија“. Новото официјално име е во согласност со мултиетничкиот карактер на државата и положбата на староседелското население во новиот устав.[16][17][18]

Историја

[уреди | уреди извор]
Ѕидовите во Каласаја.
Карта на Тиванаку во сина боја.

Територијата на Боливија била населена повеќе од 2.000 години, поточно со доаѓањето на Ајмарите во регионот. Денес, Ајмарите се сметаат за наследници од цивилизацијата која се развила во Тиванаку во западна Боливија. Главниот град на Тиванаку датира од 1500 г.п.н.е. Градот првично било мало земјоделско село.[19]

Тиванаку брзо се развил во урбан центар во периодот од 600 до 800 година и станал важна регионална сила во јужните Анди. Според раните проценки, во својот најголем подем, градот зафаќал околу 6.5 км2 и имал од 15.000 до 30.000 жители.[20] Сепак, во скоро време, со помош на сателитски снимки се разгледувале фосилизираните „поплавени издигнати полиња“ („сука колус“) во околината на три села во Тиванаку се проценило дека земјоделските обработливи површини имале капацитет за од 285.000 до 1.482.000 жители.[21]

Од локална сила Тиванаку преминал во моќна држава во 400 година. Државата ја проширила својата територија во Јунгас и со тоа ја донела својата култура и начин на живот во денешни Перу, Боливија и Чиле. Сепак важно е да се напомене дека државата немала целосно насилен карактер. При ширењето на својата територија, Тиванаку користела политичка итрина, создаваа колонии и склучувала трговски договори.[22]

Тиванаку продолжила да се развива без некои опасности за својот пад. Вилијам Исбел вели дека „Тиванаку подлегнал на драстични промени меѓу 600 и 700 година и се основале нови монументални стандарди за граѓанската архитектура и во голем дел се зголемило населението“.[23] Тиванаку продолжил со примање на различни култури, наместо да ги занемарува. Силата на Тиванаку се зголемила со основањето на стабилна трговија меѓу градовите во империјата.[22]

Елитата на Тиванаку ја зацврстила својата положба преку контролата на вишокот храна, кој бил собран од периферните области и раздадена на населението. Дополнително на тоа, елитната класа и нивната контрола на ламите станал значаен механизам за контрола на државата. Ламата се користела за транспорт на стока и таа симболизирала класна разлика меѓу елитната класа и обичниот народ. Сето ова придонело да се зголеми моќта на државата сè до 950 година. Во тој период во државата се случила драматична промена на климата.[24]

Врнежите во басенот на Титикака значително се намалиле. Некои археолози го означиле овој период како период на суша. Како што се намалувале врнежите, голем број градови кои биле оддалечени од езерото започнале да даваат помалку храна на владеачката елита, а со тоа се намалила нивната моќ. Главниот град бил последен кој имал проблеми со сушата, најмногу поради начинот на одгледување. Тиванаку сосема се распаднал во 1000 година, најмногу поради сушата, недостатокот на храна и моќта на владеачката елита. Областа била ненаселена со векови по падот на Тиванаку.[24]

Меѓу 1438 до 1527 година, Империјата на Инките, за време на својоата најголема територијална експанција, презела контрола врз територијата на денешна Боливија. Сепак, Инките немале контрола врз регионот за долг период бидејќи Империјата почнала да слабее. Тоа довело до полесно освојување на територијата од страна на Шпанците.

Колонијален период

[уреди | уреди извор]
Потоси бил значаен колонијален град во Боливија.

Шпанското освојување на Империјата на Инките започнало во 1524 година и било завршено во 1553. Територијата денес позната како Боливија тогаш била именувана како „Горно Перу“ и била под управа на Вицекралството Лима. Локалната влада дошла од Ауденсија де Чаркас во Чукисака. Во 1545 година бил основан градот Потоси и набрзо станал голем производител на добра, и со тоа градот станал најголем град во Новиот Свет со население од над 150.000 жители.[25]

До крајот на 16 век боливиското сребро било важен извор на приход на Шпанската империја.[26] Месното население служело како работна сила, а Шпанците го презеле системот на општествено служење од Инките познато како мита.[27] Во март 1782 година, Тупак Катари го организирал месното население во револт, кога бил опколен Ла Пас. Во бунтот 20.000 лица го загубиле животот.[28] Како што шпанската власт слабеела поради војните со Наполеон, незадоволството на месното население се зголемувало.

Независност и Конфедерациска војна

[уреди | уреди извор]
Сукре - водач на Боливиската војна за независност.

Боливиската војна за независност започнала во градот Сукре во 1809 година со Револуцијата во Чукисака. Сукре тогаш се викал Чукисака и од таму доаѓа името на револуцијата. Револуцијата довела до создавање на влада создадена од воена хунта. Револуцијата во Чукисака била проследена со Револуцијата во Ла Пас, за време на која Боливија ја прогласила својата независност. Двете боливиски револуции биле краткотрајни и биле поразени од шпанските власти, но следната година Шпанско-американските војни за независност го зафатиле целиот континент. Боливија била ослободувана и повторно окупирана неколкупати за време на војната меѓу ројалистите и патриотите. Од Буенос Аирес биле испратени три воени походи и сите биле поразени. Боливија конечно се ослободила од ројалистите под водство на Антонио Хосе де Сукре. Сукре предводел воен поход од северот и ја поддржал воената операција на Симон Боливар. По 16 години водење војна, новата република била прогласена на 6 август 1825 година и била именувана во чест на Симон Боливар.

Во 1835 година, Боливија, под водство на маршал Андрес де Санта Крус, навлегла во Перу за да го воспостави повторно на власт генералот Луис Хосе де Орбегосо. Перу и Боливија ја создале Перуанско-боливиската Конфедерација, каде Санта Крус бил прогласен за „врховен заштитник“. Создавањето на Конфедерацијата не била добредојдена од соседите, особено Чиле и Аргенина, бидејќи сметале дека таквата држава би била мошне моќна. По тензиите кои настанале меѓу конфедерацијата и Чиле, Чиле ѝ објавил војна на 28 декември 1836 година. Аргентина станала сојузник на Чиле и таа ѝ објавила војна на конфедерацијата на 9 мај 1837 година. Перуанско-боливиските сили забележале неколку значајни победи за време на Конфедерациската војна, меѓу кои поразот на аргентинското проширување и поразот на чилеанското проширување на териториите во Паукарпата во близина на Арекипа.

За време на битките во Арекипа, чилеанските и перуанските војници се предале и безусловно го потпишале Договорот од Паукарпата. Според договорот, Чиле требало да се повлече од Перу и Боливија, да ги врати заробените конфедерациски бродови, да се нормализираат економските односи и Конфедерацијата да го исплати перуанскиот долг на Чиле. Народот во Чиле не се согласил со овој договор и владата била приморана да го отфрли. Чиле организирал втор напад на Конфедерацијата и ја поразил во Битката кај Јунгај. По поразот, Санта Крус дал отставка и пребегнал во азил во Еквадор, а Конфедерацијата се распаднала.

