Џон Леџенд
Џон Леџенд | |
---|---|
Џон Леџенд на iHeartRadio музичките награди во 2019 | |
Роден(а) | Џон Роџер Стивенс 28 декември 1978 Спрингфилд, Охајо, САД |
Алма матер | Пенсилваниски универзитет |
Занимање |
|
Активен период | 2000–денес |
Партија | Демократ[1] |
Сопружник | Kриси Тиген (в. 2013) |
Деца | 4 |
Џон Роџер Стивенс (анг: John Roger Stephens; роден на 28 декември 1978 година), естрадно познат како Џон Леџенд (John Legend) ― американски пејач и текстописец. Тој бил прв музичар кој потпишал за дискографската куќа GOOD Music од Кање Вест.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Џон Роџер Стивенс е роден на 28 декември 1978 година во Спрингфилд.[2] Потекнува од музичко семејство; татко му бил тапанар, а „мајка му пеела и раководела со црковниот хор, а баба му била црковна оргуларка“.[3] Неговиот брат Вон Ентони Стивенс е исто така музичар. Почнал да свири пијано на 4-годишна возраст.[4][5] На 7-годишна возраст настапувал во црковен хор.[6]
Откако се запишал на Универзитетот во Пенсилванија на 16 години, Леџенд бил претседател и музички директор на а капела групата „Counterparts“. Уште додека бил на универзитет остварил контакти со локални музичари.[7] Дипломирал на катедрата по англиски јазик со акцент на афроамериканската литература [8] во 1999 година.[9]
Почетоци на кариерата
[уреди | уреди извор]Во 2001 година, Леџенд се запознал со Кање Вест, тогаш нов хип-хоп музичар и продуцент кој работел со музичари како Џеј Зи и Алиша Кис, а подоцна станал и популарен пејач; Леџенд бил ангажиран да пее во позадина на музиката која ја продуцирал Вест. Леџенд го отпеал рефренот од песната You Don't Know My Name од Алиша Кис. Во песните Encore и Lucifer, продуцирани од Кање Вест за Џеј Зи, може да се слушне примерок од пијано снимен од Леџенд. По потпишувањето со дискографската куќа на Вест, Џон го избрал своето уметничко име.[10][11]
2004–2007: Пробив на естрадата
[уреди | уреди извор]Во декември 2004 година, Леџенд го издал неговиот прв албум, Get Lifted, под издавачот GOOD Music. Албумот бил продуциран од Кање Вест, Дејв Тозер и will.i.am и дебитирал на 7-мо место на американскиот Билборд 200.[12] RIAA го сертифицирала со златен диск.[12][13] На меѓународен план, Get Lifted, го достигнал првото место на норвешката табела за албуми и се искачил во топ-10 во Холандија и Шведска, што резултирало со продажба од 850.000 копии на светско ниво.[10] Во 2006 година, албумот освоил Греми награда за најдобар R&B албум, а Леџенд бил номиниран за најдобар нов изведувач и најдобра машка R&B вокална изведба. За Џенет Џексон тој ја напишал песната „I Want You“ , која била номинирана за најдобра женска R&B вокална изведба на 47-то доделување на Греми наградите.[14]
2008–2010: Уште поголема популарност
[уреди | уреди извор]Во јануари 2008 година, Леџенд пеел во видеото за поддршка на кампањата на Барак Обама, продуцирано од will.i.am насловено „Yes We Can“.[15] Истата година, Леџенд имал споредна, само пејачка улога во филмот Мажи со душа од 2008 година, каде што го игра починатиот пејач од измислена соул група во која членуваат и Семјуел Л. Џексон и Берни Мек. Во октомври, го издал неговиот трет студиски албум, Evolver.[16] На 30 март 2008 година, Леџенд ја изведе „ America the Beautiful“ за време на WrestleMania XXIV.
