Асур
آشور | |
Американски војници кај рушевините на Асур во 2008 г. | |
Место | Саладин, Ирак |
---|---|
Област | Месопотамија |
Вид | населено место |
Историја | |
Изграденo | ~ 2600-2500 п.н.е |
Напуштено | XIV век н.е. |
Раздобје | рано бронзено време - ? |
Службен назив: Асур (Qal'at Sherqat) | |
Тип: | Културен центар |
Критериуми: | iii, iv |
Прогласено: | 2003 (27-мо заседание) |
Број | 1130 |
Област: | арапски држави |
Загрозен: | 2003– |
Асур — рушевина од градот од последната Ашуритско кралство. Остатоците од градот се сместени на западното крајбрежје на реката Тигар, северно од придружната река Мал заб, во денешен Ирак, попрецизно во ел-Ширкет во покраина Саладин).
Градот бил населен од средината на третиот милениум п.н.е (2600–2500 п.н.е) па сè до XIV од нашата ера кога Тамерлан го масакрирал населението.
Асур е исто името на главното божество во градот. Се сметал за врховен бог во Асиркиот пантеон и за заштитник на асирската држава. Во месопотамиската митологија тој бил исто што и вавилонскиот бог Мардук.
Самиот град Асур е прогласен за заштитено светско наследство од УНЕСКО, но еставено на списокот на загрозени места од светското наследство во 2003 г., поради борбите во таа област, и поради предлогот за изградба на брана, која ќе поплави дел од градот.
Археологија
[уреди | уреди извор]Истражувањата на наоѓалиштето Асур започнале во 1898 година под раководство на германски археолози. Ископувањата започнале во 1900 година на чело со Фридрих Делич, и продолжиле од 1903–1913 со екипа на археолози од Германското ориентално друштво првично раководено од Роберт Колдевеј а подоцна од Волтер Андрае.[1][2][3][4][5] Пронајдени се повеќе од 16.000 табли со клинести текстови. Многу од предметите кои беа пронајдени беа однесени во Пергамскиот музеј во Берлин.
Неодамна, Ашур беше ископуван од Б. Хруда за универзитетот во Минхен и баварското министерство за култура во 1990 година.[6] За време на истиот период, во 1988 и 1989, на рушевините ископувал Р. Дитман како претставник на Германската истражувачка фондација.[7]
Име
[уреди | уреди извор]Асур е името на градот, и земјата со која владеел градот, и божество заштитник на градот. Подоцна се појавува во Асирската литература како Аншар, (An-sar (ki)), што најверојатно се читало како Асур. Името на божеството се запишувало како А-шур или Ас-сур, и во новоасирскиот било скратено на Ас.
Во записите на создавањето, небесата била претставена преку поимот Ан-сар, „домаќин на небото“, во спротивност на она на Земјата, Ки-сар, „домаќин на Земјата“.
Согледувајќи ни фактите, изгледа веројатно дека подоцнежниот запис Ан-сар за Асур било повеќе или помалку свесен обид на дел од асирските пишувачи да го поистоветат асирското божество Асур со божеството на создавањето Ан-сар. Од друга страна пак, постои и епитетот Асир или Ашир („надгледувач“) кој се додава на меколку божества и особено на божеството Асур, факт кој воведе и трет елемент на забуна во разговорите за потеклото на името Асур. Оттука и постојат три можни етимолошки зборови од кои може да потекнува името Асур, А-усар, Ан-сар и асдру.
Рано бронзена време
[уреди | уреди извор]Археологијата покажала дека местот каде е изграден градот бил населен од средината на третиот милениум п.н.е. Ова е времето на сумерски период, пред постоењето на Асирското кралство во периодот меѓу XXIII и XXI век п.н.е. Најстарите остатоци на градот биле откриени во темелите на храмот Иштар, како и кај старата палата. Во наредниот стар акадски период, со градот владееле кралевии од Акад. За време на „сумерската ренесанса“, со градот владеел Сумерски владетел.
Стара и средна Асирија
[уреди | уреди извор]Вопериодот кога пропаднала ново-сумерската династија Ур-III по дејство на Еламитите околу XXI век п.н.е, месните акадски кралеви, вклучувајќи го и оној во Асур, се ослободиле од сумерската стега. Асирскиот крал Ушпија кој владеел во XXI век п.н.е, е кралот кој го подигнал храмот во чест на богот Асур во неговиот роден град. Околу 2000 п.н.е, Пузур Ашур I ја основал новата династија, и неговите наследници се Илушима, Еришум I и Саргон I кои оставиле натписи за изградбата на храмовите на Ашур, Адад и Иштар. Асур се развивал забрзано во центар на трговија, и се поврзал со градовите во Анадолија, каде трговците од Асур воспоставиле трговски колонии во Мала Азија наречени карум, и тргувале најчесто со калај и волна. Во самиот град Асур, подигнати биле првите големи храмови на богот Асур и на богот на временските услови Адад. Во тој период почнале да се градат и првите утврдувања.
