Прејди на содржината

Оцелот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оцелот
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Јужноамерикански мачки
Вид: L. pardalis
Научен назив
Leopardus pardalis
(Лине, 1758)
Распостранетоста на оцелотот

Оцелот е вид мачка што се наоѓа во шумите, тревните подрачја покриени со грмушки од Тексас до северна Аргентина.

Особености

[уреди | уреди извор]

Оцелотот е долг 90-130 см, без опашката од 30 до 40 см. Висок е околу 45 см и тежи 11-16 кг. Горниот дел на телото варира од бела до темножолта и сива боја. Главата, вратот и телото се обележани со посебни форми на црни пруги и точки: точки на главата, две линии на секој образ, долгнавести точки поврзани во синџирести страни на телото и линии или дамки на опашот. Оцелотот лови ноќе мали цицачи, птици, влекачи и риби. Тој е на списокот на загрозени животни во САД.[1]

  1. Животински свет, Скопје, 2005, стр. 133