Октоберфест
Октоберфест (германски: Oktoberfest) е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен, Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави. Од 2007 година, „Октоберфест“ се одржува и во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.
Минхенскиот Октоберфест традиционално се одржува шеснаесет дена, вклучувајќи ја и првата недела од октомври. Во 1994 година, како резултат на Германското обединување, распоредот бил изменет, така што оттогаш натаму, ако првата недела од октомври паѓа на први или втори октомври, тогаш фестивалот продолжува до трети октомври (Германскиот ден на обединување). Оттука, ако првата недела од октомври е на 1 октомври, фестивалот трае 17 дена, а ако е на 2 октомври, тогаш тој трае 18 дена. Фестивалот се одржува во областа неречена ’’Theresienwiese’’, најчесто нарекувана ’’d’Wiesn’’, која го носи името на принцезата Тереза.[1]
Посетителите исто така јадат огромни количини храна, најчесто традиционална храна како: ’’Hendl’’ (пилешко месо) , ’’Schweinsbraten’’(печено свинско месо) ,’’Haxn’’ (свинска коленица) , ’’Würstel’’ (колбаси) заедно со ’’Brezel’’ (переци), ’’Knödeln’’(компири или лебни кнедли) , ’’Käsespätzle ’’ (сирењаци) , ’’Reiberdatschi’’(компир – палачинки) , ’’Sauerkraut’’ или ’’Blaukraut’’(црвена зелка) со некои баварски специјалитети, како ’’Obatzda’’ (масно вариво зачинето со сирење и путер) и ’’Weisswurst’’ (бел колбас).[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Првобитниот „Октоберфест“ се одржал на 18 октомври 1810 год., во Минхен, како прослава на венчавката на крунисаниот принц Лудвиг (подоцна крал Лудвиг Први) со принцезата Тереза од Саксен-Хилдбургсхаузен. Тогаш, тие организирале раскошна трка со коњи (свадбата се одржала на 12 октомври, а трката со коњи на 17 октомври, па оттаму постојат две различни дати за почетокот на „Октоберфест“).[1]
Првите сто години
[уреди | уреди извор]Во 1812 год., „Октоберфест“ бил откажан поради вмешаноста на Баварија во Наполеоновата војна. Во 1816 год. се појавиле карневалские штандови, а главните награди биле сребро, порцелан и накит. Во 1819 год., граѓаните-основачи од Минхен презеле одговорност за раководењето со фестивалот и било договорено „Октоберфест“ да се одржува секоја година, без исклучок. Во 1835 год. за првпат се одржала парада во чест на свадбата на Кралот Лудвиг и Тереза од Баварија. Од 1850 год., ова станало годишен настан и составен дел од „Октоберфест“ при што илјадници луѓе, најчесто од Баварија, во традиционални костими пешачат од Максимилијанската улица, низ центарот на Минхен, до Октоберфест.[2]
Од 1850 год. била подигната Баварската статуа на „Октоберфест“. Питоа, најпрвин, Лео Ван Кленз, во класичен стил го нацртал светецот-заштитник на Баварија, а потоа Лудвиг Михаел Швантлер го германизирал овој цртеж, додека Јохан Баптист Стигмаер и Фердинанд вон Милер го конструирале споменикот. Во 1853 год. била завршена баварската сала ’’Ruhmeshalle’’. Во 1854 год., 3 000 жители на Минхен подлегнале под епидемијата на колера, поради што „Октоберфест“ бил откажан. Исто така, и во 1866 год. немало „Октоберфест“, поради вмешаноста на Баварија во Австриско-пруската војна, а во 1870 год., причината за откажувањето на фестивалот била Француско-пруската војна. Во 1873 год., фестивалот бил уште еднаш откажан поради епидемијата на колера. Во 1880 год. повеќе од 400 шатори и штандови биле осветлени со електрични светилки. Во 1881 год. се отвориле штандови за продавање колбаси, а во 1892 год. за првпат било послужено пиво во стаклена кригла.
На крајот на 19 век, настапила реорганизација на фестивалот. До тогаш имало игри со куглање, големи подиуми за играње и дрвја за искачување до штандовите со пиво. Во 1910 год., Октоберфест го прослави својот 100-ти роденден и по тој повод биле наточени 120 000 литри пиво. Во 1913 год. бил направен ’’Braurosl’’ - најголемиот пивски шатор на сите времиња, со простор за околу 12 000 гости.
