Прејди на содржината

Бруклин

Координати: 40°41′34″N 73°59′25″W / 40.69278° СГШ; 73.99028° ЗГД / 40.69278; -73.99028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бруклин
Округ на Њујорк
Поглед на Бруклинскиот мост и Бруклин
Поглед на Бруклинскиот мост и Бруклин
Прекар(и): БК
Гесло: Taking it!
Местоположбата на Бруклин прикажана во портокалово
Местоположбата на Бруклин прикажана во портокалово
Координати: 40°37′29″N 73°57′8″W / 40.62472° СГШ; 73.95222° ЗГД / 40.62472; -73.95222
ЗемјаСАД
ДржаваЊујорк
ОкругКингс
ГрадЊујорк
Населен1634
Наречено поБрекелен, Холандија
Управа
 • ВидОкруг (Њујорк)
 • Окружен претседателМарти Марковиц (Д)
(Округ Бруклин)
 • Окружен обвинителЧарлс Хајнс
(Округ Кингс)
Површина
 • Вкупна25.100 км2
 • Земјишна18.290 км2
 • Вода6.810 км2
Население (2012)
 • Вкупно2,565,635
 • Густина14.037/км2
 • ДемонимБруклинци
Поштенски код112 + 2

Бруклин — најнаселениот од петте реони во Њујорк, со околу 2,5 милиони жители и е втор по големина во областа. Од 1896 година, Бруклин ги има истите граници како округот Кингс, која сега е најнаселената област во државата Њујорк и второ најгусто населена област во САД, после Менхетен. Бруклин исто така е најзападната област на Лонг Ајленд. Денес, доколку би бил независен град, Бруклин би се рангирал на четврто место по бројот на население во САД, веднаш зад Лос Анџелес и Чикаго.[1]

Бруклин бил независен град сè до 1 јануари 1898 година, кога во согласност со Повелбата на "Поголемиот Њујорк", Бруклин бил консолидиран со другите реони за да се формира современиот "Њујорк сити". Бруклин продолжува да одржува посебна култура. Многу населби во Бруклин се етнички енклави во кои одредени етнички групи и култури доминираат. Официјалното мото на Бруклин е Eendraght Maeckt Maght, напишано на холандски јазик, што во превод значи "Единството прави сила". Мотото е прикажано на печатот и знамето на округот. Официјалните бои на Бруклин се сина и златна[2].

Историја

[уреди | уреди извор]

Холанѓаните биле првите Европејци кои се населиле во областа на западниот крај на Лонг Ајленд, кој исто така бил населен со индијанското племе Ленапи (често се наведува во современите колонијални документи како име за место на една од поголемите индијански населби : "Канарси").[3] Првите холандски населби, основани во 1624 година, биле наречени Мидвуд и Флетбуш. Холанѓаните исто така купувале земјиште за време на 1630-тите од Ленапите во денешен Гованус, Ред Хок, Дворот на Бруклинската Морнарица и Бушвик.

Селото Бреукелен, именувано по Бреукелен во провинцијата Утрехт во Холандија, било овластено од страна на Холандската западно-индиска компанија во 1646 година. Тоа станало првата општина во денешната држава Њујорк. Во тоа време, селото Бреукелен било дел од Нова Холандија. Подоцна други села биле вклучени во Бруклин: Бушвик, Нов Утрехт, и Флетлендс. Неколку куќи и гробишта уште сведочат за холандското потекло на округот Бруклин, вклучувајќи ја и најстарата куќа во Њујорк, Куќата на Питер Клаесен Викоф во Флетлендс.[4]

Топонимија

[уреди | уреди извор]

Холанѓаните го изгубиле Бреукелен во британското освојување на Нова Холандија во 1664. Во 1683 година, Британците ја реорганизирале провинцијата Њујорк во дванаесет земји, од кои секоја била разделена на градови.[5] Со текот на времето, името еволуирало од Бреукелен, во Брокланд, во Броклин, во Бруклан, во Брукленд и на крајот, во Бруклин. Округот Кингс бил еден од оригиналните окрузи, а Бруклин бил еден од оригиналните шест града во рамки на Кингс. Округот бил именуван во чест на кралот Чарлс II.

Револуција

[уреди | уреди извор]

На 27 август 1776 година, Битката на Лонг Ајленд (исто така наречена Битката на Бруклин) се водела во округот Кингс . Таа била првата голема битка во Американската револуционерна војна по Декларацијата за независност и најголемата битка во целиот конфликт. Додека поразот на генералот Џорџ Вашингтон на бојното поле можеби фрлил ран сомнеж за неговите способности како воен тактичар и водач, тој ја зачувал Континенталната армија недопрена со тактично повлекување во текот на ноќта, преку Ист Ривер[6]. Њујорк станал британска политичка и воена база за операциите во Северна Америка. Ова го охрабрило заминувањето на патриотите и нивните симпатизери додека ги привлекло лојалистите, бегалци кои бегале од други колонии. Лојалистите ја населиле околината, вклучувајќи го и Бруклин.

Соодветно, регионот станал фокус на разузнавачките активности на Генералот Вашингтон. Британците, исто така, почнале да ги држат американските патриотски воени заробеници во гнили бродови укотвени во заливот Валабут Беј во Бруклин. Повеќе американски затвореници починале во овие затвор-бродови.

Карта на Њујорк, градот Бруклин и околината во 1885 година

Урбанизација

[уреди | уреди извор]
Бруклин во 1879.

Во првата половина на 19 век настанал значителен пораст на економскиот стратешки брег на Ист Ривер спроти Њујорк. Населението во Бруклин се зголемило повеќе од трипати помеѓу 1800 и 1820 година, повторно двојно се зголемило во 1820-тите, и уште еднаш двојно за време на 1830-тите. Во округот биле опфатени два градови: Градот Бруклин и градот Вилјамсбург. Бруклин се соединил со Вилјамсбург во 1854 година. Со додавањето на оваа нова област, Бруклин прераснал од значителна заедница со 36.236 жители во влијателен град со 96.838 жители.

Изградбата на железничките врски, како што била линијата Брајтон Бич во 1878 година, довела до експлозивен раст при што за една деценија, градот Бруклин ги анексирал градовите Њу Лотос во 1886 година; Флетбуш, Грејвсенд и Њу Утрехт во 1894 година; и Флетлендс во 1896 година. Бруклин ги достигнал својите природни општински граници до линијата на округот Кингс.

Во 1883 година, бил завршен Бруклинскиот мост, кој го олеснил патувањето до Менхетен. Бруклин бил ангажиран во процесот на консолидација за развој на целиот регион. Во 1894 година, жителите на Бруклин со мало мнозинство изгласале да се приклучат на Менхетен, Бронкс, Квинс и Ричмонд (подоцна Стејтн Ајленд) и да станат еден од петте реони на современиот Њујорк. Овој референдум стапил на сила во 1898 година. Кингс Каунти го задржал својот статус како еден од окрузите во државата Њујорк.

Влада и политика

[уреди | уреди извор]
Собранието на Бруклин

Од припојувањето со Њујорк во 1898 година, Бруклин се управува според Њујоршката повелба која предвидува систем од градоначалник и Совет. Централизираната влада во Њујорк е одговорна за јавното образование, поправните установи, библиотеките, јавната безбедност, рекреативните објекти, канализацијата, водоводот и социјалните услуги.

