Р. Кели
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
R. Kelly | |
---|---|
Родено име | Роберт Силвестер Кели |
Роден(а) | 8 јануари 1967 Чикаго, Илиноис, САД |
Жанр(ови) | R&B, соул, поп, хип-хоп |
Занимање/ња | пејач-текстописец, рапер, музичар, продуцент, извршен продуцент, мултиинструменталист, режисер на музички видео-спотови, актер |
Инструменти | Вокал, пијано, тастатури |
Години на активност | 1990–денес |
Продукциска куќа/ќи | RCA/Jive Label Group/Zomba Label Group/Sony Music Entertainment (1990-денес) Blackground (1993-2005) |
Мрежно место | www.r-kelly.com |
Роберт Силвестер Кели (роден 8. јануари 1967г.) повеќе познат под уметничко име Р. Кели, е американски Р&Б пејач – текстописец, понекогаш рапер и музички продуцент. Дебитираше во 1992г. Во групата Паблик Анаунсмент (Public Announcement), и за една година продолжи како соло пејач, започнувајќи ја својата кариера со албум, 12 Play (1993г.). Кели е познат и по колекција на хит - песни, како „Bump’n Grind“, „I believe I can fly“, „Ignition“, и хип – хоп операта „Trapped in the Closet“, „The World`s Greatest“.
Кариера
[уреди | уреди извор]Раните години во Паблик Анаунсмент
[уреди | уреди извор]Роден и израснат во Чикаго, Илиноис, Кели е трето од четирите деца.[1] Mузиката беше дел од неговиот живот од мала возраст.[2] Тој почнал да пее на осум годишна возраст.[1] Мајката на Кели, Џоан Кели, беше пејачка и членка на групата Сикс Пак. Кели тврди дека таа влијаела најмногу на него, кога се работи за музика. Како тинејџер, Кели започнал со улични изведби (или пеење и свирење на улица) пред да оформи група со својот пријател Марк Меквилијамс. Во 1989г., Кели и Меквилијамс ја оформија групата МГМ (музички надарени мажи)[3]. Заедно со Винсент Кори Вокер и Шонт Брукс, Кели настапи на телевизиското шоу за таленти Биг Брејк, водено од Натали Кол, и ја доби првата на града од 100.000 долари.[1] Набргу Кели и Меквилијамс ја издадоа првата песна, „Why You Wanna Play Me“, за Тавдаш Рекордс.[4] Внатрешни караници доведоа до конфликт помеѓу Р. Кели и МГМ, и тие се разделија. Р. Кели со помош на менаџерот Бери Ханкерсон, успеа да го раскине договорот со МГМ. Тогаш Ханкерсон му помогна на Кели да потпише договор со Џајв Рекордс во 1991г. Кратко по потпишувањето на договорот, Кели го запозна Андре Бојкинс од Паблик Анаунсмент и направи аудиција за момците да му бидат придружни вокали.
Р. Кели и Паблик Анаунсмент го издадоа нивниот деби албум Born into the 90's,, во декември 1991г. Еден од последните албуми го издадоа во новиот џек-свинг период во раните деведесетти, албум од кој се родија хитовите „She’s Got That Vibe“, „Honey Love“, „Dedicated“ и „Slow Dance (Hey Mr. DJ)“, и на сите песни доминираше Кели.[5] Групата се оформи како Р.Кели и Паблик Анаунсмент, во суштина групата беше придружба на Кели, а не функционираше како единка.[1] По успежната турнеја во 1993г., Кели ги напушти Паблик Анаунсмент и се фокусираше на својата соло кариера.[2]
Раната соло кариера (‘90 - тите)
[уреди | уреди извор]Денбитантскиот соло албум , 12 Play, Кели го издаде есента 1993г. и се роди првиот број еден хит на пејачот, Bump`n Grind, кој постави рекорд со задржување на прво место на Р&Б топ листите цели 12 недели. На топ – листите на списанието Билборд Р&Б хитот се задржа најдолго во последните 30 години на првото место. Подоцна ги издаде наредите хитови Your body’s Callin и „Sex me“.[5] 12 Play се задржа на првото место на топ списокот на Билборд за врвни албуми последователни девет недели, што го направи Р.Кели еден од најпосакуваните изведувачи во ’90-тите во Р&Б и Хип-Хоп сферата. По 12 Play, кариерата на Р.Кели тргна по нагорна линија, и тој започна да работи како музички продуцент, соработувајќи со познати имиња како Toni Braxton, the Winans, Gladys Knight и Quincy Jones, и претстави нови имиња како Aaliyah и дуетот Changing Faces. Во 1994г. направи ремикс за Janet Jackson на хитот "Any Time, Any Place" и работеше на "You Are Not Alone" на Michael Jackson за неговиот албум во 1995г. - HIStory. Подоцна белгиско здружение за авторски права, САБАМ, утврди дека Кели ја преземал мелодијата за "You Are Not Alone" од хитот од 1993г. на познатите текстописци, продуценти и издавачи Еди и Дени Ван Пасел.[6] Успешната соло кариера на Кели продолжи со вториот соло албум, R. Kelly, познат по хитовите "You Remind Me of Something" и "I Can't Sleep (Baby If I)". Издаде и дует со Роналд Исли од Браќата Исли, "Down Low".
