Прејди на содржината

ФК Вотфорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вотфорд
Целосно имеФудбалски клуб Вотфорд
Прекарстршлени
Основан1881
СтадионВикариџ Роуд[1]
Вотфорд, Англија
Капацитет21,438 [2]
СопственикИталија Џино Поцо[3]
ПретседателАнглија Скот Даксбери [4]
МенаџерСрбија Владимир Ивиќ
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2019–20Премиер лига, 19. место (испаѓање)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Вотфорд е професионален фудбалски клуб од Вотфорд, грофовијата Хартфордшир, Англија. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, втората лига по ранг во англискиот фудбал.

Клубот е основанво 1881 година под името Вотфорд Роверс. Првиот настап во ФА купот го имале во 1886 година и првобитно се натпреварувале во Јужната лига една декада подоцна. Откако во сезоната 1914-1915 под водство на Хари Кент Вотфорд ја освоил Јужната лига, во 1920 година клубот влегува во Фудбалската лига. Во својата историја клубот променил неколку стадиони пред да дојде на Викариџ Роуд во 1992 година, на кој и денес ги игра својте домашни натпревари.[5] Поголемиот дел од своето постоење Вотфорд го поминал играјќи во пониските лиги, а во Премиер лигата има настапувано шест сезони за последен пат во сезоната 2019-2020. Исто така во повеќе наврати клубот ги менувал боите и амблемите.[6] Прекарот на клубот е Hornets или стршлените.

Периодот под водство на Греам Тејлор бил еден од најуспешните периоди во историјата на клубот. Од неговото назначување во 1977 година па до заминувањето во 1987 година, Вотфорд успеал од четвртата дивизија да стигне до првата. Во сезоната 1982–1983, клубот завршил на второ место во Првата дивизија, и така се пласирал за Купот на УЕФА. Во 1984 година Вотфорд играл во финалето на ФА Купот каде бил поразен со 2-0 од Евертон.[7] Од 2011 година, клубот е во сопственост на италијанското семејство Поцо, кое исто така во своја сопственост ги има и екипите на Удинезе од италијанската Серија А и шпанската Гранада.

Историја

[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Вотфорд Роверс е формиран во 1881 година. Својте први натпревари клубот ги играл на "Касиобери Парк", пред да се премести на "Викериџ Мидоу" и нешто подоцна на "Маркет Стрит" во Вотфорд. За првпат се натпреварувале во ФА Купот во сезоната 1886-1887, а во 1889 година го освоиле Каунти купот. Клубот станал фудбалски дел од Вест Хартфордшир Спортс клуб во 1890 година и последователно се преместиле на стадионот на ул. "Касио Роуд". Клубот бил преименуван во Вест Хартфордшир во 1893 година, приклучувајќи и се на Јужната Фудбалска лига во 1896, а во 1897 играчите на клуба станале професионалци. Во 1898 Вест Хартфордшир се соединил со Вотфорд Сеинт Мери'с и бил создаден нов фудбалски клуб под името ФК Вотфорд.

Вотфорд останал во Јужната лига до 1920 година, додека Јужната лига не била приклучена кон Третата англиска дивизија. Така клубот влегол во Фудбалската лига. Од сезоната 1921-1922, третото ниво на Фудбалската лига содржело два паралелни дела (Север и Југ) од 22 клуба, кој се бореле за промоција во Втората дивизија и за одржување на лигашкиот статус. Според системот последните два клуба од двата дела требале да играат со победниците на Северната и Јужната лига. Вотфорд завршиле на 21-во место во сезоната 1926-1927, но едногласно биле преизбрани со 44 гласа од останатите клубови од Третата дивизија да останат во дивизијата. Играта на клубот пред Втората светска војна се подобрела и тие завршиле во топ 6 пет последователни години во периодот меѓу 1934-1935 и 1938-1939. Во меѓувреме го освоиле Купот на Третата дивизија Југ во 1937 година. По продолжувувањето на лигата после војната Вотфорд останале во истата дивизија. Во сезоната 1950-1951 клубот завршил на 23-тото место, но одново едногласно сите 48 клуба од Третата дивизија гласале за негово останување во дивизијата Југ.