По независноста на Перу, претседателот Агустин Гамара ја нападнал Боливија. Перунската армија била поразена во Битката кај Ингави на 20 ноември 1841 година кога Гамара бил убиен. Боливиската војска под раководство на Хосе Баливијан организирала контра напад и бил заземен градот Арика. Двете држави потпишале мировен договор во 1842 година.

Економска нестабилност и Тихоокеанска војна

[уреди | уреди извор]
Карта на боливиското крајбрежје.

Во 19 век во Боливија имало политичка и економска нестабилност што довело до слабеење на државата. Од 1879 до 1883 година Боливија водела војна со Чиле која е позната како Тихоокеанска војна. Како резултат на војната, Боливија го изгубила своето крајбрежје и пристапот до Тихиот Океан. Боливискиот крајбрежен департман Литорал потпаднал под чилеанска контрола.

Уште од независноста, Боливија загубила половина од првичната територија преку војни и внатрешни немири.[29] Боливија ја загубила контролата на денешната сојузна држаба Акре во Бразил за време на Војната во Акре. Месното население на Акре имало неколку значајни победи за време на оваа војна, но кога увиделе дека има опасност од избувнување голема војна во која би се вклучила сета војска на Бразил, буното се стишил и се потпишал Договорот од Петрополис во 1903 година. Со договорот Боливија ја изгубила оваа територија.

Во доцниот 19 век се зголемила светската цена на златото и Боливија се стекнала со просперитетен и политички стабилен период. За време на раниот 20 век, трговијата со калај ја заменила трговијата со злато.[30]

Условите за живот на локалното населени биле лоши. Населението немало пристап до образование и работеле во лоши услови. Во тој период Боливија загубила од Парагвај во Војната во Чако во 1932 до 1935 година. Со тоа, Боливија ја загубила својата контрола на голем дел од територијата на Гран Чако.[31][32][33]

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на Боливија од ЦИА.

Боливија се наоѓа во централниот регион на Јужна Америка. Со своите 1.098.580 км2, Боливија е 28 најголема држава во светот.[34] Територијата на државата се протега од централните предели на Андите на запад па сè до Амазонија и Гран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.

Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски одлики. Државата има голем степен на биоразновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на пример Алтиплано и Чикитанија. Алтиплано е составен од тропски прашуми и суводолици, а Чикитанија е составена од тропски савани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врв Невадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрај реката Парагвај и има 70 метри надморска височина.

Географски региони

[уреди | уреди извор]

Боливија може да се подели на три географски региони:

  • Анди. Андите се наоѓаат во југозападниот дел од државата и заземаат околу 28% од вкупната површина на Боливија. Овој географски регион има 307.603 км2 и се наоѓа на надморска височина од над 3.000 метри. Андскиот географски регион се наоѓа меѓу два андски планински венци: Кордиљера Оксидентал и Кордиљера Сентрал. Во боливискиот дел на Андите се наоѓаат некои од најголемите врвови во Америка, како што се Невадо Сахама со 6.542 метри и Илјимани со 6.462 метри. Во регионот се наоѓа и езерото Титикака, кое е највисоко езеро на кое има трговска активност.[35] Титикака е најголемо езеро во Јужна Америка,[36][37] и е поделено меѓу Боливија и Перу. Значјна област во регионот е Салар де Ујуни, кое е најголема солена рамнина во светот и значаен извор на литиум.
  • Суп-андски регион. Овој регион се наоѓа во централните и јужнит делови на земјата, кој е всушност преоден регион меѓу Алтоплано и источните рамнини. Регионот зазема 13% од територијата на Боливија и има територија од над 142.815 км2. Во регионот се наоѓаат долини и регионот Јунгас.
  • Љанос. Овој регион се наоѓа во североисточниот дел од земјата. Регионот зазема 59% од земјата и има површина од 648.163 км2. Љанос се наоѓа северно од Кордиљера Сентрал и се протега од Андите до реката Парагвај. Регионот е претежно низински и има помалку од 400 метри надморска височина.

Хидрографија

[уреди | уреди извор]

Реките на Боливија се поделени на три речни басени, кои пак се дел од двата речни слика, атлантски и тихоокеански.

  • Амазонскиот басен, кој исто така се нарекува Северен басен, зазема 66% од територијата на државата или 724.000 км2. Реките во овој басен имаат големи речни користа и со тоа се создаваат езера, како што е на пример езерото Муриљо. Главна боливиски притока на реката Амазон е Маморе која е долга 2000 километри. Реката тече во северен правец и се спојува со реката Бени, која е долга 1.113 километри и е втора најважна река во државата. Реките Бени и Маморе се главните боливиски притоки на Амазон. Покрај овие две, како дел од овој басен во државата се и реките Мадре де Диос, Ортон, Абуна, Јата и Гвапоре. Најважни езера во овој басен се Рогагвадо и Рогагва.
  • Басенот на реката Рио де ла Плата, кој исто така е познат како Јужен басен, зазема 21% од државата или 229.500 км2. Реките во овој басен се значително помали од тие во Амазонскиот басен. Овој басен воглавно го сочинува реката Парагвај, како и реките Пилкомајо и Бермехо. Најважни езера во овој басен се Убераба и Мандиоре.
  • Централниот басен зазема 13% од територијата на државата и има 145.081 километар квадратен. Овој бвсен го опфаќа Алтиплано, кој има поголем број езера и реки кои не се влеваат во ниту еден океан. Најважна река во овој басен е Десагвадеро која е долга 436 километри и е најдолга река во Алтиплано. Реката извира од езерото Титикака и тече кон езерото Попо. Покрај Титикака и Попо, во овој басен се наоѓа и езерото Којпаса.
Реки и езера во Боливија со надморска височина.
Nevado Sajama
Невадо Сахама
Mamoré River
Маморе
Lake Titicaca
Титикака
надморска височина реки езера
име над. височина
(м)
име должина
(км)
име површина
(км2)
1 Невадо Сахама 6.542 1 Маморе 2.000 1 Титикака 3.790¹
2 Илјампу 6.485 2 Итономас 1.493 2 Попо 2.337
3 Илјимани 6.462 3 Рио Гранде 1.438 3 Којпаса 806
4 Анкоума 6.427 4 Бени 1.130 4 Уајтунас 329
5 Паринакота 6.362 5 Бланко 1.087 5 Рогагвадо 315
Notes:
1 = Титикака има површина од 8.562 км2, од кои 3.790 км2 се во Боливија.
Извор: Боливиски национален географски институт
Боливиски граници
држава копнена поморска вкупно
 Аргентина 471 302 773
 Бразил 750 2.673¹ 3.423
 Чиле 830 20 850
 Парагвај 634 57 741
 Перу 513 534² 1.047
Копнена 3.469
Поморска 3.579
Total 6.834
Notes:

1 =Од 2.673 км поморска граница со Бразил, 95 км се езера, а другите реки.
2 =Од 544 км поморска граница со Перу, 150 км се на Титикака, а другите реки.

На север и исток Боливија граничи со Бразил, на исток и југоисток со Парагвај, на југ со Аргентина, на југозапад со Чиле и на запад со Перу. Вкупниот граничен појас на државата е 6.834 километри.

