Прејди на содржината

Џејмс Кук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џејмс Кук
Роден(а)7 ноември [ст. ст. 27 октомври] 1728
Мартон, Јоркшир, Велика Британија
(сега Мидлзбро, Велика Британија)
Починал(а)14 февруари 1779(1779-02-14) (возр. 50)
Залив Килакекуа, Хаваи
НационалностБританец
ОбразованиеШкола Постгејт, Грејт Ејтон
ЗанимањеИстражувач, морепловец, картограф
ЗвањеКапетан
СопружникЕлизабет Бејтс Кук
Деца6
РодителиЏемс Кук
Грејс Пејс
Потпис

Џејмс Кук (англиски: James Cook; 27 октомври 1728 - 14 февруари 1779) — англиски морепловец, откривач на источниот брег на Австралија, многу острови во Јужниот Тихи Океан и прв кој ги обиколил бреговите на Алјаска.

Доаѓајќи до ранг на капетан на Кралската морнарица, тој направил три патувања до Тихиот Океан, при што тој бил првиот Европеец кој се закотвил на источниот брег на Австралија, во Нова Каледонија, Јужните Сендвич Острови и Хаваи. Тој исто така бил и првиот морепловец кој го обиколил Антарктикот и изработил мапа на Њуфаундленд и Нов Зеланд.

Откако служел во британската трговска морнарица, тој се приклучил на британската кралска морнарица во 1755 година за време на седумгодишната војна. Во тек на опсадата на Квебек, тој се посветил на мапирање на устието на реката Сент Лоренс, што му овозможило на генералот Џејмс Волф да го изведе неговиот одлучувачки напад врз Арапските рамници. Младиот Џејмс Кук го привлекол вниманието на Кралското друштво во клучен момент во неговата лична кариера и насоката на британските експедиции во странство. Тој бил именуван за командант на ХМБ Ендевор за првата од неговите три експедиции во Тихиот Океан во 1766 година. Следеле уште две експедиции, со што се утврдиле првите точни мапи на многу острови и брегови.

Кук умрел на Хаваи во 1779 година за време на кавга со домородците, чија трета експедиција тргнала во потрага по Северозападниот приод.

Џејмс Кук потекнува од релативно скромно семејство. Тој бил второ од осумте деца на Џејмс Кук, земјоделец од шкотско потекло и Грејс Пејс која била Англичанка[1]. Роден е во Матон во северен Јоркшир, град кој сега е поврзан со Мидлсбро. Бил крстен во локалната црква Свети Кутберт во Мартон, каде што неговото име се појавува во регистарот на крштевки[2]. Кога семејството имало пет деца, се преселило на фарма во Грејт Ејтон. Работодавачот на неговиот татко го финансирал неговото школување во основно училиште. На 13-годишна возраст, тој започнал да работи заедно со својот татко на фармата[3].

Портрет на Џемс Кук од Џон Вебер (1793)

Во 1745 година, на 17-годишна возраст, Кук работел како чирак кај трговец во некое рибарско село. После една и пол година, Вилијам Сандерсон, сопственикот на фирмата, го одвел на пристаништето Витби, каде што го запознал со Џон и Хенри Вокер, квекери кои имале бизнис за јаглен и биле сопственици на неколку бродови. Кук бил вработен како чирак на нивната флота. Следните години ги помина во каботажа помеѓу Тајн и Лондон. За тоа време, учел алгебра, тригонометрија, навигација и астрономија.

По завршувањето на неговото тригодишно учење, Кук работел на трговски бродови во Балтичкото Море. Тој брзо напредувал и во 1755 година му била понудена командата на бродот Френдшип. Тој сепак претпочитал да се вклучи во Кралската морнарица. Велика Британија се подготвувала за претстојната Седумгодишна војна и Кук сметал дека неговата кариера побрзо ќе напредува во морнарицата. Меѓутоа, ова значело повторно да започне од најнизок ранг, па како обичен морнар станал дел од екипажот на бродот Игл (англиски: HMS Eagle), под команда на капетанот Хју Пализер. Во 1757 година, по две години со морнарицата, тој го положил испитот со кој можел да командува со брод на Кралската флота[4][5].

