11 септември
Изглед
<< | септември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | |||||
2024 |
Оваа статија е за датумот. За терористичките напади врз САД, видете Терористички напади од 11 септември 2001 година
11 септември — 254-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (255-и во престапна година). Остануваат 111 денови до крајот на годината.
Настани:
1683 | Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада. |
1903 | На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска. |
1905 | На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев. |
1941 | Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор. |
1943 | На патот Кичево-Охрид, баталјонот „Мирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица. |
1944 | Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија. |
1944 | Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села. |
1944 | Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор. |
1973 | Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура. |
1996 | Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1997 | Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ). |
2001 | Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен. |
2003 | Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло. |
Родени:
1524 | Пјер Ронсар — француски писател. |
1862 | Вилијам Сидни Портер — американски писател. |
1883 | Григори Зиновјев — руски и советски револуционер и политичар. |
1885 | Дејвид Херберт Лоренс — англиски писател. |
1913 | Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“) — полски комунист, основач на ЧК (подоцна КГБ). |
1914 | Павле — српски патријарх. |
1919 | Ота Шик — чешки економист и политичар. |
1935 | Герман Титов — советски космонаут. |
1939 | Сократ Лафазановски — македонски сликар и балетски уметник. |
1945 | Франц Бекенбауер — германски фудбалер, тренер и функционер. |
1957 | Пребен Елкјер — дански фудбалер. |
1965 | Моби — американски музичар. |
1968 | Љубинко Друловиќ — српски фудбалер и тренер. |
1968 | Славен Билиќ — хрватски фудбалер и тренер. |
1978 | Дејан Станковиќ — српски фудбалер. |
1979 | Ерик Абидал — француски фудбалер. |
1979 | Бујар Османи — македонски политичар. |
1980 | Кристоф ле Мевел — француски велосипедист. |
1980 | Александар Корнев — руски одбојкар. |
1982 | Ливе Вестра — холандски велосипедист. |
1989 | Енрике Санз — шпански велосипедист. |
1989 | Енди Руиз — мексикански боксер. |
1992 | Борут Мачковшек — словенечки ракометар. |
1992 | Марија Габриела де Фарија — венецуелска глумица и пејачка. |
Починале:
1733 | Франсоа Купрен — француски композитор. |
1794 | Свети Атанасиј Радовишки — македонски светец. |
1823 | Давид Рикардо — англиски економист. |
1905 | Александар Турунџев — македонски војвода. |
1971 | Никита Сергеевич Хрушчов — советски политичар и државник. |
1973 | Салвадор Аљенде — претседател на Чиле. |
2003 | Ана Линд — шведска министерка за надворешни работи. |
2007 | Џо Завинул — австриско-американски џез-музичар. |
2009 | Јоргос Папуљас — грчки министер за надворешни работи. |