Асур бил главниот град на империјата на Шамси Адад I (1813–1781 п.н.е). Тој ја проширил моќта и влијанието на градот преку реката Тигар и целта долина, што на некој начин ја создал првата Асирска империја. Во овој период, била изградена и Големат кралска палата, а воедно храмот на Асур бил проширен и зголемен со додавање на скалеста пирамида или зигурат. Оваа империја престанала да постои кога Хамураби, Аморитот крал на Вавилон го додал градот кон својата краткотрајна империја која престанала да постои по смртта Ишме Даган I околу 1756 година п.н.е, а наредните три кралеви се сметале за вазали. Домородниот крал Адаси ги протерал вавилонците и аморитите од Асур околу 1720 година п.н.е, но многу малку се знае за неговите наследници. За обновата и изградбата се знае неколку векови подоцна, за време на владеењето на кралот Пузур Ашур III, кога градот бил утврден и јужните делови биле придодадени кон одбранбените сили на градот. Биле подигнати храмови на месечевиот бог Син (Нана) и богот на Сонцето Шамаш во XV век п.н.е. Градот подоцна бил покорен од кралот на Митани, Шауштатар во средината на XV век , кој ги отстранил златните и сребрените врати од храмовите и ги однел во својот главен град, Вашукани.
Ашур Убалит I ги отфрла владеењето на Митанската империја во 1365 година п.н.е, и асирцијте ја искористиле оваа можност и завладеале со источниот дел од Митанската империја, а подоцна ги придодале и хетитските територии на Вавилон, Аморит и Хурија. Во наредните векови старите храмови и палати во Асур биле обновени, градот повторно станал седиште на моќна империја во периодот од 1365 до 1076 година п.н.е. Тукулти Нинурта I (1244–1208 п.н.е) исто така започнал со градба на храм посветен на Иштар. Храмот Ану-Адад е изграден за време на владеењето на Тиглат Пилесер I (1115–1075 п.н.е). Заѕиданата површина на градот во средно асирскиот период била 1,2 км2.
Новата Асирска империја
[уреди | уреди извор]За време на Новата Асирска империја (912–608 п.н.е), кралската палата била префрлена во другите асирски градови. Ашур Насир Пал II (884–859 п.н.е) го преместил главниот град од Асур во Кала (Кала/Нимруд). Но градот Асур и понатаму останува религиозен центар за целата империја, поради присуството на храмот на националното божество Асур. За време на владеењето на Сеначериб (705–682 п.н.е), била изградена Куќата на новата година, акиту, со што почнале да се слават фестивалите во градот. Неколку асирски владетели биле и закопани под старата палата. градот бил опљашкан и уништен за време на походите на медите, вавилонците и персијците во 612 година п.н.е.
Персиската империја
[уреди | уреди извор]Градот повторно е населен од асирци по неколку векови. За време на владеењето на партијаните, меѓу 100 година п.н.е и 270 година, градот станал административен центар на партијанското владение во Асирија, и некои од познатите асиролози како Симо Парпола велат дека градот имал одредена автономија или пак вид на независност. Биле изградени нови административни згради во севернот дел на градот, и една палата во јужниот дел. Стариот храм посветен на националното божество на асирците Асур бил обновен, што е потврда за постојаното присуство на етнички асирци [1]. Но, градот повторно е уништен при походот на сасанидскиот крал Шапур I (241–272). Но градот и понатаму бил населен сè до XIV век.
Асур по се изгледа бил населен од асирци, и ги надживеал партијанците и сасанидите. Бил населен и за време на исламскиот приод сè до XIV век кога Тамерлан го масакрирал домородното асирско население кои биле христијани. По овој настан не постојат траги за нови населби во археолошкото и нумизматичкото досие. [2].
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Walter Andrae, Der Anu-Adad-Tempel in Assur, JC Hinrichs, 1909, (1984 reprint ISBN 3-7648-1805-0)
- ↑ Walter Andrae, Die Stelenreihen in Assur, JC Hinrichs, 1913, (1972 reprint ISBN 3-535-00587-6)
- ↑ Walter Andrae, Die archaischen Ischtar-Tempel in Assur, JC Hinrichs, 1922, (1970 reprint ISBN 3-7648-1806-9)
- ↑ Walter Andrae, Hethitische Inschriften auf Bleistreifen aus Assur, JC Hinrichs, 1924
- ↑ Walter Andrae, Das wiedererstandene Assur, 1938, JC Hinrichs, (1977 reprint ISBN 3-406-02947-7)
- ↑ Excavations in Iraq 1989-1990, Iraq, vol. 53, pp. 169-182, 1991
- ↑ R. Dittmann, Ausgrabungen der Freien Universitat Berlin in Ashur und Kar-Tukulti-Ninurta in den Jahren 1986-1989, MDOG, vol. 122, pp. 157-171, 1990
|