Во текот на седумгодишната војна, Џејмс Кук учествувал во опсадата на градот Квебек пред Битката кај Арапските рамнини во 1759 година. Потоа покажал одреден талент за топографија и картографија и го одбележал поголемиот дел од устата на реката Сент Лоренс за време на опсадата, овозможувајќи му на генералот Џејмс Волф да го започне неговиот одлучувачки напад врз Арапските рамници[6]. Во следните години, тој изработил мапи за брегот на Њуфаундленд, потоа на Северозападниот Премин (1763 - 1764), јужниот брег помеѓу Буринскиот Полуостров и Кејп Реј (1765 - 1764), а потоа и западниот брег во 1767 година. За време на неговите пет сезони поминати во Њуфаундленд, тој ги воспоставил првите точни големи мапи на бреговите на островот.

Патувања

[уреди | уреди извор]
Патувањата на капетанот Џејмс Кук. Првото патување е со црвено, второто е со зелено а третото е со сино. Патот на екипажот на Кук по неговата смрт е прикажан со испрекината сина линија.

Прво патување (1768-1771)

[уреди | уреди извор]
Прво патување, 1768–1771.

Со започнувањето на војната меѓу Англија и Франција во 1755 година, Џејмс Кук како офицер на вое­на­та морнарица извесно време бил во Канада, каде што ја проучувал реката Сент Лоренс и бреговите на Њуфаундленд. Затоа, Лондонското географско друштво го примило за свој член. Друштвото во 1769 година го испратило научна експедиција на Тахити во Тихиот Океан, за на 3 јуни да се следи необичната астрономска појава кога Земјата, Венера и Сонцето се нашле на една права линија, а самата Венера била видена на Сончевиот диск. На чело на експедицијата бил Џејмс Кук кому на располагање му бил ставен малиот, но одлично граден воен брод ХМБ Ендевор.[7] По ус­пеш­но извршената задача, експедицијата тргнала на југозапад и по долго патување пристигнала до бре­говите на Нов Зеланд.[8]

Реплика на Ендевор во пристаништето на Куктаун

Ендевор испловил од Англија на 26 август 1768.[9] Тоа бил цврст и идеален брод во однос на капацитетот за складирање, како и заради неговиот плиток дизајн, суштествен квалитет за пристап до многу гребени и тихоокеански архипелази. Откако го поминале Кејп Хорн, бродот стигнал на Тахити на 13 април 1769 година, каде Кук подигнал мала тврдина и опсерваторија во пресрет на премин на Венера. Набљудувањето, предводено од Чарлс Грин, асистент на новиот кралски астроном Невил Маскалејн, првенствено било насочено кон собирање на мерења за попрецизно одредување на растојанието што ја дели Венера од Сонцето. Со овие податоци, потоа ќе било можно да се одреди растојанието од другите планети, врз основа на нивната орбита.

Мапа на Нов Зеланд од Кук

Откако ја завршил задачата на Тахити, Џејмс Кук ги следел инструкциите за вториот дел од неговото патување: да се побараат знаци за постоење на Тера Аустралис[10], хипотетички приврзок на Евроазија во северната полутопка. Кралското друштво, а особено Александар Далримпл, бил убеден во нејзиното постоење и имал намера да ја најде пред било кое било друго европско знаме. Затоа бил избран брод кој со својата мала големина, немало да ги подигне сомневањата и да се искористи мисијата на астрономско набљудување како параван за целиот настан.