Во 2009 година, Леџенд учествувал во Луѓето зборуваат (The People Speak), документарен игран филм заснован на Народната историја на САД од историчарот Хауард Зин.[17] Исто така во 2009 година,Леџенд снимил заеднички албум со the Roots, Wake Up!, кој бил објавен на 21 септември 2010 година.[18] Во ноември 2010 година, Леџенд придонел за албумот на Вест My Beautiful Dark Twisted Fantasy, каде во дует ја испеале песната „Blame Game“. Во февруари 2011 година, Леџенд освоил три Греми награди: најдобра R&B песна за „Shine“, (и заедно со Roots) за најдобар R&B албум и најдобра традиционална R&B вокална изведба за „Hang On In There“. Во март 2011 година, Леџенд и Roots освоиле две NAACP Image Awards - една за извонреден албум (Wake Up!) и една за извонредно дуо, група или соработка.
2011–2015: Турнеи
[уреди | уреди извор]Во 2011 година, Леџенд бил на турнеја од 50 концерти како гостин за британскиот соул бенд Sade.
На 2 мај 2012 година, Леџенд добил почесен докторат од Хауард Универзитетот.[19] Тој бил судија во музичкото шоу Дуети на ABC заедно со Кели Кларксон, Џенифер Нетлс и Робин Тик. Судија прво требало да биде Лајонел Ричи, кој морал да се повлече поради конфликт со распоредот на снимање.[20]
На 3 септември 2013 година, го издал четвртиот студиски албум, Love in the Future.[21] Албумот бил номиниран за најдобар R&B албум на Греми наградите во 2014 година.[22]
Во 2014 година, Леџенд во соработка со раперот Комон ја напишал песната „Glory“, а која била прикажана во филмот Селма. Песната ја освои наградата Златен глобус за најдобра оригинална песна, како и Оскар за најдобра оригинална песна.
2016–денес: Меѓународни признанија и популарност
[уреди | уреди извор]Во 2016 година, Џон Леџенд добил улога во филмскиот мјузикл Ла Ла Ленд. Во 2017 година бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките.
Џон Леџенд и Аријана Гранде во дует ја испеале насловната песнаод филмот „Убавицата и ѕверот“ (2017); песната е римејк на оригиналната верзија од 1991 година испеана од Селин Дион и Пибо Брајсон.[23] Во април 2017 година, Леџенд го позајмил гласот на главниот лик во Crow: The Legend, краток анимиран филм, премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Трибека. Тој бил и извршен продуцент на филмот и ја отпеал оригиналната песна „When You Can Fly“.[24] Филмот победил на тринаесет различни филмски фестивали, вклучително и на Филмскиот фестивал во ЛА каде ја имаше својата премиера во Северна Америка во 2018 година.[24]
На 19 декември 2017 година, Ен-Би-Си објави дека Леџенд ја добил главната улога во концертната продукција во живо на Исус Христос суперѕвезда.[25] Концертот бил емитуван во живо на 1 април 2018 година (на самиот ден Велигден таа година според западното христијанство).[26] На 8 мај 2018 година, Google го избрал Леџенд како еден од шесте нови гласови на Google Assistant.[27]
Леџенд бил еден од ретките познати личности кои се појавиле и зборувале во документарниот филм Surviving R. Kelly.[28] Документарната емисија во шест продолженија ја прикажува наводната четиридецениска сексуална злоупотреба од страна на познатиот R&B пејач Р. Кели.[29] Леџенд, за време на неговото интервју во последната епизода од серијата, го критикувал Р. Кели, и рекол дека „Р. Кели им донесе премногу болка на премногу луѓе.“[30][31]
Во ноември, Леџенд бил прогласен за најсекси маж (според списанието People).[32][33][34] На 28 мај 2020 година, Леџенд добиl почесен докторат од музичкиот колеџ Беркли.[35] На 12 ноември 2021 година, Леџенд потпишал со Republic Records, откако претходно му завршил договорот со Sony Music кој траел 17 години.
