Прејди на содржината

Second Life

Од Википедија — слободната енциклопедија

Second Life (скратено SL) претставува Интернет виртуелен свет кој привлекува меѓународно внимание во медиумите кон крајот на 2006 година и почетокот на 2007.[1][2] Развиен од страна на Linden Lab, кодот на клиентскиот програм им овозможува на своите корисници, наречени "Граѓани", да имаат интерактивни дејства меѓу себе преку подвижни аватари. На овој начин дадени се на располагање напредни социјални мрежни услуги комбинирани со општите аспекти на метаверз. Граѓаните можат да вршат истражување, да се среќаваат со другите Граѓани, да се социјализираат, да земаат учество во индивидулани или групни активности, да создаваат и тргуваат со добра (виртуелни добра) и да даваат услуги едни на други.

Second Life е еден од неколкуте виртуелни светови кои се инспирирани од cyberpunk движењето, посебно од новелата на Нил Стефенсон, Snow Crash. Прокламираната цел на Linden Lab е да создава свет каков што е Метаверз опишан од Стефенсон, универзален (свет) создаден од корисниците во кој луѓето можат да имаат взаемна интеракција, да се играат, да работат и секако да комуницираат.[3] Паричната виртуелна единица на Second Life е Линденски долар (Линден, или L$) и може да се размени со US долари. Размената се врши во заедничкиот пазарот на граѓаните и компаниите од реалниот живот.

Иако Second Life понекогаш се категоризира како игра, таму нема бодови, резултати, победници или губитници, како ни стратегии, или било која позната одлика на игрите. Речиси 5 милиони кориснички имиња се регистрирани, многу од нив не се активни, а некои Граѓани имаат повеќе кориснички имиња. Некои пандани на Second Life се Active Worlds, There, и најновите Entropia Universe, Dotsoul Cyberpark, Red Light Center, и Kaneva.

Историја

[уреди | уреди извор]

Second Life е создадена од компанијата Linden Lab.[4] Почетната, алфа тест верзија, наречена LindenWorld, била создадена во 2002,[5] а бета верзијата била објавена во јавност 2003 година.[6] Бета верзиите имаат различен економски фокус од тековните верзии на Second Life; Линден доларите многу полесно се добивале, и не можеле да се разменат за реални пари, а месечната членарина не се зголемувала со зголемувањето на земјишниот посед со кои располагале Граѓаните.

Некои позначајни датуми за Second Life се:

Анализата на економијата на Second Life пред декември 2006, објавена во Гардијан, вели дека бројот на активни Граѓани бил околу 100,000, а степенот на откажување бил околу 85%.[12] Second Life статистиката покажува дека 144,108 потрошувачи тргуваат во виртуелниот свет, податок од декември 2006.[13]

Во февруари 2007, бројот на online Граѓани е помеѓу 17,000 (околу 10 часот UTC) и 35,000 (околу 22 часот UTC).[се бара извор]

Својства на виртуелниот свет

[уреди | уреди извор]
Пример на аватар во Second Life: појава на машка личност со црни крилја.

Граѓани се корисници на Second Life, преку нивните појави - аватари (честопати скратено именувани како ави). Аватарот има основен човечки облик, може да биде машко или женско, може да има најразлични физички одлики, може да биде облекуван или на друг начин обликуван со цел да се продуцира широк спектар на хуманоидни и други форми. Една личност може да има повеќе кориснички имиња, ваквите личности се нарекуваат мултипл Граѓани (корисничките имиња на личноста се означуваат како alts). Но, за користење на дополнителни кориснички имиња потребно е Граѓанинот да се регистрира и за тоа да плати одреден надомест. Исто така, појавата на некој Граѓанин во Second Life може драматично да варира по желба на корисникот, бидејќи аватарите лесно се модификуваат.

Комуникација и транспорт

[уреди | уреди извор]

Во Second Life постојат два метода за комуникација со помош на пишување на текст: локален чет и глобални "инстант пораки" (познати како IM). Четирањето се користи за локална комуникација помеѓу два или повеќе аватара, и може да се „слушне“ во полупречник од околу 20 м. Аватарите исто така може да „викаат“ (се слушаат на околу 100 м далечина) или да „шепотат“ (се слушаат на околу 10 м далечина). IM се користи за приватен разговор, помеѓу два аватара или помеѓу членови на одредена група. За разлика од четувањето, IM комуникацијата може да се одвива без разлика на оддалеченоста на аватарите.

