Прејди на содржината

Катакомба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поворка во катакомбите Свети Каликст (San Callistus) во Рим.

Катакомби се стари подземни премини кои луѓето во минатото ги користеле за заштита како засолништа, како и за погребувања.[1] Секоја просторија која се користи за погребување може да се нарече катакомба, но зборот најчесто се користи во однос на Римското Царство.[2] Многу од нив се наоѓаат под градови, а за нив се расчуло преку приказни за нивното користење како воени засолништа, скривници на криумчари или места каде се состанувале култови.

Потекло на поимот

Првото место за кое бил употребен зборот катакомби беа подземните гробници меѓу 2-от и 3-от милјоказ (граничен камен) на Виа Апија во Рим, каде што се верувало дека меѓу другите, се закопани и телата на апостолите Петар и Павле. Латинското име на тоа место е catacumbae. Ова е збор од непознато потекло, можеби изведен од нечие лично име, или пак, видоизменета верзија на латинскиот израз cata tumbas, што во превод значи меѓу гробници. Првовремено, зборот се однесувал само на римските катакомби, но до 1836 г. неговото значење беше проширено на сите подземни места каде имало мртовци, како што е случајот со катакомбите во Париз од 18-от век.

Низ светот

Катакомби во Свети Себастијан (Saint Sebastian) - Рим
Детали од влезот во римските катакомби
Катакомби во Париз

Големи и значајни катакомби:

Исто така гробници налик на катакомби постојат и во: Мала Азија во Турција, Сус (Sousse) во Северна Африка, Неапол во Италија, Сиракуза во Италија, Трир во Германија, Киев и др. Капуцинерските катакомби во Палермо, Сицилија (капуцинери - монашки ред) се користеа дури до 1920-те години. Имаше достапни катакомби во некои од поголемите англиски гробишта создадени во 19-от век како на пример: Шефилд Џенерал Семетери (Sheffield General Cemetery) (надземни гробишта) и Вест Норвуд Семетери (West Norwood Cemetery) (подземни гробишта). Има катакомби и во Бугарија во близина на манастирот Аладжа, како и во Букурешт, Романија каде се претставени како средновековни подземни ходници.[4]

Во Русија и Украина зборот катакомба, освен основното значење, се однесува и на мрежата од напуштени пештери и тунели каде порано се копало руда, особено варовник. Вакви катакомби има во Крим и низ црноморското крајбрежје во овие две земји. Најпознати се катакомбите Одеса и Ајимушкај во Крим, Украина. За време на раното христијанство верниците вршеа богослужби во овие пештери со цел да се заштитат, но и од стравопочит кон мртвите. Подоцна, тие служеле како војнички бази на советските герилци за време на Втората светска војна. Катакомбите Ајимушкај собираа околу 10.000 борци и бегалци. Многумина од нив таму починаа и таму беа закопани, а по некое време на ова место беа изградени музеи и спомен-плочи (сегашна територија на градот Керч).

Украси во катакомбите

Иако катакомбите се најпознати поради подземните премини и гробниците, сепак тие содржат и многу украси. Нив ги има илјадници во со векови старите катакомби во Рим, Париз и други откриени и неоткриени катакомби. Некои од тие украси се: написи, цртежи, статуи, како и накит кој низ годините бил ставан во гробовите. Најголемиот дел од овие украси се користеа за да се идентификуваат, овековечат и испочитуваат мртвите.

Написи

Иако илјадници написи со текот на времето се изгубија, тие сепак служат како показатели на социјалната или работната положба на жителите. Повеќето од нив прикажуваат колку вљубен бил некој пар, љубовта на родителите и сл.

Цртежи

Цртежи можат да се видат насекаде по ѕидовите и таваните на гробниците. Цртежите ги пренесуваат истите мисли како и написите пронајдени низ катакомбите.

Исто така погледни

Наводи

  1. „Catacomb - Definition and More from the Free Merriam-Webster Dictionary“. Merriam-webster.com. 2007-04-25. Посетено на 2010-05-20.
  2. Other examples include a Neolithic Longbarrow, an Ancient Egyptian necropolis, or modern underground vaults such as the Catacombs of Paris.
  3. „Maltese Catacomb Complexes“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 2008-04-17.
  4. „Romania Libera:Network of tunnels under the capital city“. Архивирано од изворникот на 2009-01-29. Посетено на 2008-10-23.

Е. Блајтон (Blyton, E.) "Five go to Smuggler's Top" Ходер и Страутон (Hodder and Stroughton) (1945 г.) Éamonn Ó Carragáin, Керол Л. Неуман де Вегвар (Carol L. Neuman de Vegvar) Рома феликс (Roma felix): создавање и приказ на средновековен Рим Ешгејт (Ashgate) (14 март 2008 г.) ISBN 978-0754660965 p. 33 [1] Пол Томас Николсон (Nicholson, Paul Thomas) (2005 г.) "Гробница на свети животни во северна Сакара (North Saqqara): култовите и нивните катакомби" Во Салима Икрам (изд.) (Salima Ikram) (ed) Божествени суштества: животински мумии во Стариот Египет. Американси универзитет во Каиро Прес (Cairo Press), 2005 г. pp. 44–71. ISBN 978-9774248580

Надворешни врски