Прејди на содржината

Микологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микологија

Микологија (од грчките зборови: mykes = габа и logos = наука) — биолошка наука за габите, нивната генетика и биохемија, нивната систематика, како и нивната примена кај човекот. Таа често се вбројува како гранка на ботаниката, иако во повеќето свои одлики габите се послични со животните отколку со растенијата. Исто така, микологијата е поврзана со фитопатологијата - науката за заболувањата на растенијата. Првите миколози се Елиас Магнус Фрајс, Кристијан Хендрик Персун, Антон де Бери и Левис Дејвид фон Швајниц.[1]

Денес, најпроучувани габи се квасните, поточно еукариотските видови Saccharomyces cerevisiae and Schizosaccharomyces pombe.

Многу габи произведуваат отрови, антибиотици и други вторични метаболити. На пример, космополитскиот род Фузариум и неговите отрови (токсини) предизвикуваат фатални последици кај луѓето. Ова го проучил Абрахам Џоф. Исто така, габите се фундаментални за животот на Земјата како едни од главните симбионти (микориза, инсектни симбионти и лишаи), како и со нивната способност за разградување на некои органски биомолекули, со која учествуваат во јаглеродниот циклус.

Габите и другите организми традиционално сметани за габи се често економски и општествено важни бидејќи се причина за разни заболувања кај животните и растенијата.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. http://www.dissercat.com/content/monitoring-mikotoksinov-v-kormakh-i-kormovom-syre-i-kliniko-immunologicheskie-osobennosti-mi