Прејди на содржината

Храна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храна од растително потекло
Разни видови храна

Храна е секоја супстанца која е искористена за да обезбеди хранлива поддршка на телото. Најчесто е од растително или животинско потекло, а содржи есенцијални хранливи материи, како што се: јаглехидрати, масти, белковини, витамини или минерали. Супстанцата се внесува во организмот, а се искористува од страна на клетките на организмот за да произведе енергија, да го одржи организмот во живот и да го стимулира растот.

Историски гледано, луѓето снабдувале храна преку два методи: лов, собирање плодови и земјоделство. Денес, исхраната на најголемиот дел од населението е обезбедена од прехранбената индустрија во која доминираат мултинационалните корпорации кои се занимаваат со интензивно сточарство и индустриско земјоделство за да го зголемат производството.

Безбедноста и сигурноста на храната се следи од страна на национални и меѓународни регулаторни агенции, како на пример, Меѓународната асоцијација за заштита на храната, Светскиот институт за ресурси, Светската програма за храна и земјоделство и Советот за меѓународни информации за храна. Тие се занимаваат со прашањата како што се: одржливост, биолошката разновидност, климатските промени, растот на населението и пристап до храната. Правото на храна е човеково право кое произлегува од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, признавајќи го „правото на соодветен стандард на живеење, вклучувајќи соодветна храна“, како и „основното право да се биде ослободен од глад“.

Извори на храна

[уреди | уреди извор]

Речиси сите видови храна се од растително или животинско потекло. Житните зрна се главна храна и тие обезбедуваат многу повеќе енергија од кој било друг вид растителна култура.[1] Пченката, пченицата и оризот даваат 87% од производството на жито во светот. Останатите видови храна, кои не се од животинско или растително потекло, вклучуваат различни видови габи, особено печурки. Габите и бактериите се употребуваат за подготовка на ферментирана храна, како и квасен леб, алкохолни пијалаци, сирење, кисели краставички, комбуча и јогурт. Сличен пример е сино-зелената алга, спирулина.[2] Неорганските супстанци, како што се сода бикарбона и калиум битартарат, се користат за хемиски да изменат одредена состојка.

Растенија

[уреди | уреди извор]
Јадење приготвено од растенија

Многу растенија или делови од растенија се користат како храна. Постојат околу 2.000 видови растенија што се одгледуваат за храна, а многу од нив имаат и уште неколку различни сорти.[3] Семето на растенијата е добар извор на храна за животните, но и за човекот, затоа што тие содржат хранливи материи, како што се Омега мастите, кои се неопходни за растот на растенијата. Всушност, поголемиот дел од храната кој се конзумира од луѓето е храна која потекнува од семиња. Овде се вклучени и: житните култури (пченка, пченица, ориз итн.), мешунки (грав, грашок, леќа итн.) и јаткастите плодови. Маслата од семки често се користат за производство на масло, а такви се: сончоглед, семе од лен, семе од репка (вклучувајќи го репкиното масло), сусам и др.[4] Семињата се обично богати со високо незаситени масла, а во умерена количина се сметаат за здрава храна, иако сите семиња не се за јадење. Големите семиња, како што се оние од лимонот, претставуваат опасност, додека пак семињата од јаболко и цреши содржат отров (цијанид).

Плодовите претставуваат созреани јајници на растенијата, вклучувајќи ги и семките во нив. Многу растенија развиле плодови кои се корисни како храна за животните, така што животните откога ќе го изедат плодот, семките ќе ги исфрлат на одредено растојание. Затоа, плодовите се составен дел од исхраната на многу култури. Некои ботанички плодови, како што се доматите, тиквите и модрите патлиџани се јадат како зеленчук.[5]

Зеленчукот е вториот тип на растелна материја која се јаде како храна. Овде спаѓаат коренестите зеленчуци (компир и морков), листестите зеленчуци (спанаќ и марула), стеблести зеленчуци (бамбус и шпаргла или аспарагус) и зеленчукот во вид на цвет (артичоки и брокули).

Разни видови на сирово месо
Месни производи
Печено прасечко месо
Печено прасечко месо

Животните се користат како храна директно или индиректно преку производите кои тие ги даваат. Месото е пример за директен производ од животните, кој е од мускулите или од органите. Во хранливите производи од животни спаѓаат и млекото, произведено од млечните жлезди, кое во многу култури се пие или се прават млечни производи (сирење, путер и др.). Покрај тоа, птиците и некои други животни несат јајца кои се јадат, а пчелите произведуваат мед, кој претставува редуциран нектар од цвеќињата што е многу популарен во некои култури како засладувач. Неки култури конзумираат крв, понекогаш во форма на крвав колбас (крвавица), а некои користат крв како зачин во чорби, како што е крвта од цибетките.[6] Некои култури и луѓе не конзумираат месо или производи од животинско потекло, од културни, здравствени, етички, верски или идеолошки причини.

