Прејди на содржината

Ему

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ему
Период: миоцен – денес[1]
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Казуаровидни
Семејство: Емуа
Род: Ему
Вид: Ему
Научен назив
Dromaius novaehollandiae
(Лејтам, 1790)[3]
Подвидови
Распространетост на емуто (со розова боја)

Ему (науч. Dromaius novaehollandiae) — најголемата птица на Австралија е единствениот останат вид од родот ему (Dromaius). Ова е втора птица по висина во денешниот свет, еднаш зад нејзиниот роднина — нојот. Има три подвида, застапени во најголемиот дел од Австралија, иако одбегнуваат густо населени подрачја, густи шуми и многу суви предели.[6] Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[7]

Етимологија

[уреди | уреди извор]
Ему во Зоо Скопје.

Етимологијата на општото име „ему“ е несигурна, но се смета дека потекнува од арапскиот збор за голема птица, што подоцна го користеле португалските истражувачи за да го опишат сродниот казуар во Австралија и Нова Гвинеја.[8] Друга теорија е дека потекнува од зборот „ема“, кој се користи на португалски јазик за да означи голема птица слична на ној или жерав.[9][10] Во Викторија, некои поими за ему биле баримал на џаџавурингскиот јазик, мјоуре во гунајски јазик и коурн во џардваџалски јазик.[11] Птиците биле познати како муравунг или бирабајин за месните жители на Еора и Даруг од Сиднејскиот Слив.[12]

Опис и поведение

[уреди | уреди извор]
Огласување на емуто со надувување на грлото.

Ова е безлетна птица со меко кафеаво перје, висока до 1,9 м. Има долг тенок врат и тенки нозе. Може да помине големи растојаниа во брз, но умерен кас, а по потреба може да развие брзина до 50 км/ч.[13] Бидејќи имаат долги нозе, можат да прават големи чекори, до 275 см[6] Имаат пригодно номадски живот и знаат да пропатуваат големи далечини за да најдат храна. Се хранат со разновидни растенија и инсекти, но издржуваат и со недели без јадење. Покрај ова, голтаат камења, стаклени откршоци и метални делчиња за да ја сомелат храната во стомакот. Не пијат вода често, но ја внесуваат во големи количини кога ќе им се укаже прилика. При високи температури седат во вода и можат да пливаат. По природа се љубопитни и знаат да следат животни и луѓе за да ги набљудуваат. Спијат седејќи, но не ја преспиваат цела вечер, туку на неколку кратки наврати.

Емуата имаат меѓу најсилните нозе во животинското царство, и на нив имаат канџи, кои ги користат за одбрана, и се способни да искинат метална мрежа. Имаат добар вид и слух, со чија помош навремено ги забележуваат грабливците во околината. Перјето се разликува од регион до регион, и одговара на околината со цел да бидат помалку забележливи. Пердувите имаат структура која ги штити од топлина, што им овозможува да бидат активни на пладневната жега. Трпат многу различни температури и имаат добра терморегулација. Мажјаците и женките тешко се распознаваат на лик, туку се разликуваат главно по нивниот гласен вик кои го оддаваат со надувување на мешина на вратот.

Размножување

[уреди | уреди извор]
Јајце од ему
Младенчињата имаат пруги за камуфлажа, кои подоцна ги губат

Сезоната на парење е во мај и јуни, и единките не се ограничуваат на еден доживотен партнер. Женките често се борат за мажјаци. Во една сезона се парат по неколкупати и несат по неколку легла јајца во секоја сезона. Квачењето го вршат претежно мажјаците. Пред парењето, ја зголемуваат телесната маса, бидејќи не внесуваат храна додека квачат, губејќи доста од тежината. Јајцата се испилуваат по приближно осум недели, и за младите се грижи таткото. Ја достигнуваат полната големина некаде на возраст од шест месеци, но знаат да останат со родителите сè до следната сезона на парење, која доаѓа по половина година.

Животниот век во дивина им трае од 10 до 20 години. Придони непријатели им се дингото, орлите и јастребите, кои се хранат со емуа. Дингото го избегнуваат со скокање и клоцање, но орлите и јастребите можат да ги избегнат само со трчање и нагли скршнувања.