Понатамошен успех (доцни ’90 - ти и ’00 - та)
[уреди | уреди извор]Во 1996г. Кели го издаде еден од најуспешните хитови "I Believe I Can Fly“, издаден првично за филмот Space Jam. Песната Кели ја направи по барање на филмската ѕвезда Michael Jordan, и ја направи за време на турнејата со The Notorious B.I.G. "I Believe I Can Fly“ го достигна второто место од Топ 100 на Билборд, и беше три недели на прво место на топ-листите во Обединетото Кралство. Според списанието Ролинг Стоунс, песната е на 408-то место од 500 хитови на сите времиња.[7] Во 1998г. Кели го издаде дуплиот албум наречен едноставно Р., кој стана најпродаваниот албум во тоа време, со продадени преку осум милиони копии според РИАА И Саундскен. Од него се родија хитовите "I'm Your Angel” (заедно со Селин Дион), "Half on a Baby" и "When a Woman's Fed Up". Во 1998г. Кели ги напиша текстовите и го продуцираше деби албумот на пејачката што ја откри Спаркл. Албумот постана платинест поради успехот на првата песна ”Be Careful”, дует помеѓу Р.Кели и Спаркл. Кели доживеа успех правејќи музика за филм, како на пр. "Gotham City" за Бетмен и Робин, "Bad Man" од Шафт и "The World's Greatest" од Али. Во 1999г., заедно со Wyclef Jean,, Кели направи голем дел (Кели десет, а Jean пет од песните) од музиката за филмот со Еди Марфи и Мартин Лоренс, Life. Во 2000г. ја започнува соработката со Џеј Зи (со заеднички песни на албумот на Кели TP-2.com, и на Џеј Зи "Guilty 'Til Proven Innocent,"). Заради контроверзиите што го следеа во тоа време, за заедничкиот албум имаше мала промоција, и потоа Кели повторно се фокусираше на соло кариера, и како пејач и како продуцент. Следбеникот на TP-2.com, Loveland (наречен според сон во кој почувствувал љубов во свет полн со омраза), Кели го работеше кон крајот на 2001-та и почетокот на 2002 година. Албумот требаше да излезе во ноември 2002г., но беше одложено. Потоа го издава Chocolate Factory .[8]).
На почетокот на 2003-та год. албумот му носи огромен успех на Кели,со продажба од преку три милиони копии. Ова се должи на песните како "Ignition", "Snake" и "Step in the Name of Love." Кели повторно истаат година го доживува истиот успех, со колекција од најголеми хитови, The R in R&B Collection Volume 1.
Double Up и моментална работа
[уреди | уреди извор]На 29 мај 2007г., Р.Кели го издаде деветтиот студиски албум Double Up, и хитот од него "I'm a Flirt (Remix)", заедно со T.I. и T-Pain. Уште еден хит од албумот беше соработката со Usher, „Same girl“.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Детство
[уреди | уреди извор]Роберт Силвестер Кели е роден на 8.јануари 1967г. во Чикаго, Илиноис. Израснат во Соут Сајд во Чикаго, е трето од четирите деца на Јоан Кели, вклучувајќи ги браќата Брус и Кери, и сестрата Тереза. Расте со самохрана мајка, и на 13 годишна возраст е застерлан од крадец, иако Чикаго Сан Тајмс тврди дека мајка му (умрела во 1993г.) рекла дека тоа било обид за самоубиство. Подоцна Кели, за да ги избегне лошите влијанија од околината, се занимава со кошарка и музика. Јоан ги запишува своите деца на Академијата Кенвуд, престижно, повеќерасно јавно училиште во Хајд Парк. Кели и неговите браќа и сестра ги полагаа потребните тестови и сите беа примени. На Кенвуд Кели ја запозна неговата професорка и менторка по музика, Лена Меклин, на која се должи неговиот успех. Таа му помогна на Кели да ги открие и развие неговите таленти. Меклин го охрабри Кели да учествува на шоуто за таленти на училиштето, каде тој ја изведе класиката на Стиви Вондер "Ribbon in the Sky". Меклин за списанието Вајб во 1994г. изјави дека таа ги учела своите студенти „историја на музика, теорија, пијано, хор, работилница за опера, работилница за џез, а Роберт го поприми сето тоа; пишува извонредна музика. Може да пее италијански песни, класика. Моите ученици учат контрола на дишење, дикција, малку германск, француски и италијански. Откако ќе го научат ова, можат да пеат што сакаат.“. Тој често ја нарекува Меклин втора мајка. Мајката на кели умира по долга борба со ракот во 1993г. Мајка му се појавува во еден од неговите први спотови, „Dedicated“, која и е посветена. Големо влијание на неговиот живот има и неговата баба, Роби Кели.