Џејмс Кук и неговиот брод Ендевор на комеморативна сребрена медаља (1969) по повод 200 годишнината од повторното откривање на Нов Зеланд во 1769.
Бродскиот дневник на Џејмс Кук на Ендевор

Кук, сепак, се сомневал во постоењето на овој континент. Благодарение на помошта на Тахиќанецот по име Тупаја, кој имал напредно познавање на географијата на Тихиот Океан, Кук стигнал до Нов Зеланд на 6 октомври 1769. Како втор Европеец кој пристигнал тука по Абел Тасман во 1642 година, исцртал мапи за целото крајбрежје на Нов Зеланд со многу малку грешки (особено за полуостровот Банкс, кој го сметал за остров и островот Стјуарт, кој нелогично го приврзал на Јужниот остров). Тој, исто така, го идентификувал теснецот што ќе го носи неговото име, Куков теснец, кој го одвојува Јужниот Островот од Северниот Остров и кој Тасман не го открил.

Потоа тргнал кон запад кон Земјата на Ван Димен (денешна Тасманија) со намера да утврди дали тоа е дел од јужниот континент. Меѓутоа, силните ветришта ја принудиле експедицијата да го држи северниот курс. Експедицијата здогледала копно на местото кое Кук го нарекол Поинт Хикс, меѓу денешните градови Орбост и Малакота во државата Викторија. Со оглед на југозападната ориентација на брегот, Кук си мислел дека е поврзано со Земјата на Ван Димен. Тие всушност се наоѓале во југоисточниот дел на австралискиот континент со што официјално станале првите Европејци кои стигнале на источниот брег. Во 1843 година, местото го добило името Кејп Еверард, пред да го обнови оригиналното име Поинт Хикс по повод 200 годишнината од пристигнувањето на Кук.

Ендевор на реката Ендевор, гравура од Алекср Хог (1786)
Статуа на капетанот Кук во Гринич, Англија

За Кук на хоризонтот австралиското копно се појавило на 19 април 1770 година. Ниските планини што го затскривале видикот кон внат­решноста на континентот Австралија го потсетувале Кук на Јужен Велс, па затоа целиот тој простор го на­ре­кол Нов Јужен Велс. Овде Кук бил преокупиран со правење точна карта, во која го внесувал секој р‘т, за­лив, остров. Пловејќи кон север го минал ек­ва­то­­рот и се пробил меѓу многубројните острови на Го­лемиот Корален Гребен, не насетувајќи каква голема опас­ност ги демне членовите на експедицијата. Имено, се случил бродолом на 25 мај 1770 година. Сите топови би­ле фрлени во морето, а ја истуриле и водата за пиење. По едно деноноќие непрекината работа во црпење на водата што навлегувала на бродот, со следниот највисок при­лив бродот се ослободил од подводните карпи и запловил кон брегот. Бидејќи не биле сигурни на австралискиот брег од непријателски расположените домородци, се упатиле на островот Јава (Батавија) - холандска колонија, поминувајќи низ протокот меѓу Но­ва Гвинеја и Австралија.[8]

До овој момент на патувањето, ниту еден човек не подлегнал на скорбут, што било извонредно за таква долга експедиција во тоа време. Убеден од препораката на Кралското здружение објавено во 1747 година, Кук вовел во храната на неговиот екипаж кисела зелка или лимон. Познато е дека скорбутот е предизвикан од слаба исхрана, но врската со недостатокот на витамин Ц сè уште не била утврдена. За зачувување на здравјето на неговиот екипаж, Кук го добил медалот Копли во 1776 година

Откако бродот бил ос­пособен за пловидба, останатите го продолжиле патот по веќе добро познатите мориња. Зао­би­ко­лу­вај­ќи го ’ртот Добра Надеж на југот на Африка, тие запловиле во водите на Атлантскиот Океан и, речиси, по тригодишно отсуство се вратиле во Англија на 12 јуни 1771 година.

Откако весниците ја објавиле експедицијата Кук станал многу популарен во рамките на научната заедница но почестите од пошироката јавност ги собрал Џозеф Бенкс[7]. Тој се обидувал да ја преземе командата на втората експедиција, но пред тргнувањето, се повлекол. Јохан Рајнхолд Форстер и неговиот син Георг биле ангажирани да го заменат. Синот на Кук, Џорџ, се родил 5 дена пред тој да замине на неговото второ патување.[11]

Второ патување (1772-1775)

[уреди | уреди извор]
Резолушн и Адвенчр во заливот Матаве заедно со рибарски чамци на пристаништето во Тахити, слика од Вилијам Хоџис (1776), го прикажува второто патување на капетанот Џејмс Кук за истражување на Тихиот Океан.
Експедицијата на Кук близу до Антарктикот: 1772-74.

