Гвинеја-Бисао
- Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Република Гвинеја-Бисао República da Guiné-Bissau (португалски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: португалски: "Unidade, Luta, Progresso" "Единство, Борба, Прогрес" |
||||||
Химна: Esta é a Nossa Pátria Bem Amada (португалски) Ова е нашата добро сакана татковина |
||||||
Главен град | Бисао 11°52′N 15°36′W / 11.867° СГШ; 15.600° ЗГД | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Признаени регионални јазици | креолски | |||||
Демоним | Бисаовец | |||||
Уредување | полупретседателска република | |||||
• | Претседател | Малам Бакаи Сања | ||||
• | Премиер | Карлос Гомес Џуниор | ||||
Независност | од Португалија | |||||
• | Објавена | 24 септември 1973 | ||||
• | Призната | 10 септември 1974 | ||||
• | Национален ден | 24 септември | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 36,125 км2 (136-та) | ||||
• | Вода (%) | 22.4 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 1.611.000[1] (148-ма) | ||||
• | Попис 2002 | 1.345.479 | ||||
• | Густина | 44.1 жит/км2 (154-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $848 милиони[2] | ||||
• | По жител | $486[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $461 милиони[2] | ||||
• | По жител | $264[2] | ||||
Џиниев коеф. (1993) | 47 висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.396[3] низок · 177ма |
|||||
Валута | Франк (XOF ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC+0) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .gw | |||||
Повик. бр. | 245 |
Гвинеја-Бисао или „Гвинеја-Бисау“ (португалски: Guiné-Bissau) или официјално Република Гвинеја-Бисао или Република Гвинеја-Бисау (República da Guiné-Bissau) е држава во Западна Африка. Државата се граничи со Сенегал на север и со Гвинеја на југ и исток. На запад, Гвинеја-Бисао излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град во државата е Бисао и службен јазик е португалскиот јазик.
Вкупната површина на Гвинеја-Бисао е 36.125 км2 со вкупно население од 1.611.000 жители. Порано државата била португалска колонија и била позната под името Португалска Гвинеја. Со независноста државата го прифатила името Гвинеја, но за да се разликува од соседната Гвинеја на своето име го додала името на главниот град. БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисао е едно од најниските во светот.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името на државата потекнува од името на регионот Гвинеја и од поранешното колониско име Португалска Гвинеја, додека соседната Република Гвинеја била позната како Француска Гвинеја. Со независноста на двете држави, Француска Гвинеја го променила името само во Гвинеја, додека помалата Португалска Гвинеја се преименувала во Гвинеја-Бисао за да се разликува од останатата. Често и Република Гвинеја се нарекува како Гвинеја-Конакри.
Историја
[уреди | уреди извор]За раната историја на Гвинеја-Бисао се знае многу малку, слично како и за историјата на Гвинеја. Она што е познато е дека кон 900 година, Гвинеја била вклулчена во составот на Ганската империја. Од 13 век до 16 век, Гвинеја била со составот на Царство Мали. Португалските трговци и истражувачи на нејзините брегови престигнале во периодот помеѓу 1460 и 1470 година. Нејзиното население главно било користено за трговија со робови, а земјата како подрачје за експлоатација на нејзините ресурси. Кон крајот на 19 век, Гвинеја била колонизирана од страна на Португалија, која тогаш била позната како Португалска Гвинеја, која административно припаѓала на Зелено’ртската република. Во текот на 1956 година, Амилкар Кабрал застанал на чело на народноослободителната војна. Во 1963 година војната продолжила под раководство на Африканската партија за независност на Гвинеја. Таа партија била силно поткрепена од страна на СССР, Кина и Куба. Земјата својата независност ја објавила на 24 септември 1973 година. Веќе следната година, Португалија ја признала независноста и ги повлекла својата војска. Во 1980 година бил извршен воен удар, и на чело на земјата застанал Жоао Бернардо Виера. Во 1984 година бил избран нов устав на земјата, а во 1991 година бил воведен повеќепартиски систем. Во 1999 година бил извршен повторно воен удар, и Виера бил отстранет од власта. Во следните неколку години се случиле повеќе вакви воени и државни удари, во кои Виера се враќал на васт, за последен пат во 2005 година. Во 2009 година тој бил убиен.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Гвинеја-Бисао е држава која се наоѓа во Западна Африка со главен град Бисао. Вкупната површина на државата е 36.125 км2. Највисока точка во државата изнесува 300 метри. Внатрешноста на земјата е савана додека крајбрежјето има блата. Поради блискоста до екваторот, климата во Гвинеја-Бисао е тропска со топли ветрови од Сахара. Гвинеја-Бисао на север се граничи со Сенегал, а на југ и исток со Гвинеја. На запад државата излегува на Атлантскиот Океан.
