Семејство
Семејство (потесно семејство) — семејна заедница што се состои само од брачна двојка или од родители (двајца или еден) и нивните деца кои не се во брак. Под семејство се подразбира и заедница на партнери кои живеат заедно, а законски немаат засновано брачна заедница.
Во согласност со дефиницијата за семејство, се разликуваат следните типови на семејства:
- брачна двојка без деца;
- брачна двојка со дете/деца кои не се во брак;
- родители (партнери кои не се во брак) со дете/деца кои не се во брак;
- мајка со дете/деца кои не се во брак и
- татко со дете/деца кои не се во брак.
Зборот семејство води потекло од зборот семе. Како поим во секојдневниот говор со семејство означуваме заедница од родители и потомци. Клучната цел на таквата заедница е одгледување на потомците.
Реченицата на Владимир Илич Ленин дека: “...Семејството е основна клетка од која е изградено општеството“ го втемелува имањето потомство како предуслов за имање општество.
Семејството и општеството се појави кои не се забележани само кај луѓето, туку се чести во живиот свет.
Историја на теории
[уреди | уреди извор]Социјални дарвинисти
[уреди | уреди извор]Раните научници на семејната историја ја применувале Дарвиновата теорија за биолошката еволуција во својата теорија на еволуцијата на семејните системи.[1] Американскиот антрополог Луис Хенри Морган ја објави Античко Општество во 1877 година врз основа на неговата теорија за трите фази на човековиот напредок од дивјаштво преку варварство до цивилизацијата. Книгата е инспирација за книгата на Фридрих Енгелс Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата објавена во 1884 година.[2]
Енгелс ја прошири хипотезата на Морган според која економските фактори ја предизвикале трансформацијата на примитивната заедница во општество одделено според класи.[3] Енгелсовата теорија за контрола на ресурси, а подоцна и онаа на Карл Маркс беше користена за да се објасни причината и последицата на промената на семејната структура и функција.
Потесното семејство во индустриското општество
[уреди | уреди извор]"Популарната мудрост", според Зин и Ејтзен, ги гледа семејните структури од минатото, како супериорни во однос на денешните, и семејствата како постабилни и посреќни во времето кога тие не морале да се соочат со проблемите како што се вонбрачните деца и разводот. Тие реагираат на ова велејќи дека "нема златно доба на семејството кое сјае во нас од далечното историско минато."[4] "Напуштањето на брачните другари, вонбрачните деца, како и други услови кои се сметаат за одлики на модерните времиња постоеле и во минатото."[5]
Постмодерното семејство
[уреди | уреди извор]Во западниот свет, браковите веќе не се аранжирани за економски, социјални или политички цели, и децата веќе не се очекува да придонесат на семејниот приход. Наместо тоа, луѓето избираат партнери врз основа на љубов. Ова зголемување на улогата на љубовта укажува на општествената промена кон фаворизирање на емоционална исполнетост и односи во рамките на семејството и оваа промена ја слабее институцијата на семејството.[6]
Едиповиот семеен модел
[уреди | уреди извор]Моделот на семејниот триаголник, маж-жена-деца изолирани од надворешноста, се нарекува Едипов модел на семејство, и е форма на патријархално семејство. Многу филозофи и психијатри го анализирале таквиот модел. Во таквото семејство, тврдат тие, младите се развиваат во изопачен однос, при кој тие учаат да го сакаат истото лице што ги удира и угнетува. Тие веруваат дека малите деца растат и развиваат љубов кон некој кој ги угнетува физички или ментално, и дека овие деца не се одгледуваат на начин што ќе ги направи емоционално приврзани со останатите.[7] Според овие филозофи семејството затоа претставува првата ќелија на фашистичкото општество, бидејќи децата ќе го носат овој однос на љубов за угнетувачки личности во нивните возрасни животи.[8][9]
Како што е објаснето од страна на Делез, Гатари и Фуко, како и други филозофи и психијатри, како што се Ленг и Рајх, патријархалното семејство зачнато во традицијата на Западот им служи на целите на овековечувањето на пропертарното и авторитарното општество.[10] Детето расте според Едиповиот модел, кој е типичен за структурата на капиталистичките општества,[11][12] и тој станува сопственик на покорни деца и “заштитник“ на жената.[13][14][15][16][17]