  • Граница со Аргентина: Боливиско-аргентинската граница започнува од планините Запалари и завршува во Есмералда, Тариха. Ова место е почеток на границата со Парагвај од јужната страна. Главните гранични премини на боливиско-аргентинската граница се на планините Панизо и Малпасо, градовите Вилјазон, Бермехо, Фортин Камперо, Јакиба и Фортин Дорбигни кај реката Пилкомајо.
  • Граница со Бразил: Боливиско-бразилската граница е најдолга во државата. Границата започнува во гратчето Болбепра и завршува во Бахија Негре. Главни гранични премини на боливиско-бразилската граница се Бразилеја, Фортин Маноа, Вилја Белја, Серо Куатро Ерманос, Сан Матијас, езерата Ла Гаиба, Мандиоре, Сасерес и пристаништето Гутиерез Гера на реката Парагвај.
  • Граница со Чиле: Сегашната боливиско-чилеанска граница е основана со Договорот за мир и пријателство од 1904 година. Со овој договор Боливија го изгубила департманот Литорал, односно тихоокеанското крајбрежје. Боливиско-чилеанската граница започнува во Висвири и завршува на планината Запалери. Главни премини на оваа граница се Ликанабур, Олјеке и планината Пајачата.
  • Граница со Парагвај: Боливиско-парагвајската граница започнува во Есмералда и завршува во Бахија Негра. Главни гранични премини се на планината Устарес, Палмир де лас Ислас, Ито Човорека и планината Хара.
  • Граница со Перу: Боливиско-перуанската граница започнува во Болбепра и завршува во Чокекота и Висвири. Главни гранични премини се пристаништето Хит Порт на реката Мадре де Диос, Аполобамба во Пуерто Акоста и езерото Титикака.

Крајбрежје

[уреди | уреди извор]

За време на Тихоокеанската војна, Боливија го загубила своето тихоокеанско крајбрежје, кое го сочинувал департманот Литорал, а денес е дел од северно Чиле. Историски, тврдењата дека крајбрежјето е сè уште нејзино е дел од боливиската државна политика. Според боливиските тврдења, крајбрежјето и морската територија треба да е под боливиска контрола. Според уставот од 2009 година, Боливија има право на овој регион и контролата врз истиот, и цел на државата е да се реши овој проблем по мирен пат.

Уште од основањето на ООН во 1945 година, Боливија побарала од Генералното собрание да го разгледа предлогот за воспоставување боливиска контрола врз поранешниот депатман Литорал. Ова прашање било предложено и во Организација на американските држави. Организацијата во 1979 година усвоила резолуција според која боливискиот проблем е хемисферски.[38]

Во врска со овој проблем биле потпишани следниве договори:

  • Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со Чиле. Според договорот од 4 април 1884, Чиле дава пристап олеснителни околности за пристап на боливиските производи преку Антофагаста и ги ослободува од наплаќање при извоз во пристаништето Арика. Во октомври 1904 година, бил потпишан „Договор за мир и пријателство“ со Чиле, според кој Чиле требало да изгради железничка линија од Арика до Ла Паз
  • Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со Перу. Со овој договор се основала „Специјалната економска зона за Боливија во Ило“. Зоната опфаќа 5 км крајбрежје и има вкупна површина од 358 хектари и се вика „Mar Bolivia“ („Море Боливија“). Боливија има свое пристаниште во близина на Ило, Перу и е во нејзина надлежност[39] за период од 99 години сметајќи од 1992 година. Со истекувањето на периодот, областа треба да се врати под перуанска надлежност.
  • Договор за пристап до Атлантскиот Океан со Аргентина. Уште од 1964 година, Боливија има свое пристаниште наречено „Боливиско слободно пристаниште“ во Росарио, Аргентина. Пристаништето се наоѓа на реката Парана, која е поврзана со Атлантскиот Океан.

Уставно, главен град на Боливија е Сукре, но администрацијата на владата е во Ла Пас. Најголем град во државата е Санта Крус де ла Сиера.

 
Најголеми градови во Боливија
Проценка за населението за 2007, НИСБ
Бр. Департмани Нас. Бр. Департмани Нас.
Санта Крус де ла Сиера
Санта Крус де ла Сиера
Ла Пас
Ла Пас
1 Санта Крус де ла Сиера Санта Крус 1,451,597 11 Квилјаколјо Кочабамба 142,724 Ел Алто
Ел Алто
2 Ла Пас Ла Пас 877,363 12 Монтеро Санта Крус 91,952
3 Ел Алто Ла Пас 647,350 13 Тринидад Бени 87,977
4 Кочабамба Кочабамба 608,276 14 Рибералта Бени 93,624
5 Сукре Чукисака 280,225 15 Тиквипаја Кочабамба 62,940
6 Оруро Оруро 216,702 16 Ла Гвардија Санта Крус 49,921
7 Тариха Тариха 176,787 17 Варнес Санта Крус 47,406
8 Потоси Потоси 150,647 18 Котока Санта Крус 45,277
9 Сакаба Кочабамба 134,518 19 Гвајармерин Бени 35,767
10 Јакуиба Тариха 95,594 20 Кобиха Пандо 34,498

Климата во Боливија варира од регион до регион, па така во државата има тропска клима во источните висорамнини и поларна клима во западните планински предели. Летата во државата се топли, влажни во истокот и суви во западот. Дождовите често ја одредуваат температурата, влажноста на воздухот и атмосферскиот притисок. Кога во државата ќе се појави климатскиот феномен Ел Нињо[40][41] големи временски промени во државата се случуваат. Во западниот дел од државата зимата е многу ладна, која е проследена со снег. Есента е сува во пределите кои немаат тропска клима.

  • Љанос. Овој регион има влажна и тропска клима со просечна температура од 30 °C. Ветровите кои доаѓаат од амазонските прашуми носат врнежи. Од мај врнежите се послаби поради сувите ветрови.
  • Алтиплано. Овој регион е карактеристичен по пустинско-поларната клима, која има силни и ладни ветрови. Просечната температура се движи од 15 до 20 степени. Ноќе, температурите нагло паѓаат и можат да ја достинат нулата. Дење, времето е суво и има голема сончева радиција. Снежните врнежи се зачестена појава во регионот.
  • Долините и Јунгас. Овој регион има умерена клима. Североисточните влажни ветрови се движат кон планините, и со тоа овој регион има поголема влажност и дождливост. Температурите се пониски во повисоките предели, а снег се појавува на најмаку 2.000 метри надморска височина
  • Гран Чако. Овој регион има суптропска, полусува, клима.

Биоразновидност

[уреди | уреди извор]

Боливија е една од државите за кои се смета дека имаат огромна биоразновидност[42]. Државата располага со голема разновисност во поглед на растителниот и животински свет, како и во поглед на екосистемите.

Различното ниво на надморска височина ѝ овозможува на земјата да има голема биоразновидност. Државата има 4 вида биоми, 32 еколошки региони и 199 екосистеми. На својата територија Боливија има неколку природни парка, како што се Националниот парк Ноел Кемф, Националниот парк Мадиди, Националниот парк Тунари и Националниот резерват за андска фауна Едуардо Авароа.