Годините на војни
[уреди | уреди извор]Од 1914 до 1918 год., Првата светска војна ја оневозможила прославата на „Октоберфест“, додека во 1919 и 1920 год., две години по војната, Минхен ја прославувал само „Есенската прослава“ . Во 1923 и 1924 год., „Октоберфест“ не бил одржан поради хиперинфлацијата.
Во 1933 год., баварското сино – бело знаме било заменето со нацистичкото знаме. Од 1939 до 1945 год., за време на Втората светска војна Октоберфест не се одржувал, а од 1946 до 1948 год., повторно била прославувана само „Есенската прослава“. Тогаш, родажбата на сопствено Октоберфестовско пиво не била дозволена, а гостите морало да се задоволат со пиво што содржи помалку од 2 % алкохол. Според тоа, од основањето, „Октоберфест“ бил откажан вкупно 24 пати, и тоа, за време на војни, болести и други непогоди.
Современиот фестивал
[уреди | уреди извор]Од 1950 год. започнало традиционалното отворање на фестивалот со дванаесет истрели од пушка и точење пиво од првото буренце во 12 часот од страна на градоначалникот на Минхен, со поздравот „Тапата е отворена!“ („O’zapft is!“) Првиот градоначалник кој наточил пиво од буренцето бил Томас Вимер.[3] Во 1960 год., „Октоберфест“ се претворил во масовен фестивал, познат во целиот свет. Истовремено, во оваа година престанале да се одржуваат коњските трки.
На 26 септември 1980 год. во 22 часот и 19 минути, на главниот влез била наместена бомба во канта за ѓубре. Бомбата се состоела од празен апарат за гаснење пожар, исполнет со 1,39 килограми ТНТ и малтер. Од експлозијата загинале 13 луѓе, а повеЌе од 200 биле повредени, од кои, 60 посериозно. Ова бил најсмртоносниот терористички напад во историјата на Германија, по Минхенскиот масакр. Официјалното испитување открило дека единствениот извршител бил Гундолф Колер, екстремист од десното крило, кој не стигнал на време да избега и загинал во експлозијата.[2]
Во 2005 год. бил развиен концептот за „мирен Октоберфест“ со цел фестивалот да им се приближи на постарите луѓе и семејствата. Оттука, до шест часот попладне во шаторите се свири само тивка музика, а потоа може да се свири шлагерска и поп-музика. Музиката што се пушта попладне е ограничена на 85 децибили. Ваквите мерки биле преземени за да се зачува традиционалната пивска атмосфера.[3]
Од 2008 год., новиот Баварски закон за забрането пушење на јавни места се применил и на „Октоберфест“, а тоа значело комплетна забрана за пушење во склоп на шаторите. Подоцна, по малата загуба на локалните избори во 2008 г., владеачката партија сакала да направи исклучок и пушењето било дозволено во шаторите, иако продажбата на цигари била забранета. Оттогаш, правилата за пушење се менуваат од година во година.[3]
Факти и дати
[уреди | уреди извор]Големина
[уреди | уреди извор]„Октоберфест“ е познат како најголемиот саем во светот, со 6,4 милиони посетители во 2013 год. Инаку, 72% од посетителите се од Баварија, а 15% доаѓаат од странски земји, како што се: соседните европски земји, САД, Индија, Јапонија, Бразил и Австралија.
Дати
[уреди | уреди извор]Година | Период | Одлики |
---|---|---|
2000 | 16 септември – 3 октомври | 18 дена |
2001 | 22 септември – 7 октомври | |
2002 | 21 септември – 6 октомври | |
2003 | 20 септември – 5 октомври | |
2004 | 18 септември – 3 октомври | |
2005 | 17 септември – 3 октомври | 17 дена |
2006 | 16 септември – 3 октомври | 18 дена |
2007 | 22 септември – 7 октомври | |
2008 | 20 септември – 5 октомври | 175-то издание на „Октоберфест“ |
2009 | 19 септември – 4 октомври | |
2010 | 18 септември – 3 октомври | 200 години од основањето |
2011 | 17 септември – 3 октомври | 17 дена |
2012 | 22 септември – 7 октомври | |
2013 | 21 септември – 6 октомври | Пример |
2014 | 20 септември – 5 октомври | Пример |
2015 | 19 септември – 4 октомври | Пример |
Податоци за „Октоберфест“ (2007)
[уреди | уреди извор]- Површина: 103,79 акри (0,42 км²)
- Посетители: 6,2 милиони
- Пиво: 6 940 600 литри (126 900 литри безалкохолно)
- Вино: 70 624 литри
- Пенливо вино: 32 047 литри
- Кафе и чај: 222 725 литри
- Вода и лимонада: 909.765 ½ литри
- Пилешко месо: 521 872
- Свински колбаси: 142 253 парчиња
- Риба: 38 650 кг
- Свинска плешка: 58 446
- Волови: 104
- Електрична енергија: 2,8 милиони kw (14 % од тоа што му треба дневно на Минхен или онолку колку што би му требало на четиричлено семејство за 52 години и 4 месеци)
- Потрошен гас: околу 205 000 м²
- Потрошена вода: околу 90 000 м² (27% од дневната потреба на Минхен)
- Тоалети: околу 980, повеќе од 878 јавни и 17 за инвалиди
- Телефони: 83, исто така и со меѓународни картички
- Изгубени предмети: околу 4 000 работи, меѓу кои 260 пара очила, 200 мобилни телефони, венчални прстени, дури и вилици.
