Свети Климент Охридски (о. 840 - 916) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизиранитеСловени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Главните извори за животот на Климент се два средновековни документи напишани на грчки јазик. Пораниот и подеталниот од двата документи е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084-1107). За Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината на исчезнатото Прво словенско житие, составено од климентовите следбеници и ученици веднаш по неговата смрт. Треба да се има предвид дека Теофилакт извршил адаптација на неговата содржина, согласно идеолошките и црковно-политичките интереси на Византија. (Дознајте повеќе...)
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба, ќерка на митскиот крал Тантал?
... дека градот Гелзенкирхен во Германија е привремено преименуван во „Свифткирхен“ во чест на концеритете на Тејлор Свифт во јули 2024 година?
... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците, чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“, во Охрид, Митрополитот Повардарски Господин Михаил, е избран за поглавар на Македонската православна црква, станувајќи Господин Господин Михаил.