Биоразновидноста на Боливија може да се подели на две групи:

  • Растенија. Боливија располага со над 200.000 видови растителни семиња, вклучувајќи над 1.200 видови папрати, 1.500 видови џигерници и мовови и најмалку 800 видови габи. Додатно на тоа, во државата има над 3.000 лековити билки. Боливија се смета за дом на рокото (вид пипер) и лут пипер, кикирики, грав, маниока и неколку видови палми. Исто така, Боливија произведува над 4.000 видови компир.
  • Животни. Боливија е дом на над 2.900 животински видови, вклучувајќи 398 цицачи, над 1.400 видови птици, 204 видови водоземци, 277 водиви влекачи и 635 видови слатководна риба. Дополнително на тоа, во Боливија има над 3.000 видови пеперутки и над 60 видови домашни животни. 70% од познатите видови птици познати во светот можат да се најдат во Боливија и со тоа ја прави шеста држава во светот по разновидноста на птиците[43].
Флора и фауна во Боливија
Leopardus pardalis
Оцелот
Saimiri boliviensis
Црнокапест сајмир
Phoenicopterus andinus
Андски фламинго
Lama glama
Лама
Inia boliviensis
Боливиски речен делфин
Heliconia rostrata
Хеликонија
Echinopsis boyuibensis
Кактус бојибе
Ceiba speciosa
Тоборочи
Swietenia macrophylla
Широколисна махагонија
Cantua buxifolia
Кантута

Демографија

[уреди | уреди извор]
Луѓе во центарот на Ла Пас
Статуа на Исус Христос во Кочабамба.

Боливија е дом на повеќе староседелски американски народи. Денес се проценува дека најголеми етнички групи во државата се Кечуаните кои сочинуваат околу 30% од населението и Ајмарите кои сочинуваат 25% од населението. Во државата живеат околу 2,5 милиони Кечуани, 2 милиони Ајмари, 180.000 Чикитани и 125.000 Гварани. Околу 55% од вкупното население на државата се староседелски народи, 30% се местици и 15% од населението се белци.[44]

Белото население на државата е составено од семејства од немешано шпанско потекло, кои се потомци на шпанските колинизатори. Од независноста на државата, ова население ја сочинувало аристократската класа на Боливија. Покрај белците со шпанско потекло, во државата има белци од германско, италијанско, баскиско, хрватско, руско, полско и останато европско потекло. Сите овие се потомци на европско дојденци во Боливија. Во источна Боливија има околу 40.000 жители кои зборуваат германски.[45]

Боливијците со африканско потекло сочинуваат 0.5% од вкупното население. Црномурестите жители се потомци на африканско робови кои биле носени во Бразил. Тие воглавно живеат во регионот Јунгас и во департманот Ла Пас. Во Санта Крус де ла Сиера има и одреден број азиско население

Боливија е една од најслабо развиените држави во Јужна Америка. Скоро две третини од населението живее во сиромаштија и голем број од ова население се занимава со земјоделство. Густината на населението во државата е проценето на еден жител на километар квадратен во југоисточните делови, во централните делови десет жители на километар квадратен. Според податоците до 2006 година, населението на државата се зголемува за 1.45% годишно.[46] Според проценките за 2010 година, Боливија има 10.907.778 жители[47]

Етнички групи

[уреди | уреди извор]
Етнички состав на Боливија
Податотека:Skun Colr Map Bolivia.PNG
Етничка карта на Боливија
Самоопределување како староседелци ¹
Самоопределени како староседелци 60 %
не се определиле како староседелци 40 %
Етничко самоопределување ²
Местици 68 %
Староседелци 18 %
белци 7 %
чолоанци 2 %
Афро-Боливијци 1 %
други 1 %
н.п. 3 %
Notes:
1 = Национален попис на население 2001, НСИ на Боливија.
[48]
2 = [49]

Етничкиот состав на Боливија е разновиден и повеќенационален. Повеќето од староседелското население ја асимилирала местичката култура и ги истакнуваат своите вредности и наследство. Така, денес во Боливија има мешавина од култури, воглавно од староседелска и шпанска.

Денес се проценува дека околу 30% од населението се луѓе кои зборуваат кечуански јазик, а 25% зборуваат на ајмарски јазик. Најголема етничка староседелска група се Кечуаните, кои се околу 2,5 милиони, па следуваат Ајмарите со околу 2 милиони, па Чикитаните со 180.000 и Гвараните со околу 125.000 жители. Сите староседелски народи сочинуваат околу 55 % од населението, 30 % се местици и 15 % се белци.[44]

Религија

[уреди | уреди извор]

Најголем број од боливиското население се Католици. Сепак, протестантството и традиционалната релгија на Инките[50][51] се шират доста брзо низ земјата.[46] Според едно истражување од 2001 година создадено од Националниот статистички институт, 78% од населението се Католици, 16% се Протестанти и 3% се следбеници на останатите христијански цркви.[52] Според мрежното место „adherents.com“, 3.25% од населението се Бахаисти што е најголем број Бахаисти во една земја на континентална територија.[53] Во државата има мал број Муслимани кои се потомци на арапски доселеници и тие сочинуваат околу 2.000 жители. Во државата има и мал број Евреи. Боливија е секуларна држава и нема официјална религија.

Работна атмосфера во боливиско училиште.

Службени јазици во државата се шпанскиот (боливиски дијалект), кечуанскиот, ајмарскиот и останати 34 староседелски јазици. Шпанскиот јазик го зборуваат 60.7% од населението, кечуанскиот го зборуваат 21.2% од населението и ајмарскиот јазик го зборуваат 14.6% од населението. Според Националниот институт за статистика од 2007, 28,1% од населението на Боливија зборува како мајчин јазик еден од староседелските јазици. Оваа бројка се зголемила на 29,4% во 2008 година.

Околу 90% од децата посетуваат основно образование, но понекогаш за краток период. Сè до 2001 писменоста во државата била ниска во голем број рурални области, но според податоците на ЦИА, писменоста во државата е 87%, што е слично со Бразил, но под просекот на Јужна Америка. Како и да е, во 2008 година имало кампања за писменоста во државата со слоганот „Да јас можам“ и Боливија била прогласена за земја без неписменост според стандардите на УНЕСКО.[54]

Според уставот од 2009 година, службени јазици во Боливија се: шпански јазик, ајмарски јазик, араонајски јазик, баурејски јазик, чикитански јазик, каничански јазик, кавинењски јазик, кајувавски јазик, чакопски јазик, чимански јазик, есе-еханки јазик, гварански јазик, гварасувејски јазик, гварајуански јазик, итонамајски јазик, лекоански јазик, калавајски јазик, мачинерски јазик, рејесански јазик, мохењо-тринитарио, мохењо-игнасијано, морејски јазик, мосетенски јазик, мовимајски јазик, пакаварски јазик, пукински јазик, кечуански јазик, сирионски јазик, такански јазик, тапиетејски јазик, торомонски јазик, уруански јазик, венајечки јазик, јаминавски јазик, јукиски јазик, јуракарејски јазик и ајореојански јазик[3]

Здравство

[уреди | уреди извор]

Според прогнозите за 2006, животниот век на луѓето бил 64 години за мажи и 67 години за жени.[10] Според истражувањето на Програмата за развој на ООН и УНИЦЕФ, над 230 бебиња умирале дневно поради недостаток на соодветна медицинска грижа.[55] Мнозинството од населението нема здравствено осигурување.[56] Значаен дел од боливиското население нема пристап до соодветна медицинска грижа.[56]

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Седиштето на Конгресот во Плаза Муриљо во Ла Пас.