Канцеларијата за Претседателот на округот била создадена за да се балансира централната со локалната власт. Секој претседател имал моќна административна улога изведена од правото за гласање во Одборот за проценка на Њујорк, кој бил одговорен за создавање и одобрување на буџетот на градот и предлозите за користење на земјиштето. Во 1989 година, Врховниот суд на САД го прогласил Одборот за проценка за неуставен, бидејќи Бруклин, најнаселениот округ, немал поголемо делотворно претставување од Одборот од Стејтн Ајленд, округ со најмалку население, прекршок на клаузата од Четвртиот амандман за заштита на еднаквоста согласно со одлуката на високиот суд од 1964 година "еден човек, еден глас".[7]

Демократската партија има мнозинство на јавни функции. Во 2005 година, 69,7% од регистрираните гласачи во Бруклин биле демократи. Партиските платформи се фокусираат на доделување на станови, образование и економски развој. Најконтроверзно политичко прашање е предложениот проект Атлантски Дворишта, голем станбен проект со спортска арена. Мнозинско влијание на републиканците постои во Грејвсленд, Бенсонхурст, Беј Риџ, Дјукер Хајтс и Мидвуд. Секој од петте окрузи на градот има свој јавен обвинител. Главниот јавен обвинител директно се избира со народно гласање. Бруклин има 16 членови во Градскиот совет, најмногу од петте окрузи.

Економија

[уреди | уреди извор]
Понова зграда близу Ист Ривер Стејт Парк

44% од вработеното население во Бруклин, или 410.000 луѓе, работат во округот. Повеќе од половина од жителите на работат надвор од неговите граници. Како резултат на тоа, економските услови во Менхетн се важни за луѓето кои бараат работа во округот.[8] Силната меѓународна емиграција во Бруклин генерира работни позиции во услугите, малопродажбата и градежништвото. Во последниве години, Бруклин има постојан прилив на финансиски средства од работењето на канцеларијата за поддршка во Менхетн, од брзиот раст на економијата како и од силниот раст на услугите за поддршка, како што се сметководството, агенциите за лично снабдување и фирмите за компјутерски услуги.

Работните места во околијата традиционално биле концентрирани на производството, но од 1975 година, Бруклин се префрлил од производствено заснована на услужно заснована економија. Во 2004 година, 215.000 жители на Бруклин работеле во услужниот сектор, додека 27.500 работеле во производството. Иако производството опаднало, значителна база останала во производство на мебел, обработка на метали и прехранбени производи.[9] Фармацевтската компанија Пфицер која била основана во Бруклин во 1869 година, со производствен погон во округот долги години и во која некогаш биле вработени илјадници работници, била затворена во 2008 година. Сепак, ново светлинско производство сконцентрирано на органска и висококвалитетна храна изникнало во стариот погон.[10]

Најнапред воспоставен како објект за бродоградба во 1801 година, Бруклин Нејви Јард имал 70.000 вработени во кулминацијата за време на Втората светска војна и тогаш бил најголемиот работодавец во округот. Мисури, бродот на кој Јапонците формално се предале, бил изграден таму, исто како и бродот Мејн, чие тонење во Хавана довело до почетокот на Шпанско-американската војна. Железниот брод Монитор од времето на Граѓанската војна бил изграден во Гринпоинт.[11] Од 1968 до 1979 бродоградилиштето Ситрејн бил главниот работодавец. Подоцна се појавиле фирми за индустриски дизајн, претпријатија за преработка на храна, занаетчии, како и филмската и телевизиската индустрија. Околу 230 фирми од приватниот сектор во рамки на Бруклин Нејви Јард обезбедуваат околу 4.000 работни места.

Градежништвото и услугите се најбрзо растечките сектори.[12] Претежно, работодавци во Бруклин се малите бизниси. Во 2000 година, 91% од приближно 38.704 деловни претпријатија во Бруклин, имале помалку од 20 вработени.[13] Во август 2008 година, стапката на невработеност во околијата била 5,9%.[14] Бруклин е исто така дом на многу банки и кредитни унии. Според Федералната корпорација за осигурување на депозити, имало 37 банки и 21 кредитни унии кои работеле во Бруклин во 2010 година.[15][16]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Бруклин е најнаселената околија на Њујорк уште од средината на 1920-тите. (Агенда: Историски гледано, бројот на население во секоја околија во милиони. Бронкс, Бруклин, Мехнетен, Квинс, Островот Стејтн)

Според американскиот попис од 2010 година, демографијата на Бруклин е следна:

Пресметки од 2009 година

[уреди | уреди извор]
Историски тренд
Попис Нас.
17904.549
18005.74026,2%
18108.30344,7%
182011.18734,7%
183020.53583,6%
184047.613131,9%
1850138.882191,7%
1860279.122101,0%
1870419.92150,4%
1880599.49542,8%
1890838.54739,9%
19001.166.82039,1%
19101.634.51040,1%
19202.018.56023,5%
19302.560.01026,8%
19402.698.2855,4%
19502.738.1751,5%
19602.627.319−4,0%
19702.602.012−1,0%
19802.231.028−14,3%
19902.300.6643,1%
20002.465.3267,2%
20102.504.7001,6%
Проц. од 2012 г.2.565.6352,4%
U.S. Decennial Census[17]
2012 Estimate[18]
through 1960[19]

Според Пописот на Американската заедница во 2009 година, населението во Бруклин се состоело од 46,6% белци, од кои 36,9% биле не-шпански белци. Црнците сочинувале 34,2% од населението, од кои 32,9% биле не-шпански црнци. Индијанците сочинувале 0,3% од населението, додека Азијците сочинувале 9,5% од населението. Староседелците од Тихоокеанските Острови сочинувале само 0,1% од населението Американците од разни раси сочинувале 1,4% од населението. Шпанците и Латиноамериканците сочинувале 19,6% од населението во Бруклин.[20]

Според проценките на Бирото за попис на САД од 2012 година, имало 2.565.635 жители (за разлика од 2,3 милиони во 1990), 880.727 домаќинства и 583.922 семејства кои живеат во Бруклин. Густината на населеност била 34.920 жители на квадратна милија (13.480 / км ²). Имало 930.866 станбени единици со просечна густината од 13.180 на квадратна милија (5090 / км ²).

Од 880.727 домаќинства во Бруклин, 38,6% биле брачни двојки кои живеат заедно, 22,3% биле жени без сопруг во моментот, и 33,7% не биле семејства. 33,3% имале деца под 18-годишна возраст кои живеат во нив. Од сите домаќинства 27,8% биле составени од поединци а 9,8% имале член од 65 години или постар. Просечна големина на домаќинството била 2,75 жители, а просечна големина на семејството била 3,41.

Во Бруклин населението било застапено со 26,9% на возраст под 18 години, 10,3% на возраст помеѓу 18 и 24 години, 30,8% на возраст помеѓу 25 и 44 години, 20,6% на возраст помеѓу 45-64 години и 11,5% кои се 65 години или постари. Средната возраст била 33 години. Бруклин има повеќе жени и девојки, со 88,4 мажи за секои 100 жени. Лезбејската заедница во Бруклин е најголемата заедница од сите реони во Њујорк.

Просечниот приход за домаќинствата во Бруклин бил 32.135 $, а просечниот приход за едно семејство бил $ 36,188. Мажите имале просечен приход од $ 34.317, што е повеќе од женките, чиј просечен приход бил $ 30,516. Приходот по жител бил 16.775 $. Околу 22% од семејствата и 25,1% од населението биле под границата на сиромаштија, вклучувајќи 34% од оние кои биле на возраст под 18 години и 21,5% од оние кои биле на возраст од 65 години или повеќе.[21]

Куќи од 19 век на дрворедите на улицата Кент во историскиот округ Гринпоинт

Бруклин долго време бил магнет за емигрантите и многу етнички групи доминирале во одредени населби во дадено време, бидејќи населбите постојано се менуваат како што населението доаѓа и си заминува. На пример, од почетокот до средината на 20 век во Браунсвил мнозинско население биле еврејските жители. Од 1970 година мнозинство се Афроамериканците. Мидвуд на почетокот од 20 век бил исполнет со етнички Ирци, а потоа бил исполнет со еврејски жители за речиси 50 години, и полека станува Пакистанска енклава. Најзастапената етничка група во Бруклин, белците, опаднале од 97,2% во 1930 на 46,9% до 1990 година.

