Мосад
Институт за разузнавање и специјални операции | |
---|---|
מדינת ישראל המוסד למודיעין ולתפקידים מיוחדים الموساد للاستخبارات والمهام الخاصة | |
„Таму каде што нема совет, луѓе паѓаат, но во големиот број на советници е безбедноста“ (Изреки 11:14) | |
Податоци за органот | |
Основан | 13 декември 1949 (Централен институт за координација) |
Седиште | Тел Авив, Израел |
Раководител | Јоси Кохен (Директор) |
Матичен орган | Канцеларијата на премиерот |
Мосад (хебрејски: המוסד; арапски: الموساد; преведено како Институтот), официјално Институт за разузнавање и специјални операции — израелска разузнавачка агенција. Одговорна е за прибирање на разузнавачки информации, организирање на тајни операции, контраразузнавање, спречување на паравоени активности и атентати, како и борба против тероризмот.
Мосад е една од најдобро познатите и високо вреднувани агенции за разузнавање во светот. Позната е по својата ефикасност и се смета дека во голема мера придонесува за стабилноста и безбедноста на Израел. Седиштето на агенцијата се наоѓа во Тел Авив.
Историја
[уреди | уреди извор]Мосад официјално е формирана на 13 декември 1949 година под името Централен институт за координација, по препорака на премиерот Давид Бен-Гурион до Реувен Шилоах, негов познаник. Бен-Гурион сакал да создаде централно тело кое ќе ја координира и ќе ја напредне соработката меѓу постоечките тајни служби како Директоратот за воено разузнавање, т.н. Аман, Израелската безбедносна агенција, позната и по кратенките Шабак и Шин Бет, и странските служби. Сепак, Мосад не бил активиран сè до 1 април 1951 година поради административни причини. Претходно, во март 1951 година службата била реорганизирана и надградена како дел од кабинетот на премиерот, потчинета директно на него. Нејзин прв директор, уште од 1949 година бил Шилоах, кој бил наследен од Исер Харел во 1953 година.