Ид, его и суперего
Идот, егото и суперегото се трите дела на психичкиот апарат дефинирани според Фројдовата теорија на личноста; тоа се трите теориски сочинители според чија активност и интеракција е опишан менталниот живот. Според психичкиот модел, идот е збир од расфрлани инстинктивни наклоности, егото е организираниот реален дел, додека суперегото ја игра улогата на морален и критички судија. Иако моделот сам по себе е “структурен” и упатува на “апарат”, идот, егото и суперегото се повеќе функции на умот отколку делови на мозокот и не секогаш во потполност се совпаѓаат со вистинските соматски структури на оној модел кој се третира во неврологијата. Самите концепти се јавуваат во подоцнежниот стадиум во развојот на мислата на Фројд: струкурниот модел беше за првпат разгледан во есејот од 1920 г. “Beyond the Pleasure Principle", a три години подоцна беше формализиран и обработен во "Егото и идот”. Фројдовиот предлог беше под влијание на повеќезначноста на термионот “несвесно” и многуте негови спорни примени.[1]
Ид
[уреди | уреди извор]Идот го сочинува неорганизираниот дел од личноста кој е воден од основните нагони. Идот се однесува согласно со “принципот на задовослтвото” сакајќи да ја заобиколи болката или незадовослството предизвикани од порастот на инстинктивната напрегнатост.
Идот по дефиниција е несвесното : “Тоа е темното,непристапно место во нашата личност и она малку што го знаеме за него е она што сме го научиле преку истаржување на нашата “сонувачка работа” и од составот на невротичните симптоми и најголемиот дел од сето тоа е негативен и го опишува како контраст на егото. Ние му пристапуваме на идот по аналогија: го именуваме со хаос, котел каде кркорат страстите... Исполнет е со енергија која доаѓа од инстинктите без никаква организираност или заедничка волја, само порив за задоволување на инстиктивните потреби кои се предмет на приципот на задоволството. Во идот “спротивните импулси работат рамо до рамо, без меѓусебно да се исклучуваат... Не постои нешто во идот кое би можело да се спореди со негирање ...не постои нешто што би се совпаднало со поимот за време”
Развојно, идот е претходник на егото или со други зборови психичкиот апарат со раѓањето започнува со идот и дел од него подоцна се развива во структурно его. Или идот: “…содржи сè што е наследно, дадено како подарок при раѓањето, и како што е пропишано – пред сè инстинктите, кои водат потекло од соматската организација и кои за првпат психички доаѓаат до израз тука (во идот) во за нас непознати облици.”
Умот на новороденчето се смета за целосно водено од страна на идот, претставувајќи смеса од инстинктивни нагони и импулси,имајќи потреба веднаш да биде задоволено,поглед кој го поистоветува новороденчето со поединец воден од идот-честопати хумористично претставено по оваа аналогија: дигестивен тракт без никаква одговорност во кој било поглед.
Идот е одговорен за нашите основни нагони “ не познава никакви вредности: ниту добро,ниту зло, никаков морал...Инстинктивни катези со потреба за празнење-тоа,според нас, е се она од што идот е составен. Се смета за огромен резервоар на либидото, инстиктивниот нагон да се создава- животните инстинкти кои се од суштинска важност за пријатен опстанок. Заедно со животните инстинкти доаѓаат и инстинктите на смртта – деструктивната склоност која Фројд ја проучил релативно доцна во неговата кариера во “ хипотезите на инстинктите на смртта чијашто задача е да го врати органскиот живот назад во безживотна состојба” Според Фројд “инстинктот на смртта на овој начин се испрзанува- иако само во поглед на- деструктивен инстинкт надвор од правилата на надворешниот свет и другите организми-преку агресија. Фројд сметал дека “идот,личноста во целост...оригинално е составена од сите инстиктивни импулси ...исто така и деструктивниот инстинкт,како и Ерос и инстинктот на животот.
Его
[уреди | уреди извор]Егото се води според принципот на реалноста т.е се труди да ги задоволи нагоните на идот на начин прифатлив за реалноста од кој ќе имаме долгорочна корист наместо нанесување на болка.Во исто време Фројд признава дека како што егото “тежнее да посредува меѓу идот и реалноста честопати е принудено да ги прикрива несвесните наредби на идот со сопствените свесни заклучоци, да ги прикрие конфликтите на идот со реалноста, да се изразува...да биде свесно за реалноста дури и тогаш кога идот останува крут и непоколеблив.