Отпадоци и тоалети
[уреди | уреди извор]По завршувањето на „Октоберфест“ секоја година има околу 1 000 тони отпадоци. Чистењето е платено половина од градот Минхен, а половина од спонзорите. По 2004 г., редовите за во тоалет толку се зголемиле, што полицијата морала да ги регулира влезовите. Оттука, во 2005 г., бројот на тоалети пораснал за 20%, т.е. сега се достапни приближно 1 800 тоалети.
Многу посетители на „Октоберфест“ ги посетуваат тоалетите за да се послужат со телефон. Поради тоа, во 2005 г. било планирано да се намести Фарадеев кафез околу тоалетите за да се спречи телефонирањето со мобилни телефони. Бидејќи таквите градби не се дозволени во Германија, наместо тоа, биле поставени предупредувачки знаци пред тоалетите за корисниците на тоалетите да не ги користат мобилните телефони во кабините.[2]
Шатори
[уреди | уреди извор]На „Октоберфест“ има четиринаесет главни шатори:
- Hippodrom – еден од најмалите шатори, тоа е првиот шатор што посетителите можат да го видат на фестивалот. Во него се служи нормално Wiesn-пиво, има Sekt (пенливо вино) бар, и Маß. Традиционално, во вечерните часови, октоберфестовскиот бенд Mûncher Zwietracht ги свири октоберфестовските класици.
- Armbrustschûtzenzelt – „Стрелачкиот шатор“ е дел од „Октоберфест“ од 1895 год.
- Hovbrãu-Festzelt – кој е копија на познатата Hovbrãuhaus, е особено познат кај Американците, Австралијците и кај Новозеланѓаните.
- Hacker-Festzelt – еден од најголемите шатори во Wiesn и во него има рок група што свири секоја вечер, со почеток во 17:30. Овој шатор е познат и како „Баварски рај“ (Himmel der Bayem).
- Schottenhamel – се смета за најважен шатор на „Октоберфест“, поради тоа што фестивалот почнува од него. На првата сабота од настанот не е дозволено да се послужи пиво сè додека мајорот (Кристија Уде) не го наточи првото буренце во 12 часот. Дури тогаш, другите шатори можат да почнат со служење пиво. Овој шатор е многу популарен меѓу младите луѓе.
- Wizerer Fãhndl - овој шатор е забележлив со неговата висока кула, со Маß-пиво на врвот.
- Schûtzen – Festhalle – е средно голем шатор, сместен под Баварската статуа, изграден во 2004 год.
- Kãfers Wiesen Schãnke – е најмалиот шатор на „Октоберфест“, често посетуван од познатите луѓе, кој е познат по особено добрата храна. Спротивно на другите шатори (што мораат да затворат во 23 часот), тој е отворен до 00:30.
- Weinzelt – овој шатор нуди повеЌе од 15 видови вино плус Маß-пиво.
- Lõwenbrãu –Festhalle – над влезот има лав со димензии од 4,50 метри, кој повремено пие пиво. Понатаму има уште една кула, каде што седи уште еден лав што пие.
- Brãurosl – именуван според ќерката на сопственикот на пиварница, овој шатор има дувачки оркестар.
- Augstiner –Festhalle - сметан од многу граѓани како најдобар шатор, благодарение на фактот дека во него се продава најдобриот локален пијалак - Августинер, што се точи од дрвени буренца.