Со гентрификацијата, многу населби во Бруклин стануваат сè повеќе мешани, со приливот на емигранти и нивното интегрирање во населбите. Она што започна како тренд сега може да биде постојана рамнотежа. Бруклин и Квинс се светски пример за постојаниот прилив на сиромашни емигранти, кои подобро се снаоѓаат отколку во нивните матични земји. Во моментов, во нив има бројно население од многу земји. Бруклин исто така привлекува луѓе кои претходно живееле во други градови во САД. Од нив, повеќето доаѓаат од Чикаго, Детроит, Сан Франциско, Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Бостон, Синсинати, и Сиетл.[22][23][24][25][26][27][28]

Бруклин содржи десетици различни населби кои ги претставуваат главните етнички групи кои живеат во рамките на Њујорк. Бруклин е дом на голема афроамериканска заедница. Бедфорд-Стивсенд е дом на една од најпознатите афроамерикански заедници во градот, заедно со Браунсвил и Источен Њујорк. "Бед-Стуј" е центар за афроамериканската култура, често референциран во хип-хоп и афроамериканска уметност. Афроамериканските заедници, како и карипските заедници, се протегаат низ поголемиот дел од Бруклин.

Бруклин Хајтс. Оригинална црвена тула од почетокот на 19-от век.

Бруклин исто така е дом на голем број Руси и Украинци, кои се главно сконцентрирани во населбите Брајтон Бич и Шипсхед Беј. Во Брајтон Бич има многу руски и украински бизниси. Поради големата украинска заедница, Брајтон Бич го носи прекарот "Мала Одеса". Сепак, неодамна прекарот бил преименуван во "Мала Русија", заради огромното присуство на руската популација. Првенствено таму претежно живееле Евреи, меѓутоа, денес украинската и руската заедница во Брајтон Бич претставуваат различни аспекти од украинската и руската култура.

Бушвик е најголемиот центар на шпанско-американската заедница во Бруклин. Како и другите населби во Њујорк, шпанската популација во Бушвик главно е од Порторико, со многу Доминиканци како и народи од неколку јужноамерикански држави. Речиси 80% од населението во Бушвик е шпанско, па неговите жители имаат создадено многу бизниси за поддршка на нивните разни национални и разнолики традиции во храна и други предмети. 42% од населението во Сансет Парк е шпанско, составено од овие различни етнички групи. Главните шпански групи во Бруклин се Порториканци, Мексиканци, Доминиканци и доселеници од Панама, кои се распространети низ околијата. Порториканците и Доминиканците се предоминантни во Бушвик, Вилијамсбург и Источен Њујорк, додека Мексиканците се предоминантни во Сансет Парк а доселениците од Панама во Краун Хајтс. Италијанските Американци главно се сконцентрирани во населбите Бенсонхурст, Дјукер Хајтс и Беј Риџ, каде што има многу италијански ресторани и пицерии. Италијанските Американци се распространети низ поголемиот дел од јужен Бруклин, вклучувајќи ги Бат Бич, Грејвсенд, Марин Парк, Мил Басин и Берген Бич. Областа Керол Гарденс, како и северната половина на Вилиамсбург, исто така, имаат долгогодишни италијанско-американски заедници.

Бруклин е дом на ортодоксните еврејски заедници. Во Бруклин, околу 23% се Евреи.

Ортодоксните Евреи и Хасидиските Евреи се сконцентрирани во Бороу Парк, каде што има многу јешиваси, синагоги и кошер оддели, како и многу други еврејски бизниси. Кошер ресторани, синагоги, еврејски училишта и јешиваси може да се најдат насекаде низ Њујорк, како во другите делови, така и во Бруклин. Други значајни Ортодоксни и Хасидиски верски еврејски населби се Кенсингтон, Мидвуд, Вилјамсбург, Флетбуш, Канарс, Си Гејт и Краун Хајтс. Многу болници во Бруклин биле отворени од еврејските добротворни организации, вклучувајќи го Медицинскиот Центар Маимонидес во Бороу Парк, како и болницата Брукдејл во Браунсвил. Многу нерелигиозни Евреи се сконцентрирани во Дитмас Парк, Виндсор Терас и Парк Слоп. Полјаците во Бруклин во голема мера се сконцентрирани во Гринпоинт, кој е дом на Мала Полска. Тие исто така се расфрлани низ јужните делови на Бруклин.

Бруклинската западн0-индиска заедница е сконцентрирана во населбите Краун Хајтс, Флетбуш, Источен Флетбуш, Кенсингтон и Канарси во центарот на Бруклин. Бруклин е дом на една од најголемите заедници на Западни Индијци надвор од Карибите, со конкурентен број на население само во Мајами, Монтреал, Лондон и Торонто. Иако најголемите Западни Индиски групи во Бруклин се доселениците од Јамајка и Хаити, постојат Западно Индиски емигранти речиси од сите делови на Карибите. Краун Хајтс и Флетбуш се дом на многу Западно Индиски ресторани и пекарници во Бруклин. Парадата за Денот на Трудот на Западните Индијци, се одржува секоја година на Денот на Трудот во Источен Парквеј.

Грчките Американци во Бруклин живеат низ целата околија, но нивните бизниси денес се сконцентрирани во центарот на Бруклин во близина на Атлантик авенијата. Грчките специјалитети, како Ел-Греко што се служи на Шипсхед Беј, исто така се распространети низ околијата, но многу Грци повторно си заминале од Атлантик авенијата поради демографските промени.

Кинеските Американци живеат низ јужните делови на Бруклин, во Сансет Парк, Бенсонхурст, Грејвсенд и Хоумкрест. Најголемата концентрација е во Сансет Парк по должина на 8-та Авенија, која е позната по кинеската култура. Таа се нарекува "Бруклински Чајнатаун". Многу кинески ресторани може да се најдат во Сансет Парк, а областа е домаќин и на популарната кинеска прослава на Нова Година.

Ирските Американци може да се најдат низ Бруклин во ниски до умерени концентрации во населбите Беј Риџ, Марин Парк, Геритсен Бич и Винегар Хил. Многу се преселиле кон исток на Лонг Ајленд во средината на дваесеттиот век.

Денес, Арапските Американци и Пакистанците заедно со други муслимански заедници се населени во југозападниот дел на Бруклин, особено во Беј Риџ, каде што има многу блискоисточни ресторани, наргиле салони, халал продавници, исламски продавници и џамии. Авенијата Кони Ајленд е дом на Мал Пакистан како што Црковната Авенија е дом на Бангладеш. Улицата Џеј Стрит во Бороу Хал (центарот на Бруклин) е Мала Арабија. Пакистанскиот Ден на Независноста се одбележува секоја година со паради и партии на Кони Ајленд авенијата. Претходно, областа била претежно позната по своето ирско, норвешко и шкотско население. Исто така, постојат многу Блиско Источни, особено Јеменски, бизниси, џамии и ресторани на Атлантик авенијата западно од Флетбуш авенијата, во близина на Бруклин Хајтс.

Ботаничката градина во Бруклин.
Војничките и моричките стрелци на плоштадот на Големата армија.

Бруклин има голема улога во различни аспекти на американската култура, вклучувајќи ги литературата, киното и театарот. Бруклинскиот акцент често се портретира како "типичен акцент за Њујорк" во американската телевизија и филмовите.[29]

Бруклин е домаќин на светски познатата Бруклинска Академија за Музика, Бруклинската филхармонија, и втората по големина јавна уметничка колекција во САД, е сместена во музејот во Бруклин.

Два филма на Спајк Ли, “Таа мора да го добие” и “Направи ја вистинската работа” биле снимани во Бедфорд-Стивсенд, Бруклин.

