Лов
Ловењето или како ловство или лов е дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност ѝ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата.
Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски го исмејува ловот како нешто глупаво при што, постојано гонејќи го дивечот, ловците не постигнуваат ништо освен што самите се претвораат во диви ѕверови.[1]
Ловот во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија, во рамките на секторот за шумарство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постои посебно одделение за лов, надлежно за целокупната организација и управување на оваа дејност. На Шумарскиот факултет во Скопје, Катедрата за лов ја раководат еминентни специјалисти, чиј придонес во науката и практиката е особено значаен.[2]
Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Концесиите за ловишта за крупен дивеч изнесуваат 20 години, а за оние за ситен дивеч - 10 години. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч. Во 2014 година, во државниот буџет влегле 17 милиони денари како приходи од концесии за ловиштата. Истовремено, македонските ловишта ги посетиле околу 40.000 ловци, т.е. бројот се удвоил во споредба со 2005 година, кога нив ги посетиле 20.000 ловци.[3]
Ловот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Ловот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Ловецот и пајакот“ — африканска приказна.[4]
- „Најдобриот лов“ (српски: Најбољи лов) - српска народна песна.[5]
- „Лов на штиглици“ - краток расказ на македонскиот писател Петко Дабески.[6]
- „Малите ловци“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[7]
- „Мојот лов“ (српски: Мој лов) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[8]
- „Лов“ - песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.[9]
- „Ловец“ (шпански: Cazador) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[10]
- „Љубов“ (француски: Amour) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан од 1886 година.[11]
- „Лов“ - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[12]
- „Ловецот и верверичката“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[13]
- „Лов“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[14]
- „Ловецот“ (српски: Lovca) - песна на српскиот поет Васко Попа од 1954 година.[15]
- „Злосреќниот ловец“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[16]
- „Љгов“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.[17]
- „Шумата и степата“ — расказ на Иван Тургенев.[18]
- „Ловци“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[19]
- „Алпскиот ловец“ (германски: Der Alpenjäger) - песна на германскиот поет Фридрих Шилер.[20]
- „Со стрела, со лак...“ (германски: Mit dem Bogen, mid dem Pfeil...) - песна на Фридрих Шилер.[21]
- „Ловецот и дрварот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[22]
- „Ловци“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[23]
- „Ловецот и ловот“ (англиски: Hunter And The Hunted) - песна на шкотската рок-група Симпл мајнд (Simple MInds) од 1982 година.[24]
- „Лов“ (англиски: The Hunt) - песна на бразилската треш метал-група Сепултура (Sepultura) од 1993 година.[25]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 49-50.
- ↑ Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 805. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ „Над 40.000 странски и домашни ловџии лани посетиле некое до 250 ловишта во земјата“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 9.
- ↑ Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 23-26.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 44.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 74.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 114-115.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 94.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 198.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 65.
- ↑ „Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 99-106.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 65.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 19.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 60.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 53.
- ↑ Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
- ↑ И. С. Тургењев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 106-121.
- ↑ И. С. Тургењев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 517-525.
- ↑ Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 51-53.
- ↑ Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 49-50.
- ↑ Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 51.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 97.
- ↑ [Simple Minds – New Gold Dream (81-82-83-84) DISCOGS, Simple Minds – New Gold Dream (81-82-83-84) (пристапено на 30.8.2019)]
- ↑ DISCOGS, Sepultura – Chaos A.D. (пристапено на 30.8.2019)
|