Прејди на содржината

Тофу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тофу со соја-сос и украс од морков

Тофу (кинески: 豆腐, tōfu) — високопротеински прехранбен производ, кој се добива со коагулација на белковините во соино млеко.[1] Со векови е главна состојка во исхранта во азиската култура која според статистиките имаат најмала стапка на оболување и умирање од срцеви болести. Се верува дека тофуто потекува од времињата на кинеската династија Хан (206 п.н.е. — 220 п.н.е.), а денес е важен извор на белковини во кујната на Источна и Југоисточна Азија.

Има многу врсти на тофу-сирење и начини на негова припрема. Тофуто може да се подготви со пржење на загреано масло,правење скара.варење,динстање,а може се послужити и како сирење.Тофу(нарекуван и како сурутка, а во Кина дофу) често се споредува со сирење,поради тоа што се користи иста техника која се користи во правењето на овие два производи.Од останатите популарни врсти на тофу се издвојува свилениот тофу(не треба да се мешаат со мекиот) чаден тофу, пржен тофу-бургери и рифови, ферментиран тофу, траен тофу и тофу на скара.