Музејот во Бруклин, отворен во 1897 година, е втор по големина музеј за јавна уметност во земјата. Во својата постојана колекција има повеќе од 1,5 милиони предмети, од древни египетски ремек-дела до современа уметност. Музејот на Децата во Бруклин, првиот музеј во светот посветен на децата, бил отворен во декември 1899 година. Единствената ваква државна институција во Њујорк акредитирана од страна на Американското здружение на музеи, е една од ретките на глобално ниво кои имаат постојана колекција - над 30.000 културни објекти и примероци од природонауката.

Бруклинската Академија за Музика (БАМ) вклучува 2109 членови од оперската куќа, 874 членови од театарот и уметничката куќа БАМ Роуз Синемас. Барџмјузик и Магацинот Света Ен се наоѓаат на другата страна од центарот на Бруклин во DUMBO уметничката област. Бруклинското средно техничко училиште има втор по големина аудиториум во Њујорк (по Радио сити мјузик хал), со капацитет од над 3000 места за седење.[30]

Локални списанија

[уреди | уреди извор]

Бруклин има неколку локални весници: “Бруклин Дејли Игл”, “Бруклин Вју“ “Бруклин Пејпер” и др. кои се во сопственост на Корпорацијата за вести на Руперт Мардок, најголемиот синџир на весници во Бруклин. Во Бруклин исто така се продаваат големите весници од Њујорк, вклучувајќи ги “New York Times”, “New York Daily News” и “New York Post”.

Етнички печат

[уреди | уреди извор]

Бруклин има просперитетен етнички печат. “El Diario La Prensa”, најголемиот и најстар дневен весник на шпански јазик во САД, го одржува своето корпоративното седиште на 1 “MetroTech Center” во центарот на Бруклин. Главни етнички публикации се Католичкиот весник од Бруклин и Квинс “The Tablet” и “Hamodia”, ортодоксно дневно еврејско списание. Многу национално дистрибуирани етнички весници имаат седиште во Бруклин. Повеќе од 60 етнички групи пишуваат на 42 јазици и објавуваат околу 300 неанглиски списанија и весници во Њујорк. Меѓу нив е кварталното двојазично списание “L'Idea” кое се печати на италијански и англиски јазик од 1974 година. Покрај тоа, многу весници објавени во странство, како што се “The Daily Gleaner” и “The Star of Jamaica”, се достапни во Бруклин.

Онлајн медиуми

[уреди | уреди извор]

HelloBrooklyn.com е најголемиот портал во Бруклин, со повеќе од 10.000 линкови.

Телевизија

[уреди | уреди извор]

Градот Њујорк има официјална телевизиска станица, водена од страна на Њујорк Медиа Груп, која емитува разни програми со седиште во Бруклин. Пристапна телевизија за заедницата во Бруклин е јавниот околиски пристапен канал.

  • Годишната Парада на Сирени во Кони Ајленд (од средината до крајот на јуни) е парада со костими и пловење.[31]
  • Кони Ајленд исто така е домаќин на годишниот Нејтанов натпревар во јадење хот-догови (4 јули).
  • Годишниот карневал за Денот на Трудот (исто така познат и како Парада за Денот на Трудот или Парада на Западно Индискиот Ден) се одвива по должина на Источен Парквеј во Краун Хајтс.
  • Бруклинскиот филмски фестивал[32]

Паркови и други атракции

[уреди | уреди извор]
Астроленд во Кони Ајленд

Бруклинска ботаничка градина: се наоѓа во непосредна близина на Проспект Парк и е ботаничка градина со површина од 52 акри (21 хектари), која содржи голема површина со црешово дрво, цветна градина од 1 акр (0,4 хектари), јапонски рид и градина со езерце, миризлива градина, езерце со лотуси, неколку конзерваториуми, карпеста градина, староседелска флора градина, колекција со дрва бонсаи, детска градина и откриени експонати.

Кони Ајленд најпрво бил развиен како игралиште за богатите во почетокот на 1900, но прераснал во едно од нај забавните места во Америка и привлекува толпи од целиот Њујорк. Лудата железница „Циклон“, изградена во 1927 година, е во Националниот регистар за историски места. Тркалото на Чудата од 1920 и други атракции сè уште функционираат во Астроленд. Кони Ајленд бележи пад од 1970-тите, но во моментов доживува ренесанса: новиот Луна Парк беше отворен во 2010 година.[33]

Флојд Бенет областа: првиот општински аеродром во Њујорк, кој долго време бил затворен, сега е дел од системот на Националниот Парк. Многу историски хангари и писти сè уште се преживеани. Разновидни природни патеки и разновидни живеалишта се наоѓаат во рамки на паркот, вклучувајќи површини со морска вода, како и реставрираната област на Преријата Шортграс што некогаш била широко распространета по рамнините на Хемпстед.

Гробиштата Гринвуд, основани од страна на социјалниот реформатор Хенри Евелин Пирпонт во 1838 година, се едни од најзначајните гробишта во САД со распространета зелена површина од 478 акри (190 хектари) која содржи ридови и долови, неколку езерца и барокна капела. Тие сè уште се во употреба, и се вечен дом на многу значајни њујорчани[34], како Ф.А.О. Шварц (1836-1911), основачот на продавницата за играчки; Вилијам М. "Бос" Твид (1823-1878), озлогласениот шеф на политичкиот систем во Њујорк; како и глумецот Френк Морган (1890-1949), најпознат по неговата главна улога во филмот Волшебникот од Оз.

Резерватот за диви животни Јамајка Беј: уникатен Сојузен резерват за диви животни, поставен е на границата помеѓу Бруклин и Квинс и е дел од Националната Површина за Рекреација Гејтвеј.

Музејот Њујорк Транзит содржи историски артефакти од метрото во Њујорк, од патничките железнички и автобуски системи, се наоѓа во поранешната станица за метро на IND Судската Улица во Бруклин Хајтс.

Проспект Парк е јавен парк во централен Бруклин кој опфаќа 585 акри (2,37 km2) (237 ха).[35] Паркот бил дизајниран од страна на Фредерик Ло Олмстед и Калверт Вокс, кои го создале Централ Парк во Менхетен. Атракции во овој парк се: Лонг Медоу, ливада од 90 акри (36 хектари), Пикник куќата, во која се сместени канцеларии и сала која може да прими до 175 гости, вилата Личфилд, домот на Едвин Кларк Личфилд, ран инвеститор од соседството и поранешен сопственик на јужниот дел на паркот, зоолошката градина во Проспект Парк: голем резерват за диви животни[36] езерото во Бруклин, што зафаќа површина од 60 акри (24 хектари) како и разни спортски и фитнес игралишта, вклучувајќи седум полиња за безбол.

Спортови

[уреди | уреди извор]

Главен професионален спортски тим од Бруклин е на НБА тимот Бруклин Нетс. Нетс се пресели во околијата во 2012 година и ги игра домашните натпревари во Барклејс Центарот во Проспект Хајтс. Пред тоа, тие играа во Лонг Ајленд и Њу Џерси. Раководството на НХЛ тимот Њујорк Ајслендерс, моментално со седиште во Насау Каунти во Лонг Ајленд, планира натпреварите да се одржуваат во Барклејс Центарот (задржувајќи го нивното сегашно име) од 2015 година, со што ќе станат вториот професионален спортски тим во Бруклин.

Бруклин исто така има легендарна спортска историја. Тој е дом на многу познати спортски личности, како Винс Ломбарди, Мајк Тајсон, Џо Торе и Витас Герулаитис. Кошаркарската легенда Мајкл Џордан, е роден во Бруклин, иако израснал во Вилмингтон, Северна Каролина.