- Ochsenbraterei – доследен на своето име, овој шатор нуди голема рановидност на говедски јадења.
- Fischer Vroni – уште ден помал шатор со голем избор во своето мени.
Пивото на „Октоберфест“
[уреди | уреди извор]На „Октоберфест“ може да се служат само локални пива, т.е. пива произведени на територијата на градот Минхен. Пивата кои ги задоволуваат посебните критериуми се означени како „пива на Октоберфест“. Инаку, „Октоберфест“ е регистрирана трговска марка од клубот на пиварници во Минхен. Притоа, за потребите на фестивалот, пиварниците произведуваат посебен вид пиво, кое има повисоко ниво на алкохол од најмалку 13,5%, наместо вообичаеното ниво од 5,8% до 6,4%. Во 2013 год. на „Октоберфест“ биле испиени 6,7 милиони литри пиво. За потребите на фестивалот пивото го произведуваат следниве пиварници:[4]
- Augustiner-Bräu,
- Hacker-Pschorr-Bräu,
- Löwenbräu,
- Paulaner,
- Spatenbräu i
- Staatliches Hofbräu-München.
Една од најзборуваните теми помеѓу граѓаните на Минхен е колку ќе чини еден литар пиво на „Октобефест“. Во одделни години, официјалната цена на пивото била:
Кригли –сувенири
[уреди | уреди извор]Октоберфестовските пивски кригли се направени од дебело стакло и типично имаат декоративно пивско лого, што ги прави популарни сувенири меѓу посетителите. Криглите може да се купат по прифатливи цени во шаторите. Притоа, купувачите треба да ги чуваат сметките, затоа што полицијата може да им ги побара во потрага по украдените кригли. Ако полицијата фати некого со украдена кригла, таа може да изрече казна вовисина од над 50 евра. Исто така, постои и октоберфестовска кригла – сувенир што го претставува Октоберстовскиот плакат од тековната година. Оваа кригла-сувенир е направена од глина наместо од стакло и е со калајски капак.
Октоберфест во Скопје
[уреди | уреди извор]Од 2007 год. „Октоберфест“ се слави и во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение. Првата година, на фестивалот имало 150 присутни гости, а со текот на годините, бројот на гостите се зголемувал на 500 во 2009 год., 650 во 2010 год., 900 во 2011 год. и над 1 200 гости во 2013 г. Инаку, скопскиот „Октоберфест“ е од затворен карактер и на него може да присуставуваат само поканети гости. Одржувањето на фестивалот е поддржано од спонзори. Во 2011 г. главен спонзор бил „Мерцедес-бенц МакАутоСтар“, а на фестивалот свирела групата „Блу фанки индивидуалс“. Во 2012 год. главен спонзор бил „БМВ - Маккар“, а за забавата на гостите била задолжена групата „Деј оф“. Во 2014 год. фестивалот се одржал во „Веро-центар“, а главен спонзор бил „ЕВН Македонија“.[5]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Октоберфест“ на Ризницата ? |
- слики Октоберфест
- Munich Oktoberfest Official Munich Oktoberfest website
- Official Oktoberfest website (германски);
- for English-speaking visitors (англиски)
- Oktoberfest Club - Fan Site; Oktoberfest information, Online Store, Chatroom and forum
- Italian Website about Oktoberfest
- Big D's Hilarious Travel Video of Octoberfest in Munich
- Munich Oktoberfest latest Oktoberfest News (германски)
- German Food Guide - Find Oktoberfest Celebrations in the USA
- Oktoberfest — Information Portal
- Hippodrom
- Hofbräu Oktoberfest Beertent
- Hacker-Festzelt
- Schottenhamel
- Ochsenbraterei
- Fischer Vroni
- Oktoberfest Shop - Official Munich Oktoberfest Souvenirs and Steins
- US Oktoberfest Shop - Official Oktoberfest Souvenirs and Party decorations
- Beer Gear - Official Munich Oktoberfest Steins
- Webcamplaza.net
- Festival of Beer: The Where and When of Beer Festivals
- Кригла Пиво (македонски);
48°7′53″N 11°32′57″E / 48.13139° СГШ; 11.54917° ИГД
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Октоберфест, додаток на Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 3.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Октоберфест, додаток на Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 6.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Октоберфест, додаток на Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 5.
- ↑ Октоберфест, додаток на Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 4.
- ↑ Октоберфест, додаток на Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 17-22.
|