Екологија

[уреди | уреди извор]

Подвидовите тасманско и црно ему живееле на островите Тасманија и Кинг, но доживеале истребување со доселувањето на Европејците во 1788 г. Колонизацијата и човековите активности ги измениле и живеалиштата на подвидовите на главното австралиско копно. Емуто некогаш било мошне застапено на источниот брег, но сега таму ретко се среќава. За разлика од тоа, развојот на земјоделството и наводнувањето во внатрешноста на континентот го зголемиле ареалот во посувите предели, така што денес оваа птица има статус на најмала загриженост од изумирање (LC). Староседелците и првите доселеници ги ловеле како храна и извор гориво (маслото) и поради кожата.

Културно значење

[уреди | уреди извор]

Емуто е важен културен симбол на Австралија и фигурира на државниот грб и разни монети на австралискиот долар. Има значајно место и во митологијата на австралиските староседелци и по него се наречени стотици топоними.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Patterson, C.; Rich, Patricia Vickers (1987). „The fossil history of the emus, Dromaius (Aves: Dromaiinae)“. Records of the South Australian Museum. 21: 85–117.
  2. BirdLife International (2012). Dromaius novaehollandiae. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  3. Davies, S.J.J.F. (2003). „Emus“. Во Hutchins, Michael (уред.). Grzimek's Animal Life Encyclopedia. 8 Birds I Tinamous and Ratites to Hoatzins (2. изд.). Farmington Hills, MI: Gale Group. стр. 83–87. ISBN 0-7876-5784-0.
  4. 4,0 4,1 Brands, Sheila (14 August 2008). „Systema Naturae 2000 / Classification, Dromaius novaehollandiae“. Project: The Taxonomicon. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 4 February 2009.
  5. „Names List for Dromaius novaehollandiae (Лејтам, 1790)“. Department of the Environment, Water, Heritage and the Arts. Посетено на 3 November 2008.
  6. 6,0 6,1 Davies, S. J. J. F. (1963). „Emus“. Australian Natural History. 14: 225–229.
  7. „Ему“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 29 април 2015.
  8. Boles, Walter (6 април 2010). „Emu“. Australian Museum. Посетено на 18 април 2021.
  9. Eastman, стр. 5.
  10. McClymont, James R. „The etymology of the name 'emu'. readbookonline.net. Архивирано од изворникот на 21 април 2015. Посетено на 18 април 2021.
  11. Mathew, John (1899). Eaglehawk and crow a study of the Australian aborigines including an inquiry into their origin and a survey of Australian languages. Рипол Классик. стр. 159. ISBN 978-5-87986-358-1.
  12. Troy, Jakelin (1993). The Sydney language. Canberra: Jakelin Troy. стр. 54. ISBN 978-0-646-11015-8.
  13. „Emu“. NSW department of Environment & Heritage. Посетено на 5 February 2013.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Coddington, Catherine L.; Cockburn, Andrew (1995). „The Mating System of Free-living Emus“. Australian Journal of Zoology. 43 (4): 365–372. doi:10.1071/ZO9950365.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Eastman, Maxine (1969). The life of the emu. London; Sydney: Angus and Robertson. ISBN 0-207-95120-9.
  • Howarth, Gordon S.; Lindsay, Ruth J.; Butler, Ross N.; Geier, Mark S. (2008). „Can emu oil ameliorate inflammatory disorders affecting the gastrointestinal system?“. Australian Journal of Experimental Agriculture. 48 (10): 1276–1279. doi:10.1071/EA08139.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Maloney, Shane K. (2008). „Thermoregulation in ratites: a review“. Australian Journal of Experimental Agriculture. 48 (10): 1293–1301. doi:10.1071/EA08142.
  • Stiglec, R.; Ezaz, T.; Graves, J. A. M. (2007). „A new look at the evolution of avian sex chromosomes“. Cytogenet. Genome Res. 117 (1–4): 103–109. doi:10.1159/000103170. PMID 17675850.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]