Боливија била владеена со демократски избрани влади уште од 1982 година, кога се прекинале долгите државни удари. Предавањето на власта по мирен и демократски начин било започнато од Ернан Силес Зуазо и Виктор Пас Естенсоро. Повеќепартискиот демократски систем на државата бил испреплетен од различен број политички партии во минатото, но сепак доминирале Револуционерното националистичко движење, Национална демократска акција и Револуционерно лево движење од 1985 до 2005 година. Ево Моралес бил прв староседелски претседател на државата и тој е на чело на моментално владеачкото Движење за социјализам - политички инструмент за независност на народот. Оваа политичка партија била победничка на изборите во 2005 и 2009 година.

Сегашниот устав на Боливија бил усвоен во 2009 година и овозможува балансирање на извршната, законодавната, судската власт и изборната комија, како и одреден број автономии. Традиционално силната извршна власт тежнее да го надвладее Националниот конгрес, чија улога е ограничена на дебатирање и усвојување законски регулативи зададени од извршната власт. Судската власт се состои од Врховен суд и департманските и пониски судови. Судовите во Боливија се соочуваат со корупција и неефикасност. Уставот од 1994 година се обидел да изврши реформи во судската власт, а воедно и да ги децентрализира департманите, општините и староседелските територии.

Главен град

[уреди | уреди извор]

Според уставот на државата, главен град на Боливија е Сукре. Ла Пас е седиште на владата и поради тоа често се смета за „де факто“ главен град. Името на Сукре пред независноста било „Ла Плата“ и бил прогласен како транзициски главен град на новата независна држава Горно Перу (денес Боливија) на 1 јули 1826 година.[57] На 12 јули 1839 година, претседателот Хосе Мигел де Веласко донел закон со кој градот се прогласил за главен град на државата и го сменил името во чест на револуционерот Антонио Хосе де Сукре.[57] На почетокот на 20 век, боливиската влада била префрлена од Сукре во Ла Паз, поради изолираноста на Сукре од економската активност на државата по падот на индустријата за сребро во Потоси.

Уставот од 2009 година го именува Сукре како главен град на Боливија и Ла Паз не се споменува во текстот.[58] Сепак, претседателската палата се наоѓа во Ла Паз, како и Националниот конгрес на Боливија.

Извршна власт

[уреди | уреди извор]

Извршната власт на Боливија е во рацете на претседателот, потпретседателот и министерствата, кои моментално (2012) се 20 на број. Претседателот на државата се избира на избори за мандат од пет години и негово седиште е претседателската палата, која неформално се нарекува „изгорена палата“ (Palacio Quemado).

Законодавна власт

[уреди | уреди извор]

Повеќенационалното законодавно собрание, или „национален конгрес“, е дводомен парламент. Претставничкиот дом (Cámara de Diputados) има 130 членови кои се избираат за мандат од пет години. Сенатот, или Сенаторски дом, (Cámara de Senadores) има 36 членови. Секој департман има по четири сенатори и се избираат за мандат од пет години. Собранието се наоѓа во Ла Паз на Плаза Муриљо. Потпретседателот на државата функционира како шеф на дводомниот парламент.

Судска власт

[уреди | уреди извор]

Судската власт на Боливија е составена од Врховниот суд, Уставниот суд, Судскиот совет, Земјоделскиот и еколошки суд, окружни и пониски судови.

  • Повеќенационалниот уставен суд (шпански: Tribunal Constitucional Plurinacional) има надлежност да ја проверува уставноста на владата и судовите;
  • Врховен суд за правда (шпански: Tribunal Supremo de Justicia);
  • Земјоделскиот и еколошки суд (шпански: Tribunal Agroambiental) има надлежност да се занимава со прашања поврзани со земјоделството и околината;
  • Судски совет (шпански: Consejo de la Magistratura) има надлежност да ги набљудува судовите и судиите во државата;
  • Окружен суд - има по еден суд во секој департман;
  • Покраински и локални судови.

Изборна комисија

[уреди | уреди извор]

Изборната комисија е независно владино тело која го заменила Националниот изборен суд на Боливија во 2010 година. Комисијата се состои од врховен изборен суд, девет департмански изборни судови, изборни судии, анонимно избрана порота и изборни нотари.[59] Претседател (2012) на врховниот изборен суд е Вилфредо Овандо. Првите избори на комисијата биле во октомври 2011.

Воени сили

[уреди | уреди извор]
Воен тенк на Боливиската армија.

Воените сили на Боливија се составени од три дела: армија, морнарица и воздухопловство. Волонтерското служење војска во државата може да се изврши со наполнети 18 години, но кога бројот на војници е мал, државата ги регрутира сите со наполнети 14 години.[5] Воениот рок во Боливија е 12 месеци. Боливиската влада годишно троши 130 милиони американски долари за својата одбрана.[60]

Боливиската армија има околу 31.500 војници. Војската има 6 воени региони, и таа е организирана во десет дивизии. Иако Боливија е без излез на море, сепак државата одлучила да ја зачува морнарицата. Боливиските морнарички сили се составени од околу 5.000 војници.[61] Воздухопловните сили на Боливија имаат девет воздухопловни бази: Ла Паз, Кочабамба, Санта Крус де ла Сиера, Пуерто Суарез, Тариха, Вилјамонтес, Кобиха, Рибералта и Роборе.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Боливија е поделена на девет департмани, кои пак се поделени на 112 покраини, 339 општини и земји на староседелските заедници.[62]

Територијална поделба на Боливија
департман код
(ISO)
население површина
во км2
густина на
население
главен град
Бени BO-B 430.049 213.564 1,9 Тринидад
Чукисака BO-H 631.062 51.524 11,9 Сукре
Кочабамба BO-C 1.786.040 55.631 22,7 Кочабамба
Ла Пас BO-L 2.756.989 133.985 19,9 Ла Пас
Оруро BO-O 444.093 53.558 8,2 Оруро
Пандо BO-N 75.335 63.827 1,1 Кобиха
Потоси BO-P 780.392 118.218 6,5 Потоси
Санта Крус BO-S 2.626.697 370.621 7,1 Санта Крус де ла Сиера
Тариха BO-T 496.988 37.623 12,5 Тариха
Боливија BO 10.027.644 1.098.581 9,1 Сукре
Извор: Демографска проекција за 2008, Боливиски национален демографски институт.[63] Густината на населението е пресметана според населението од 2006.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Зградата на Централната банка на Боливија.
Влез на рудник во Потоси.

