Active Worlds
Active Worlds | |
---|---|
Изработувач(и) | Active Worlds |
Издавач(и) | Active Worlds |
Дизајнер(и) | Active Worlds, User-generated content |
Погон | Renderware |
Последна верзија | 4.1 (Build 969) |
Подлоги | Прелистувач: Windows; World server/SDK: Windows, Linux; |
Датум на издавање | 1995 (бета), 1997 (public release) |
Жанр(ови) | Online 3D Виртуелна Реалност |
Режим(и) | Графички чет & Building Interface |
Медиум | Available for download |
Побарувања | 300 MHz CPU, 128mb+ RAM, Windows 98, Me, 2000, or XP, Direct X 8.1 or later, Windows Media Player 6.4 or later, 3D acceleration (64mb+ Video RAM recommended) |
Active Worlds (AW) е 3D виртуелна реалност. Active Worlds прелистувачот работи подWindows оперативниот систем, како и на повеќето денешни компјутери. На корисниците им се доделува единствено корисничко име, со кое се најавуваат во Active Worlds виртуелниот универзум. Таму тие имаат можност да истражуваат 3D светови и околини кои другите корисници ги имаат создадено. Корисниците можат да разговараат меѓусебе или да градат структури со селектирање на однапред предефинирани објекти. Active Worlds им овозможува на корисниците да поседуваат свои светови. Прелистувачот има прелистувачки својства, гласовен разговор, и основните инстант пораки. Овој интегриран софтвер им овозможува на корисниците да се поврзуваат, истражуваат и да се стекнуваат со искуства во 3D моделирањето. Компаниите и другите образовни клиенти, можат Active Worlds да го користат за интеракција, комуникација и мултимедја околина за остварување на своите цели.
Оригинално целта на програмот била да биде 3D еквивалент на 2D прелистувачите (како што е Internet Explorer или Mozilla). Наместо да создаваат мрежно место, корсиниците создаваат канцеларија, зграда или простор во кој можат да ги прикажат своите производи или информации. Во најновата верзија 4.1 издадена на 30 Мај, 2006, има вградено многу нови својства кои им овозможуваат на корисниците да имаат далеку поголема интеракција со околината отколку во претходните верзии.
Главни својства
[уреди | уреди извор]Градење
[уреди | уреди извор]Можноста за градење им озвомзожува на корисниците да ја обликуваат својата околина. Пример, корисникот може да дефинира подрачје на кое ќе гради, а потоа да почне да гради. Може да додава прозорци, врати, друг мебел, пејзажи, и сл. Active Worlds поддржува објекти наречени RenderWare скрипти RWX (односно RW3+ бинарен еквивалент DFF) и COB - trueSpace објекти. Градителите мора да работат со објектите кои се на располагање или можат слични да купат во приватниот свет.
Туристите можат исто така што градат, но нивните градби можат да бидат избришани од било кого. Никому не е дозволено да "заземе" која му припаѓа на некој друг корисник. Граѓаните кои сакаат да градат заеднички можат да ја споделат нивната "привилигирана лозинка". На овој начин било која граѓанин кој ја знае привилегираната лозинка може да ги модификува градбиет.. Секоја промена се ажурира и се знае кој крисник ги направил промените.
Градењето во Active Worlds се изведува со помош на тастатура и глушец. Сите градби се конструирани со помош на копија на предефинирани објекти., соодветно аранжирани. На некој начин, тоа е многу слично со сложување на виртуелни Лего коцки. Селекција на објектот се врши со десен клик при што се овора дијалог прозорецот со "својствата на објектот". Селектираниот објект може да се движи лево/десно, горе/долу или напред/назад. Исто така може да се ротира околу трите оски, yaw (Y), pitch (Z) и roll (X). Може да се направи дупликат на објектот и копија од него да биде поместена надруга локација. Исто така објектот може да се трансформира во некој друг објект, со впишување на името на објектот во кој сакаме да ја извршиме транформацијата. Пример може да се изврши трансформација на објектот tree03.rwx во rock10.rwx со селектирање на објектот и впишување "rock10.rwx" во називот на објектот. Новиот објект може да се ротира околу своите оски или да се изври скалирање на неговите димензии. Генерално ова е начинот на манипулација со објектите.
Постојат и напредни ефекти до кои може да се дојде преку користењето на т.н. "акции". Постојат и дузина на команди кои можат да се применат врз објектите. Една од најупотребуваниет е "texture", со помош на која се менува текстурата на објектот. Во суштина, командите претставуваат примитивен скриптен јазик кој овозможува да се менуваат објектите, нивната форма и слично. Да рефлектираат или емитираат светлина и сл.
Можно е дури да се напишат едноставни игри во овој јазик. Меѓутоа, на скриптниот јазик му недостасуваат условните команди и променливи. Можно е да се симулираат овие команди со користење на напредните својства на командата "animate", но тоа бара поседување на напредни вештини.