На 9 септември 2022 година, тој го издал неговиот осми студиски албум насловен Legend.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Леџенд ја запознал манекенката Криси Тиген во 2006 година за време на снимањето на спотот за неговата песна „Stereo“.[36][37] Тие се свршиле во декември 2011 година,[38][39] и се венчале на 14 септември 2013 година, во Комо, Италија.[40] Неговата песна од 2013 година „All of Me“ е посветена на неа. Тие имаат четири деца: ќерка родена во април 2016 година,[41] син роден во мај 2018 година,[42] и ќерка родена во јануари 2023 година.[43] Нивните први три деца биле зачнати преку ин витро оплодување.[43][44] На 28 јуни 2023 година, Тајген на друштвените мрежи објавила дека имаат и четврто дете, син, роден преку сурогат мајчинство на 19 јуни 2023 година.[45]
Награди и Признанија
[уреди | уреди извор]Во 2007 година, Леџенд ја добил наградата Хал Дејвид Старлајт од Куќата на славата на текстописците.[46] Во 2015 година, Леџенд и раперот Комон освоиле Оскар и Златен глобус за најдобра оригинална песна за песната „Glory“ од филмот Селма. Леџенд освоил вкупно дванаесет Греми награди. Во 2017 година, ја освоил наградата Тони за копродукција на претставата Jitney на Бродвеј.[47] Тој бил номиниран за Eми награда за ударен термин за улогата во рок-операта Исус Христос суперѕвезда, и освоил Еми како продуцент на серијата, со што станал првиот црнец и втор најмлад уметник кој ги освоил сите четири главни американски награди од забавната индустрија: Еми, Греми, Оскар и Тони (EGOT).[48][49] Леџенд е добитник и на Претседателската награда од NAACP.[50]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- Get Lifted (2004)
- Once Again (2006)
- Evolver (2008)
- Love in the Future (2013)
- Darkness and Light (2016)
- A Legendary Christmas (2018)
- Bigger Love (2020)
- Legend (2022)
Студиски албуми во соработка со други музичари
- Wake Up! (со the Roots) (2010)
Филмографија
[уреди | уреди извор]Филм
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Оригинален наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|---|
2008 | Сезамова улица: Елмо те сака! | Sesame Street: Elmo Loves You! | Себе си | |
Мажи со душа | Soul Men | Маркус Хукс | ||
2012 | Савојскиот крал: Чик Веб и музиката што ја промени Америка | The Savoy King: Chick Webb & the Music That Changed America | Дјук Елингтон | Гласовна улога |
2016 | Јужно со тебе | Southside with You | Н/П | Продуцент |
Ла-Ла Ленд | La La Land | Кит | Исто така, ја напишал/извел „Start a Fire“ за саундтракот од филмот | |
2017 година | Кроу: Легенда | Crow: The Legend | Кроу | Гласовна улога, исто така и извршен продуцент [51] |
2019 | Меѓу два папрата: филм | Between Two Ferns: The Movie | Себе си | |
2020 | Злосторство во Луизијана | A Crime on the Bayou | Н/П | Извршен продуцент [52] |
2020 | Божиќната авантура на Џингл Џингл | Jingle Jangle: A Christmas Journey | Н/П | Продуцент [53] |
2021 | Мичелови против машините | The Mitchells vs. the Machines | Џим Поси | Гласовна улога |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „John Legend on His Political Activism, Endorsing Warren and Admiring Taylor Swift“. March 3, 2020.
- ↑ Southern, Nathan. „John Legend – Biography“. Allmovie. Посетено на April 30, 2020.
- ↑ „Singer/songwriter John Legend got early start“. USA Today. July 28, 2005. Архивирано од изворникот на August 2, 2019. Посетено на June 27, 2009.
- ↑ „Jonathan Ross Show, Series 20 Episode 7 itvx“. itv.com. Посетено на April 9, 2023.
- ↑ „Which celebrities will be on The Jonathan Ross Show tonight?“. Times Series (англиски). April 8, 2023. Посетено на April 9, 2023.