Бракови и деца
[уреди | уреди извор]Во 1994г. беше изјавено дека Р.Кели наводно се оженил со Алаја, која ја знаел од нејзина дванаесет годишна возраст, и со која ги поминал последните три години работејќи на нејзиниот деби албум, Age Ain't Nothing But A Number. Според Вајб, бил испечатен документ за брак кој покажува извод за венчани и покажува дека Алаја лажела дека има осумнаесет години, а всушност имала само петнаесет. Наскоро бракот бил поништен и двајцата изјавувале дека сето тоа е лага.[9]. Во 1996г. Кели се оженил со Андреа Ли, танчарка од неговата турнеја. Двојката има две ќерки и син. Според Андреа, подоцна кели почнал да ја злоупотребува; таа поднела и итен налог за заштита???, кој подоцна го повлекла. Двојката започнува процес на развод во 2006г.[10]. Процесот завршува на 8.јануари 2009г.[11][12].
Правни случаи, судски процеси и контроверзии
[уреди | уреди извор]Во 1994г. излегоа гласини дека Кели се оженил со пејачката Алаја, која тогаш имала 15 години, што одрекуваа и двајцата. Беа покренати уште две постапки од малолетни девојки, и тој одрече дека имал некаква врска со нив. Уште една жена го судеше, изјавувајќи дека ја заведувал на 15годишна возраст, ја за бременил и ја „принудил“ да абортира.
Обвиненија за детска порнографија
[уреди | уреди извор]На 6 јуни 2002г., Кели беше обвинет за 21 случај на полов однос со малолетници. Подоцна тие се доведоа до наведување на малолетници за детска порнографија, за што беше ослободен на 13 јуни 2008г. Ниеден од наведените случаи не достигна толкав публицитет како појавувањето на видео лента во февруари 2002г. на кое се снимани Кели и 14годишната ќерка на негов соработник, и внука на Спаркл, поранешна штитеничка на Кели, додека имаат полов однос.[13]. Снимката дадена од непознат извор, беше пратена во Чикаго Сан Тајмс, весник кој ја даде снимката на виделина. Додека сведокот ја препозна жртвата. Девојчето и нејзините родители одрекоа дека таа е на снимката. И Кели одрече дека тој е на снимката.[14], Копии од снимката беа достапни на црниот пазар и преку мрежи за размена на податоци. Во јуни 2002г. Кели беше обвинет во Чикаго за 21 случај на сексуални односи со малолетници, што подоцна се промени во наведување на малолетници за детска порногрфија, седум случаи за снимање на чинот, и седум случаи за продуцирање детска порнографија. Овие обвинениија покажаа по гледање на снимките дека всушност нема сексуални односи. Родителите сведочеа пред порота дека на снимките не е ќерка им.[13]. После повеќе од шест месеци случајот стигна на суд. Изборот на поротата започна на 9 мај 2008г., и судењето официјално започна на 20 мај,. На 13 јуни 2008г., поротата го прогласи Р.Кели за невин во сите 14 случаи.
Одложено судење
[уреди | уреди извор]Откако беше неколкупати одложено, на 27 октомври 2007г., на сослушувањето во судот во Cook Country, Илиноис, се постави дата за судење - 7 февруари 2007.[15]. На судењето адвокатот на Кели го извести судот дека неговиот клиент е спречен да присуствува бидејќи „бил на операција на слепо црево“. Тој изјави и дека Кели е „во стабилна состојба и треба да го пуштат од болница подоцна истиот ден“. Адвокатот изјави дека Кели (кој се изјасни дека е невин) ќе се појави на следното судење закажано за 21 февруари 2007г.[16]. Претходно судот изјави дека видео-материјалот на кој е прикажан сексуалниот чин меѓу Кели и малолетно девојче ќе биде јавно покажан како доказ на судењето. Како и да е, судењето беше откажано заради расправијата кога е снимена снимката. Подоцна случајот е преместен за 17ти септември.[17].