Клубот останал во Третата дивизија Југ до 1958 година, кога првенството се преструктурирало во четири дивизии за сезоната 1958-1959. Токму Вотфорд бил поставен во новата Четврта дивизија. Клубот поминал две сезони таму, пред да избори промоција за Третата дивизија во 1960 година. Рон Барџис, поранешниот играч на Тотенхем бил избран за тренер при крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години на XX век, но една од причините за освојувањето на промоција бил и најдобриот стрелец за сезоната Клиф Холтон, кој направил клупски рекорд од 42 гола за една сезона. Откако во следната сезона Холтон постигнал уште 34 гола, клубот решил да го продаде на Нортхемптон Таун заедно со уште некои други играчи. Барџис бил наследен од Бил Mекгари, кој купил нови играчи како Чарли Ливси, Рон Сондерс и Џими MакАнирни. Северноирскиот голман Пат Џенингс дошол во Вотфрод во 1963 година од Њури Таун, и покрај тоа што настапувал во Третата дивизија бил повикуван во репрезентативниот состав. Добрите игри му донеле трансфер во Тотенхем за помалку од една година.

Мекгари заминал во Ипсвич во 1964 година и бил заменет со Кен Фарфи кој дошол од Воркингтон Таун како играч-тренер. Тој донел некој нови играчи како 22-годишниот Кит Еди и поискусниот и поранешен младинец Денис Бонд, но откако клубот неуспеал да избори промоција во сезоната 1966-1967, Бонд бил продаден на Тотенхем. Во 1969 година клубот одново створил силна екипа со потпишувањето на Бари Енден. Пристигањето на Енден се поклопува со почетокот на одличната серија натпревари без пораз после Божиќ, и Вотфорд си ја осигурал титулата во април, после натпреварот на домашен терен против Плимут Аргајл. Една година подоцна за првпат Вотфорд се пласирал во полуфиналето на ФА купот. На патот до таму победиле клубови од Првата дивизија како Стоук Сити и Ливерпул. После добрите игри навивачите започнале да веруваат дека наскоро би можеле да го видат својот клуб во Првата дивизија. Но набргу потоа, Кен Фарфи бил назначен за тренер на Блекбурн Роверс, а на клупата на Вотфорд него го наследил Џорџ Кирби. Попречени од недостатокот на средства тимот на Кирби испаднал во Третата дивизија во 1972 година.[8] Понатаму, Вотфорд не успевал да се врати назад во Втората дивизија, туку напротив - во 1975 година испаднале во Четвртата дивизија. Во тие тешки времиња на помош на тимот се нашол еден познат навивач и приврзаник, пејачот Елтон Џон, кој му се приклучил на Вотфорд во 1973 година како претседател, а во 1976 година станал сопственик на клубот. Пејачот изразил амбиција да го одведе Вотфорд во Првата дивизија,[8] а првиот потег му бил врачувањето отказ на менаџерот Мајк Кин во април 1977.

Во јуни 1977, кога за менаџер бил назначен Греам Тејлор Вотфорд бил обичен клуб од Четвртата дивизија. Тејлор постигнал успех со клубот веќе во својата прва сезона освојувајќи ја титулата во дивизијата, и изборувајќи промоција назад во Третата дивизија. Следната сезона избориле промоција во Втората дивизија, со помош на Рос Џенкинс кој ја завршил сезона како најдобар стрелец во лигата со 29 гола. Во следните две сезони "стршлените" завршиле соодветно на 18-то и 9-то место, а историската промоција во Првата дивизија за првпат во историјата на клубот била обезбедена во сезоната 1981-1982, кога завршиле како втори зад Лутон Таун.[9]