Кратко време по неговото враќање, Кук бил унапреден во ранг на командант на фрегата[5][6] пред Кралското друштво повторно да му даде задача да се врати во јужните мориња во потрага по јужниот континент. За време на неговото прво патување, Кук покажал дека Нов Зеланд не е поврзан со ниту едно копно и ја проценил големината на Австралија. Делримпл, поддржан од други членови на друштвото, сепак бил убеден во постоењето на некој поголем континент, негде подалеку на југ.[6]

Во второто патување Кук бил задолжен да командува со бродот Резолушн (на англиски: HMS Resolution), заедно со капетанот Тобајас Фурно на чело на бродот Адвенчр (англиски: HMS Adventure). Бил опремен со нов хронометар тип K1, кој ќе му овозможи прецизна пресметка на должината. Експедицијата се спуштила многу далеку на југ, влегувајќи во Јужниот Поларник на 17 јануари 1773 година и достигнувајќи 71°10' јужна географска ширина.[12] Кук ја открил Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови. Двата брода се изгубиле еден со друг во маглата на Антарктикот и Фурно поставил курс за Нов Зеланд, каде некои членови на екипажот загинале во битка против Маорите пред да заминат за Британија. Во меѓувреме, Кук го продолжил своето истражување во зоната на Антарктикот. Тој поминал во близина на континентот без да го види и се вратил назад на Тахити за да се опорави. Потоа се вртил јужно, со надеж дека ќе се закотви на митскиот континент, но без успех. Повторно со него на бродот имало некој Тахиќанец по име Омаи, кој не бил толку запознаен со географијата на Тихиот Океан колку претходниот Тупаја. Повратната маршрута го однела до Тонга, до Велигденскиот Остров, на островот Норфолк|Норфолк, во Нова Каледонија и на Нови Хебриди. Во неговиот извештај тој јасно заклучил дека не постои митската Тера Австралис.[6]

Џејмс Кук, сведок на човечко жртвување на Тахити (Отахеите), околу 1773

Во јануари 1774, запишал дека сака да отиде „ … не само подалеку од кој било човек пред него, туку подалеку од онаму каде што се мисли дека е можно да се отиде“.

На крајот на ова второ патување, Кук бил унапреден во капетан, а Кралското друштво му понудило почесна пензија како офицер во болницата во Гринич.[13] Станал член на Кралското друштво и го добил медалот Копли[14], Натаниел Данс Холанд изработил негов портрет, писателот Џејмс Босвел го поканил на вечера а Домот на лордовите го нарекол "најголемиот морепловец во Европа".[12] Сепак, нему му недостигало морето и подготвувал трето патување кон Северозападниот приод. Од Тихиот Океан, запловил на исток, и се надевал дека ќе стигне до Атлантикот, и ќе го сретне другиот брод кој доаѓал од спротивната насока.[6]

Пристигнување на Џејмс Кук во Божиќното пристаниште (Кергелен), гравура на Џорџ Кук од 1811

Трето патување (1776-1779)

[уреди | уреди извор]
Фотографска копија за смртта на Кук на Хаваи, 1895

На неговото последно патување, Кук повторно командувал со Резолушн додека капетанот Чарлс Клерк ја преземал командата со бродот Дискавери (англиски: HMS Discovery). Официјално, целта на патувањето била да се донесе Омаи на Тахити, што предизвикало најголема љубопитност во Лондон, иако неофицијално, експедицијата имала задача да го пробие Северозападниот приод[7]. Експедицијата прво ги истражувала островите Кергелен, каде што се закотвиле дента на Божиќ 1776 - во Заливот на птицата на северозападниот врв на островот Божиќно пристаниште, коешто така го нарекол со повод - потоа застанале во Нов Зеланд. Откако Омаи се вратил кај семејство, Кук се упатил кон север, го открил Божиќниот Остров на Божик 1777 година и станал првиот Европеец кој стигнал на Хавајските острови во 1778 година[15].