Во најраните денови на организираниот бејзбол екипите од Бруклин доминирале во новата игра. Вториот архивиран бејзбол натпревар се одиграл во близина на она што денес е Форт Грин Парк, на 24 октомври 1845 година. Бруклинските екипи Екселиорс, Атлантикс и Екфордс биле водечките екипи од средината на 1850-тите до Граѓанската војна, имало и десетици локални тимови кои играле во лигата од соседството, како на пример во Мејплтон Овал. Во текот на оваа "ера на Бруклин," правилата на бејзболот еволуирале во современата игра: првата “fastball”, првата “changeup”, првиот “batting average”, првиот “triple play”, првите професионални бејзбол играчи, првиот затворен стадион, првата табла за бодови, првиот познат афроамерикански тим, првата игра ви првенството со црнци, првото одење на турнеи, првиот скандал со коцкање и првите осум “pennant” победници, сите биле во или од Бруклин.

Најпознатиот историски тим од Бруклин, Бруклин Доџерс, именуван по "trolley dodgers" играле на стадионот “Ebbets Field”.[37] Во 1947 година Џеки Робинсон бил ангажиран од страна на оваа екипа како првиот афроамерикански играч во Главната бејзбол лига во современата ера. Во 1955 година Доџерси биле победници во Националната лига и ја освоиле единствената титула од Светската серија за Бруклин против нивните соперници Њујорк Јенкис. Настанот бил одбележан со масовна еуфорија и прослави. Само две години подоцна, Бруклин Доџерс се преселиле во Лос Анџелес. Валтер О'Мали, сопственик на тимот во тоа време, сè уште е оцрнет, дури и од страна на оние жители на Бруклин кои биле премногу млади за да се сеќаваат дека Доџерсите некогаш играле за Бруклин. Повеќето неодамнешни обиди за да се врати тимот назад биле неуспешни.

По 43 години пауза професионалниот бејзбол се вратил во околијата во 2001 година, со тимот Бруклин Циклони,[38] тим од Малата Лига кој игра во МЦУ Парк во Кони Ајленд. Тие се огранок на Њујорк Метс.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
Метро станица

Јавен превоз

[уреди | уреди извор]

Околу 57 проценти од сите домаќинства во Бруклин не поседуваат автомобил. На ниво на Њујорк стапката е 55 проценти.[39] Бруклин поседува огромен јавен превоз. Осумнаесет линии на њујоршкото метро, вклучувајќи ја и “Franklin Avenue Shuttle”, минуваат низ околијата и 92,8% од жителите на Бруклин кои патуваат во Менхетен го користат метрото. Позначајни станици од 170-те во Бруклин се:

  • Авенија Атлантик - Барклејс Центар,
  • Бродвеј Џанкшн, Авенија Декалб,
  • Џеј Стрит – Метро Тек
  • Кони Ајленд - Авенија Стилвел.[40], како и
  • линијата Спринг Крик.[41][42]

Јавната автобуска мрежа ја прекрива целата околија. Исто така постои и дневен автобуски превоз до Менхетен. Познатото Жолто такси од Њујорк исто така обезбедува превоз и во Бруклин, но со помалку возила во околијата. Постојат три патнички железнички станици во Бруклин: Источен Њујорк, Авенија Ностранд и Атлантскиот Терминал, крајот од Атлантскиот Огранок на пругата во Лонг Ајленд. Терминалот се наоѓа во близина на Атлантската Авенија - метро станицата кај Барклејс Центарот, со десет поврзани метро услуги.

Патна мрежа

[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел автопати и булевари со ограничен пристап се наоѓаат во западните и јужните делови на Бруклин. Во нив спаѓаат автопатот Бруклин-Квинс, автопатот “Gowanus”, кој е дел од Бруклин-Квинс автопатот, автопатот Проспект, државниот пат 27 во Њујорк, булеварот Белт и булеварот Џеки Робинсон (поранешниот Внатрешен булевар). Планиран автопат кој никогаш не бил изграден е автопатот Бушвик, продолжување на И-78 и автопатот кој минува низ Бруклин, И-878. Позначајни автопати и булевари се: Авенија Атлантик, Четврта Авенија, 86-та улица, Автопатот Кингс, Булеварот Беј, Булеварот Оушн, Источниот Булевар, Булеварот Линден, Булеварот МекГинис, Авенијата Флетбуш, Авенијата Пенсилванија и Авенијата Бедфорд.

Повеќето од улиците во Бруклин имаат само имиња, но Парк Слоп, Беј Риџ, Сансет Парк, Бенсонхурст, Бороу Парк и другите западни делови имаат бројчени имиња на улиците кои се обраќаат од северозапад до југоисток, како и нумерирани авении кои се обраќаат од североисток до југозапад. Источно од Дахил Роуд, кон исток и запад се обраќаат авении именувани со букви (како Авенија М), а нумерираните улици имаат претставка "Исток". Јужно од авенијата О, поврзаните нумерирани улици западно од Дахил Роуд ја користат ознаката "Запад". Ова множество на нумерирани улици се движи од Западната 37-ма Улица до источната 108-ма Улица, а авениите се именувани со имиња од А до Z, при што некои од нив се заменети во некои населби (како Албемарл, Беверли, Кортелју, Дорчестер, Дитмас, Фостер, Фарагут, Гленвуд, Квентин). Нумерираните улици со претставка "Северна" и "Јужна" во Вилијамсбург, и "Беј", "Бич", "Брајтон", "Плум" или "Флетлендс" по должина на јужниот и југозападниот брег се изведени врз основа на старите сообраќајни мрежи на оригиналните градови на Кингс Каунти, кои се консолидирале за да го оформат Бруклин.

Мостот “Марин Парквеј”.

Бруклин е поврзан со Менхетн со три мостови: Бруклин, Менхетн и Вилијамсбург. Со коловозен тунел, Хју Л Кери Тунелот (поранешниот “Бруклин-Батери” тунел); и неколку метро тунели. “Verrazano-Narrows” мостот го поврзува Бруклин со приградската околија Стејтн Ајленд. Иако поголемиот дел од границите се на копно, Бруклин дели неколку водени премини со Квинс, вклучувајќи ги “Kosciuszko” мостот (дел од автопатот Бруклин-Квинс), мостот Пуласки и Спомен мостот на ЈЈ Брн, при што сите спроведуваат сообраќај кон Њутаун Крик, додека “Марин Парквеј” мостот го поврзува Бруклин со полуостровот “Рокавеј”.

Пристаниште

[уреди | уреди извор]

Бруклин долго време бил главно пристаниште за превоз, особено со неговиот терминал на Бруклинската Армија во Сансет Парк. Повеќето карго операции со товарни бродови се префрлиле на страната на Њу Џерси од Њујорк Харбор, додека терминалот Бруклин Круз во Ред Хук е фокусна точка за раст на Њујоршката пловна индустрија. Кралицата Мери 2, најголемиот светски океански брод, бил специјално дизајниран за да може да помине под мостот Веразано “Verrazano-Narrows”, најдолгиот висечки мост во САД. Кралицата Мери 2 редовно доаѓа на терминалот Ред Хук при трансатлантските премини од Саутемптон, Англија.

“NY Waterway” нуди патнички услуги од западниот брег на Бруклин до точки во Менхетен, Мидтаун и Лонг Ајленд Сити, како и тури и повелби. Железничкиот тунел “Крос-Харбор” кој првично бил предложен во 1920 година како јадро на проектот за тогашните нови пристанишни власти на Њујорк, повторно се проучува и разгледува како начин да се олесни товарниот сообраќај низ поголемиот дел од градското подрачје.

Manhattan Bridge
Мостот “Менхетен” од перспектива на Бруклин Бриџ Парк .

Образование

[уреди | уреди извор]

Образованието во Бруклин е обезбедено од огромен број на јавни и приватни институции. Јавните училишта се управувани од страна на Министерството за образование на Њујорк, најголемиот јавно образовен систем.