Боливија е една од најсиромашните и најслабо развиените држави во Латинска Америка, иако е богата со природни ресурси. Бруто-домашниот производ за 2002 бил 7.9 милијарди американски долари. Економскиот раст на Боливија бил околу 2.5% годишно а инфлацијата била меѓу 3% и 4% во 2002. Според Индексот на економска слобода за 2010 година, Боливија била означена како „репресирана“.[64] Сепак, иако со серија политички препреки, администрацијата на Моралес потикнала економски развој како што бил постигнат во изминатите 30 години. Економскиот развој бил проследен со намалување на нееднаквоста во државата.[65]

Сегашната економска ситуација на Боливија останува матна, најмногу поради фактори кои се случиле во изминатите 30 години. Првиот удар за боливиската економија бил драстичниот пад на цената на калајот во раните 1980-ти. Со падот на цената на калајот бил погоден главниот извор на приход на државата и една од главните индустриско-рударски гранки во државата.[66] Вториот поголем економски удар бил при крајот на Студената војна во доцните 1980-ти, која економската помош за државата од западните земји била повлечена.

Уште од 1985 година, владата на Боливија имплементирала програма за макроекономска стабилизација и структурални реформи сè со цел одржување на стабилноста на цената, создавање услови за економски развој и намалување на недостатокот. Главните реформи за царинските услуги во последните години значително ја подобриле транспарентноста во овој сегмент. Паралелни законодавни реформи создале политика на пазарот, што довело до зголемување на приватните инвестиции. Странските инвеститори имаат национален третман и странскиот капитал скоро и да нема ограничувања во државата.[67]

Боливија, според резервите за природен гас, е на второто место во Јужна Америка.[68] Владата на Боливија има склучено долгорочен договор за продажба на гасот со Бразил, односно до 2019 година.

Геолошкиот сервис на САД проценил дека Боливија има 5,4 милиони кубни тони литиум, кои претставуваат од 50 до 70% од светските резерви. Ископувањето и производството на литиум може да ја направи државата една од најбогатите во Јужна Америка. Но, за да се ископа литиумот, треба прво да се ископаат солените рамнини наречени Салар де Ујуни, кои се важни релјефни одлики и важна туристичка атракција во земјата. Владата не сака да ја уништи оваа уникатна природна убавина за да ги задоволи светските потреби на литиум.[69]

Трговскиот извоз на Боливија за 2002 година бил 1.3 милијарди американски долари, а за споредба во 1991 година бил 652 милиони долари. Увозот за 2002 година бил 1.7 милијарди долари. Трговскиот дефицит на Боливија за 2002 година бил 460 милиони американски долари. Трговската размена на Боливија со соседните држави е во пораст, најмногу поради неколкуте потпишани договори. Боливија е член на Андската заедница на нации и поради тоа има слободна трговска размена со членките. Најголем трговски партнер на Боливија е САД. Во 2002 година САД извеле 283 милиони американски долари, а увезле 162 милиони долари.

Земјоделството сочинува 15% од БДП на Боливија. Сојата е главна житарица која се произведува и тргува. Одгледувањето кока е од економска и политичка важност во државата. Државата и понатака е зависна од странски инвестиции за да се финансираат развојни проекти. Во 2002 година државата должела 4.5 милијарди долари на странски кредитори. Туризмот е исто така значајна стопанска гранка во државата и е во постојан развој од 1990 година. Официјална валута во Боливија е боливијано.

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]
Патот меѓу Ла Паз и Коројко е еден од најопасните во државата.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Најдобро развиен сообраќај во државата е патниот сообраќај. Историски, железничкиот сообраќај бил важен за државата, но денес има помала значајност. Поради географската положба и релјефот на државата, воздушниот сообраќај исто така има важна улога за транспортот на земјата.[5]

Боливија има 3.504 километри железничка линија. Западната и источната железничка мрежа се поврзани само со Аргентина. Боливија има 62.479 километри патна мрежа, од кои 3.749 километри се асфалтирани, а 58.730 километри не се асфалтирани според состојбата во 2004 година. Во државата има 1.009 аеродроми и аеродромски писти според податоците од 2008. 16 аеродроми во државата имаат асфалтирани писти, а 993 аеродроми имаат неасфалтирани писти. Боливија нема излез на море, но има склучено договори за користење пристаништа во Аргентина, Бразил, Перу и Чиле. Покрај тоа, Боливија има пристаништа на реките Амазон и Парагвај, како и на езерото Титикака.[5]

Комуникации

[уреди | уреди извор]

Кодот за Боливија е BO, а интернет домејнот е .bo. Според податоците од 2005 година, во државата има 646.300 главни телефонски линии и 2.421 милиони мобилни телефони. Поголемиот број телефони се во Ла Пас и останатите поголеми градови, а користењето мобилни телефони се зголемува со голема брзина. Телефонскиот повикувачки број за Боливија е +591. Според податоците за 2006 година, во државата има 20.085 мрежни домејни и 480.000 корисници на интернет. Боливија има 48 телевизиски станици и 900.000 телевизиски апарати.[5]

Фестивал во Сукре.
Деца свират на тарка.

Боливиската култура е под силно влијание на кечуанската, ајмарската и останатите староседелски андски и јужноамерикански култури. Културниот развој на Боливија е поделен на три периоди: „пред-колумбовски“, „колонијален“ и „републикански период“. Значајни арехолошки наоѓалишта, златни и сребрени орнаменти, камени споменици, керамички и платнени артефакти од старите староседелски цивилизации го збогатуваат културното наследство на државата. Главни археолошки наоѓалишта се Тиванаку, Ел Фуерте де Самајпата, Инкалјахта и Исканаваја. Останатите археолошки наоѓалишта се тешко достапни и се во мала мера истражени.[46]

Со шпанската колонизација на Латинска Америка, Шпанците со нив ги донеле нивните културни традиции, религиски верувања и уметност. Овие шпански вредности, заедно со староседелските културни традиции, обичаи и архитектонски стилови довеле до богата архитектура, сликарство и изработка на скулптури. За време на колонијалниот период биле создадени сликите на Перес де Олгин, Флорес, Бити и останати сликари. Покрај нив во овој период се создале голем број на скулптури, златни и сребрени изработки и дрворези за кои не се знае точни кои се авторите. Покрај овие културни сегменти, боливиската музика исто така забележала развој и оваа религиска музика се изведувала и на меѓународно ниво од 1994 година.[46]

Познати боливиски уметници од 20 век се Гусман де Рохас, Артуро Борда, Марија Луиза Пачеко, Роберто Мамани Мамани, Алехандро Марио Илјане, Алфредо да Силва, Марина Нуњес дел Прадо и Вилијам Вега.

Боливиската народна музика е доста богата. Регионалната фолклорна музика е препознатлива и шаренолика. „Танците на ѓаволот“ за време на есенскиот карневал во Оруро се едни од најголемите фолклорни настани во Јужна Америка. Покрај нив, познат е и карневалот во Тарабуко.[46] Државата има голем број карневали и фестивали, но најпознат е Карневалот во Оруро, кој бил меѓу првите 19 „Ремек дела на усното и недопрено наследство на човештвото“ создадени од УНЕСКО. Најпопуларен спиорт во Боливија е фудбалот.

