Прејди на содржината

Самјуел Ето

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Самуел Ето)
Самуел Ето
Лични податоци
Полно име Самуел Ето Филс[1]
Роден на 10 март 1981(1981-03-10)(43 г.)
Роден во Дуала, Камерун[2]
Висина 1.80 м (5 ст 11 ин)[3][4][5]
Позиција Напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Анталијаспор
Број 9
Младинска кариера
1992–1996 Каџи Спорт Академија
1996–1997 Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–2000 Реал Мадрид 3 (0)
1997–1998Легањес (позејмен) 30 (4)
1999Еспањол (позејмен) 0 (0)
2000Мајорка (позејмен) 19 (6)
2000–2004 Мајорка 120 (48)
2004–2009 Барселона 145 (108)
2009–2011 Интер 67 (33)
2011–2013 Анжи Махачкала 53 (25)
2013–2014 Челси 21 (9)
2014–2015 Евертон 14 (3)
2015 Сампдорија 18 (2)
2015–2018 Анталијаспор 76 (44)
2018– Конјаспор 0 (0)
Репрезентација
2000 Камерун 23 6 (1)
1997–2014 Камерун 118 (56[6])
Тренер на екипи
2015–2016 Анталијаспор
* Ажурирано на: 31 January 2016

Самуел Ето (Англиски јазик:Samuel Eto'o) е камерунски фудбалер кој моментално настапува за турскиот клуб Анталијаспор. Тој е еден од најдобрите африкански фудбалери кој бил четири пати играч на годината во Африка, но и трет на списокот на ФИФА за најдобар играч на годината во 2005 година. Тој бил избран како трет играч на светот во 2005 година.

Ето постигнал повеќе од 100 голови во пет сезони за Барселона, но исто така тој е рекордер по брајот на настапи во Ла лига, како африкански фудбалер.[7] Во 2010 година тој станал прв играч кој ја освоил тројната круна, две години по ред, со Барселона и Интер. Тој е вториот играч во историјата кој постигнал два гола во две финалиња на Лигата на шампионите и четврти играч по Марсел Десаи, Пауло Соуса и Жерар Пике, кој ја освоил Лигата на шампионите две години по ред, со два различни тимови.[8]

Како член на камерунската фудбалска репрезентација, Ето бил дел од тимот кој ги освоил Летните олимписки игри 2000 година, на Олимписки турнир во фудбал. Тој, исто така, учествувал на четири Светски првенства и на шест Африкански првенства на нации (двапати е шампион) и е водечки стрелец во историјата на Африканскиот куп на нации, со 18 гола. Тој е, исто така и водечки стрелец на сите времиња за репрезентацијата на Камерун и трет по бројот на настапи.[6] , односно со 118 одиграни натпревари. На 27 август 2014 година објавил дека се пензионира од играњето во репрезентацијата. Во 2015 година, тој ја примил наградата Златна копачка. Во септември 2021 година, Самуел Ето, ја објави својата кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација (Фекафут).

  1. „Premier League Clubs submit Squad Lists“ (PDF). Premier League. 4 September 2013. стр. 8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-08. Посетено на 5 September 2013.
  2. „Samuel Eto'o Fils“. FC Internazionale Milano. Архивирано од изворникот на 2009-07-31. Посетено на 12 January 2009.
  3. <ref
  4. „Samuel Eto'o Fils“. fcbarcelona.cat.
  5. http://www.chelseafc.com/first-team/player/28608/title/samuel--eto'o
  6. 6,0 6,1 „Samuel Eto'o Fils - Century of International Appearances“. rsssf.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 3 June 2016.
  7. Phil Minshull (5 May 2008). „Eto'o sets La Liga record“. BBC Sport. Посетено на 5 May 2008.
  8. „FCBarcelona.cat“. fcbarcelona.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2017-06-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]