Основен метод на движење е пешачењето. За побрзо патување, аватарите исто така можат да летаат на околу 170m над површината (што значи 270m ако основната површина е на 100m, 180m ако основната површина е на 10m), без употреба на додатна опрема, додека со одредени додатоци речиси нема граници колку високо аватарите може да летаат (но најверојатно на неколку стотини метри, рендерирањето на аватарот почнува да е проблематично).[се бара извор]

Аватарите исто така можат да возат некои возила, многу возила се на располагање; од основни go-kart содржани во објектните библиотеки до специјално направени возила од страна на Граѓаните кои може да се добијат бесплатно или пак да се купат. Тука спаќаат хеликоптерите, подморниците или балоните.[се бара извор] Воздушните направи можат да летаат највисоко до 4096 m височина (максималната височина допуштена за било кој објект).[се бара извор]

За инстантно патување, аватарите можат да се користат со телепортирање (скратено "TP" или "tp") директно до одредена локација. Аватарот може да ја маркира моментната позиција (landmark, или LM) а подоцна да се врати на неа во било кое време, или да даде копија на обележаната позиција на некој друг аватар.

Постојат некои надворешни мрежни места кои им овозможуваат на Граѓаните да се лоцираат меѓу себе надвор од виртуелниот свет, додека пак SLurl.com овозможува надворешна врска на Second Life Светска карта со локации во-светот.

Економија и недвижности

[уреди | уреди извор]
Мапа на главната земја во март 2007.

Second Life има своја економија и парична единица која се нарекува Линден долар (L$). Курсот на Линден доларот често се променуваше, но од февруари 2007 година курсот се стабилизираше и изнесува 270 L$ за еден американски долар.[14]

Граѓаните можат да создаваат нови добра и услуги, можат да купуваат и продаваат во Second Life виртуелниот свет. Исто така постојат менувачници каде Граѓаните можат да ги заменат US$ или било која друга парична единица за L$. Овие менувачници функционираат независно на отворениот финансиски пазар, освен кога Linden Lab интервенира со откуп или продажба на Линден долари со цел да го задржи стабилен курсот на Линден доларот. Мал процент од Граѓаните имаат и приходи од оваа економија, почнувајќи од неколку стотини US$ месечно. Поголем процент успеваат да ги покријат своите трошоци во виртуелниот свет. Паричната единица привлекува внимание во економските кругови во поглед на можноста за воведување на даноци.[15]

Премиум челеновите можат да поседуваат земјиште (до 512 m² без дополнителни давачки). За поседување на поголеми површини земјиште потребно е да се платат дополнителни давачки (кои Linden Lab ги нарекива "tier") почнувајќи од US$5 месечно до US$295 месечно на приватни острови.[16][17] Linden Lab практикува да ја намали цената за новите Граѓани на малите парцели 512 m² (т.е. 16 х 32 метри) согласно нивната програма за Почетна парцела, но оваа програма престана да се применува на 20 февруари 2007 бидејќи земјиштето честопати беше брзо препродавано со цел остварување на профит отколку да биде задржано од страна на Граѓанинот.[18] Исто така се продаваат парцели од 16 акри (65536 m2). Откако Граѓанинот ќе купи земјиште тој може да го продаде или да го користи за било која намена. Единствен исклучок на ова правило е земјиштето купено на "приватните симулатори" или "приватните острови", кое е управувано од Граѓаните а не од Linden Labs. Овие приватни острови имаат таканаречени конвенанти кои можат да извршат ограничување на начинот на користење на земјиштето, како што е на пример забрана на комерцијални активности, или продажба на истото.

Директорот на BlackTrend', Енрико Галингани, го искористи зборот Мета Економија на една конференција во врска со Виртуелните Светови за да ја означи растечката економија во Метаверз-от на Second Life со потенцијал на нови маркетиншки алатки и бизнис модели.

Создавање и авторски права

[уреди | уреди извор]
Креативност во Second Life: Linden Галерија на Граѓанска уметност.

Една од битните одлики на Second Life е таа дека Граѓаните, а не Linden Lab, го создаваат поголемиот дел од содржината на светот.

Постојат 3D алатки за моделирање во Second Life кои на било кој Граѓани со соодветни вештини му овозможуваат да изгради виртуелни зданија, предели, возила, мебел, како и други машини, со кои може да тргува или да ги продава. Ова е основен извор на активност во економијата. Надвор од Second Life, Граѓаните може да се користат со различни алатки во областа на графиката, анимацијата, звукот и сл. за да создаваат пософистицирани целини, кои можат да ги префрлат во виртуелниот свет. Кога создавањето ќе се најде во светот на Second Life, системот се грижи да помогне околу заштитата на ексклузивните права на творецот.