Образование

[уреди | уреди извор]
Час за описменување на населението во Ла Паз.

Според стандардите на УНЕСКО од 2008, Боливија е класифицирана како држава без неписменост, што е четврта земја со таков статус во Латинска Америка.[54]

Во државата има голем број на државни и приватни универзитети. Меѓу позначајните универзитети во државата се: Универзитет Сан Франциско Хавиер де Чукисака во Сукре од 1624, Универзитет Сан Андрес во Ла Пас од 1830, Универзитет Сан Симон во Кочабамба од 1832, Универзитет Габриел Рене Морено во Санта Крус од 1880, Технички универзитет Оруро од 1892 и други. Во државата има и три универзитети за староседелското население, и тие се: Ајмарски универзитет Тупак Катари во Ла Паз од 2009, Кечуански универзитет Касмиро Уанка во Кочабамба од 2009 и Гварански боливиски универзитет Пуеблос де Тиерас Бахас во Чукисака од 2009 година.

Државни празници

[уреди | уреди извор]
датум македонски шпански
1 јануари Нова година Año Nuevo
2 февруари „Празник на Девицата од Канделарија“ Fiesta de la Virgen de Candelaria
варира Велики петок Viernes Santo
варира Тело Исусово Corpus Christi
1 мај Ден на трудот Dia del trabajo
21 јуни Андско-амазонска Нова година Año Nuevo Andino Amazónico[70]
2 август Ден на аграрната реформа Día de la Revolución Agraria, Productiva y Comunitaria[71]
6 август Ден на независност Dia de la Patria
1 ноември Ден на сите светци Todos Santos
25 декември Божиќ Navidad

Според уставот на Боливија од 2009 година, националните симболи на државата се: знамето, грбот, химната, випалата и цвеќињата кантута (Cantua buxifolia) и хеликонија (Heliconia rostrata).

Националното мото на државата е „Сојузот е сила!“ или на шпански ¡La unión es la fuerza! Иако не се официјални, ламата и кондорот се сметаат за боливиски симболи и се прикажани на боливискиот грб.