Производство на храна

[уреди | уреди извор]

Традиционално, храната се добива преку земјоделството. Зголемената загриженост на агробизнисот за мултинационланите корпорации кои го држат светското производство на храна преку патенти за генетски изменета храна отвора растечки тренд кон одржливи земјоделски практики. Овој пристап, делумно поттикнат од побарувачката на потрошувачите, ја охрабрува билошката разновидност, локалната самоувереност и органските сточарски методи.[7] Големо влијание врз производството на храна имаат интернационалните организации (како што се: Светската трговска организација и Заедничката земјоделска политика), националната политика на владата (или законот) и војните.[8]

Во популарната култура, масовното производство на храна, особено пилешкото и телешкото месо, често е предмет на критика во многу докуметарни емисии, поради начинот на којшто се третираат и убиваат животните, и тоа најчесто од страна на големи корпорации. Со сегашниот тренд за екологија, луѓето од Западните култури покажале голема заинтересираност за употреба на растителни намирници, храна за посебни групи на луѓе (како што се: луѓе на посебни диети, жени или спортисти), функционална храна (збогатена храна, како што се Омега-3 јајцата), како и повеќе етнички разновидна храна.[9]

Кујнска подготовка

[уреди | уреди извор]

Многу култури имаат препознатлива кујна, посебен збир од традиционални начини на готвење, користејќи различни зачини или комбинации на вкусови препознатливи само за таа култура, кои се развиваат со текот на времето. Други разлики помеѓу културите вклучуваат параметри (топла или ладна храна, зачинета и сл.) и практики, истражување што е познато како гастрономија. Многу култури се насочуваат кон тоа нивната храна да се подготвува, готви и сл. Ова исто така вклучува трговија со храна која на некои култури им помага да преживеат, а не само да бидат потрошувачи. Некои познати типови на етичка кујна се: италијанската, француската, јапонската, кинеската, американската, тајландската и индиската кујна. Разни култури низ светот ги проучуваат навиките за исхрана. Храната се јаде и вообичаено се ужива преку сетилото за вкус, перцепција на аромата преку јадење и пиење. Одредени вкусови се попријатни за уживање отколку други.

Перцепција за вкус

[уреди | уреди извор]

Луѓето разликуваат пет различни типови на вкусови: слатко, кисело, солено, горчливо и умами. Како што животните еволуирале, вкусовите кои обезбедуваат најмногу енергија (шеќерот и мастите) се најпријатни за јадење, додека пак киселиот вкус не е толку омилен за конзумирање.[10] Водата, како најважна за опстанок, нема вкус.[11] Од друга страна пак мастите, особено заситените масти, се позбиени и побогати а со тоа се сметаат како поомилени за јадење.

Генарално се смета за најомилен вкус, слаткоста речиси секогаш е направена од некој вид на шеќер, како што се гликоза или фруктоза, или дисахариди, на пример, сахароза), која е комбинација на молекулите на гликоза и фруктоза. Сложените јаглехидрати се долги синџири и со тоа немаат сладок вкус. Вештачките засладувачи, како сукралоза, често се користат како имитација за шеќер, создавајќи чувство на слатко, без калории. Другите типови на шеќер вклучуваат суров шеќер, кој е познат по својата боја, боја на килибар, кога е необработен. Шеќерот е витален за енергија и опстанок и е со пријатен вкус. Растенијата од родот Stevia содржат состојка позната како стевиол, која кога се екстрахира, има 300 пати повеќе сладост од шеќерот, додека минимално влијае на крвниот шеќер.

Киселоста е предизвикана од вкусот на киселините, како оцетот во алкохолните пијалаци. Киселата храна вклучува цитрус, особено лимон, лимета и во помал степен портокали. Киселоста е од особено значење, бидејќи може да укажува на храна расипана од дејството на бактериите. Меѓутоа, многу видови на храна се со малку кисел вкус, сè со цел да се помогне да се стимулира и подобри вкусот.

Соленоста е вкусот на јоните на алкалните метали, како што се натриум и калиум. Се наоѓа речиси во секоја храна за да го подобри вкусот, иако да се јаде чиста сол се смета за многу непријатен вкус. Постојат многу видови на сол, кои имаат различен степен на соленост, вклучувајќи ја и морската сол, камена сол, минерална сол и сивата сол. Освен за подобрување на вкусот, солта му е потребна на телото и одржува деликатна електроцитна рамнотежа, што е функцијата на бубрезите. Солта може да биде јодизирана, што значи во неа може да биде додаван јод, кој е неопходна состојка која ја подобрува штитната функција. Некои видови на конзервирана храна, особено супи или пакувани чорби, имаат тенденција да бидат со високо ниво на сол, што обезбедува подолга трајност на храната. Историски гледано, солта се користела како конзерванс за месо, како екскреција на водата. Слично на тоа, исушената храна, често промовира безбедност на храната.