Second Life во себе исто така содржи и Програмски јазик наречен Linden Скриптен јазик, или LSL. Овој јазик се користи за додавање на автономни својства на повеќето од објектите во Second Life, како што се врати кои отвораат кога тоа ќе биде побарано. LSL се користи за создавање на релативно напредни системи, како што е експериментот за вештачки живот на островот Svarga, каде комплетниот еколошки систем функционира автономно (вклучувајќи ги облаците, дождот, сонцето, пчелите, птиците, дрвјата и цвеќињата).[19]

Граѓанинот кој создал нешто и Граѓанинот кој поседува нешто имаат одредени права, кои на некој начин се симулација на авторските птава во реалниот свет. творецот на некој објект (нешто) може да стави ознака "no copy", што значи дека не може да се направи копија на објектот од страна на другите граѓани, "no mod" - значи дека останатите корисници (освен творецот) на објектот не можат да ги модификуваат одликите на објектот, "no trans" - значи дека тековниот сопственик на објектот не може да го пренесе објектот во сопственост на друг Граѓанин.

Постојат и свирки во живо во Second Life, во смисла на тоа дека вокалната и инструменталната музика од страна на Граѓаните на Second Life се емитува од нивните домови или студија. Пример се пее на микрофон, се качува (uploaded) на аудио стрим, па се пушта во светот на задоволствона другите граѓани. Прв ваков настан бил настапот на извесен Astrin Few во мај 2004 година[20] и станува попоуларно во средината на 2005. Така на пример бендот од Обединетото Кралство, Passenger, имал настап во живо на Menorca Island во средината на 2006 година.[21] Linden Lab додаде нова категорија "Live Music" во март 2006 со цел полесно следење на зголемениот број на ваквии настани.[22]

Образование во Second Life

[уреди | уреди извор]

Second Life во последно време станува една од најсовремените виртуелни училници на главните колеџи и универзитети, вклучувајќи го тука Харвард, Пепердајн, Бал Стејт, Универзитетот Њујорк, Делф Технолошкиот Универзитет[23] и AFEKA Tel-Aviv Academic College of Engineering Архивирано на 28 мај 2007 г..[24] Second Life овозможува пријатна атмосфера за администраторите за одржување на online часови и проекти, продавајќи повеќе од 100 острови за образовна намена, според статијата во New York Times.[25] Во статијата се цитира Ребека Несон, инструктор на Харвард, при што нејзините предавања од областа на Правото се пренесуваат во Second Life во втората половина на 2006. "Нормално, без разлика колку и да се добри предавањата на далечина, сѐ уште постои дистанца помеѓу вас и студентите," вели таа. "Second Life навистина го премостува тој јаз. Имаме повеќе време кое го поминуваме заедно надвор од типичните предавања." Џо Санчес, истражувач од Универзитетот во Тексас во Остин, направил евалуација на користењето на Second Life во образованието и во својата интерактивна квалитативна анализа, понашол дека откако студентите ќе ги надминат техничките потешкотии и потешкотиите со користење на корисничкиот посредник на Second Life, тие "покажуваат склоност кон заеднички активности за учење и откриваат дека е задоволство интерактивно да се комуницира со останатите аватари додека се учи.".[26]

Можно е, и вообичаено, да се пристапи на Second Life бесплатно. Многу активнсоти во Second Life се бесплатни, но некои имаат своја цена, која се наплаќа во Линден долари (види Економија и недвижности). Пример, добрата и услугите можат да бидат наплатени од страна на другите Граѓани - овие плаќања не се дефинирани од Linden Lab, па така не се вклучени во цената на членарината, но се дел од економијата во Second Life. Постојат два вида на кориснички имиња во Second Life: "основни кориснички имиња" и "премиум кориснички имиња". За основните кориснички имиња не е потребно да се плати, но со нив не може да се поседува земјиште во Second Life. Од февруари 2007, цената за премиум корисничко име изнесува $9.95 месечно, со можност да се намали на $6.00 месечно ако членарината се плати авансно за една година.[27] Премиум корисничките имиња добиваат седмична стипендија (се исплаќа во Линден долари) која на некој начин ги покрива трошоците за членарина. Стипендијата со текот на времето се намалува, од февруари 2007 година, таа изнесува околу L$300 неделно.[28][29] Основните кориснички имиња кои се регистрирани пред 29 мај 2006 добиваат стипендија од L$50 за секоја седмица во која се логирале во Second Life, но нема стипендија за основните кориснички имиња кои се регистрирани после тоа.[30]

Младинска Second Life мрежа

[уреди | уреди извор]

Младинската Second life мрежа (англиски: Teen Second Life) e посебна мрежа (свет) од Главната мрежа, младинската мрежа беше развиена во почетокот на 2005 година со цел да им овозможи на младите луѓе на возраст од 13-17 да се играат во Second Life. Важно е да се напомене дека не е допуштена комуникација помеѓу Младинската мрежа и Главната мрежа. Во почетокот Младинската мрежа била отворена само во текот на работното време, но од први јануари 2006 година малдинската мрежа е отворена 24/7 за сите нејзини граѓани.