Егото е составено од оној организиран дел од структурата на личноста што вклучува одбранбени,перцептивни, интелектуално-когнитивни и извршни функции. Свесноста е сместена во егото, иако не сите дејства на егото се свесни... Во вистинска смила на зборот Фројд го користел терминот его за да го означи “јас”,но подоцна го поправил во збир на психолошки функции како што се расудување, трпеливост, испитување на реалноста, контрола, планирање, одбрана, синтеза на информации, интелекутално функционирање и меморија. Егото го одделува реланото. Ни помага да си ги средиме мислите за да ни имаат смисла на нас и на светот околу нас. Егото е оној дел од идот кој под директно влијание на надворешниот свет бил изменет ... Егото го претставува она кое би можело да се нарече разум и смисла, му се спротивставува на идот, во кој тлеат страстите...неговата врска со идот е како онаа на мажот качен на коњ,кој треба да ја процени врвната моќ на коњот, со мала разлика:јавачот го прави споменатото со тестирање на сопствената сила,додека егото се служи со позајмена сила. Уште полошо “им служи на тројца строги господари...надворешниот свет, суперегото и идот. Неговата задача е да пронајде рамнотежа помеѓу примитивните нагони и реалноста притоа задоволувајќи ги и идот и суперегото. Негова главна грижа е безбедноста на поедоинецот и дозволува да се исполнат некои од желбите на идот, но само доколку последиците од тоа се неважни.
Така егото, водено од идот, ограничено од суперегото,одбиено од реалноста, се бори...со цел да ги усогласи силите и влијанијата кои работат во него и на него,така што лесно“пламнува во неспокојство –реално неспокојство земајќи го предвид надворешниот свет, морална загриженост во поглед на суперегото, и невротичниот неспкој земајќи ја предвид силата на страстите на идот. Мора да даде се од себе да им угоди на трите иако на ваков начин е во постојан страв од предизвикување на незадоволство кај другите две страни. Меѓутоа се верува дека егото му е поверно на идот, претпочитајќи само површно да помине преку попријатните делови од реалноста за да ги намали конфликтите “преправајки се дека има обзири за реалноста”. Меѓутоа суперегото постојано ги надледува сите потези на егото казнувајќи ги со чувство на вина,неспокој и инфериорност. За да го надмине ова егото применува одбранбени механизми. Одбранбените механизми не се дадени директно,ниту свесно. Тие ја намалуваат напнатоста со прикривање на нашите импулси кои претставуваат закана. Одбранбените механизми на егото се често користени од егото кога реакциите на идот доаѓаат во конфликт со реалноста и општествениот морал и норми или со очекувањата на поединецот како резултат на всадување на овој морал, на нормите и нивните табуа. Негирање, истиснување, интелектуализација, фантазија,надоместување,предвидување, рационализирање, оформување на реакции, регресија, потиснување, сублимација беа одбранбените механизми идентификувани од Фројд. Меѓотоа неговата ќерка Ана Фројд ги појасни и установи концептите на “неправење”(кога поединецот се труди да не направи нешто кое што е морално неприфатливо), потиснување, дисоцијација(издвојување), идеализирање, идентификување, инверзија, соматизација, разделување и замена.
Во модерниот анлиски јазик,егото има многу значења. Може да значи самодоверба на поединецот, преувеличување на сопствената вредност или според филозофијата сопственото јас. Развивањето на егото е познато како развивање на повеќе процеси, когнитивните функции, одбранбеност и интерперсоналните способности или како процес во раната адолесценција кога се разјаснуваат функциите на егото.