Горчливо

[уреди | уреди извор]

Кората на лимонот е исклучително горчлива, додека пак внатрешноста на лимонот се одликува ос кисел вкус. Горчината е многу непријатна сензација карактеристична по остар, пикантен вкус. Темното, незасладено чоколадо, кофеинот, кората на лимон, како и слични видови на овошја се познати по горчливот вкус.

Унами на јапонски значи вкусно, што е најмалку познато за западната популарна култура, но нема толку долга традиција како азијатската кујна. Унами е вкусот на глумати, особено мононатриев глумат или МСГ. Се одликува со чубрица, месеста е и со богат вкус. Лососот и печурките се со висок вкус на унами. Месото и други производи од животинско потекло се опишуваат со овој вкус.

Презентација

[уреди | уреди извор]

Познато е дека кога храната се презентира, потрошувачот прво „јаде“ со очи, универзален психички феномен. Храната презентирана на чист и начин на кој би се зголемин апетитот,ќе го подобри вкусот иако е незадоволителна.

Контраст во тексурата

[уреди | уреди извор]

Текстурата игра клучна улога во поглед на уживањето на јадењето храна. Контрасти во текстурата, како што е нешто крцкаво во инаку меко јадење, може да ја зголеми привлечноста за јадење. Чести примери вклучуваат додавање гранола во јогуртот, крутони во салати или супи и потпечен леб за да ја зголеми крцкавоста, како џем или путер.

Контраст во вкусот

[уреди | уреди извор]

Уште еден универзален феномен што се однесува на храната е појавата на контраст во вкусот и презентацијата. Спротивни вкусови, како што се слатко и солено, имаат тенденција да одат заедно, како што се некои видови на јаткасти плодови.

Подготовка на храната

[уреди | уреди извор]

Додека голем број на видови храна може да се јадат сирови, има и такви кои подлежат на некој вид на подготовка, заради безбедносни причини, текстура или вкус. На наједноставно ниво ова може да вклучи миење, сечкање или додавање друга храна или други состојки, како што се зачините. Може, исто така, да вклучува мешање, подгревање или ладење, ферментација, или комбинирање со друга храна. Во домовите, најголем број од подготвувањето на хана се случуваат во кујната. Некои подготовки се прават сè со цел да се зголеми вкусот или естетскиот изглед. Други подготовки може да помогнат за зачувување на храната, дуги пак може се дел од културниот идентитет. Оброкот се состои од храна која е подготвена за да се јаде на одредено место и во одредено време.

Подготовка на храната од животни

[уреди | уреди извор]

Подготовката на храна од животни, вообичаено вклучува колење, бесење, ловење, делење и рендирање. Во развиените земји, оваа се прави надвор од домовите – во кланици, кои се користат за обработка на месо за масовно производство. Многу држави кланиците ги имаат регулирано со закон. На пример, САД во 1958 година бил донесен закон за хумано колење, кој бара животното да се зашемети пред да биде убиено. На локално ниво, касапот најчесто може поголеми парчиња месо да ги сосече на помали парчиња, или да ги завитка во месарска хартија со цел да побрзо заврши продажбата. Покрај тоа, рибата и морската храна може да се конзервира на помали парчиња. Како и да е, кланиците за риба ја замрзнуваат рибата за зачувување на квалитетот.

Изразотг „готвење“ опфаќа широк спектар на методи, алатки и комбинации од состојки за да се подобри вкусот или конзумирањето на храната. Техниките на готвење, познати како кулинарска уметност, генерално бараат избор, мерење и комбинирање на состојките сè со цел да се да се постигне посакуваниот резултат. Ограничувањата на успехот вклучуваат променливост на состојките, амбиентални услови, алатки и вештини на поединецот кој готви. Разновидноста во готвењето ширум светот е одраз на голем број кујни, кој имаат естетско, земјоделско, економско, културно и религиозно влијание на тоа.

Вообичаено, готвењето бара примена на топлина, но не секогаш, хемиски ги менува молекулите, со што се менува вкусот, текстурата, изгледот и хрансливите состојки. Кога готвиме некои белковини, како што се жолчката, месото, рибата, ја денатурализира белковината, што предизвикува да се зацврсти. Има археолошки податоци за печени прехранбени производи со хомо еректус кои датираат од пред 420 000 години. Вриењето како средство за готвење бара голем сад и се практикува од 10 милениум п.н.е со воведувањето на грнчарството.