Од Сендвичките острови Кук отпловил северно и североисточно за да го истражи западниот брег на Северна Америка северно од шпанските населби во Алта Калифорнија. Тој се закотвил на брегот на Орегон на околу 44 ° 30 'северна географска ширина, именувајќи ја точката на која пристигнал Кејт Фолведер. Лошите временски услови ги принудиле бродовите да отидат јужно, на околу 43° северна географска ширина, пред да започнат со истражување на северниот брег.[16] Тој несвесно пловел покрај теснецот Хуан де Фука, и наскоро влегол во Нутка Саунд на островот Ванкувер. Се закотвил во близина на селото Јукот. Два брода на Кук останале во Нутка Саунд од 29 март до 26 април 1778 година

Пловејќи долж американскиот континент, Кук во својот дневник ги опишал индијанските племиња на островот Ванкувер, бреговите на Алјаска, Алеутските Острови и двата брега на Беринговиот теснец.[17] И покрај неколкуте обиди, Беринговиот теснец се покажал како непремостлив поради мразот што го попречувал патот дури и во август.

Приближната маршрута на третото патување на Џејмс Кук

Експедицијата се вратила на Хаваи следната година (1779).[13] По осум недели истражување на архипелагот, Кук и неговиот екипаж се закотвиле во заливот Келакекуа на денешниот Биг Ајленд, каде што останале еден месец. Неговото прво доаѓање на Хаваи се совпаднало со сезоната на Махакики и големите фестивали посветени на богот на мирот, Лоно. Пристигнувањето на неговите бродови кај домородното население предизвикало восхит, и тие во Кук го гледале Лоно.[18][19] Кога по вторпат се вратиле на Биг Ајленд на Хаваи поради претходното топло добредојде Британците почувствувале тензии кај домородците и виделе дека не се добредојдени. Сезоната на Лоно завршила и сега била сезона на Ку, богот на војната. Враќањето на Кук, кој се сметал за олицетворение на Лоно, веројатно се сметало за нарушување на рамнотежата во светот. На 14 февруари, Хавајците украле чамец[18]. Кражбите биле вообичаени и Кук најчесто тогаш земал заложници сè додека не му го вратат украденото. Овој пат, тој планирал како заложник да го земе хавајскиот поглавица Каланиопу. Меѓутоа, домородците ги нападнале со камења и со копја. Британците отвориле оган, но морале да се повлечат на плажата. Стоејќи на плажата меѓу домородците и Британците, Кук бил удрен по главата и паднал. Хавајците го тепале до смрт, а потоа го земале и го однеле неговото тело.[20]

Чувството што домородците го имале за Кук ги натерале да го задржат неговото тело. Следејќи ја нивната практика на времето, го подготвиле телото со погребни ритуали, обично резервирани за поглавиците и највисоките старешини на заедницата. Телото било исцедено, печено за да се олесни отстранувањето на месото, а коските биле внимателно исчистени за зачувување како религиозни предмети. Некои од остатоците на Кук коишто биле сочувани на крајот биле вратени кај екипажот за формално погребување на море.[7]

Кларк ја преземал командата со експедицијата. Тој го искористил гостопримството на руското пристаниште Камчатка за да се обиде уште еднаш, за последен пат и безуспешно да го помине Беринговиот теснец.[7] Кларк умрел од некој вид на туберкулоза во август 1779 година и командата ја преземал поручникот Гор за враќање назад по азиските брегови, како што било планирано од страна на Кук.[21] Во декември, бродските дневници биле конфискувани во Макао и Кантон поради војната за независност на САД. Сепак, Гор успева да скрие копија. Резолушн и Дискавери пристигнале во Британија на 4 октомври 1780 година. Извештајот на Кук го завршил капетанот Џејмс Кинг.