Вотфорд ја започнал својата прва сезона во Првата дивизија со победи над Евертон и Саутхемптон. Со тоа за период од седум години клубот се искачил од дното на најниската дивизија на Фудбалската лига до најгорната позиција во највисоката дивизија. Но и покрај добриот почеток "стршлените" не биле во ситуација да се борат за титулата, но на општо изненадување на крајот на сезоната завршиле како втори зад Ливерпул, со што избориле учество во Купот на УЕФА за следната сезона. Напаѓачот Лутер Блисет ja завршил сезоната како најдобар стрелец во лигата со 27 гола, но по завршувањето на сезоната тој бил продаден на италијанскиот Милан за 1 млн. фунти. По освојувањето на второто место, за клубот дошол нов успех - финалето на ФА Купот во 1984, во кое загубиле од Евертон со 2-0.[10] Во своето прво искуство во Евро-турнирите, Вотфорд бил елиминиран во третата рунда на Купот на УЕФА од Славија Прага од Чехословачка, откако претходно ги елиминирале екипите на Кајзерслаутерн и Левски Софија. Во лигата клубот завршил на 11. место, благодарение на новото засилување 20-годишниот напаѓач Мо Џонстон од Шкотска, кој постигнал 20 гола во 29 првенствени натпревари.[11] Откако ја завршил сезоната 1986-1987 со Вотфорд на деветтото место, Тејлор потпишал за Астон Вила.

По заминувањето на Тејлор, менаџерот на Вимблдон Дејв Басет бил назначен како негов наследник. Меѓутоа, продажбата на Џон Барнс во Ливерпул се одразила многу лошо за "стршлените", и стартот на сезоната 1987-1988 бил ужасен. Басет бил отпуштен во јануари 1988, а клубот испаднал од Првата дивизија на крајот од сезоната. Во следната сезона 1988-1989, Вотфорд не успеал да се врати во Првата дивизија бидејќи загубиле во плејофите на Втората дивизија. Сепак сезоната ќе биде запомнета по успехот на младинскиот тим на Вотфорд до 18 години кој го освоиле Младинскиот ФА куп, победувајќи го Манчестер Сити со 2-1 по продолженија, а на голот на Вотфорд во тој натпревар бил идниот англиски репрезентативец Дејвид Џејмс. Во следните неколку сезони со својте резултати Вотфорд не покажал сериозна амбиција за враќање во Првата дивизија. Во 1992 година Втората дивизија на Фудбалската лига на Англија била преименувана во Прва дивизија, по формирањето на Премиер лигата. Во сезоната 1994-1995, младиот играч од средниот ред Крег Рамиџ го инспирира клубот да одигра добра сезона, но на крајот Вотфорд завршиле седми, без шанси да се пласираат во Премиер лигата. Во 1993 поранешниот играч од средниот ред на клубот, Глен Редер, станал нов менаџер но ни тој неуспеал многу да ги подобри работите. И покрај враќањето на најуспешниот нивен менаџер во клупската историја, Греам Тејлор како помошник-тренер во февруари 1996, клубот испаднал во Втората дивизија (третата лига по ранг).

По испаѓањето Тејлор станал спортски директор, а на менаџерската функција дошол Кени Џакет. Откако клубот завршил само во средината на табелата во Втората дивизија во 1996-1997, Џакет бил оставен во клубот но на позицијата на помошник менаџер, а Тејлор се вратил на менаџерското место. Тој го одвел Вотфорд до титулата во Втората дивизија во сезоната 1997-1998. Следната сезона дошла втора промоција по ред, благодарение на победата во финалето на плејофот со 2-0 над Болтон Вондерерс. Така, Вотфорд се вратил во највисокиот ранг на англискиот фудбал по пауза од 11 години и за првпат во својата историја настапил во новоформираната Премиер лига. Сезоната започнала добро за "стршлените" кога тие го победиле Ливерпул, но подоцна резултатите на тимот се влошиле и тие ја завршиле сезоната како последни. Греам Тејлор се повлекол од фудбалот на крајот од сезоната 2000-2001, и бил заменет со италијанската фудбалска легенда, Џанлука Вијали. Вијали потпишал скап договор и сметките и платите во клубот нагло нараснале, бидејќи самиот Вијали заработувал речиси еден милион фунти по сезона. Покрај сето тоа и резултатите на клубот не биле доволно добри откако завршиле на 14-то место во дивизијата и Вијали бил отпуштен, откако одбил да поднесе оставка. Тој бил заменет со Реј Луингтон, кој му се приклучил на клубот од резервниот состав.