Опрема за готвење
[уреди | уреди извор]

Има многу различни видови на опрема (садови) кои се користат за готвење. Печките се претежно празни уреди, кои можат да загреат до многу високи температури (до 500 °F) и се користат за печење и нудат сува топлина за готвење како метод. Различни кујни користат различни типови на печки: на пример, индиската култура користи тандур-печка, која е направена од глина во цилиндрична форма и има само една виска температура. Западните кујни користат печки со струење на востухот, конвенционални печки, печки-тостер, микробранови печки и сл. Класичната италијанска кујна вклучува употреба на рерна од тула во која има запалено дрво. Печките може да се загреваат на дрво, јаглен, гас, струја или на мазут.

Се користат различни видови на кујнски садови за готвење. Тие се загреваат на ист начин како печките, а се користат откако ќе се постават на извор на топлина. Има повеќе видови, како што се: соте-тава, тава за сосови, тава за пржење и сл. Овие делови од опремата за готвење може да се користат мокри или суви, зависи од методот на готвење, како што се испарува, крчка, врие додека пак сувите методи се пржењето и пржење во длабока тава (фритеза).

Исто така, многу култури користат скари за готвење. Скарата работи на извор на доплина од долниот дел на неа, често е пориена со метална решетка или поклопец. Отворената скара во Јужна Америка е пример за американскиот начин на правење скара на отворено, разгорена на дрво, течен пропан или јаглен. Во Мексико, скара се вика „barbacoa“, која го вклучува готвењето на месо, како што е цела овца, на скарата на отворен оган. Во Аргентина, скарата се подготвува на отворена јама или огнот е на земјата.

Подготовка на сурова храна
[уреди | уреди извор]

Многу видови на риба се готови да бидат јадени, вклучувајќи го лососот и туната. Во одредени култури, некои животни и зеленчук се јадат во сурова состојба. Салатите се состојат од свеж зеленчук или овошје и се чести во многу кујни. Сашими во јапонската кујна се состои од сирова исечена риба и друго месо, а сушито вклучува свежа риба или морски плодови. Бифтек-тартар и лосос-тартар се оброци кои се направени од сечкани суровини на говедско месо или лосос, измешани со зеленчук и се сервираат со багет, броше или со пржени компирчиња. Во Италија, карпачо е јадење во кое има многу тенко исечкано говедско месо, со маслиново масло. Здравата исхрана претежно промовира јадење на свежа храна, свеж зеленчук и свежо овошје, житарки подготвени на различни начини, дехидратација на храната, сушење и други методи на подготовки кои не вклучуаат готвење на повисока температура од 47.8 °C. Цевиче е латиноамерикански оброк направен од свежо месо со додаток на многу кисел сок од ломон и лимес, заедно со други ароматизери, како што е лукот.

Ресторани

[уреди | уреди извор]

Рестораните вработуваат обучени готвачи, кои подготвуваат храна и се обучени да ги служат нивните клиенти. Изразот „ресторан“ потекнува од францускиот јазик од 19 век. Меѓутоа постојат докази кои укажуваат дека комерцијалната подготовка на храната постоела во градот Помпеја,а урбаната продажба на храна постоела во Кина за време на династијата Сунг. Кафетериите или кафе-баровите на 17 век во Европа, исто така, може да се сметаат како рана верзија на рестораните. Во 2005 година, населението на САД потрошило 496 билиони фунти за јадење надвор од домот. Расходи од типот на јадење надвор од домот биле како што следи: 40% во ресторани со целосна услуга, 37,2% во ресторани со ограничена услуга (рестораните за брза храна), 6,6% во училиштата и колеџите, 5,4% во баровите и автоматите за продажба на храна, 4,7% во хотели и мотели, 4,0% во рекреативни места и 2,2% на други места вклучувајќи ги и воените бази.

Производство на храна

[уреди | уреди извор]

Пакуваната храна е произведена надвор од домовите за купување. Ова може да биде едноставно како што касапот го подготвува месото, или комплицирано како модерната интенационална прехранбена индустрија. Раните техники за преработка на храна беа ограничени за зачувувањето на храната, паквањето и транспортот. Овде главно се вклучени солење, сушење, маринирање, ферментација и чадење. Производството на храна настана за време на индустриската револуција во 19 век. Овој развиток го искористија масовните пазари и новите технологии, како штп се мелење, зачувување, пакување, означување и транспорт. Тоа донесе придобивки на претходно подготвената храна, за заштеда на време на обичниот граѓанин кои не вработува домашни слуги.

