Коралпи
Коралпи германски: Koralpe словенечки: Golica | |
верига | |
Централниот дел на Коралпите со Гросе Шпајкогел
| |
Земји | Австрија, Словенија |
---|---|
Највисока точка | Гросер Шпајкогел (германски: Grosser Speikkogel) |
- височина | 2 140 м |
Коралпе (Коралм[1]; германски: Koralpe, словенечки: Golica) — планински венец во јужна Австрија, кој ја разделува источна Корушка од јужна Штаерска. Јужниот дел од венецот навлегува во Словенија.[2] Веригата се простира од север на југ и е ограничена од реката Лавант на запад и реката Мура (германски: Sulm, Зулм) на исток. На југ, на словенска територија, Коралпите се граничат со планинскиот венец Козјак. На источните падини на Коралпите се наоѓа заштитената природна територија Зекар-Берентал[3].
Врвови
[уреди | уреди извор]Највисоката точка е врвот Гросер Шпајкогел (2 140 м). Тој е популарно туристичко место. На планината се наоѓа исто така и телевизиска и радиоантена, како и радар на австриската армија. Во североисточниот дел на венецот се наоѓа врвот Рајнишкогел (1 463 м), кој исто така е популарна туристичка атракција за жителите на Грац.
Геологија
[уреди | уреди извор]Планинската верига Коралпи во основа се состои од метаморфни карпи, од кои некои претставуваат значителен интерес за геолозите и колекционерите на полускапоцени камења. Во средишниот дел и околу Вајнебене (исто така популарна рекреациона и туристичка зона), венецот има пегматитови слоеви, кои содржат значителни количества сподумен, што го прави овој реон најпознатиот литиумов рудник во Европа. Наоѓалиштата на кварц и фелдспат, заедно со густите шуми, во минатото се во основата на индустриското производство на стакло, керамика, порцелан и изолациони материјали.[4]
Железнички транспорт
[уреди | уреди извор]Железничкиот транспорт во Коралпите е во тек на градба. Во 2022 година тој ќе ги поврзува провинциските центри Клагенфурт и Грац со тунел под планинскиот венец. Проектираната должина на тунелот е 32,9 километри, по завршувањето тој ќе биде еден од најдолгите тунели на светот[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ «Koralm» im Landesgesetzblatt Nr. 37/2005.
- ↑ Drago, Perko (2001). Analiza površja Slovenije s stometrskim Digitalnim modelom reliefa. Založba ZRC. стр. 181.
- ↑ Naturschutzgebiet Seekar-Bärental (abgerufen 30.
- ↑ Leopold Weber (Hrsg.
- ↑ Johannes Fleckl-Ernst: Geodätische Herausforderungen beim Projekt „Koralmtunnel“.
46°48′00″N 14°58′59″E / 46.800° СГШ; 14.983° ИГД
|