Прејди на содржината

Фосил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надворешен калап на бивалв од Формација Логан, Долен Карбонофер, Охајо

Етимологијата на терминот фосил е со латинско потекло: fossus – ископан. Тие окаменотини се всушност минерализирани, или поинаку сочувани остатоци на животните и билките, па и останатите форми на живот. Збирот на сите фосили и нивната распореденост во фосилиферни (коишто содржат фосили) формации карпи, и седиментни наслаги (страти) е познато како фосилен белег. Изучувањето на фосилите низ геолошкото време, како се формирале, и еволутивните врски, се само некои од најважните функции на науката која се нарекува палеонтологија.

Иако повеќето фосили се од неколку илјадници до неколку милијарди години стари, нема најниска временска граница за фосилите да бидат фосили. Фосилите варираат во големина, од микроскопски, како единечни клетки до оние на диносаурусите. Фосилите обично зачувуваат само дел од умрениот организам, и тоа оној дел кој бил делумно минерализиран во текот на животот, како коските и забите на вертебратите, или некои егзоскелети на инвертебратите. Зачувувањето на меките ткива е исклучително ретко. Фосилите можат да се состојат од белезите што ги оставил организмот додека бил жив, како отисоци или измет на влекач. Овие типови на фосили се нарекуваат ихнофосили кои стојат во опозиција со фосилите од тело. Конечно, животот кој поминал остава белези кои не можат да се видат, но можат да бидат детектирани во форма на биохемиски сигнали, овие се познати како хемиски фосили или биомаркери. Најстарите фосили на земјата се строматолити кои се состојат од карпи кои се изградени слој над слој на седименти. Врз основа на сега ретките но постоечките строматолити (поконкретно сино-зелените бактерии), растежот на фосилните строматолитски структури беше биогенетски посредувано од парчиња на микроорганизми преку нивното „заробување„ на седиментите Иако ретки, микроструктурите што потсетуваат на клетки понекогаш можат да се најдат помеѓу строматолитите; но овие се исто така извор на научни расправи.

Перминерализацијата се појавува после закопувањето, со тоа што празните места во еден организам (местата коишто се пополнети со гас или течност во текот на животот) се полнат со вода богата со минерали ги зафаќаат празните места. Овој процес може да се појави во многу мали места, како во внатрешноста на клеточен ѕид на клетка од растение. Перминерализација од овој тип може да продуцира многу детални фосили. За да се појави перминерализацијата, организмот мора да биде покриен со седимент брзо после смртта или брзо после првичниот процес на распаѓање. Степенот до кој остатоците се распаднати кога се покриени ги одредува подоцнежните детали на фосилот. Некои фосили се состојат само од скелетни остатоци или заби; други фосили содржат остатоци од кожа, перја, или дури и меки ткива. Ова е форма на дијагенеза.

Во некои случаи, оригиналните остатоци од организмот биле во целост распаднати или на некој друг начин уништени. Кога сè што е останато е дупка, вдлабнатина која наликува на некој организам во карпата, се нарекува фосил –калап, или типолит. Ако оваа дупка е подоцна, пополнета со други минерали, се нарекува излиен фосил и се смета за замена на фосил, бидејќи оригиналните материјали се сосема заменети од нови, кои не се поврзани со првичниот.

Во некои случаи замената се појавува толку постепено и во така деликатни размери што никаква „дупка„ во карпата не може да биде воочена и микроструктуралните одлики се зачувани и покрај комплетното губење на оригиналниот материјал.

Компресираните фосили, како оние на фосилите на папратите се резултат на хемиската редукција на комплексни молекули коишто ги градат ткивата на организмите. Во овој случај фосилите се состојат од оригиналниот материјал, но во геохемиски изменета состојба. Оваа хемиска промена е израз на дијагенеза.

Кога ќе сумираме: фосилизацијата се одвива различно за различни видови на ткива и под различни услови.

Фосили-траги се остатоци од јами, патеки, отисоци, јајца, лушпи од јајца, гнезда, и други видови на отпечатоци. Фосилизираниот фецес, кој се нарекува корполит може да ни даде можност да проникнеме во навиките за исхрана на животните и со самото тоа е од големо значење. „Микрофосил„ е дескриптивен термин кој се користи за фосилизираните растенија и животни чија големина е токму толкава, или под, нивото на кое фосилот може да се набљудува со голо око. Вообичаената гранична мерка помеѓу микро и макро фосили се 1мм иако ова не е најпрецизната мерка. Микрофосилите можат да бидат или комплетни(или речиси комплетни) организми сами по себе или составни делови на поголеми животни или растенија. Микрофосилите се со критично значење како резервоар на палеоклиматски информации, и се исто така обично користени од биостратиграферите за да можат да ја дознаат поврзаноста на единици од карпи. Псевдофосилите се визуелни примероци во карпите кои се создадени од природни геолошки процеси, а не од оние биолошките. Тие лесно можат да се помешаат со вистинските фосили. Некои псевдофосили како дендритите, се формирани од пукнатини во карпите кои се поплнети со минерали кои се пробиле внатре.

Жив фосил е термин кој е употребуван за било кој жив вид кој е многу близок до некој вид што го знаеме од фосилите, исто како фосилите да дошле во живот. Ова може да биде вид којшто е познат само од фосилите додека живи претставници се откриени, како гинко дрвото, или единствен жив вид кој нема блиски роднини, или мала група на видови кои се поврзани без блиски роднини, како што е наутилус, кои се единствени преживеани од еднаш големата и раширена група помеѓу фосилите..