На почетокот на 21 век, се појави структурата на две нивоа, со контрола на неколку меѓународни гиганти за храна се отвори широк спектар на познати брендови на храна. Исто така постои и спектар на помали локални компании за производство на храна. Со напредните технологии, исто така, дојде и до промени во производството на храна. Контрола со помош на компјутерите, софистицирани методи за обработка и пакување, логистика и дистрибуција може да го подобрат квалитетот, сигурноста на храната и да ги намалат трошоците.

Комерцијална трговија

[уреди | уреди извор]

Меѓународен извоз и увоз

[уреди | уреди извор]

Според податоците на Светската банка, Европската Унија е на врвот како увозник на храна во 2005 година, по што следат САД и Јапонија. Помеѓу 1961 и 1999 година, растот на извозот на храна во светот изнесувал 400%. Некои држави сега се зависни од извозот на храна, што во некои случаи е повеќе од 80% за сите извози. Во 1994 година, преку 100 земји станаа потписнички на Уругвајскиот круг од Општата спогодба за царини и трговија во драстичното зголемување на либерализацијата на трговијата. Ова вклучуваше договор за намалување на субвенциите за плати на земјоделците, дополнета со спроведување на СТО на земјоделските субвенции, тарифи, квоти за увоз, како и решавање на трговски спорови кои не можат да се решат билатерално.

Маркетинг и продажба на мало

[уреди | уреди извор]

Рекламирањето на храната ги засега и производителот и потрошувачот. Тоа е синџир на активности кои ја носи храната од „портата на фармата до чинијата“. Ракламирањето на само еден производ може да биде толку комплициран процес и да вклучи многу производители и компании. На пример, 56 компании се вклучени во изработка на една конзерва пилешка супа со тестенини. Овие бизниси не ги вклучуваат само фирмите за пилешко и зеленчук, туку и фирмите за транспорт на состојките и оние за печатење на етикетите и проеизводство на конзервите. Рекламниот систем за храна е најголемиот директен и индиректен невладин работодавач во САД.

Во предмодерната ера, продажбата на вишок храна се одржуваше еднаш неделно кога фармерите ја носеа нивната стока на пазарните денови на локалните места за продажба. Овде храната е продавана на пиљарите, бакалниците за продажба во локалните продавници за локалните потрошувачи. Со појавата на индустријализацијата и развојот на прехранбената индустрија,се создаде поголем спектар за каде храната може да биде продавана и дистрибуирана на поодалечени локации.

Во XX век се родиле супермаркетите. Супермаркетите со нив ја донесоа самопослугата како услуга и беа во состојба да понудат квалитетна храна со помала потрошувачка. Во вториот дел од 20 век, ова дополнитело се разви, се појавија продажни куќи надвор од градовите како и продажба на храна од сите страни на светот.

За разлика од обработувачите за храна, трговијата на мало е поделена на две нивоа, каде што малку од мал број на големите компании го контролираат поголемиот број на супермаркети. Супермаркетите-гиганти раководат со голема куповна моќ над земјоделците и производителите и имаат големо влијание врз потрошувачите. Сепак, помалку од 10% од потрошувачката на храна оди кај земјоделците, поголем процент оди за рекламирање, транспорт и средните претпријатија.

Во САД, во 2007 година, цените на храната биле зголемени за 4%, најголемото зголемување на цените од 1990 година. Заклучно со декември 2007 година, 37 земји се соочиле со криза и 20 земји воведоле некој вид на контрола врз цените. Во Кина, цената на свинско месо се покачила за 58% во 2007 година. Во 1980-тите и 1990-тите, земјоделските субвенции и програмите за поддршка големите извозни фирми за пченка предизвикале голем вишок на жито. Сепак, новите трговски политики направија земјоделството многу повеќе да одговара на барањата на пазарот, ставајки ги резервите на храна на најниско ниво од 1983 година.

Цените на храната се зголемуваат, побогатите азиски потрошувачи го преземаат начинот на нивната исхрана од западот, а пак земјоделците и нации од третиот свет се борат за да го задржат темпото. Изминативе пет години се забележа брз пораст на придонесот од азиските земји во глобалната преработувачка индустрија за течности и млекото во прав, која во 2008 година изнесува повеќе од 30% од производството, додека Кина сама пресмета 10% од двете производства, но и потрошувачката на овошје и зеленчук. Трендот е подеднакво очигледен во индустриите како што се газираните пијалаци и флашираната вода, како и какаото на глобално ниво, чоколадото ипроизводството на производи од шеќер, се прогнозира дека ќе расте од 5.7% до 10.0% соодветно во текот на 2008 како одговор на големата побарувачка од Кина и југоисточните пазари.