  • Техничкото средно училиште во Бруклин (кое често се нарекува Бруклин Тек), кое е државно средно училиште во рамки на Њујорк, е најголемото специјализирано средно училиште за наука, математика и технологија во Соединетите Американски Држави. Ова училиште било отворено во 1922 година. Локацијата на Бруклин Тек (од 2010 година) е спроти Форт Грин Парк. Ова средно училиште било изградено од 1930 до 1933, по цена од околу 6.000.000 $, и е високо 12 ката. Тоа опфаќа околу една половина од еден градски блок. Ова училиште е препознатливо по неговите познати алумни (вклучувајќи и два нобелови лауреати), неговите академици, како и по големиот број на дипломирани ученици кои се запишуваат на престижните универзитети.
  • Koлеџот Бруклин е колеџ за високо образование во рамки на Градскиот универзитет во Њујорк. Тој бил првиот јавен образовен колеџ за слободни уметности во Њујорк. Колеџот бил рангиран во најдобрите 10 колеџи на национално ниво две години по ред според Принстоновиот преглед од 2006 година, водичот за Најдобрите колеџи во Америка. Многу од неговите студенти се емигранти од прва и втора генерација.
  • Правниот Факултет во Бруклин бил основан во 1901 година и е познат по разноликоста на своето студентско тело. Жени и афроамериканци се запишувале во 1909 година. Според извештајот на Лејтер, компендиум за ранкингот на правните факултети објавен од страна на Брајан Лејтер, Правниот Факултет во Бруклин бил пласиран на 31-во место на национално ниво за квалитетот на студенти.[43]
  • Општинскиот Колеџ Кингсбороу.
    Општинскиот колеџ Кингсбороу е јуниор колеџ во системот на Градскиот универзитет на Њујорк, сместен во Менхетен Бич.
  • Универзитетот Лонг Ајленд е приватен универзитет во центарот на Бруклин со 6 417 студенти. Кампусот во Бруклин има силни програми за наука и медицинска технологија, на додипломски и постдипломски нивоа.
  • Основан во 1970 година, Медгар Еверс Колеџот е колеџ за високо образование во рамки на Градскиот Универзитет во Њујорк, со мисија да развие и одржи висококвалитетни, професионални, професионално ориентирани додипломски студиски програми во однос на образованието за либерални уметности. Колеџот нуди програми на вишо и високо ниво, како и часови за возрасни и доплнителни обуки за жителите на Централен Бруклин, за корпорации, владини агенции и општински организации. Медгар Еверс Колеџот се наоѓа само неколку блока источно од Проспект Парк во Краун Хајтс.
  • Институтот Прат во Клинтон Хил е едно од водечките училишта за уметност, дизајн и архитектура во САД. Прат е приватен колеџ со додипломски и постдипломски програми рангиран помеѓу првите десет во земјата. Неговата дипломска програмата за дизајн на ентериер е рангирана на прво место од страна на Американските Вести и Извештаи од Светот и од “DesignIntelligence”. Прат бил рангиран помеѓу најдобрите училишта за дизајн и од страна на Њусвик, а бил прогласен и за најдобро училиште за уметност во Њујорк од страна на “Global Language Monitor”. Прат има повеќе од 4 700 студенти, од кои повеќето се на кампусот во Бруклин. Програмите за постдипломски студии вклучуваат библиотекарство и информатички науки, архитектурата и урбанизам, како и бројни програми за уметност и дизајн. Програмите за додипломски студии ги вклучуваат речиси сите дисциплини за уметност и дизајн, архитектура, пишување, како и критички и визуелни студии, со повеќе од вкупно 25 програми. Паркот за Современа Скулптура на Прат е прогласен за една од најдобрите уметнички колекции од страна на Прегледот за Јавна Уметност.
  • Политехничкиот факултет
    Политехничкиот институт на Универзитетот во Њујорк (NYU-Poly), вториот најстар приватен институт за технологија во Соединетите Американски Држави, основан во 1854 година, кој го има својот главен кампус во Метро Тек Центарот, е комерцијален, граѓански и образовен проект во кој NYU-Поли бил клучниот спонзор. NYU-Поли е едно од 18-те училишта и колеџи од кои се состои Њујоршкиот Универзитет (NYU). NYU-Поли се смета за едно од најдобрите училишта за инженерство во светот. Forbes.com редовно го рангира NYU-Поли помеѓу првите 10 во својот список на "Најдобри Колеџи за Збогатување". NYU-Поли е редовно рангиран помеѓу најдобрите 4 во нацијата за алумни со највисоки просечни плати од CNNMoney.com. Во 2012 година, NYU-Поли бил рангиран на 21-во место според уписот на студии за инженерство во САД од страна на Американското друштво за инженерско образование. Од 2013 година, NYU-Поли е рангиран на 19-то место според уписот на студии за инженерство во САД од страна на Американските Вести и Извештаи од Светот. Институтот брои:
    • 5 добитници на Нобелова награда (2 Нобелови награди за физика, 2 Нобелови награди за физиологија или медицина, 1 Нобелова награда за хемија),
    • 3 победници на математичкиот натпревар Путнам,
    • 2 добитници на Волф наградата за физика,
    • Добитници на 1 Рас награда,
    • 3 Гордон награди,
    • 1 Драпер награда (исто така позната како Нобелова награда за Инженерство),
    • 2 добитници на Тјуринг наградата (позната и како Нобелова награда за компјутери),
    • 2 добитници на В. Валас Мекдауел наградата (позната и како Нобелова награда за Информатичка Технологија и Компјутерско Инженерство),
    • неколкумина имаат место во Салата на славни за национални пронаоѓачи,
    • неколкумина се добитници на Конгресен златен медал,
    • 1 е запишан во Списокот на најплодни пронаоѓачи,
    • многумина се добитници на Еми наградата за технологија и инженерство,
    • 3 се добитници на Израелската награда и многумина се добитници на наградите од Институтот за инженерска електротехника и електроника IEEE (вклучувајќи 2 IEEE добитници на Едисонов Медал и 1 IEEE добитник на Медал на честа).

Актуелни и поранешни претседатели на големи професионални здруженија, вклучувајќи ги Американското Општество за Физика, Американскиот Институт за Хемиски Инженери (NYU-Поли е еден од основачите на Американскиот Институт за Хемиски Инженери), Американското Хемиско Здружение, Американското Друштво на Градежни Инженери и Институтот за Инженери за Електротехника и Електроника (IEEE), се алумни. Тука спаѓаат Питер Стајкер (сегашен претседател на Институтот за Инженери за Електротехника и Електроника (IEEE)), Ендрју Херман (сегашен претседател на Американското Друштво на Градежни Инженери (ASCE)), Џоел Снајдер (IEEE претседател во 2001 година), Ели Пирс (претседател на Американското Хемиско Здружение), Франческо Де Марија (Тој е доживотен член на Американскиот Институт за Хемиски Инженери во кој служел како заменик-претседател во 1972 година, а воедно е член и на Американското Хемиско Здружение во кое служел како секретар на оддел од 1968 до 1969), Артур Бјененсток (претседател на Американското Здружение за Физика). Повеќе од 2.000 извршни директори и водачи на големи корпорации се NYU-Поли алумни. Програмата финансиско инженерство била втора програма од ваков вид и прв наставен план кој бил заверен од страна на Меѓународната Асоцијација на Финансиски Инженери. NYU-Поли бил еден од првите универзитети во кои се вовела безбедносна сајбер програма и е назначен како Центар на Академска Извонредност во Образованието за Осигурување на Информации и како Центар на Академска Извонредност во Истражувањето од страна на Националната Агенција за Безбедност. NYU-Поли е првото училиште во Њујорк кое што добило признание како Центар на Извонредност во Образованието за Осигурување на Информации од страна на Американската Национална Агенција за Безбедност. Првите програми за полимерна наука и полимерно инженерство во САД започнале во NYU-Поли. Во политехнички луѓе спаѓаат Ернст Вебер (прв претседател на Институтот за Инженери за Електротехника и Електроника (IEEE) и еден од основачите на американската Национална Академија за Инженерство (NAE)), Херман Френсис Марк (татко на современата полимерна наука), Бади Ратнер (еден од основоположниците на современото биоинженерство), Елмер Л Гаден (татко на биомедицинското инженерство), Семјуел Л Грејтзер (основач и претседател на Математичката Олимпијада во Соединетите Американски Држави) и Џорџ Буглијарело (еден од основачите на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство).[44][45][46][47]