- ↑ Statements made on "Music Live Series with John Legend".
- ↑ Newsome, Melba (October 22, 2006). „Music; What Becomes John Legend Most?“. The New York Times Company. стр. 1–2. Посетено на July 21, 2009.
- ↑ du Lac, J. Freedom (February 9, 2006). „The Best New Artist Is Already a Legend“. The Washington Post. Посетено на February 9, 2006.
- ↑ Mejia, Zameena (September 11, 2018). „John Legend left a safe corporate job after college — and now he's made EGOT history“. CNBC.
- ↑ 10,0 10,1 Newsome, Melba (October 22, 2006). „Music; What Becomes John Legend Most?“. The New York Times Company. стр. 1–2. Посетено на July 21, 2009.Newsome, Melba (October 22, 2006).
- ↑ „John Legend: Legend in his lifetime“. The Independent. London. February 18, 2005. Архивирано од изворникот на June 13, 2022. Посетено на July 22, 2009.
- ↑ 12,0 12,1 Празен навод (help)
- ↑ „Gold & Platinum Searchable Database – August 09, 2014“. RIAA. Архивирано од изворникот на October 27, 2013. Посетено на August 9, 2014.
- ↑ „Gold & Platinum Searchable Database – October 29, 2014“. RIAA. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на October 29, 2014.
- ↑ „Yes We Can – Barack Obama Music Video“. YouTube. February 2, 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на May 13, 2008.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Remembering Martin Luther King Jr. with John Legend“. The Washington Post. April 4, 2008. Посетено на May 13, 2008.
- ↑ „The4 People Speak – The Film“. Thepeoplespeak.com. Архивирано од изворникот на September 20, 2013. Посетено на May 16, 2013.
- ↑ Jayson Rodriguez, Tim Kash (May 6, 2010). „John Legend Is '99 Percent Done' With Wake Up Sessions Album“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-09-24. Посетено на May 12, 2010.
- ↑ „Education Secretary Urges Howard Graduates to Seek Their Passion and to Serve – Howard University Newsroom“. Howard.edu. March 16, 2000. Архивирано од изворникот на May 16, 2012. Посетено на May 14, 2012.
- ↑ Nede, Jethro (May 18, 2012). „'Duets' Judge John Legend Says Replacing Lionel Richie 'Was Pretty Crazy'“. The Hollywood Reporter. Посетено на May 24, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Dave McNary, "Ariana Grande, John Legend to Perform Title Track for 'Beauty and the Beast‘“, Variety, January 11, 2017.
- ↑ 24,0 24,1 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ McHenry, Jackson (May 10, 2017). „NBC Will Revive Jesus Christ Superstar Live Next Easter Sunday“. Vulture (англиски). Посетено на January 23, 2023.
- ↑ Aiello, Chloe (May 8, 2018). „Singer John Legend will be one of six new voices for Google's smart assistant“. CNBC. Посетено на May 10, 2018.
- ↑ Rubenstein, Janine (January 3, 2019). „John Legend Speaks Out Against R. Kelly In New Documentary“. People.
- ↑ Linton, Caroline (January 5, 2019). „"Surviving R. Kelly": John Legend Says "It Didn't Feel Risky At All" to Appear“. CBS News. Посетено на August 27, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Juneau, Jen (January 3, 2019). „John Legend on R. Kelly: I 'Don't Give a F— About Protecting' Him“. People. Посетено на January 12, 2019.
- ↑ Graham, Ruth (November 13, 2019). „John Legend, King of All Wife Guys, Is Indeed the Right "Sexiest Man Alive" Pick for Our Times“. Slate Magazine (англиски). Посетено на May 1, 2020.
- ↑ Holcombe, Madeline (November 13, 2019). „John Legend is PEOPLE's 'Sexiest Man Alive'... and he's perplexed“. CNN. Посетено на May 1, 2020.