Глад и жед

[уреди | уреди извор]

Лишувањето од храната води кон потхранетост и на крај изгладнување. Ова често е поврзано со глад, кој ја вклучува отсутноста на храна во цели заедници. Ова може да има катастрофални ефекти врз здравјето на луѓето и морталитетот. Рационализирањето понекогаш се користи за да се дистрибуира храна во време на недостиг, особено во време на војна. Гладувањето е значаен меѓународен проблем. Околу 815 милиони луѓе се недоволно исхранети, а преку 16.000 деца на ден умираат од глад.

Помош со храна

[уреди | уреди извор]

Помош со храна може да им помогне на луѓето кои имаат недостатоци од храна. Се користи за да им се подобри животот, така што општество може да го доведе стандардот до степен кога веќе нема да им биде потребна помош. Спротивно на тоа, лошо управувана помош со храна може да доведе до проблеми на локалните пазари, поразителни цени, како и обесхрабрување во производството на храна. Понекогаш циклусот на помошта со храна може да се развие. Понекогаш се користат како политички алатки за да се влијае врз луѓето, познат термин за ова е политика со храна. Понекогаш, помошта со храна ќе бара некои видови на храна да се купат од одредени личности со што може да дојде до злоупотреба на дарителите за пазарите. Меѓународните напори за да се дистрибуира храната во земјите кои имаат најголема потреба од храна често се координираат со Светската програма за храна.

Безбедност на храната

[уреди | уреди извор]

Болеста фудборн, најчесто се нарекува „труење со храна“, предизвикана е од бактерии, токсини, вируси, паразити и приони. Околу 7 милиони луѓе годишно умираат од труење со храна, а околу 10 пати повеќе страдаат од не толку фатални верзии. Два најчести фактори кои водат до оваа болест се оние оброци кои се готови да се јадат, други незготвени храни и несоодветна контрола на температурата. Поретко, акутни реакции, исто така можат да предизвикаат контаминација на храната, на пример од несоодветно чување или користење на сапуни и средства за дезинфекција кои не се за храна. Храната исто така може да биде проредена или промешана со широк спектар на производи (т.н страни тела) во текот на земјоделството, одгледувањето, готвењето, пакувањето, дистрибуцијата или при продажбата. Овие тела може да содржат штетници или нивните измети, влакна, догорчиња од цигари, стапчиња од дрва и сите други начини на кои може да биде загадена храната. За некои видови храна, можно е да се загадат и доколку не се чувани во соодветни садови, како што се керамичните садови со глазура заснована на олово.

Труењето со храна е признато како болест. Продажбата на гранив, контаминирана или нечиста храна беше честа, сè до воведувањето на хигиена, ладење и контрола на штетници во 19 век. Откривањето на техниките за убивање на бактериите користејки топлина и други микробиолошки истражувања од научници како што е Луј Пастер, придонесоа за современи санитарни стандарди кои се присутни во развиените земји денес. Ова дополнително беше дополнето со работата на Јустус фон Либиг, кој водеше до развој на модерниот начин за чување храна и методи за зачувување на храната. Во последниве години, поголемо разбирање за причините за предизвикување на оваа болест доведе до развој на посистемски пристап како што е „Анализа на опасност и критични контролни точки“ (НАССР), која може да идентификува и елиминира многу ризици.

Предложените мерки за обезбедување на безбедноста на храната вклучуваат одржување на чиста област за приготвување на храната од различни видови кои треба да се чуваат одвоено, обезбедување на соодветна температура за готвење и ладење на храната веднаш после готвењето кога тоа ќе биде потребно. Храната која лесно се расипува, како што се месото, млечните производи и морските плодови мора да бидат подготвени на начин на кој ќе избегне загадување за луѓето за кои таа се подготвува. Како таква, општо правило е дека ладната храна (како што се млечните производи) треба да се чуваат на ладно, а пак топлите јадења (како што е супата) треба да се чуваат на топло. Ладното месо, како што е пилешкото, кое треба да биде зготвено, не треба да се чува на собна температура, затоа што постои ризик од опасен раст на бактерии, како што се Салмонела или Е. Коли.

Некои луѓе се алергични или пак осетливи на храна кои не се многу проблематични кај повеќето од луѓето. Ова се случува која имунолошкиот систем на една личност која злоупотребува одредена белковина за штетен агент и го напаѓа. Околу 2% од возрасните и 8% од децата се алергични на храна. Висината на хрансливата супстанца за да предизвика реакција може да бидат многу мали. Во некои случаи, остатоци од храна во воздухот, премногу мали за да се осетат преку мирис, се познати како предизвикувачи на смртоносни реакции кај преосетливи лица. Чести алергенси од храна се глутен, пченка, школка (мекотели), кикирики и соја. Алергенсите често предизвикуваат симптоми како што се дијареја, исип, надуеност, повраќање и регургитација. Дигестивните жалби најчесто се јавуваат по половина час од ингестијата на алерген.