Смртта на Џејмс Кук

[уреди | уреди извор]
Статуа на капетанот Кук во Лондон (1914) од Томас Брок

Местото каде што Кук бил убиен на Хавајските острови е обележано со бел обелиск. Тоа му било отстапено на Обединетото Кралство и официјално е дел од неговата територија. Портрет на Кук се појавил на монета од половина американски долар од 1928 година, по повод 150-годишнината од откривањето на островите, искована во помал оптек (10.008), што ја прави оваа комеморативна монета редок и скап колекционерски предмет.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Дванаесетте години пловидба на Кук низ Тихиот Океан имале огромно знаење за Европа. Тој открил неколку острови и прецизно ги мапирал големите делови на крајбрежјето.

На патувањата Кук бил придружуван од сликарот Сидни Паркинсон кој направил 264 цртежи пред неговата смрт на крајот од првото патување, Вилијам Хоџис кој претставил многу пејзажи од Тахити и Велигденските Острови и познати научници како Џозеф Бенкс (кој ја открил Банксијата, растителен вид кој опфаќа 80 вида растенија) и Даниел Соландер кој собрал 3.000 видови растенија.

Кук бил првиот Европеец кој остварил близок контакт со повеќе народи од Тихиот Океан.

Елизабет Батс Кук, 1 јануари 1830 година

Семејство

[уреди | уреди извор]

Кук се оженил со Елизабет Батс (1742-1835), ќерка на Самуел Батс, чувар на Бел Ин, Випинг[22] и еден од неговите ментори, на 21 декември 1762 година во црквата Св. Маргарет, Баркинг, Есекс.[23] Двојката имала шест деца: Џејмс (1763-94), Натаниел (1764-80), Елизабет (1767-71), Џозеф (1768-68), Џорџ (1772-72) и Хју (1776-93). Последниот од нив починал од црвена треска, додека бил студент на Христовиот колеџ, Кембриџ. Кога не бил на море, Кук живеел во источниот дел на Лондон. Кук нема познати директни потомци - сите негови познати деца починале пред да имаат деца.[24]

Места наречени по Кук

[уреди | уреди извор]
Човек од Сендвичките Острови со маска, гравура според Џон Вебер, Лондон, Англија, околу 1784

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • Капетан Кук е историска опера во три чина на Сендс Форман (либрето) и Ное Брандт (музика) објавена во 1893 година.
  • Новите патувања на Капетан Кук[25], е есеј на Жан-Макс Албер, Пјер Ориол, Жоел Капела Ларде, кој ги спојува различните графички претстави поврзани со патувањата на Капетанот Кук. Картографија, ботаника, пејзаж, фигура, според океанската уметност, западна гравура од 18 век и нивните современи толкувања.
  • Во 1987 година, патувањата на Џејмс Кук биле претставени во австралиско-германскиот филм под наслов Капетан Џејмс Кук[26].
  • Холандската писателка Ана Енквист во 2005 година објавила историски роман посветен на животот на Кук раскажан од аспект на неговата сопруга, под наслов Враќање.[27]
  • творецот на серијата Ѕвездени патеки, Џин Родендери бил инспириран од Џејмс Кук за да го создаде ликот на Џејмс Т. Кирк.
  • Роман за првата експедиција на Кук: Кон непознати земји, [Карен Хесе], 2002 година[28].

