Прејди на содржината

Афроамериканци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Афроамериканци
Вкупен број
40.695.277[1]
12,7% од вкупното население на САД (2015)
Подрачја со значајно население
Низ Соединетите Држави, особено на американскиот Југ и урбаните подрачја
Јазици
англиски (дијалекти на американски англиски, афроамерикански англиски)
Луизијански креолски јазик
Гала
Вероисповед
претежно протестанти (78 %)
Афроамериканци по државите на САД во 2010 година

  помалку од 2%
  2% -5%
  5% - 10%
  10% - 15%
  15% - 20%

  20% - 25%
  25% - 30%
  30% - 35%
  35% - 40%

Афроамериканци или Африкански Американци – поим кој денес во Соединетите Американски Држави се користи службено за да ги означи жителите со црна боја на кожата, односно, потомците на африканските робови доведени во Северна Америка меѓу XVII и XIX век. Машките се нарекуваат црнци, а жените црнкинки (црнкињи е изведенка, но се претпочита првото).

Поимот Афроамериканци, кој прв почнал да го користи црниот националистички водач Малколм Икс, настојува да го замени поимот „црнци“ (англиски: Blacks), кој во тогашната црнечка заедница се сметал за еднакво навредлив како „негро“ и „обоени“. Поимот, наместо по раса, американските црнци требало да ги идентификува според областа од каде потекнуваат нивните предци и така да ги изедначи со етничките групи во американската нација како што се Италоамериканците или Порториканците.

Според податоците на американското Биро за попис на населението, во САД живеат 40,7 милиони Афроамериканци, кои претставуваат 12,7 % од вкупното население. Според пописот од 2000 година 58,4 % од нив живеат на американскиот југ. Но, 88 % од сите Афроамериканци живеат во големите градови, така што во некои од нив, како Гери, Детроит, Атланта, Мемфис и Вашингтон, тие се мнозинство.

Поимот „Афроамериканци“ во 1990-тите години, во времето на „политичка коректност“, се одомашил во американската јавност и влегол во службена употреба. Но, истовремено предизвикал доста контроверзии, со оглед дека неговата употреба предизвикувал низа недоразбирања и збрки.

Така поимот се користи исклучиво за лицата со црна боја на кожата, а не се применува на Американците со бела боја на кожата кои емигрирале од Африка или оттаму им потекнуваат предците (Бербери, Африканери).

Истовремено овој поим се користи за секое лице со црна боја на кожата кое живее на територијата на САД, без разлика дали истото му припаѓа на некоја специфична етничка група како што се Јамајканците или Хаиќаните.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Афроамериканци во САД[3]
Година Број % од вкупното
население
% промена
(10 г.)
Slaves % робови
1790 757.208 19,3% (највисок)  – 697.681 92%
1800 1.002.037 18,9% 32,3% 893.602 89%
1810 1.377.808 19,0% 37,5% 1.191.362 86%
1820 1.771.656 18,4% 28,6% 1.538.022 87%
1830 2.328.642 18,1% 31,4% 2.009.043 86%
1840 2.873.648 16,8% 23,4% 2.487.355 87%
1850 3.638.808 15,7% 26,6% 3.204.287 88%
1860 4.441.830 14,1% 22,1% 3.953.731 89%
1870 4.880.009 12,7% 9,9%  –  –
1880 6.580.793 13,1% 34,9%  –  –
1890 7.488.788 11,9% 13,8%  –  –
1900 8.833.994 11,6% 18,0%  –  –
1910 9.827.763 10,7% 11,2%  –  –
1920 10,5 милиони 9,9% 6,8%  –  –
1930 11,9 милиони 9,7% (lowest) 13%  –  –
1940 12,9 милиони 9,8% 8,4%  –  –
1950 15,0 милиони 10,0% 16%  –  –
1960 18,9 милиони 10,5% 26%  –  –
1970 22,6 милиони 11,1% 20%  –  –
1980 26,5 милиони 11,7% 17%  –  –
1990 30,0 милиони 12,1% 13%  –  –
2000 34,6 милиони 12,3% 15%  –  –
2010 38,9 милиони 12,6% 12%  –  –

Познати Афроамериканци

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „ACS DEMOGRAPHIC AND HOUSING ESTIMATES: 2015 American Community Survey 1-Year Estimates“. United States Census Bureau. Архивирано од изворникот на 2017-03-20.
  2. „Pew Forum: A Religious Portrait of African-Americans“. The Pew Forum on Religion & Public Life. January 30, 2009. Архивирано од изворникот на 2012-04-25.
  3. Табелата го прикажува афроамериканското население во Соединетите Американски Држави во текот на времето, засновано на податоци од пописите во САД. (Податоците од 1920 до 2000 година се засновани на податоците од пописите во САД дадени во Time Almanac од 2005, стр. 377.)