Ретко, алергиите од храна може да доведат до потреба од инта помош, како што се анафилактичен шок, хипотензија (низок крвен притисок) и губење на свеста. Како алерген кој ја причинува овој тип на реакција се наведуваат кикириките, иаако производите од латекс може да предизвикаат исти реакции. Првичниот третман е со епинефрин (адреналин).

Културни и религиозни исхрани

[уреди | уреди извор]

Диетските навики вообичаено се одлуки кои ги донесува лице или култура за тоа кој вид на храна ќе го конзумира. Многу култури префериират одредена храна, а пак друга храна им е табу тема. Изборот за храна исто така може да игра главно улога во религијата. На пример, јудаизмот дозволува само кошер храна, во исламот е дозволена халал храна, а во хиндуизмот забрането е говедското месо. Покрај тоа, избраната исхрана на различни земји или региони имаат различни одлики. Ова е тесно поврзано со кујната на една култура.

Недостатоци при исхраната

[уреди | уреди извор]

Диететските навики имаат значајна улога во здравјето и смртноста кај сите луѓе. Дебаланс меѓу конзумираните течности и потрошената енергија резултира со глад или со прекумерни резерви на масно ткиво, познато како телесни масти. Неквалитетна доза на витамини и минерали може да доведе до болести кои може да имаат далекусежни ефекти врз здравјето. На пример 30% од светската популација или има или е изложена на ризик за развој на недостаток на јод. Се претпоставува дека најмалки 3 милиони деца се слепи поради недостаток на витамин А.

Морална, етички и здрава исхрана

[уреди | уреди извор]

Многу поединци се ограничени што ќе јадат поради морал или некоја друга навика. На пример, вегетеријанците избираат да се откажат од производи од животинско потекло во различни степени. Други избираат здрава исхрана, избегнувајки шеќер или масти од животинско потекло и ја зголемуваат конзумацијата на прехранбени влакна и антиоксиданси. Дебелината, сериозен проблем во западниот свет, води до води до поголеми шанси за развој на срцеви болести, дијабетес и многу други болести. Во поново време, навиките во исхраната се под влијание на луѓе кои се загрижени дека имаат имаат влијание на здравјето или животната средина од генетски изменета храна. Дополнителни грижи за влијанието од индустриското земјоделство за благостостојба на животните, здравјето на луѓето и животнаа средина, исто така, влијаат современите навики во исхраната. Ова доведе до појава на предност на органската и локалната храна.

Исхрана и проблеми во исхраната

[уреди | уреди извор]

Помеѓу крајностите на оптималното здравје и смртта од глад или недоволна исхранетост, постои низа на болести кои можат да бидат предизвикани со промените во исхраната. Недостатоци, ексцеси и нерамнотежи во исхраната може да произведе негативни влијанија врз здравјето, кое може да доведе до болести како што се: прекумерна телесна тежина или остеопороза, како и психолошки проблеми во однесувањето. Науката за исхраната се обиде да разбере зошто и како влијаат некои посебни диети аспекти на здравјето.

Хранливите материи во храната се групирани во неколку категории. Макрохранливи материи се масти, белковини и јаглехидрати. Микрохранливи материи се минерали и витамини. Покрај тоа, храната содржи вода и прехранбени влакна. Како што претходно беше дискутирано, телото е дизајнирано од страна на природата селекција да ужива во слатка и масна храна. Така слатката храна и храната што гои се типично ретки, но се многу пријатни за јадење. Во модерните времиња, со напредната технологија, храната со пријатен вкус е лесно достапна за корисниците. За жал, ова промовира дебелина како кај возрасните, така и кај децата.

Правна дефиниција

[уреди | уреди извор]

Некои земји имаат правна дефиниција за храна. Овие земји ја дефинираат храната како секој елемент кој треба да се обработи или делумно да се преработи за да може да биде конзумиран. Дефиницијата на елементи како што се прехранбените производи ја вклучуваат секоја супстанца која може да се конзумира од луѓето. Во прилог на овие прехранбени производи, пијалаци, гуми за џвакање, вода или други елементи кои се преработуваат за храна се дел од дефиницијата за храна. Предмети кои не се опфатени во правната дефиниција на храна се живи животни (сè додека не се подготвени за продажба на пазарот), растенија пред бербата, лекови, козметика, тутун, опојни дроги или психотропни супстанци, како и остатоци и контаминенти.

