Прејди на содржината

Молитва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Магдалена се моли.

Молитва е општење со Бога. Позната му е на човекот уште од политеистичките религии; човекот отсекогаш се стремел да оствари комуникација и разговор со Бога. Според учењата на православните отци, молитвата е нешто најсвето во нашето постоење. Таа е природен закон. Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.

Молитвата во Библијата

[уреди | уреди извор]

Светото Писмо на повеќе места повикува и охрабрува за молитвата:

Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам и ти ќе ме прославиш. (Пс. 49,15)

Штом Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете ако го побарате со сето срце и со сета душа; барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви се отвори, зашто секој којшто сака добива, којшто бара наоѓа и на којшто тропа му се отвора. (Мт 7,7-8)

Најпрвин барајте го царството Божјо и Неговата правда и се’ друго ќе ви се додаде. (Мт 6,33)

Ако посакате нешто во мое име, Јас ќе ви исполнам. (Јн 14,14)

Но молитвата не е само барање. Таа е и благодарност, и славословење на Бога за сите добрини и милости кон нас. Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку целата година, е една прекрасна и постојана молитва кон Бога. Треба да се молиме не само кога сме расположени за молитва - напротив, треба самите да се принудуваме на молитва и тогаш кога не ни се моли и кога сме оддалечени од молитвата. Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата. Може човек да се моли од книга или со свои зборови, но со посветеност на молитвата и на Бога, според Господовите зборови

Влези во својата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност ќе те награди јавно.

Правила за молење во православното христијанство

[уреди | уреди извор]

За да биде молитвата вистинска и силна, треба да постојат овие услови:

  • Прво, да се подготвуваме за неа со побожни мисли и чувства. Пред сè, треба да бидеме длабоко проникнати од мислата дека сме грешни и недостојни да застанеме пред Бога и да разговараме со Него, пред Кого треперат ангелските сили.
  • Второ, да се трудиме сè што е кажано во молитвата да биде со внимание и со разбирање; да внимаваме во смислата на зборовите што ги читаме или пееме. Никаква полза нема од молитвата, ако ја вршиме без внимание и разбирање.
  • Трето, да се молиме со непоколеблива вера и надеж дека ќе го добиеме тоа што го бараме.
  • Четврто, треба да се молиме со покајно и смирено срце и со чиста совест. Само смиреноста, поправо сознанието дека сме недостојни пред Бога може да нè удостои со Неговата богата милост.
  • Петто, заедно со верата, во нашата молитва треба да се појават уште: трпението, постојаноста и неуморноста.
  • Шесто, и постот е многу важно помошно средство за засилување на молитвата. Ако молитвата е издигнување на душата кон Бога, издигнување со вера, надеж и љубов, тогаш постот е воздржување од сè што пречи на душата да се издигнува кон Бога. Постот е умереност во јадење и пиење и во другите животни потреби. Постот значи одбегнување на гнев, непријателство, завист, омраза и други страсти

Молитвата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Молитвата на девојката“ (српски: Molitva djevojčina) - бугарштица.[1]
  • „Послушана молитва“ (српски: Услишена молитва) - српска народна песна.[2]
  • „Молитва“ - песна на полскиот поет Станислав Гроховјак.[3]
  • „Молитва“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.[4]
  • „Молитва“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[5]
  • „Молитва за мојата ќерка“ (англиски: A Prayer for my Daughter) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс од 1919 година.[6]
  • „Молитва за мојот син“ (англиски: A Prayer for my Son) - песна на Вилијам Батлер Јејтс.[7]
  • „Молитва“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[8]
  • „Молитва за успокојувањето“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[9]
  • „Молитва“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[10]
  • „Молитва за мојата мајка“ - песна на Пјер Паоло Пазолини од 1962 година.[11]
  • „Молитва“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[12]
  • „Молитва“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[13]
  • „Молитва“ — песна на македоснкиот писател Братислав Ташковски од 2023 година.[14]
  • „Молитвата на господинот Когито -патник“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[15]
  • „Бревијар“ - песна на Збигњев Херберт.[16]
  • „Бревијар. Ситници“ - песна на Збигњев Херберт.[17]
  • „Молитва за спас“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[18]
  • „Молитви на моето тело“ - циклус песни на македонскиот поет Ацо Шопов.[19]
  • „Молитва за сињарката - моја наречница“ - песна на Ацо Шопов.[20]
  • „Молитва“ - песна на македонската група Бастион.[21]
  • „Раце што се молат“ (англиски: Praying Hands) — песна на американската рок-група Дево (Devo) од 1978 година.[22]
  • „Молитва“ - песна на македонската енто-група Dragan Dautovski Quartet.[23]
  1. Bugarštice. Beograd: Rad, 1969, стр. 67-68.
  2. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
  3. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 241.
  4. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 161-162.
  5. Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 46-47.
  6. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 106-109.
  7. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 124-125.
  8. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 11.
  9. Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 13.
  10. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 36-37.
  11. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 74-75.
  12. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 25-26.
  13. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 81.
  14. Александра Јуруковска, „За дивата коњаница на зборот – кон „За сите времиња“ од Братислав Ташковски (ПНВ Публикации, 2023)“, Современост, број 3, 2023, стр. 123-125.
  15. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 150-152.
  16. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 231-233.
  17. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 265-266.
  18. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 133-142.
  19. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 60-71.
  20. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 131.
  21. Bastion works & rew>>works, AG Records, PMG Recordings, Lithium Records.
  22. Devo – Q: Are We Not Men? A: We Are Devo! (пристапено на 10.2.2024)
  23. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.