Прејди на содржината

6 август

Од Википедија — слободната енциклопедија

6 август — 218-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (219-и во престапна година). Остануваат 147 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024
Даме Груев
Бен Џонсон

Настани:

1825  Боливија стекна независност од Шпанија.
1900  Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа го осудила на робија Даме Груев — еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 г. е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.
1903  Напишан е Крушевскиот манифест.
1932  Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.
1944  Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
1945  САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија.
1962  Јамајка се стекнува со независност.
2012  Возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот.

Родени:

1775  Луј XIX — француски крал.
1809  Алфред Лорд Тенисонанглиски поет.
1868  Пол Клодел — француски поет, драматург и дипломат.
1875  Григорие Хаџи Ташковиќ — македонски револуционер.
1881  Александар Флеминганглиски микробиолог, добитник на Нобелова награда.
1911  Лусил Боламерикански глумица и комичарка.
1911  Раде Кончар — хрватски комунист и партизан, Народен херој на Југославија.
1917  Роберт Мичамамерикански глумец.
1921  Бади Колет — американски џез-музичар.
1928  Енди Ворхоламерикански уметник, најпознат претставник на поп-артот.
1935  Марио Колуна — португалски фудбалер.
1936  Дражан Јерковиќ — хрватски и југословенски фудбалер.
1937  Чарли Хејдн — американски џез-музичар.
1960  Сергеј Игнатов — министер за образование на Бугарија.
1963  Кевин Митник — американски хакер.
1965  Дејвид Робинсон — американски кошаркар.
1965  Томас Шенлебе — германски атлетичар.
1969  Елиот Смитамерикански поп-рок музичар.
1973  Томислав Дончев — министер без ресор на Бугарија.
1983  Робин ван Перси — холандски фудбалер.
1984  Маја Огњеновиќ — српска одбојкарка.
1986  Жером Копел — француски велосипедист.
1986  Иван Штил — руски кану-спринтер.
1995  Александар Везенков — бугарско-кипарски кошаркар.
1997  Маркус Тирам — француски фудбалер.

Починале:

523  Хормиздримски папа.
1328  Галеацо I Висконти — владетел на Милано.
1458  Каликот III — римски папа.
1637  Бен Џонсонанглиски драматург и поет.
1660  Диего Веласкес — еден од најпознатите шпански сликари.
1973  Мемфис Мини — американска блуз музичарка.
1978  Павле VIримски папа.
1991  Ружа Икономовамакедонска глумица.
2001  Аким Селмани — поранешен член на ОНА.
2001  Жорже Амадо - бразилски писател.
2004  Рик Џејмс — американски фанк-музичар.
2005  Ибрахим Фереркубански музичар, член на групата Buena Vista Social Club.

Празници:

  Боливија — Ден на независноста.
  Јамајка — Ден на независноста.