Мишел Фуко, во неговото систематско проучување на сексуалноста, тврди дека наместо да биде само потиснат, желбите на поединецот ефикасно се мобилизираат и да се користат,[8] за контрола на поединецот, за менување на меѓучовечки односи и контрола на масите. Според Фуко организираната религија, преку моралните забрани, и економските сили, преку рекламирањето, ги користи несвесните сексуални нагони. Доминирајќи ја желбата, ги доминира луѓето.[18]
Критика
[уреди | уреди извор]Одредени социјални научници се залагаат за укинување на семејството. Противник на семејството бил Сократ чии ставови се наведени од страна на Платон во Републиката.[19] Во Книга 5 од Републиката, Сократ им кажува на своите соговорници дека праведен град е оној во кој граѓаните немаат семејни врски.[20][21]
Според Марти Немко, семејството е преценето: „Политичари, свештеници, и обични луѓе го величат семејството како наша најзначајна институција. / Верувам дека семејството е преценето. Толку многу луѓе страдаат од семејството... / Милиони луѓе дури и не зборуваат со член од семејството. Милиони трошат години и пари на терапевти, обидувајќи се да се ослободат од злата кои семејството изврши врз нив. / Сето ова не треба да биде изненадување. Впрочем, за разлика од пријателите, ние сме со нашето семејство од потекло, по случаен избор, без да одлучиме.“[22]
Семејството како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Семејството како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Радоста на семејниот превоз“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[23]
- „Семејни приказни“ — збирка раскази на Ефраим Кишон од 1977 година.[23]
- „Фамилијарно дрво“ — кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[24]
- „Семејна историја“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[25]
- „Семеен албум“ (Породични албум) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[26]
- „Семеен човек“ — расказ на рускиот писател Михаил Шолохов од 1925 година.[27]
- „Семејни врски“ — расказ на бразилската писателка Кларис Лиспектор.[28]
- „Семејни врски“ — збирка раскази на Кларис Лиспектор од 1960 година.[29]
- „Семејството Огулиновци“ — расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[30]
Семејството како мотив во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Семејна забава“ (англиски: Family Entertainment) — песна на ирската панк-рок група Андертоунс (The Undertones) од 1979 година.[31]
- „Песна за едно семејство“ (англиски: Song For A Family) — песна на британската рок-група Inspiral Carpets од 1990 година.[32]
- „Среќно семејство“ (англиски: Happy Family) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[33]
- „Моето семејство е малку откачено“ (англиски: My Family Is A Little Weird) — песна на американската хардкор-панк група Millions Of Dead Cops од 1982 година.[34]
- „Семеен портрет“ (англиски: Family Portrait) — песна на американската поп-пејачка Пинк (Pink) од 2001 година.[35]
- „Ние сме среќно семејство“ (We're A Happy Family) — песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1977 година.[36]
- „Ние го уништуваме семејството“ (англиски: We Destroy The Family) — песна на американската панк-рок група Fear од 1982 година.[37]
- „Бегства во семејството“ (англиски: Runs In The Family) — песна на американската фолк-рок група Роучис (The Roches) од 1979 година.[38]
- „Семејна работа“ (англиски: Family Affair) — песна на американската соул-фанк група Sly & The Family Stone од 1971 година.[39]
- „Во моето семејство“ (англиски: In My Family) — песна на американската рок-група Спаркс (Sparks) од 1974 година.[40]
- „Враќање во семејството“ (англиски: Back To The Family) — песна на британската рок-група Џетро тал (Jethro Tull) од 1969 година.[41]
Семејството како мотив во филмот
[уреди | уреди извор]- „Улогата на моето семејство во светската револуција“ (српски: Улога моје породице у свјетској револуцији) — југословенски филм во режија на Бахрудин Ченгиќ.[42]
- „Либеранови“ — југословенски тв-филм од 1979 година, во режија на Зоран Тадиќ.[43]
- „Фани и Александер“ (шведски: Fanny och Alexander) — филм на режисерот Ингмар Бергман од 1982 година.[44]
- „Подобар живот“ (српски: Бољи живот) — југословенски филм од 1989 година, во режија на Михаило Вукобратовиќ.[45]
- „Ројал Тененбаумови“ (англиски: The Royal Tenenbaums) — американски филм од 2001 година, во режија на Вес Андерсон.[46]
- „Инстант семејство“ (англиски: Instant Family) — филм на режисерот Шон Андерс од 2018 година.[47]
Литература
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sociology/Founding the discipline“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2009-07-26.