Судски процеси од поранешни соработници
[уреди | уреди извор]На 4 октомври 2006г., поранешниот работник Хенри „Лав“ Вагн (кој тврди дека му бил ментор и водач на Кели, кога тој бил тинејџер) покрена тужба против Кели, обвинувајќи го за навреда, лажно обвинение и кршење на договор. Вагн тврди дека Кели и неговите помошници го одвлекле во подрумот на домот на Кели во Олимпија Филдс на 19 февруари 2006г. и Кели „ го удирал по лицето и телото со тупаници“. Вагн тврди и дека тој му го дал концептот на Кели за песната “Steppin“. Портпаролот на Кели изјави дека Вагн се труди да изнуди пари и дека полицијата не нашла никакви докази за обвиненијата на Вагн. И полицијата потврди дека го истражувале случајот, но не би коментирале.[18]
Проблеми при турнеи Кон крајот на 2004г. Кели и Џеј Зи имаа турнеја заедно за Unfinished Business, но беше попречена од соперништвото меѓу ѕвездите, Кели доцнел постојано или воопшто не се појавувал. Пејачот, според Џеј Зи, често се жалел дека светлата не биле насочени кон него и си заминувал на средина на настапите. На еден концерт, Кели останал во автобусот два часа, за на крај конечно да се појави на настапот. На пола турнеја Џеј зи го отфрли Кели, откако помошник на Џеј Зи го нападнал Кели со солзавец. На 25 април 2006г. помлад роднина на Џеј Зи, Тајран Смит (Тај-Тај), признал на суд дека ги нападнал Кели и четири негови телохранители со солзавец. Смит добил казна четири дена општествена работа.Од овој случај Кели добил 16 милиони долари оштета, а за тоа што Џеј Зи го истерал од турнејата, добил 75 милиони долари. Во 2007г. Кели имаше турнеја за Double Up, а како гости се појавуваат Кеиша Кол, Нејо и Џ. Холидеј. По два концерти, Леонард Ро го исфрлил Нејо од турнејата заради непочитување на договорот. Сепак, Нејо изјави дека причината за исфрлањето е што тој бил добро примен од обожавателите и добил добри критики, иако настапил на само два концерти. Нејо поднесе тужба против Ро Ентертеинмент. Кели не беше споменат во тужбата. Во 2008г. Кели издаде рап-песна "I'm a Beast", во која го напаѓа или Нејо, или Џеј Зи или пак Јанг Џизи, иако Кели не наведува на кој е посветена.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- 12 Play (1993)
- R. Kelly (1995)
- R. (1998)
- TP-2.com (2000)
- Chocolate Factory (2003)
- Happy People/U Saved Me (2004)
- TP.3 Reloaded (2005)
- Double Up (2007)
- Untitled (2009)
- Zodiac (TBA) [19]
Филмографија
[уреди | уреди извор]- 2005: Trapped in the Closet (1-12)
- 2007: Trapped in the Closet (13-22)
- 2007: R. Kelly Live The Light It Up Tour
Награди
[уреди | уреди извор]- Американски музичи награди
- 2000г:Најдобар машки Соул/Р&Б изведувач
- 2005г:Најдобар машки Соул/Р&Б изведувач
- Награди БЕТ
- 2003г:Најдобар машки Р&Б изведувач
- Награди Билборд
- 2001г:најдобар Р&Б / Хип-хоп артист, Албум, Песна, машки изведувач, албум-артист, машки албум-артист
- Награди БМИ
- 1998г:поп-текстописец на годината (за “I Believe I can Fly”, “I Can’t Sleep Baby (If I)” и “I Don’t Want To”)
- Греми
- 1998г:најдобра Р&Б песна, машка вокална изведба и најдобра оригинална песна за филм (“I Believe I can Fly”)
- NAACP Image Awards
- 2001г:најдобар машки изведувач и најдобар музички спот (“I Wish”)
- Soul Train Awards
- 1999г:најдобар Р&Б / Соул албум, машки (R.); забавувач на годината
- 2000г:најдобар Р&Б / соул или рап албум (R.)
- 2001г:најдобра Р&Б / соул песна, машки (“I Wish”) и албум (TP2.com)
- 2004г:Р&Б / соул албум, машки (“Chocolate Factory”)
- Source Hip Hop Awards
- 1999г:Р&Б изведувач на годината
- 2001г:Р&Б изведувач на годината
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Timeline of R. Kelly's life“. Yahoo! Music. Associated Press. 2008-06-13. Посетено на 2009-07-12.
