Некар
Некар | |
---|---|
Некај кај Штутгарт | |
Изворно име | Neckar |
Местоположба | |
Земја | Германија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Шварцвалд |
• надм. вис. | 706 м |
Устие | |
• место | Рајна |
• координати | 49°30′43″N 8°26′14″E / 49.51194° СГШ; 8.43722° ИГД |
Должина | 362,4 км [1] |
Големина на сливот | 13.928 км2 [1] |
Проток | |
• просечен | 145 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Рајна→ Северно Море |
Некар (герм. Neckar) — река во Германија со должина од 362 километри. Тече главно во југозападната покраина Баден-Виртемберг, но мал дел и во Хесен и се вбројува меѓу поголемите притоки на Рајна. Извира во областа Шварцвалд близу Филинген-Швенинген, на надморска височина од 706 метри, па минува низ Ротвајл, Ротенбург на Некар, Килхберг, Тибинген, Ниртинген, Плохинген, Еслинген, Штутгарт, Лудвигсбург, Марбах, Хајлброн и Хајделберг, и на крај се влева во Рајна кај Манхајм (на 95 метри надм. височина).
На потегот од Плохинген до Штутгарт, долината на Некар е густо населена, со многу индустриски области, вклучувајќи неколку познати претпријатија како Дајмлер АГ (Daimler AG) (Мерцедес-Бенц) и Мале ГмбХ (Mahle GmbH). Помеѓу Штутгарт и Лауфен, реката тече во живописни меандри и стрмни котлини со фосилен тријаски варовник и плеистоценски травертин. Долж долината се издигаат Оденвалдските ридови, каде се сместени бројни замоци како Бург Хорнберг и Бург Гутенберг во Хасмерсхајм, но и енергетски капацитети како затворената Обригхајмска и активната Некарвестхајмска атомска централа. Заминувајќи го Хајделберг, Некар излива просечно 145 m³/сек вода во реката Рајна, и со тоа е четврта најголема притока, и десетта река по големина во Германија.
Името „Некар“ доаѓа од латинските Nicarus и Neccarus, кои пак се изведени од келтскиот збор „никрос“, што знали „дива вода“ или „диво момче“. Од 1100 г. Некар почнал да се користи за сплаварење на дрвени трупци од Шварцвалд во други подрачја како Холандија, каде граѓата се употребувала за бродоградба.
Во текот на XIX век, традиционалните влечни чамци се заменети со паробродови кои користеле 155-километарски ланец за спротиводна пловидба.
Во 1968 е завршена и последната од вкупно 27 каналски брани, и со тоа Некар станал пловен за товарни бродови околу 200 км спротиводно од Манхајм, па сè до речнниот пристаништен град Плохинген, каде се влева притоката Филс. Други поважни делови се Штутгарт, Хајлброн и Манхајм.
Течението на реката е популарно кај велосипедистите, особено во летниот период. Стрмните падини на речната долина се просеани со лозја, каде главно се одгледува сортата „Тролингер“.
Населени места крај Некар
[уреди | уреди извор]Од изворот, па до вливот во Рајна:
- Филинген-Швенинген
- Ротвајл
- Оберндорф на Некар
- Зулц на Некар
- Хорб
- Ротенбург на Некар
- Килхберг
- Тибинген
- Ниртинген
- Плохинген
- Еслинген
- Штутгарт
- Фелбах
- Лудвигсбург
- Фрајберг на Некар
- Бенинген на Некар
- Марбах на Некар
- Безигхајм
- Лауфен
- Хајлброн
- Некарзулм
- Бад Вимпфен
- Мосбах
- Ебербах
- Хајделберг
- Манхајм
Поважни притоки
[уреди | уреди извор]- Ешах (лева, кај Ротвајл-Билинген)
- Амер (лева, кај Тибинген-Лустнау)
- Ехац (десна, кај Кирхентелинсфурт)
- Лаутер (десна, кај Вендлинген)
- Филс (десна, кај Плохинген)
- Хезенбах (лева, кај Штутгарт-Исток)
- Ремс (десна, кај Ремсек)
- Мура (десна, кај Марбах)
- Енц (лева, кај Безигхајм)
- Цабер (лева, кај Лауфен)
- Зулм (десна, кај Некарзулм)
- Јагст (десна, кај Бад Вимпфен)
- Елц (десна, кај Мосбах-Некарелц)
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Некар“ на Ризницата ? |
- Водич низ течението на Некар (англиски)
- Туристички информатор за реката Некар Архивирано на 4 септември 2007 г. (германски)
|
|