  • Колеџот за технологија во Њујорк (Сити Тек) на Градскиот универзитет во Њујорк (CUNY) (сместен во Центарот на Бруклин / Бруклин Хајтс) е најголем јавен колеџ за технологија во државата Њујорк и национален модел за технолошкото образование. Основан во 1946 година, Сити Тек своите корени може да ги пронајде во 1881 година, кога техничките училишта од Метрополитанскиот Музеј за уметност биле преименувани во Трговско училиште на Њујорк. Таа институција - која станала Технички институт Ворхес многу децении подоцна - наскоро била модел за развој на технички и стручни училишта низ целиот свет. Во 1971 година, Ворхес бил инкорпориран во Сити Тек.
  • Колеџот Свети Францис кој се наоѓа во Бруклин Хајтс бил основан во 1859 година од страна на Францискански калуѓери. Денес има повеќе од 2.400 студенти кои го посетуваат овој мал колеџ за либерални уметности. Свети Францис од страна на Њујорк Тајмс се смета за еден од најразноврсните колеџи и неодамна бил рангиран како еден од најдобрите бакалауреат колеџи од страна на Списанието Форбс како и од Американските Вести и Извештаи од Светот.[48][49][50]
  • Медицинскиот центар “SUNY Downstate”, првобитно основан како Колеџ-болница Лонг Ајленд во 1860 година, е најстарото болничко-засновано медицинско училиште во САД. Медицинскиот центар се состои од Колеџот за медицина, Колеџот за здравствени професии, Колеџот за медицински Сестри, Училиштето за јавно здравство, Училиштето за додипломски студии и Универзитетската болница во Бруклин. Добитникот на Нобелова награда Роберт Ф. Фуршгот е член на овој центар. Половина од студентите во Медицинскиот центар се малцинства или емигранти. Колеџот за медицина има највисок процент на ученици од малцинствата од сите медицински училишта во државата Њујорк.

Бруклин исто така има помали институции за слободни уметности, како колеџот Свети Јосиф во Клинтон Хил и колеџот Борисуа во Вилијамсбург.

Јавната библиотека во Бруклин

[уреди | уреди извор]
Централната Библиотека на Плоштадот на Големата армија

Како независен систем, одделен од јавните библиотекарски системи на Њујорк и Квинс, Јавната библиотека во Бруклин нуди илјадници јавни програми, милиони книги и бесплатна употреба на повеќе од 850 компјутери со интернет пристап.[51] Исто така има книги и списанија на сите главни јазици кои се зборуваат во Бруклин, вклучувајќи англиски, руски, кинески, шпански, хебрејски, и креолски од Хаити, како и француски, јидиш, хинди, бенгалски, полски, италијански и арапски. Централната библиотека е историска зграда која гледа кон “Grand Army Plaza”, моментално во неа се изведува обемно реновирање и подземна експанзија.

Постојат 58 ограноци на библиотеката, поставени на оддалеченост од половина милија до секој жител на Бруклин. Во прилог на специјализираната Библиотека за бизнис во Бруклин Хајтс, Јавната Библиотека се подготвува да изгради нова библиотека за Визуелни и изведувачки уметности во културниот округ БАМ, која ќе се фокусира на врската помеѓу новите уметности и технологии и собраните традиционални и дигитални збирки. Таа ќе обезбеди пристап и обука за уметнички апликации и технологии кои не се широко достапни за јавноста. Збирките ќе содржат предмети од уметноста, театарот, танцот, музиката, филмот, фотографијата и архитектурата. Во посебна архива ќе се чуваат записи за историјата и уметноста на заедниците во Бруклин.

Временски услови

[уреди | уреди извор]

Областа на Бруклин има претрпено тешки оштетувања од ефектите на ураганот Сенди. Бруклин има влажна суптропска клима[52] со топли лета и студени зими. Во просек има снежни врнежи од околу 22 инчи на годишно ниво. Температурата во типичните зимски денови се движи од -2 °C до 2 °C, додека типичните летни денови имаат температура од околу 27 °C. Бруклин има малку под 50 инчи дождовни врнежи на годишно ниво.[53].[54]

Збратимени странски градови

[уреди | уреди извор]
Надлежност Сестринска Област Држава Од
Бруклин Анцио Италија 1990
Бруклин Гдиња Полска 1991[59]
Бруклин Бешикташ Турција 2005[60]
Бруклин Леополдштат Австрија 2007[61][62][63]
Бруклин Ламбет (Голем Лодон) Обединето Кралство
Краун Хајтс Кфар Чабад Израел
Бруклин Бнеи Брак Израел

Бруклин како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Американската серија „Сите го мразат Крис[64] (2005) го следи животот на еден млад црнец во 1980-тите, најстар од трите деца. Тој живее во Бруклин и учи во училиште во кварт на белци. Семејството живее во типичните бруклински згради од црвена цигла (brownstone). Серијата со хумористичен тон ги евоцира социјалните проблеми и расизмот. Исто така, Бруклин се јавува како мотив и во други дела од уметноста и од популарната култура, како:

  • „Бруклинскиот мост“ (руски: Бруклинскиҋ мост) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1925 година.[65]
  • „Нема спиење до Бруклин“ (англиски: No Sleep till Brooklyn) — песна на американската рап-група Бисти бојс (Beastie Boys) од 1986 година.[66]
  • „Местото во кое живееме“ (англиски: The Place Where We Dwell) — песна на американската хип-хоп група Gang Starr од 1990 година.[67]
  • „Зоолошката градина во Бруклин“ (англиски: Brooklyn Zoo) — песна на американскиот рапер Ol' Dirty Bastard од 1995 година.[68]
  • „Бруклин, Квинс“ (англиски: Brooklyn, Queens) — песна на американската хип-хоп група 3rd Bass од 1989 година.[69]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. GCT-PH1; Population, Housing Units, Area, and Density: 2000 - United States -- County by State; and for Puerto Rico from the Census 2000 Summary File 1 (SF 1) 100-Percent Data Архивирано на 12 февруари 2020 г., United States Census Bureau. Accessed September 18, 2016.
  2. Borough of Brooklyn.blue and gold Архивирано на 1 октомври 2006 г..
  3. Brooklyn Daily Eagle Map of six townships
  4. "Notes Geographical and Historical, relating to the Town of Brooklyn, in Kings County on Long-Island".
  5. N.Y. Col. Laws, ch4/1:122
  6. McCullough, David. 1776. Simon & Schuster. May 24, 2005. ISBN 978-0-7432-2671-4
  7. Cornell Law School Supreme Court Collection: Board of Estimate of City of New York v. Morris. Retrieved June 12, 2006.
  8. New York State Department of Labor Brooklyn Report, April 2006 Архивирано на 1 февруари 2015 г.
  9. New York City Economic Development Corporation, Brooklyn Borough Update March 2004. [1] Архивирано на 1 февруари 2015 г.
  10. „Food Start-Ups Find a Home in Brooklyn“. The New York Times. March 28, 2012.
  11. A Case Study of Seatrain Shipbuilding & the Brooklyn Navy Yard Архивирано на 3 мај 2016 г..
  12. New York State Dept of Labor Архивирано на 1 февруари 2015 г.
  13. U.S. Census Bureau, 2001 County Business Patterns Архивирано на 1 февруари 2015 г.
  14. „New York State Dept of Labor“. Labor.state.ny.us. Архивирано од изворникот на October 5, 2008. Посетено на October 24, 2010.
  15. „FDIC Office Directory“. FDIC.gov. Архивирано од изворникот на May 10, 2000. Посетено на October 24, 2010.
  16. „Credit Unions in Brooklyn, NY“. Branchspot.com. November 9, 2015. Посетено на November 9, 2015.
  17. „U.S. Decennial Census“. Census.gov. Посетено на April 21, 2013.
  18. „Annual Estimates of the Resident Population: April 1, 2010 to July 1, 2012“. Посетено на April 21, 2013.
  19. „University of Virginia Library“. Архивирано од изворникот на 2018-06-23. Посетено на April 19, 2013.
  20. „Profile of General Population and Housing Characteristics: 2010 - 2010 Demographic Profile Data“. United States Census Bureau. Архивирано од изворникот на 2020-02-13. Посетено на April 1, 2016.
  21. „The Racial Dot Map: One Dot Per Person for the Entire U.S.“. Архивирано од изворникот на 2013-09-21.
  22. "African Americans", Encyclopedia of Chicago. Retrieved March 1, 2008.
  23. Gibson, Campbell (June 1998). Population of the 100 Largest Cities and Other Urban Places in the United States: 1790 to 1990, United States Census Bureau. Accessed November 19, 2016.
  24. Ritter, John (August 28, 2007). „San Francisco Hopes to Reverse Black Flight“. USA Today. Посетено на October 24, 2010.
  25. „Census Shows More Black Residents Are Leaving New York and Other Cities“. The New York Times. September 12, 2007.
  26. „State & County QuickFacts: California“. U.S. Census Bureau. Архивирано од изворникот на December 28, 2009. Посетено на February 11, 2007.
  27. Brooklyn Economic Development Corporation. Comprehensive Economic Development Strategy Report, 2002. www.bedc.org. Архивирано на 1 февруари 2015 г.
  28. Muhammad, Nisa Islam. "D.C. 'exodus' sparks district renewal efforts for Whites", The Final Call, June 21, 2007. Retrieved June 25, 2007.
  29. Sheila McClear (February 6, 2010). „Why the classic Noo Yawk accent is fading away“. New York Post. Посетено на March 29, 2016.
  30. „Brooklyn Technical High School, K430, Borough of Brooklyn, Zip Code 11217“. Schools.nyc.gov. October 31, 2008. Посетено на October 24, 2010.
  31. Ward, Nathan (август–септември 2005). „Brooklyn Rising“. American Heritage. Архивирано од изворникот на 27 мај 2007.
  32. „The Art of Brooklyn Film Festival“. The Art of Bklyn. Посетено на 2017-06-30.
  33. "New park adds rides at Coney Island" Архивирано на 23 јули 2013 г.. Reading Eagle. Retrieved June 29, 2010.
  34. „Henry Evelyn Pierrepont“. Findagrave.com. Посетено на November 2, 2011.
  35. „About Prospect Park“. Prospect Park Alliance: Official Web Site of Prospect Park. Prospect Park Alliance. 2008. Посетено на November 29, 2008.
  36. „Audubon New York“. National Audubon Society. 2008. Архивирано од изворникот на January 16, 2009. Посетено на November 29, 2008.
  37. Ebbets Field Архивирано на 9 октомври 2007 г.. Retrieved October 10, 2007.
  38. Elstein, Aaron. "Renowned Cosmos soccer team faces possible extinctionThe sport's governing body has moved to relegate the team Pele once played for to a lower division", Crain's New York Business, September 11, 2017. Accessed September 16, 2017. "In 2009 the NASL was revived, and the Cosmos reappeared soon after. But few attended games at Hofstra University on Long Island, and, after piling up about $30 million in losses, the Cosmos were about to shut down again last year when Commisso rescued the team and moved it to Coney Island's MCU Park, the 7,000-seat home of the Brooklyn Cyclones minor-league baseball team."
  39. Brooklyn. Tri‐State Transportation Campaign and the Pratt Center for Community Development. Accessed May 16, 2015.
  40. nycsubway.org—IND Second System 1929 Plan
  41. „1968 NYCTA Expansion Plans (Picture)“. Second Avenue Sagas. Retrieved December 6, 2013
  42. Program for Action maps from thejoekorner.com
  43. „Leiter's Law School Rankings“. Leiterrankings.com. Посетено на October 24, 2010.
  44. „About NYU“. New York University. Посетено на October 19, 2012.
  45. „Sam Pitroda to give inaugural address at NYU engineering school“. Jagran Post. May 15, 2012. Посетено на October 19, 2012.
  46. „8. Polytechnic Institute of New York University (NYU-Poly) - 24/7 Wall St.: Colleges That Guarantee the Highest Salaries - Comcast.net“. Архивирано од изворникот на 2013-07-24. Посетено на 2017-10-20.
  47. „Schools and Colleges“. New York University. Посетено на October 19, 2012.
  48. „Colleges of Many Colors“. The New York Times. November 5, 2006. Посетено на August 15, 2007.
  49. „America's Best Colleges List“. Forbes. August 5, 2009. Посетено на July 8, 2010.
  50. „Baccalaureate Colleges (North) Rankings“. U.S News & World Report. 2009. Посетено на July 8, 2010.
  51. „Brooklyn Public Library“. Посетено на October 24, 2010.
  52. Peel, M. C.; Finlayson, B. L.; McMahon, T. A. „World Map of Köppen-Geiger climate classification“. The University of Melbourne. Архивирано од изворникот на 2015-01-13. Посетено на March 29, 2016.
  53. [2] Accessed March 29, 2016.
  54. „USDA Plant Hardiness Zone Map“. Agricultural Research Center, PRISM Climate Group Oregon State University. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2014. Посетено на 29 март 2016.
  55. Mean monthly maxima and minima (i.e. the expected highest and lowest temperature readings at any point during the year or given month) calculated based on data at said location from 1981 to 2010.
  56. „NowData - NOAA Online Weather Data“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на April 18, 2016.
  57. „Station Name: NY NEW YORK JFK INTL AP“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на March 28, 2014.
  58. „NEW YORK/JFK, NY Climate Normals 1961−1990“. NOAA. Посетено на March 23, 2014.
  59. Net P.C. „Gdynia – International Gdynia – Twin Cities“. Gdynia.pl. Архивирано од изворникот на 2016-01-21. Посетено на Oct 24, 2010.
  60. „Brooklyn Borough President“. Brooklyn-usa.org. Посетено на Oct 24, 2010.
  61. „BP (Borough Pres.) Markowitz joins Vienna deputy mayor to announce new "district partnership" (March 05)“. Brooklyn-usa.org. Mar 5, 2007. Посетено на Oct 24, 2010.
  62. „Vienna in New York 2007 - (March 15, 2007)“. Wieninternational.at. Mar 15, 2007. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на Oct 24, 2010.
  63. „Brooklyn in Leopoldstadt (July 5, 2007)“. Wieninternational.at. Архивирано од изворникот на 2010-09-14. Посетено на Oct 24, 2010.
  64. "Everybody Hates Chris" (2005), Посетено на 2017-10-20
  65. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 143-147.
  66. The Beastie Boys - No Sleep Till Brooklyn - YouTube (посетена на 6.11.2016)
  67. Discogs, Gang Starr – Daily Operation (пристапено на 28.11.2022)
  68. Ol' Dirty Bastard – Return To The 36 Chambers: The Dirty Version (пристапено на 22.5.2023)
  69. 3rd Bass – The Cactus Album (пристапено на 14.4.2024)

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

40°41′34″N 73°59′25″W / 40.69278° СГШ; 73.99028° ЗГД / 40.69278; -73.99028