- ↑ 2,0 2,1 „R. Kelly timeline: A chronology from birth to trial“. Chicago Sun-Times. 2008-05-08. Архивирано од изворникот на 2009-02-20. Посетено на 2009-07-12.
- ↑ „Introduction“. Lucky Entertainment. Архивирано од изворникот на 2009-05-04. Посетено на 2009-07-14.
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ 5,0 5,1 Erlewine, Stephen Thomas; Huey, Steve (2007). „R. Kelly > Biography“. allmusic. Посетено на 2009-07-12.
- ↑ „Belgian court rules Michael Jackson hit was plagiarized“. CBC News. 2007-09-12. Архивирано од изворникот 2007-09-15. Посетено на 2009-07-12.
- ↑ „I Believe I Can Fly“. Rolling Stone. 2004-11-04. Архивирано од изворникот на 2009-05-07. Посетено на 2009-07-12.
- ↑ Tracks possibly intended for Loveland, which appeared on the bootlegged version include:
- "Spirit" (appeared on Happy People/U Saved Me)
- "All I" (unreleased, but sampled by Mannie Fresh on his 2004 track "Lady, Lady")
- "Leap of Faith" (appeared on Happy People/U Saved Me)
- "Make Me" (appeared on Chocolate Factory under the title "You Knock Me Out")
- "Fly" (extended opera influenced version of "I Believe I Can Fly" as used on the TP-2 Tour)
- "The World's Greatest" (was already released on the Ali OST)
- "(Step) In The Name Of Love" (appeared on Chocolate Factory in both original mix and remix versions, which was a No. 1 R&B hit)
- "Love For Me" (renamed "Far More" and was available on the bonus Loveland CD with the first pressings of Chocolate Factory)
- "Somethings Never Change" (unreleased, a very 1970s Stevie Wonder-like track)
- "Forever And Ever" (appeared on Chocolate Factory under the name "Forever")
- "You Bring Me Joy" (unreleased, a soulful bedroom ballad)
- "Make You My Baby" (track given to Joe, appeared on his 2003 album And Then...)
- "Come to Daddy" (originally part of the BOBW tracklisting, unknown if this would have been on Loveland)
- "Kiss You In Those Places" (unreleased, appeared on original TP.3 Reloaded tracklisting, but not final album)
- "More and More" (track given to Joe, was a single, and appeared on his 2003 album And Then...)
- ↑ DeRogatis, Jim; Pallasch, Abdon M. (2002-06-09). „R. Kelly: Inspirational singer or perverted swinger?“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 2009-03-04. Посетено на 2009-07-12.
- ↑ Grossberg, Josh (28 септември 2005). „R. Kelly's Marital Woes“. E!. Архивирано од изворникот 2006-04-20. Посетено на 2009-10-13.
- ↑ Kaufman, Gil (2009-01-08). „архивска копија“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-01-14. Посетено на 2009-10-13. Text "R. Kelly's Divorce Finalized" ignored (help)
- ↑ Lewis-Boothman, Deborah (2009-01-08). „R. Kelly & Wife Finalize Divorce“. People. Архивирано од изворникот на 2009-06-03. Посетено на 2009-10-13.
- ↑ 13,0 13,1 „Controversial R. Kelly Sex Case Finally Goes To Trial“. 4Control Media. 2006-10-12. Архивирано од изворникот на 2007-03-26. Посетено на 2007-02-21.
- ↑ „R. Kelly: In His Own Words“. MTV. May 2002. Архивирано од изворникот на 2002-10-20. Посетено на 2007-02-18.
- ↑ „Update: R. Kelly Hearing Postponed“. 4Control Media. 13 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2007-03-01. Посетено на 2007-02-21.
- ↑ „R. Kelly Misses Court After Surgery“. The Associated Press. 2007-02-08. Архивирано од изворникот на 2007-05-02. Посетено на 2007-02-21.
- ↑ „R. Kelly to be tried on child pornography charges - CNN.com“. CNN.com<!. Посетено на 2009-08-05.
- ↑ Jolene Petipas (2006-10-05). „R. Kelly Accused of Assault & Stealing Songwriting Royalties“. Архивирано од изворникот на 2007-03-26. Посетено на 2007-02-21.
- ↑ http://theurbandaily.com/music/r-kelly-serves-up-%E2%80%9Csex-in-the-kitchen%E2%80%9D-and-new-cd-at-chicago-mansion/
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- R-Kelly.com — R. Kelly official website
- R. Kelly on YouTube
- R. Kelly on Twitter
- R. Kelly на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|