Арво Пjaрт (роден на 11 септември1935) е естонскикомпозитор на класична и религиозна музика.[1] Уште од раните 1970-ти години, Пjaрт работи на минималистичкиот стил кој тој го формализира на свој сопствен начин, нарекувајќи го „тинтинабули“. Неговата музика исто така е инспирирана од Грегоријанското пеење,[2] често асоцирана со движењето „Нова Едноставност“.
Пjaрт е роден во Пајде, Естонија. По долгогодишната борба со Советскиот Сојуз, службените лица го протеруваат него и неговата жена заедно со двата сина во 1980 година. Најпрвин се преселува во Виена, каде што се стекнува со австриско државјанство, а потоа се преселил во Берлин во 1981 година. Се вратил во Естонија на почетокот на 21 век, но денес живее помеѓу Берлин[3] и Талин.[4][5]