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Beaglehole, J.C., уред. (1968). The Journals of Captain James Cook on His Voyages of Discovery. I: The Voyage of the Endeavour 1768–1771. Cambridge University Press. OCLC 223185477.
  • Beaglehole, John Cawte (1974). The Life of Captain James Cook. A & C Black. ISBN 0-7136-1382-3.
  • Collingridge, Vanessa (2003). Captain Cook: The Life, Death and Legacy of History's Greatest Explorer. Ebury Press. ISBN 0-09-188898-0.
  • Fernandez-Armesto, Felipe (2006). Pathfinders: A Global History of Exploration. W.W. Norton & Company. ISBN 0-393-06259-7.
  • Fisher, Robin (1979). Captain James Cook and his times. Taylor & Francis. ISBN 978-0-7099-0050-4.
  • Hayes, Derek (1999). Historical Atlas of the Pacific Northwest: Maps of exploration and Discovery. Sasquatch Books. ISBN 1-57061-215-3.
  • Horwitz, Tony (October 2003). Blue Latitudes: Boldly Going Where Captain Cook Has Gone Before. Bloomsbury. ISBN 0-7475-6455-8.
  • Hough, Richard (1994). Captain James Cook. Hodder and Stoughton. ISBN 0-340-82556-1.
  • Kemp, Peter; Dear, I. C. B. (2005). The Oxford Companion to Ships and the Sea. OUP. ISBN 978-0-19-860616-1.
  • Kippis, Andrew (1788). Narrative of the voyages round the world, performed by Captain James Cook; with an account of his life during the previous and intervening periods. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2018-02-18.
  • McLynn, Frank (2011). Captain Cook: Master of the Seas. Yale University Press. ISBN 978-0-300-11421-8.
  • Moorehead, Alan (1966). Fatal Impact: An Account of the Invasion of the South Pacific, 1767–1840. H Hamilton. ISBN 0-241-90757-8.
  • Obeyesekere, Gananath (1992). The Apotheosis of Captain Cook: European Mythmaking in the Pacific. Princeton University Press. ISBN 0-691-05752-4.
  • Obeyesekere, Gananath (1997). The Apotheosis of Captain Cook: European Mythmaking in the Pacific. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-05752-1. With new preface and afterword replying to criticism from Sahlins
  • Rigby, Nigel; van der Merwe, Pieter (2002). Captain Cook in the Pacific. National Maritime Museum, London UK. ISBN 0-948065-43-5.
  • Robson, John (2004). The Captain Cook Encyclopædia. Random House Australia. ISBN 0-7593-1011-4.
  • Robson, John (2009). Captain Cook's War and Peace: The Royal Navy Years 1755–1768. University of New South Wales Press. ISBN 9781742231099.
  • Sahlins, Marshall David (1985). Islands of history. University of Chicago Press. ISBN 978-0-226-73358-6.
  • Sahlins, Marshall David (1995). How "Natives" Think: About Captain Cook, for example. University of Chicago Press. ISBN 978-0-226-73368-5.
  • Sidney, John Baker (1981). The Australian Language: An Examination of the English Language and English Speech as Used in Australia, from Convict Days to the Present. Melbourne: Sun Books. ISBN 978-0-7251-0382-8.
  • Stamp, Tom and Cordelia (1978). James Cook Maritime Scientist. Whitby: Caedmon of Whitby Press. ISBN 0-905355-04-0.
  • Sykes, Bryan (2001). The Seven Daughters of Eve. Norton Publishing: New York City and London. ISBN 0-393-02018-5.
  • Wagner, A. R. (1972). Historic Heraldry of Britain. London: Phillimore & Co Ltd. ISBN 978-0-85033-022-9.
  • Wharton, W. J. L. (1893). Captain Cook's Journal during his first voyage round the world made in H.M. Bark "Endeavour" 1768–71. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2018-02-18.
  1. Zachary Kent, James Cook, Childrens Press, 1991, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article125 .
  2. John Robson, Captain Cook's War and Peace. The Royal Navy Years 1755-1768, University of New South Wales Press, 2009, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article2 .
  3. Voir page XIII (Introduction: Life of James Cook) The Voyages of Captain James Cook, James Cook (avec la contribution de William Smith), Oxford University, 1842.
  4. G. Williams (2002).