Храната како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Храната како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]
  • „Јадењето и восхитувањето“ — суфиска приказна.[12]
  • Јам каша“ - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава.[13]
  • „Оброк“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[14]
  • „Химна на ручекот“ (руски: Гимн обеду) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[15]
  • „Зелка“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[16]
  • „Десетка со кромид“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[17]
  • „Сол и црн пипер“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[18]
  • „Колачиња“ — расказ на македонската писателка Оливера Николова.[19]
  • „Жешка супа“ — расказ за деца на Оливера Николова.[20]
  • „Спицикото“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[21]
  • „Коцка „кристал“ маргарин“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[22]
  • „Хот-дог куќа“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[23]
  • „Троја“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[24]
  • „Подно греење на чварки“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[25]
  • „Чорба од целер“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[26]
  • „Чорба од тиква“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[27]
  • „По ручекот“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[28]

Храната како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Седна баба да вечера една еребица“ - македонска народна песна.[29]
  • „Колку добро се јадеше некогаш“ (српски: Al se nekad dobro jelo) - песна на српскиот поп-музичар Ѓорѓе Балашевиќ.[30]
  • „Чузбургер“ (англиски: Cheeseburger) — песна на британската рок-група Gang of Four од 1981 година.[31]
  • „Ми треба ручек“ (англиски: I Need Lunch) — песна на американската панк-рок група Дед бојс (Dead Boys) од 1977 година.[32]
  • „Виенска шницла“ (англиски: Weinerschnitzel) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents).[33]
  • „Сакам храна“ (англиски: I like food) - песна на американската група Дисендентс.[34]
  • „Маченик за хамбургери“ (англиски: Hamburger Martyr) — песна на американската рок-група Килдоузер (Killdozer) од 1986 година.[35]
  • Ладen исечок од месо“ (англиски: Coldcut) — британска продуцентска група во електронската музика.[36]
  • „Господар на храната“ (словенечки: Gospodar hrane) — песна на словенечката хардкор-панк група Полска Малца од 1990 година.[37]
  • „Појадок в кревет“ (англиски: Breakfast in Bed) - песна на англиската поп-пејачка Дасти Спрингфилд (Dusty Springfield) од 1969 година.[38]
  • Уште песни за згради и храна“ (англиски: More Songs About Buildings And Food) - албум на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1978 година.[39]
  • „Оброк на ливада“ (англиски: Meadow Meal) - песна на германската рок-група Фауст.[40]
  • „Сурово како суши“ (англиски: Raw Like Sushi) — музички албум на американската поп-пејачка Нене Чери (Neneh Cherry) од 1989 година.[41]
  1. „ProdSTAT“. FAOSTAT. Архивирано од изворникот на 2012-02-10. Посетено на 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. McGee, 333–334.
  3. McGee, 253.
  4. McGee, Chapter 9.
  5. McGee, Chapter 7.
  6. Davidson, стр. 81–82.
  7. Mason
  8. Messer, 53–91.
  9. [1]
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-27. Посетено на 2011-12-25.
  11. „Why does pure water have no taste or colour?“. The Times Of India. 2004-04-03.
  12. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 28-29.
  13. „Jam kaša“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 135-157.
  14. Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 27.
  15. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 56-57.
  16. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 33-34.
  17. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 35-36.
  18. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 37.
  19. Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 23-24.
  20. „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 43-44.
  21. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 46-47.
  22. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 525-526.
  23. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 259-260.
  24. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 376.
  25. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 576-577.
  26. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 211.
  27. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 212-214.
  28. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 14-15.
  29. Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
  30. YouTube, Djordje Balasevic - Al se nekad dobro jelo (tekst) (пристапено на 5 декември 2016)
  31. Discogs, Gang Of Four – Solid Gold (пристапено на 7.11.2022)
  32. Discogs, Dead Boys* – Young Loud And Snotty (пристапено на 8.5.2022)
  33. Descendents – Somery (пристапено на 3.7.2022)
  34. YouTube, Descendents - "I Like Food" (пристапено на 14 декември 2017)
  35. Killdozer – Burl (посетено на 19.2.2023)
  36. Discogs, Coldcut (пристапено на 25.5.2022)
  37. Polska Malca – Mojster S Snežinko (пристапено на 28.9.2023)
  38. YouTube, Dusty Springfield Breakfast in Bed (пристапено на 22 декември 2019)
  39. DISCOGS, Talking Heads ‎– More Songs About Buildings And Food (пристапено на 25 декември 2017)
  40. Two Classic Albums from Faust, Collectors' Choice Music, CCM-179-2, 2000.
  41. Neneh Cherry – Raw Like Sushi (пристапено на 25.5.2022)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]