- ↑ Chiu, Melody; Rubenstein, Janine (November 12, 2019). „John Legend Is PEOPLE's Sexiest Man Alive 2019: 'I'm Excited but a Little Scared at the Same Time'“. PEOPLE.com (англиски). Посетено на May 1, 2020.
- ↑ „Berklee Celebrates Class of 2020 as Commencement Goes Virtual“.
- ↑ „Chrissy Teigen, John Legend Recreate Iconic 'Spider-Man' Kiss On 'Lip Sync Battle'“. International Business Times. May 8, 2017.
- ↑ „WTF with Marc Maron Podcast: Episode 1137 - John Legend on Apple Podcasts“. Apple Podcasts (англиски). Посетено на July 12, 2020.
- ↑ Silverman, Stephen M. (December 27, 2011). „John Legend Is Engaged“. People. Посетено на September 14, 2013.
- ↑ Galla, Brittany (July 24, 2013). „Chrissy Teigen, John Legend Planning September Wedding in Lake Como, Italy“. Us Weekly. Посетено на September 14, 2013.
- ↑ Webber, Stephanie (September 14, 2013). „John Legend, Chrissy Teigen Marry in Italy country -- See Her Wedding Dress!“. Us Weekly. Посетено на September 14, 2013.
- ↑ Kast, Catherine (April 17, 2016). „John Legend and Chrissy Teigen Welcome Daughter Luna Simone“. People Magazine. Посетено на April 17, 2016.
- ↑ White, Chelsea (May 17, 2018). „Chrissy Teigen and John Legend Welcome Baby Number 2: 'Somebody's Herrrrrrre!'“. People. Посетено на February 1, 2019.
- ↑ 43,0 43,1 „Chrissy Teigen and John Legend Welcome New Baby: 'What a Blessed Day'“ (англиски). People.com. January 13, 2023. Посетено на January 14, 2023.
- ↑ Gann, Jen (April 4, 2018). „Chrissy Teigen Doesn't Feel Like an Expert Mom“. The Cut. Посетено на February 1, 2019.
- ↑ Ede-Osifo, Uwa (June 28, 2023). „Chrissy Teigen and John Legend welcome baby No. 4“. NBC News. Посетено на June 28, 2023.
- ↑ „Songwriters Hall of Fame“. Induction for John Legend. Artisan News. June 22, 2007. Архивирано од изворникот на 2023-07-18. Посетено на June 26, 2009.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Wanshel, Elyse (September 10, 2018). „John Legend Becomes First Black Man To Reach EGOT Status“. Huffington Post (англиски). Посетено на September 11, 2018.
- ↑ Scheibelhut, Ashley (September 11, 2018). „John Legend Is First Black Man To Achieve EGOT Status“. Chill Magazine (англиски). Посетено на October 9, 2018.
- ↑ „The Complete List of Winners from the 47th NAACP Image Awards“. EURweb. February 6, 2016. Посетено на May 19, 2022.
- ↑ „Crow: The Legend (2018)“. 2018. Посетено на November 25, 2018.
- ↑ Tsegai, Salina (April 30, 2021). „Watch Timely and Powerful Trailer for A Crime on the Bayou, Executive Produced by John Legend“. People. Посетено на May 2, 2021.
- ↑ „'Jesus Christ Superstar's John Legend & Mike Jackson To Produce David E. Talbert Netflix Holiday Film 'Jingle Jangle'“. Deadline. September 17, 2018. Посетено на September 17, 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џон Леџенд“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Џон Леџенд на TED
- Џон Леџенд на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|
- Добитници на наградата „Тони“
- Добитници на Греми
- Американски феминистки
- Родени во 1978 година
- Добитници на MTV Video музички награди
- Машки феминисти
- Добитници на Златен глобус
- Добитници на ЕМИ награди
- Добитници на Оскар за најдобра оригинална песна
- Американски поп пијанисти
- Американски мултиинструменталисти
- Американски ТВ глумци
- Американски поп пејачи
- Американски пијанисти
- Афроамерикански пијанисти
- Афроамерикански пејачи
- Композитори на филмска музика