  5. 5,0 5,1 Frank., McLynn (2011). Captain Cook : master of the seas. New Haven: Yale University Press. ISBN 9780300114218. OCLC 659413198.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 1922-1999., Hough, Richard (2003). Captain James Cook. London: Coronet. ISBN 0340825561. OCLC 51106748.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Vanessa., Collingridge ((2003 [printing])). Captain Cook : the life, death and legacy of history's greatest explorer. London: Ebury. ISBN 0091888980. OCLC 50999861. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. 8,0 8,1 1922-1999, Hough, Richard. Captain James Cook (First American. изд.). New York. ISBN 0393315193. OCLC 31206583.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  9. "The Sydney Morning Herald". The Sydney Morning Herald. National Library of Australia. 2 May 1931.
  10. "Secret Instructions to Captain Cook, 30 June 1768"(PDF). National Archives of Australia.
  11. "Captain Cook: Obsession & Discovery. (Part 2 of 4) – Britain on DocuWatch – free streaming British history documentaries". 2011.
  12. 12,0 12,1 Williams, Glyn (17 февруариy 2011). "Captain Cook: Explorer, Navigator and Pioneer". BBC.
  13. 13,0 13,1 Cawte), Beaglehole, J. C. (John (1974). The life of Captain James Cook. London: A. and C. Black. ISBN 0713613823. OCLC 3121392.
  14. Nigel., Rigby; Britain), National Maritime Museum (Great (2002). Captain Cook in the Pacific. London: National Maritime Museum. ISBN 0948065435. OCLC 51640640.
  15. 1944-, Fish, Shirley (2011). The Manila-Acapulco galleons : the treasure ships of the Pacific : with an annotated list of the transpacific galleons, 1565-1815. Central Milton Keynes, UK: AuthorHouse. ISBN 9781456775438. OCLC 726821834.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  16. 1947-, Hayes, Derek (1999). Historical atlas of the Pacific Northwest : maps of exploration and discovery : British Columbia, Washington, Oregon, Alaska, Yukon. Seattle: Sasquatch Books. ISBN 1570612153. OCLC 40813256.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  17. Williams, Glyn (17 февруариy 2011). "Captain Cook: Explorer, Navigator and Pioneer". BBC
  18. 18,0 18,1 Gananath., Obeyesekere (1997). The apotheosis of Captain Cook : European mythmaking in the Pacific. Princeton, N.J.: Princeton University Press. ISBN 0691057524. OCLC 38518743.
  19. 1930-, Sahlins, Marshall (1985). Islands of history. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 9780226733586. OCLC 10996810.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  20. "The Death of Captain James Cook, 14 февруариy 1779 – National Maritime Museum". National Maritime Museum. Retrieved 11 July 2012.
  21. "Better Conceiv'd than Describ'd: the life and times of Captain James King (1750-84), Captain Cook's Friend and Colleague. Steve Ragnall. 2013". The Captain Cook Society (CCS).
  22. "Famous 18th century people in Barking and Dagenham: James Cook and Dick Turpin" (PDF). London Borough of Barking and Dagenham. Archived from the original (PDF) on 5 June 2012. Retrieved 5 March2013.
  23. 1949-, Robson, John (2009). Captain Cook's war and peace : the Royal Navy years. Sydney: UNSW Press. ISBN 9781742231099. OCLC 406335346.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  24. Tom., Stamp (1978). James Cook, maritime scientist. Whitby: Caedmon of Whitby Press. ISBN 0905355040. OCLC 4113013.
  25. Jean-Max. „Jean-Max Albert /Ecrit / Les Nouveaux Voyages du Capitaine Cook“. jeanmaxalbert.eu. Посетено на 2018-02-18.[мртва врска]
  26. Michell, Keith; Gregg, John; Hallhuber, Erich, Captain James Cook, Посетено на 2018-02-18
  27. 1945-, Enquist, Anna (2005). De thuiskomst : roman. Amsterdam: Arbeiderspers. ISBN 9789029562584. OCLC 902341019.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  28. Vers des terres inconnues, [Karen Hesse], Gallimard Jeunesse, 2002.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Биографски лексикон

[уреди | уреди извор]
  • „Cook, James (1728–1779)“. Australian Dictionary of Biography (online. изд.). National Centre of Biography, Australian National University. 1966. Посетено на 8 January 2016.

Дневници

[уреди | уреди извор]