Вратоврска
Изглед
Вратоврска е предмет за облекување кој го носат мажите околу вратот. Името според некои извори потекнува од зборчето „Кроате“ (Хрват), бидејќи според некои извори први ги носеле хрватски војници.[1]
Вратоврската најверојатно еволуирала од обичната марама околу вратот која имала повеќекратна функција, а не само украсна, односно се ставала преку лицето поради заштита од прашина во текот на јавањето, со неа се превивала и зацврстувала рана, потоа таквата марама можела да ја впива потта околу вратот или да се стави на главата како заштита од сонце. Исто така се употребувала и како филтер за филтрирање на механички нечиста вода.
Вратоврската како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Колумбиска вратоврска“ (Colombian Necktie) - песна на американската рок-група „Биг Блек“ (Big Black) од 1987 година.[2]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Academia Cravatica“. Academia-cravatica.hr. Архивирано од изворникот на 15 февруари 2012. Посетено на 6 јануари 2012.
- ↑ Discogs, Big Black – Songs About Fucking (пристапено на 30.7.2019)