Ла-Ла Ленд
Ла-Ла Ленд (англиски: La La Land) — американски филм од 2016 година, во режија на Демиен Шазел. Главните улоги ги толкуваат: Рајан Гослинг и Ема Стоун.
Ла-Ла Ленд заработил критичко признание и според многумина е еден од најдобрите филмови за 2016 година. Филмските критичари ги пофалиле сценариото и режијата на Шазел, изведбите на Гослинг и Стоун, музиката на Џастин Гурвиц и филмските музички сцени. Филмот победил во секоја категорија во која бил номиниран на 74. доделување на наградите Златен глобус,[1] добивајќи рекордни седум Златни глобуси, и добил единаесет номинации на 70. доделување на наградите БАФТА, победувајќи во пет категории. Филмот добил 14 номинации на 89. доделување на наградите Оскар, изедначувајќи го рекордот за најмногу номинации на филмовите Титаник (1997) и Сѐ за Ева (1950), и ги добил Оскарите за најдобар режисер, најдобра глумица (Стоун), најдобра кинематографија, најдобра оригинална музика, најдобра оригинална песна („City of Stars“) и најдобра сценографија.
Содржина
[уреди | уреди извор]Себастијан (го игра Гослинг) е незадоволен џез-пијанист кој свири лесна музика во еден ресторан. Мија (ја игра Стоун) работи како келнерка, а истовремено посетува аудиции за улоги во лоши телевизиски серии. Себастијан мечтае да отвори сопствен џез-клуб, а Мија сонува да добие улоги во филмови. На почетокот од нивното запознавање, тие не можат да се поднесат меѓусебно, но подоцна се вљубуваат еден во друг.[1]
Улоги
[уреди | уреди извор]- Рајан Гослинг како Себастијан Вајлдер
- Ема Стоун како Миа Долан
- Џон Леџенд како Кит
- Роузмери Девит како Лаура Вајлдер
- Фин Витрок како Грег Ирнест
- Џесика Рот како Алексис
- Соноја Мизуно како Кејтлин
- Кали Ернандес како Трејси
- Џ. К. Симонс како Бил
- Том Еверет Скот како Дејвид
- Меган Феј како мајка на Миа
- Дејмон Гаптон како Хари
- Џејсон Фукс како Карло
- Џош Пенс како Џош