Слабата финансиска позиција на Вотфорд се влошила во сезоната 2002-2003 после распаѓањето на ITV Digital. Клубот се соочил со администрација, но споразумниот договор со играчите и персоналот за намалување на 12% од платите му помогнал на клубот да заштеди пари, и тимот стигнал до полуфиналето на ФА Купот во 2003, кој му генерираат приходи од витално значење. Поради финансиските проблеми многу играчи на клубот биле ослободени во текот на летото. Сезоната 2003-2004 започнала добро, но слабата форма на тимот довела до пад дури до зоната на испаѓање. И покрај тоа што стигнале до полуфиналето на Лига купот, не успеале да ја подобрат формата во првенството и Луингтон бил отпуштен во март 2005. Неговиот наследник Ејди Бутројд успеал да го задржи клубот во лигата.

Вотфорд завршил трет во лигата во првата целосна сезона на Бутројд, и го победиле Лидс Јунајтед со 3-0 во финалето на плејофот. Меѓутоа тимот не успеал да забележи ниту една победа во Премиер лигата до ноември, а потоа Ешли Јанг, еден од најдобрите играчи на клубот во последните сезони, бил продаден на Астон Вила за клупски рекорд од 9.65 милиони фунти во јануари 2007. Вотфорд завршил последен на табелата со само 5 победи, но исто така стигнале и до полуфиналето на ФА Купот. Бутројд продолжил да биде менаџер на стршлените и потрошил поприлично многу пари на нови играчи, вклучувајќи го и тогашното рекордно засилување на клубот, Нејтн Елингтон, кој дошол за 3.25 милиони фунти. Во сезоната 2007-2008, Вотфорд завршил само на шестото место и бил поразен веќе во полуфиналето на плејофот од Хал Сити, со убедливи 6-1 вкупен резултат. Боутројд го напуштил клубот во заедничка согласност по три месеци од сезоната 2008-2009, откако Вотфорд се нашол на 21-вото место на табелата во Чемпионшип лигата.

Хронологија

[уреди | уреди извор]
Хронологија на ФК Вотфорд

Стадиони

[уреди | уреди извор]

Во доцните години на 19. век, Вотфорд играл на неколку стадиони како "Касиобери Парк", "Викериџ Мидоу" и "Маркет Стрит". Во 1890 година клубот се преселил на Касио Роуд, каде играле 32 години. Во 1922 се преселиле на нивниот денешен стадион Викариџ Роуд, кој се наоѓал во непосредна близина на Касио Роуд.[12]

Соперници

[уреди | уреди извор]

Навивачите на Вотфорд имаат долго-годишно соперништво со оние на Лутон. Двата клуба редовно се среќавале во Јужна лига во периодот меѓу 1900 и 1920 година,[13] и го продолжиле своето соперништво и по влезот во фудбалската лига сè до 1937 година,[14] кога Лутон избрил промоција од Третата дивизија - Југ. Лутон останал во повисок ранг на натпреварување од Вотфорд сè до 1963 година.[15]

Меѓусебен скор на Вотфорд и Лутон Таун во сите досегашни натпревари[14]
Победи на Вотфорд 36
Победи на Лутон 53
Нерешени 29
Вкупно натпревари 118

По натпреварувања

[уреди | уреди извор]
Исход на натпревар Фудбалска лига Јужна лига ФА Куп Лига Куп Останати Вкупно
Победи на Лутон Таун 32 13 5 2 1 53
нерешени 19 5 4 0 1 29
Победи на Вотфорд 25 8 2 0 1 36

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Трој Дини, моменталниот капитен на Вотфорд.