Некои градители имаат создадено комплексни околини. Некои од нив, пример SW City, се со енормна големина. SW City, е заедничка градба која започнала во 1999, во неа биле инволвирани стотици градители, се протега на околу 150 квадратни километри од виртуелната територија. најсофистицираните градби ги има во Alpha World.
Јавно изградените светови се главни атракции во Active Worlds. Јавно изградените светови, како што се "Alphaworld" или "AWTeen", се пространи и скапи светови кои овозможуваат на било кој граѓанин (а во некои случаи и на туристите) да градат по своја желба, каде што граница е само имагинацијата. Јавно изградените светови се посетени во текот на целиот ден и константно се на врвот на интересот на корисниците. Не сметајќи ја стандардната членарина на граѓаните, нема дополнителни трошоци за градење во овие светови. Повеќето јавно изградени светови се во сопственост и се управувани од Activeworlds, Incorporated.
Градењето во јавно изградени светови е различно од градењето во оние кои се во приватна сопственост. Пости множество на објекти, или список на објекти кои може да се користат во световите, како и множество на текстури. Градителите во приватните светови ја имаат таа предност да можат да вчитуваат објекти од други програми директно во нивните светови без да се грижат да не прекршат некои правила. Со исклучок на AWTeen, повеќето светови во сопственост на Activeworlds, Inc. содржат објекти кои ретко се менуваат.
Некои јавно изградени светови претставуваат тематски светови, со свои множества на објекти. Овие тематски светови се со големина од p1000 (1000 координати од нултата точка во правците N/S/E/W.) и најчесто се ненаселени. Еве примери на некои светови:
- Mars Архивирано на 24 август 2007 г., тематски свет за футуристичка верзија на Марс,
- COFMeta Архивирано на 12 август 2007 г., свет заснован на книгата Snow Crash
- Yellow Архивирано на 24 август 2007 г., свет поврзан со Yellowstone Park
- Atlantis Архивирано на 12 август 2007 г., an oceanic building world.
Разговор
[уреди | уреди извор]Комуникацијата во Active Worlds се одвива на околу 200 метри растојание со другите учесници во подрачјата во кои е дозволен чет. Корисниците исто така можат да комуницираат со телеграми, со помош на кои можат да комуницираат без ограничување во поглед на растојанието. Телеграмите се приватни (со исклучок на администраторските).
Патување
[уреди | уреди извор]Патувањето е посебно доживување, бидејќи Active Worlds има над 700 светови. Некои светови, се енормно големи со десетици и стотици градби. Најголемиот свет Alphaworld, е со површина поголема од Калифорнија. Со цел да се олесни патувањето низ овие светови Active Worlds нуди можност за брзо телепортирање до специфицирана локација.
Ботови / Active Worlds SDK
[уреди | уреди извор]Ботовите се апликации развиени со помош на Active Worlds SDK. Некои од овие апликации се развиени со цел да им овозможат на корисниците да автоматизираат некои едноставни работи, како што се: чет разговори, давање дополнителни информации, управување со сопственоста на објектите и сл. Со помош на овој сосфтвер можат исто така што се развиваат и игри, да се одржуваат бази на податоци или автоматски да се пребаруваат световите, да се создаваат форми на вештачка интелегенција и сл.
Туристи, граѓани и сопственици на светови
[уреди | уреди извор]Во Active Worlds постојат два начина за да се членува: слободно - туристи или платено - граѓани. Туристите имаат некои ограничувања. Граѓаните треба да платат цена од 6.95USD месечно или 69.5USD годишно. Како граѓанин имате поголеми слободи при користењето на софтверот. Дополнително граѓаните на Active Worlds имаат можност да градат и поседуваат свои светови.
Туристи
[уреди | уреди извор]Туристите имаат некои ограничувања како што се:
- Туристите не можат да имаат единствено име, со секое најавување потребно е да се избере име.
- Туристите имаат само две опции за избор на аватар, машко / женско.
- Во чет, текстот на туристите е блед за разлика од оној на граѓаните кој е со јасна црна боја. Името на туристот се појавува во наводници.
- Било што што е изградено од страна на туристот може да биде избришано или променето од другите туристи. Меѓутоа, граѓаните не можат да ги менуваат градбите на туристите.
- Туристите не можат да влезат во некои светови, а во некои можат да влезат но не можат да градат. Пример, најголемиот свет -AlphaWorld, во овој момент допушта влез на туристи но не им допушта да градат.
- Во говорниот чет, во световите каде што тоа е дозволено, туристите можат да го слушнат разговорот но не можат да разговараат.
Но има и одредени предности да се биде турист:
- Туристите можат да влезат во Active Worlds слободно во било кое време.
- Туристите можат да работат заедно на нивните градби.
Наводи
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- First Mention of AW: by Ron Britvich
- Mauz's Active Worlds History Архивирано на 13 август 2007 г.
- [1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјални страни
- Active Worlds официјално мрежно место
- Active Worlds форуми
- Active Worlds Wiki
- Active Worlds билтен – Месечен Active Worlds билтен