Покрај главниот град во Гвинеја-Бисао поголеми градови се и:
Градови во Гвинеја-Бисао | |||||
---|---|---|---|---|---|
Ранг | Град | Население | |||
1979 | 2005 | ||||
1 | Бисао | 109.214 | 388.028 | ||
2 | Бафата | 13.429 | 22.521 | ||
3 | Gabú | 7.803 | 14.430 | ||
4 | Бисора | н/п | 12.688 | ||
5 | Болама | 9.100 | 10.769 | ||
6 | Качеу | 7.600 | 10.490 | ||
7 | Бубаке | 8.400 | 9.941 | ||
8 | Катио | 5.170 | 9.898 | ||
9 | Мансоа | 5.390 | 7.821 | ||
10 | Буба | н/п | 7.779 | ||
11 | Кебо | н/п | 7.072 | ||
12 | Канчунго | 4.965 | 6.853 | ||
13 | Фарим | 4.468 | 6.792 | ||
14 | Кињамел | н/п | 3.128 | ||
15 | Фулакунда | н/п | 1.327 |
Политички систем
[уреди | уреди извор]Гвинеја-Бисао е република. До 1991 година владата била централизирана, но со реформите се вовел полиберален повеќепартиски систем. Претседателот е шеф на државата, додека премиерот е шеф на владата на Гвинеја-Бисао. Законодавно тело е еднодомен парламент наречен Национално народно собрание на Гвинеја-Бисао кое е составено од 100 пратенички места. Пратениците се избираат на избори за четиригодишен мандат. Уставно, судската власт е независна. Моментален претседател на Гвинеја-Бисао е Малам Бакај Сања.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Гвинеја-Бисао е поделена на 8 региони и еден автономен сектор. Овие се поделени на 37 сектори. Регионите се:
* автономен сектор |
Стопанство
[уреди | уреди извор]БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисао е едно од најниските во светот, како и индексот за човеков развој. Повеќе од две третини живеат во сиромаштија. Економијата зависи од земјоделството, рибиоловот. Најизвезувани производи се два видови на ореви. Поради долгиот нестабиле политички живот, економијата на Бисао е во незавидна положба.
Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]Населението на Гвинеја-Бисао е доста разновидно, со повеќе етнички групи и јазици, обичаи и традиции. Истото може да биде поделено на три големи етнички групи: фула и мандинка кои сочинуваат поголем дел од населението и живеат во северниот дел од земјата, потоа следат Баланта и Папел кои живеат во приморскиот регион и Манџако и Манкања кои живеат во северниот крајбрежен регион. Остатокот од населението се мешани луѓе на Португалци и месни жители.
Службен јазик во Гвинеја-Бисао е портуагалскиот јазик кој како мајчин јазик го зборуваат само 14% од населението. 44% од населението зборува Гвинејско-Бисаоски креолски јазик. Исто така во училиштата се учи и француски јазик поради околните франкофонски држави.
Низ скоро целиот 20 век најголема религија била локална религија, но скоро 40 до 50% од населението се Муслимани. 10% се Христијани и остатокот се припадници на локални религии. Сепак и Исламот и Хрситијанството не се чисти, туку имаат големи примеси на локалните религии.[4][5]
Култура
[уреди | уреди извор]Музиката на Гвинеја-Бисао е поврзана со полиритничкиот гумбе стил на музика, најзастапен вид музика во земјата. Сепак поради нестабилноста на земјата, музиката не е толку често застапена во општествениот живот. Најзастапен музички инструмент е кабаса. Текстовите на песните се на португалски и креолски јазик. Еден од најпознатите уметници на Гвинеја-Бисао е Флора Гомес, филмски режисер.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations. (консултирано на 2009-03-12)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Guinea-Bissau“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ 4,0 4,1 CIA the World Factbook
- ↑ 5,0 5,1 "Guinea-Bissau", Encyclopædia Britannica
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Guinea-Bissau на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Гвинеја-Бисао
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 26 октомври 2009 г.
- Општо
- Гвинеја-Бисао на BBC
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Гвинеја-Бисао“ (англиски)
- Гвинеја-Бисао на UCB
- Гвинеја-Бисао на Britannica
- Гвинеја-Бисао на Curlie (англиски)
- Вести
- Вести за Гвинеја Бисао на AllAfrica.com
|
|