Од 17 септември 2018 година[16][17]

Бр. Позиција Играч
1 Бразил ГМ Еурељо Гомеш
2 Холандија ОД Дарил Јанмат
3 Уругвај ОД Мигел Бритос
4 Франција ОД Јунес Кабул
5 Австрија ОД Себастијан Предл
6 Јамајка ОД Едријан Мариапа
7 Шпанија СР Жерар Деулофеу
8 Англија СР Том Клеверли
9 Англија НП Трој Дини
10 Нигерија НП Исак Саксес
11 Италија ОД Адам Масина
12 Шведска СР Кен Сема
14 Англија СР Натаниел Чалоба
15 Северна Ирска ОД Крег Кеткарт
16 Франција СР Абдулаје Дукуре
Бр. Позиција Играч
17 Венецуела НП Адалберто Пењаранда
18 Англија НП Андре Греј
19 Англија СР Вил Хјуз
20 Португалија СР Домингош Кина
21 Шпанија ОД Кико Феменија
22 Холандија ОД Марвин Зегелар
23 Шпанија ОД Марк Наваро
24 Англија ОД Бен Вилмот
25 Грција ОД Хосе Холебас
26 Англија ГМ Бен Фостер
27 Белгија ОД Кристијан Кабаселе
29 Франција СР Етјен Капу
30 Шведска ГМ Понтиус Далберг
33 Италија НП Стефано Окака
37 Аргентина СР Роберто Переира

Поврзано

[уреди | уреди извор]

За поранешни играчи на Вотфорд погледни Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд

Греам Тејлор, тренерот кој го одвел Вотфорд до нивната највисока позиција во лигата, второто место во 1983.
Име Од До Натп. П Н И Успешност %
Англија Гудал, ЏонЏон Гудал мај 1903 мај 1910 246 90 63 93 36.59
Англија Кент, ХариХари Кент мај 1910 мај 1926 484 187 121 176 38.64
Англија Пањам, ФредФред Пањам мај 1926 мај 1929 126 45 28 53 35.71
Шкотска МекБејн, НилНил МекБејн мај 1929 август 1937 336 137 71 128 40.77
Шкотска Финдли, БилБил Финдли август 1937 февруари 1947 114 50 25 39 43.86
Англија Бреј, ЏекЏек Бреј март 1947 јануари 1948 35 11 7 17 31.42
Англија Хапгуд, ЕдиЕди Хапгуд февруари 1948 март 1950 88 29 27 32 32.95
Англија Греј, РонРон Греј март 1950 август 1951 56 13 15 28 23.21
Англија Грин, ХејднХејдн Грин август 1951 октомври 1952 54 16 11 27 29.63
Англија Гулдн, ЛенЛен Гулдн ноември 1952 октомври 1955 136 52 39 45 38.24
Шкотска Пејтон, ЏониЏони Пејтон октомври 1955 февруари 1956 15 2 6 7 13.34
Англија Гулден, ЛенЛен Гулден февруари 1956 јули 1956 16 6 3 7 37.50
Шкотска МекБејн, НилНил МекБејн август 1956 февруари 1959 122 42 33 47 34.43
Велс Барџис, РонРон Барџис февруари 1959 мај 1963 200 80 45 75 40.00
Англија МекГари, БилБил МекГари јули 1963 октомври 1964 57 26 17 14 45.61
Англија Фарфи, КенКен Фарфи ноември 1964 јули 1971 295 115 79 101 38.98
Англија Кирби, ЏорџЏорџ Кирби август 1971 мај 1973 88 17 26 45 19.32
Англија Кин, МајкМајк Кин јуни 1973 април 1977 178 67 48 63 37.64
Англија Тејлор, ГреамГреам Тејлор јуни 1977 мај 1987 428 191 105 132 44.63
Англија Басет, ДејвДејв Басет мај 1987 јануари 1988 23 4 6 13 17.39
Англија Харисон, СтивСтив Харисон јануари 1988 март 1990 98 36 27 35 36.73
Англија Ли, КолинКолин Ли март 1990 ноември 1990 28 5 9 14 17.86
Англија Периман, СтивСтив Периман ноември 1990 јули 1993 121 42 35 44 34.71
Англија Редер, ГленГлен Редер јули 1993 февруари 1996 120 39 32 49 32.50
Англија Тејлор, ГреамГреам Тејлор февруари 1996 јуни 1996 18 5 8 5 27.78
Англија/Велс Џакет, КениКени Џакет јуни 1996 јуни 1997 46 16 19 11 34.78
Англија Тејлор, ГреамГреам Тејлор јуни 1997 мај 2001 176 71 45 60 40.34
Италија Вијали, ЏанлукаЏанлука Вијали мај 2001 јуни 2002 46 16 11 19 34.78
Англија Лујингтон, РејРеј Лујингтон јуни 2002 март 2005 131 42 36 53 32.06
Англија Бутројд, ЕјдиЕјди Бутројд март 2005 ноември 2008 152 51 48 53 33.55
Шкотска Макеј, МалкиМалки Макеј ноември 2008 ноември 2008 5 2 1 2 40.00
Северна Ирска Роџерс, БренданБрендан Роџерс ноември 2008 јуни 2009 27 11 6 10 40.74
Шкотска Макеј, МалкиМалки Макеј јуни 2009 јуни 2011 92 30 25 37 32.61
Англија Дајч, ШонШон Дајч јуни 2011 јули 2012 46 16 16 14 34.78
Италија Ѕола, ЏанфранкоЏанфранко Ѕола јули 2012 декември 2013 66 29 15 22 43.94
Италија Санино, ЏузепеЏузепе Санино декември 2013 август 2014 31 13 8 10 41.94
Шпанија Гарсија Хуниент, ОскарОскар Гарсија Хуниент септември 2014 септември 2014 4 1 2 1 25.00
Шкотска Мекинли, БилиБили Мекинли септември 2014 октомври 2014 2 1 1 0 50.00
Србија Јокановиќ, СлавишаСлавиша Јокановиќ октомври 2014 јуни 2015 35 21 5 9 60.00
Шпанија Флорес, Кике СанчесКике Санчес Флорес јуни 2015 мај 2016 38 12 9 17 31.58
Италија Мацари, ВалтерВалтер Мацари јули 2016 мај 2017 38 11 7 20 28.95
Португалија Силва, МаркоМарко Силва мај 2017 јануари 2018 24 7 5 12 29.17
Шпанија Грасија, ХавиХави Грасија јануари 2018 септември 2019 51 18 11 22 35.29
Шпанија Флорес, Кике СанчесКике Санчес Флорес септември 2019 декември 2019 10 1 4 5 10.00
Англија Малинс, ХејденХејден Малинс (в.д.) декември 2019 декември 2019 2 0 1 1 0.00
Англија Пирсон, НајџелНајџел Пирсон декември 2019 Денес 3 1 1 1 33.33