- ↑ „Cultural Anthropology“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2009-07-22.
- ↑ „The Marxists Internet Archive“. Посетено на 2009-07-17.
- ↑ Zinn and Eitzen (1987) Diversity in American families, p. 8
- ↑ Zinn and Eitzen (1987) Diversity in American families, p. 8
- ↑ Coontz, Stephanie. 2005. Marriage, A History: How Love Conquered Marriage. New York: Viking/Penguin Books.
- ↑ „About Family“. Word Press. 31 March 2012. Архивирано од изворникот на 2014-12-23. Посетено на January 8, 2014.
- ↑ 8,0 8,1 Foucault (1984) Preface to the American edition of Anti-Œdipus pp. xiii–xvi.
- ↑ Wilhelm Reich (1933) The Mass Psychology of Fascism, Chapter V, The Sex-Economic Presuppositions of the Authoritarian Family
- ↑ Deleuze-Guattari (1972). Part 2, ch. 7, pp. 129–31
- ↑ Lacan 1938–2001, pp. 24–25, 56
- ↑ Fugier Pascal, 2007, p.226-8
- ↑ Wilhelm Reich [1936] The Sexual Revolution, Chapter V, The compulsive family as educational apparatus, pp. 71–77
- ↑ (италијански) Gianni Vattimo Tutto in famiglia Архивирано на 11 октомври 2007 г. (article appeared on Il Manifesto October 15, 2004), feltrinelli.it (италијански)
- ↑ (италијански) Daniele Luttazzi Bollito misto con mostarda Архивирано на 16 март 2015 г. (2005) p. 262, books.google.com
- ↑ Theodor W. Adorno and Stephen Crook Adorno ISBN 0-415-27099-5, p. 9-10, books.google.com
- ↑ E. James Anthony, The Family and the Psychoanalytic Process in Children (1980). Psychoanalytic Study of the Child, 35:3–34, pep-web.org
- ↑ Foucault, The History of Sexuality
- ↑ „Abolition of the Family for the Guardians and the Use of War (457b-471c)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-16. Посетено на 2014-12-06.
- ↑ SparkNotes: The Republic: Book V
- ↑ LitCharts | The Republic: Book 5 Summary, Analysis & Themes
- ↑ Nemko, Marty, "Family is Overrated", September 12, 2008.
- ↑ 23,0 23,1 Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 145-148.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 21.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 13.
- ↑ „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 42-50.
- ↑ Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 124-133.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.
- ↑ Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 7-11.
- ↑ Discogs, The Undertones – The Undertones (пристапено на 27.6.2020)
- ↑ Inspiral Carpets – Life (пристапено на 17.2.2023)
- ↑ King Crimson – Lizard (пристапено на 27.1.2023)[мртва врска]
- ↑ M.D.C.* – Millions Of Dead Cops (пристапено на 14.4.2023)
- ↑ YouTube, P!nk - Family Portrait (пристапено на 8.1.2017)
- ↑ Discogs, Ramones – Rocket To Russia (пристапено на 13.9.2019)
- ↑ Discogs, Fear (3) – The Record (пристапено на 25.10.2022)
- ↑ The Roches – The Roches (пристапено на 10.10.2023)
- ↑ Sly & The Family Stone – There's A Riot Goin' On (пристапено на 22.2.2024)
- ↑ Sparks – Kimono My House (пристапено на 11.5.2024)
- ↑ Discogs, Jethro Tull – Stand Up (пристапено на 10.12.2020)
- ↑ РТС, Улога моје породице у свјетској револуцији (пристапено на 11.2.2021)
- ↑ Stjepan Šešelj: Liberanovi, hrvatski film (1979.) (пристапено на 9.10.2023)
- ↑ Fanny i Alexander, švedsko-francusko-njemački film (пристапено на 26.5.2023)
- ↑ РТС, Бољи живот (пристапено на 31.10.2022)
- ↑ IMDb, The Royal Tenenbaums (2001)Awards (пристапено на 14.6.2020)
- ↑ РТС, Инстант породица (пристапено на 10.2.2024)
|