Боливија како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Боливија '95“ (Bolivia '95) - песна на американскиот музичар Скот Волкер (Scott Walker) од 1995 година.[72]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Brusco, Elizabeth 1995 Reformation of Machismo: Evangelical Conversion and Gender in Colombia. Austin: University of Texas Press.
  • Batalla, Guiellermo Bonfil 1996 México Profundo: Reclaiming a Civilization. Austin: University of Texas Press.
  • Burdick, John 1993 Looking for God in Brazil: The Progressive Catholic Church in Urban Brazil’s Religious Arena. Berkeley: University of California Press.
  • Corten, André 1999 Pentecostalism in Brazil: Emotion of the Poor and Theological Romanticism. New York: St. Martin’s Press.
  • Gill, Lesley 1990 “Like a Veil to Cover Them”: Women and the Pentecostal Movement in La Paz. American Ethnologist 17(4): 708-721.
  • Gill, Lesley 2000 Teetering on the Rim: Global Restructuring, Daily Life, and the Armed Retreat of the Bolivian State. New York: Columbia University Press.
  • Guillermoprieto, Alma: "Bolivia's new order" National Geographic Magazine July 2008
  • Kray, Christine A.2002 The Pentecostal Re-Formation of Self: Opting for Orthodoxy in Yucatan. Ethos. 29(4):395-429.
  • Martin, David.1990 Tongues of Fire: The Explosion of Protestantism in Latin America. Oxford: Blackwell.
  • Morales, Waltraud Queiser 1992 Bolivia: Land of Struggle. Boulder, CO: Westview Press.
  • Stoll, David 1990 Is Latin America Turning Protestant? The Politics of Evangelical Growth. Berkeley: University of California Press.
  • Weber, Max 1930 [1984] The Protestant Ethic and the Spirit of Capitalism. Trans. Talcott Preston. London:Counterpoint.
  1. „Central Bank of Bolivia“. The Bolivian coin. Архивирано од изворникот на 2007-04-28. Посетено на 2006-08-04.
  2. Article 6, section II of the new Bolivian constitution establishes the Wiphala as a national symbol of Bolivia (along with the flag, national anthem and coat of arms). See "Bandera indígena boliviana es incluida como símbolo patrio en nueva Constitución", October 21, 2008, United Press International.
  3. 3,0 3,1 Устав на Боливија, Член 5-I: Son idiomas oficiales del Estado el castellano y todos los idiomas de las naciones y pueblos indígena originario campesinos, que son el aymara, araona, baure, bésiro, canichana, cavineño, cayubaba, chácobo, chimán, ese ejja, Guaraní, guarasu'we, guarayu, itonama, leco, machajuyai-kallawaya, machineri, maropa, mojeño-trinitario, mojeño-ignaciano, moré, mosetén, movima, pacawara, puquina, quechua, sirionó, tacana, tapieté, toromona, uru-chipaya, weenhayek, yawanawa, yuki, yuracaré y zamuco.
  4. „Kids Encyclopedia“. Kids.britannica.com. 8 February 2009. Посетено на 30 August 2010.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „CIA -The World Factbook – Bolivia“. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2009-04-01.
  6. [1]. Population of Bolivia (Plurinational State of) 2018.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Bolivia“. International Monetary Fund. Посетено на 17 April 2012.
  8. „South America :: Bolivia“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 28 јануари 2014.
  9. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  10. 10,0 10,1 „WHO | Bolivia (Plurinational State of)“. Who.int. 11 May 2010. Посетено на 30 August 2010.
  11. „UNdata | country profile | Bolivia (Plurinational State of)“. United Nations. 14 November 1945. Посетено на 30 August 2010.
  12. „Bolivia baja sus índices de pobreza en 8 años (Bolivia lowers its poverty levels)“. El Deber. 30 November 2011. Архивирано од изворникот на 2011-12-05. Посетено на 30 November 2011.
  13. Simón Bolívar Архивирано на 25 август 2013 г. Salem Press
  14. 6 de август: Independencia de Bolivia[мртва врска]
  15. [2] Архивирано на 19 јули 2011 г. What countries are named after individuals or families?
  16. Morales highly favoured for re-election in Bolivia Архивирано на 28 ноември 2010 г. Truth Out/Associated Press 6 December [2009
  17. Can Bolivia’s indigenous groups dance in harmony? BBC 10 June 2010
  18. Bolivia poll won’t end opposition BBC 24 January 2009
  19. Fagan, Brian M. 'The Seventy Great Mysteries of the Ancient World: Unlocking the Secrets of Past Civilizations'. New York: Thames & Hudson, 2001.
  20. Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993. p. 145
  21. Kolata, Alan L. Valley of the Spirits: A Journey into the Lost Realm of the Aymara. John Wiley and Sons, Hoboken, 1996.
  22. 22,0 22,1 McAndrews, Timothy L. et al. 'Regional Settlement Patterns in the Tiwanaku Valley of Bolivia'. Journal of Field Archaeology 24 (1997): 67–83.
  23. Isbell, William H. 'Wari and Tiwanaku: International Identities in the Central Andean Middle Horizon'. 731–751.
  24. 24,0 24,1 Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993.
  25. The High Place: Potosi Архивирано на 1 јануари 2013 г.. John Demos.
  26. MSN Encarta, Conquest in the Americas Архивирано на 28 октомври 2009 г.. 31 October 2009.
  27. „Bolivia – Ethnic Groups“. Countrystudies.us. Посетено на 30 August 2010.
  28. Rebellions. History Department, Duke University.
  29. Frank Jacobs (March 13, 2012). „Who Bit My Border?“. The New York Times.
  30. [3] Архивирано на 25 август 2013 г. Background note: Bolivia-Source-Bolivien-liest.de
  31. Harold Osborne (1954). Bolivia: A Land Divided. London: Royal Institute of International Affairs.
  32. History World (2004). „History of Bolivia“. National Grid for Learning.
  33. Juan Forero (7 May 2006). „History Helps Explain Bolivia's New Boldness“. New York Times. Посетено на 26 April 2010. (PDF) Архивирано на 24 март 2009 г., University of Wisconsin–Madison, Department of Geography
  34. CIA World Factbook. Retrieved from https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2147rank.html Архивирано на 9 февруари 2014 г..
  35. Drews, Carl (13 September 2005). „The Highest Lake in the World“. Архивирано од изворникот на 2012-08-18. Посетено на 2006-12-02.
  36. Grove, M. J., P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. Seltzer 2003 Application of Strontium Isotopes to Understanding the Hydrology and Paleohydrology of the Altiplano, Bolivia-Peru. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:281-297.
  37. Rigsby, C., P. A. Baker and M. S. Aldenderfer 2003 Fluvial History of the Rio Ilave Valley, Peru, and Its Relationship to Climate and Human History. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:165-185.
  38. Bolivia Архивирано на 5 јуни 2013 г., OAS Website
  39. Satellite view in Wikimapia of Bolivia Mar, near the Peruvian town of Ilo
  40. Fortalecimiento de las Capacidades locales para enfrentar El Fenómeno del Niño en Perú y Bolivia
  41. „Deja 56 muertos "El Niño" en Bolivia“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2012-04-23.
  42. http://www.la-razon.com/version.php?ArticleId=130754&EditionId=2535[мртва врска]
  43. http://www.bolivia.com/noticias/Autonoticias/DetalleNoticia40938.asp
  44. 44,0 44,1 „Bolivian people“. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2009-04-01.
  45. Bolivian Reforms Raise Anxiety on Mennonite Frontier. The New York Times. 21 December 2006.
  46. 46,0 46,1 46,2 46,3 46,4 „Background Note: Bolivia“. United States Department of State. Посетено на 17 October 2006.
  47. „Bolivia“. World Gazetteer. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 7 January 2010.
  48. INE (2001). „Autoidentificación con Pueblos Originarios o Indígenas de la Población de 15 años o más de edad- UBICACIÓN, ÁREA GEOGRÁFICA, SEXO Y EDAD“. Посетено на 7 October 2009.
  49. Fundación Boliviana para la Democracia Multipartidaria (FBDM) y Fondo para la Democracia de Naciones Unidas (Undef) (13 March 2009). „Encuesta Nacional Sobre Valores y Actitudes Frente a la Conflictividad en Bolivia“ (PDF). Посетено на 7 October 2009.[мртва врска]
  50. Sanahuja, Juan. „The Religious Tribalism of Evo Morales in Bolivia“. Tradition in action. Посетено на 30 August 2010.
  51. „Evo Morales consecrated Spiritual Leader of Native Religion“. E foro Bolivia. 21 January 2010. Посетено на 30 August 2010.
  52. „Bolivia religion“. USA: Department of State. 14 September 2007. Посетено на 30 August 2010.
  53. „Largest Baha'i communities“. Adherents.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-07. Посетено на 7 January 2012.
  54. 54,0 54,1 „Bolivia declares literacy success“. BBC News. London. 21 December 2008.
  55. United Nations High Commissioner for Refugees (23 May 2007). „Refworld | Amnesty International Report 2007 - Bolivia“. UNHCR. Архивирано од изворникот на 2013-01-17. Посетено на 30 August 2010.
  56. 56,0 56,1 „Microsoft Word - bolivia_en.doc“ (PDF). Посетено на 30 August 2010.
  57. 57,0 57,1 "Sucre.", Sociedad Geográfica (1903). Diccionario geográfico del Departamento de Chuquisaca: contiene datos geográficos, históricos y estadisticos. Impr. "Bolívar" de M. Pizarro. стр. 296–97.
  58. "I. Sucre is the Capital of Bolivia." Political Constitution of the State, First Part, Title I, Chapter One: Model of State, Nueva Constitución Política del Estado, p. 4.
  59. „Posesionan a cuatro Vocales del Tribunal Supremo Electoral“. La Jornada. 2010-08-16. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 2011-04-28.
  60. „Bolivia Military Profile 2006“. 2006.
  61. Carroll, Rory (28 August 2008). „Bolivia's landlocked sailors pine for the high seas“. The Guardian. London. Посетено на 26 April 2010.
  62. Political Constitution of Bolivia, Article 269
  63. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-04-30. Посетено на 2012-04-22.
  64. „Country rankings for trade, business, fiscal, monetary, financial, labor and investment freedoms“. Heritage.org. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 30 August 2010.
  65. Mark Weisbrot, Rebecca Ray and Jake Johnston (December 2009). „Bolivia: The Economy During the Morales Administration“. CEPR - Center for Economic and Policy Research. Архивирано од изворникот на 2010-11-12. Посетено на 2012-04-24.
  66. Crabtree, J.; Buffy, G.; Pearce, J. (1988). „The Great Tin Crash: Bolivia and the World Tin Market“. Bulletin of Latin American Research. Bulletin of Latin American Research, Vol. 7, No. 1. 7 (1): 174–175. doi:10.2307/3338459. JSTOR 3338459.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  67. [4] Economy of Bolivia-Source-US State Government
  68. „Anti-Morales protests hit Bolivia“. BBC News. 10 September 2008. Посетено на 30 August 2010.
  69. „Bolivia's lithium mining dilemma“. BBC News. 10 September 2008. Посетено на 26 April 2010.
  70. Традиционален датум на ајмарската Нова година (Willka Kuti) и краткодневица. Празникот е објавен за официјален во 2010 („Bolivia celebra el Año Nuevo Aymara con feriado nacional“. La Jornada. 2010-06-21. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2011-08-03.)
  71. Ден на Индијанците предложен во 1937 и годишнина од аграрната реформа од 1953. (Grover Choque, Freddy (2011-08-02). „El 2 de август, Día de la Revolución Agraria en Bolivia“. La Prensa. Посетено на 2011-08-03.[мртва врска]
  72. Discogs, Scott Walker ‎– Tilt (пристапено на 19.9.2018)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Статијата „Боливија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).