Титули и успеси

[уреди | уреди извор]

останати успеси

[уреди | уреди извор]
  1. * http://www.stadionwelt.de/sw_stadien/index.php?folder=sites&site=ligen&land=England Архивирано на 6 ноември 2014 г.
  2. „Vicarage Road“ (HTML). Premier League. Посетено на 20 September 2016.
  3. "Udinese's Pozzo family complete Watford takeover". BBC Sport. 29 јуни 2012. Пристапено 25 април 2015.
  4. Smith, Frank (5 July 2012). "Riva is Watford's new chairman". Watford Observer. Пристапено 25 април 2015.
  5. * https://web.archive.org/web/20091005031853/http://www.watfordfc.com/page/History/0,,10400~65929,00.html
  6. * http://www.historicalkits.co.uk/Watford/Watford.htm
  7. * http://www.thefa.com/Competitions/FACompetitions/TheFACup/History/historyofthefacup/1984evertonwatford
  8. 8,0 8,1 „Hornet History :A History of Watford FC“. Архивирано од изворникот на 2009-06-22. Посетено на 2015-04-28.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-03-11. Посетено на 2015-04-29.
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-03-11. Посетено на 2015-04-29.
  11. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 2015-04-29.
  12. Jones 1996, pp. 8–9.
  13. Jones 1998, pp. 27–63.
  14. 14,0 14,1 soccerbase, уред. (2 мај 2015). „Head to head - Watford vs. Luton“.
  15. Harrison, David (March 2002). "Herts rule Beds" Архивирано на 23 мај 2012 г.. When Saturday Comes. Пристапено 1 мај 2014.
  16. „First-team squad“. Watford F.C. Посетено на 10 August 2017.
  17. „2017/18 squad numbers“. Watford F.C. 3 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 9 August 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]