  1. Sege, Irene (25 октомври 2006). „Leading a double life“. The Boston Globe. Посетено на 2007-02-15.
  2. Harkin, James (17 ноември 2006). „Get a (second) life“. Financial Times. Посетено на 2007-02-15.
  3. „The king of alter egos is surprisingly humble guy“. USA Today. Посетено на 2007-02-20.
  4. „Grid“. Second Life History Wiki. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 2006-11-14.
  5. „LindenWorld Early Creator Program“. Linden Lab. Архивирано од изворникот на 2002-10-10. Посетено на 2007-01-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. Parker, Sam (June 23, 2003). „Second Life goes live“. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2007-03-06. Посетено на 2006-11-14.
  7. Linden, Pathfinder (18 октомври 2006). „When *precisely* did we hit 1 million Residents?“. Linden Lab. Посетено на 2006-11-14.
  8. Terdiman, Daniel (14 декември 2006). 'Second Life' hits second million in eight weeks“. Cnet News. Посетено на 2006-12-14.
  9. Linden, Pathfinder (December 29, 2006). „A Concurrency of 20,000 - Grid Status Update“. Linden Lab. Посетено на 2007-01-01.
  10. Nino, Tateru (January 28, 2007). „Second Life signups pass three million“. Second Life Insider. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 2007-02-15.
  11. Tateru Nino (February 24, 2007). „Today in Second Life - Saturday 24 февруари 2007“. Second Life Insider. Архивирано од изворникот на 2007-06-26. Посетено на 2007-02-26.
  12. Johnson, Bobbie (21 декември 2006). „Are there really two million people using Second Life?“. The Guardian. Посетено на 2006-12-21.
  13. „Економска статистика“. Linden Lab. 2006-01-05. Посетено на 2006-01-07.
  14. „LindeX Market Data“. Linden Lab. 2007-02-22. Посетено на 2007-02-22.
  15. Thompson, Clive (2006-12-18). „The Virtual Taxman Cometh“. Wired News. Посетено на 2007-01-07.
  16. „Land Pricing & Use Fees“. Linden Lab. Посетено на 2006-11-24.
  17. „Land: Islands“. Linden Lab. Архивирано од изворникот на 2006-12-05. Посетено на 2006-11-24.
  18. Linden, Jack (2007-02-20). „First Land program to end“. Linden Lab. Посетено на 2007-02-21.
  19. „New World Notes: GOD GAME“. Посетено на 2007-03-03.
  20. „SL музика во живо: МузичаритеThe Musicians“. Архивирано од изворникот на 2007-02-16. Посетено на 2006-12-27.
  21. „Metaverse Messenger: Tuesday, [[August 9]] 2006“ (PDF). Metaverse Messenger. August 9, 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-01-16. Посетено на 2006-11-25. URL–wikilink conflict (help)
  22. „Version 1.9, Build 18: Other Changes“. SL History Wiki. Архивирано од изворникот на 2007-03-02. Посетено на 2006-11-25.
  23. van Dijk, Tomas (2007-02-22). „TU koopt grond in Second Life (Dutch)“. Delta. Архивирано од изворникот на 2007-03-07. Посетено на 2007-02-24.
  24. Natan, Leo (2007-03-19). „Center for Internet, Metaverse and Society“. Архивирано од изворникот на 2007-03-25. Посетено на 2007-03-19.
  25. Lagorio, Christine (2007-01-07). „The Ultimate Distance Learning“. New York Times. Посетено на 2007-02-14.
  26. Sanchez, Joe (2007-03-07). „Second Life an Interactive Qualitative Analysis“. Посетено на 2007-03-07.[мртва врска]
  27. „Membership Plans“. Linden Lab. Посетено на 2006-11-24.
  28. Philip Rosedale (July 17, 2006). „Linden Dollar Economy Announcement“. Посетено на 2006-11-24.
  29. Linden, Robin (October 15, 2006). „SL Economy - Stipend change for new accounts“. Посетено на 2006-11-24.
  30. Linden, Robin (May 26, 2006). „Change to Stipend Policy“. Архивирано од изворникот на 2006-12-07. Посетено на 2006-11-24.
  • Second Life – Официјално мрежно место
  • Linden Lab – Корпоративно мрежно место

Аудио и видео

[уреди | уреди извор]

Second Life блогови

[уреди | уреди извор]