Суперего
[уреди | уреди извор]Фројд го развил својот концепт за суперегото од претходна комбинација на идеалот за егото и “ посебна психичка сила која извршува задача на осигурување на нарцистичкото задоволство од идеалот на егото...она што го нарекуваме нашата “совест”. Според ова “ вградувањето на суперегото може да биде опишано како успешно препознавање со силата-родител и како што развојот продолжува “ суперегото потпаѓа под влијание на оние кои ја презеле улогата на родители- образовни работници, учители, луѓе поставени како вистински узори. Суперегото се стреми кон совршенство.Се состои од оној организиран дел од структурата на личноста, главно но не целосно несвесен, којшто ги вклучува его идеалите на личноста, духовните цели и психичкиот фактор (обично наречен “ совест”), кој ги критикува и забранува неговите или нејзините нагони, фантазии, чувства, дејствувања. На суперегото се гледа како на тип на совест која го казнува лошото однесување со чувство на вина. На пр. Водење на прељубнички живот
Суперегото работи спротивно од идот. Дејствува во согласност со општествените норми, додека идот тежнее кон моментално задоволување на желбите. Суперегото ги контролира нашите осети за добро,лошо и чувството на вина. Ни овозможува да се прилагодиме на општеството со тоа што не тера на општествено прифатливо однесување. Барањата на суперегото се спротивни на оние на идот, така што на егото му припаѓа тешката задача на изнаоѓање на компромис помеѓу овие два “огна”.
Теоријата на Фројд наведува дека суперегото е симбол на усојување на фигурата на таткото како и културните прописи. Суперегото е вообичаено спротивставено на желбите на идот поради нивните спорни цели и неговата агресивност кон егото. Суперегото има улога на совест , одржувајќи го будно нашето чувтсво за морал како и забраната на табуата. Суперегото и егото се производ на два клучни фактори : состојбата на безпомошност на детето и Едиповиот комплекс. Неговото создавање игра улога во разрешавање на Едиповиот комплекс и се создава преку препознавање и усвојување на фигурата на таткото веднаш откако малото момче не може повеќе да гледа на мајката како предмет на обожување заради страв од скопување (кастрација).
“Суперегото го задржува карактерот на таткото, додека помоќниот Едипов комплекс подлегнува на негово потиснување (под влијание на авторитети, религиското учење, образувањето и читањето), подоцна доминира суперегото над егото – во форма на свест или пак можеби на несвесно чувство на вина. -“Идот и егото”(1923год.)-Сигмунд Фројд
Концептот за суперегото и за Едиповиот комплекс е многупати критикуван поради неговиот воочлив сексизам. Жените, кои се сметаа за веќе кастрирани, не се идентификуваат со таткото така да за Фројд “ нивното суперего не е толку непопустливо, непристрасно и независно во своите емоционални корени како што е кај мажите...нивните расудувања се честопати подложни на влијанието на чувтсвото за наклоност или пак непријателство. Тој продолжил да го менува својот став сè до оној на “поголемиот дел од мажите доста заостануваат зад идеалот на машкоста и сите човечки суштества како резултат на нивната бисексулана предисопозиција и на вкрстеното наследство, прават смеса од машки и женски карактерстики.
Во делото “Цивилизацијата и нејзините незадоволства”(1930), Фројд го објаснува концептот на “културно суперего”. Тој меѓу другото предложува барањата на суперегото “ да се совпаднат со наредбите на подоминантното културно суперего. Двата процеси, оној на културното развивање на групата и другиот на културното развивање на поединецот секогаш се преплетуваат по ова прашање. Етичноста е клучниот сегмент во желбите на културното суперего, но Фројд (како аналитичен моралист) се противел на концептот на она што тој го нарекувал “ непсихолошките записи на културното его ... етичките побарувања на суперегото. Не им придава многу значење на фактите за менталната градба на човечките суштества.
Предностите на структурниот модел
[уреди | уреди извор]Поранешниот Фројдов “топграфски модел на умот”, го дели умот на три нивоа : свесен дел, делумно свесен дел ( каде се складираат информации за коишто обично не сме свесни,но доколку нешто се случи и ги поттикне можеме многу лесно да се сетиме на нив) и несвесен дел. Суштината на овој модел е “ дијалектиката на несвесната траумaтска меморија наспроти свесноста... што наскоро потоа прерасна во конфликт на системот на Несвесното наспроти системот на Свесното. Со тоа Фројд укажува на “непријатното откритие дека од една страна (супер)егото и свесноста,а од друга потснатото и несвесното се далеку од точка на совпаѓање. Фројд направил чекор напред во тој струкурен модел така што повеќе не го користел терминот несвесно во систематска смисла, туку го заменил со “ менталната област која што е непозната за егото...(и) го нарекол тоа ид. Учеството на психата дефинирана со структурниот модел е само еден рез во споредба со учеството на “свесното наспроти несвесното”.
“Новата терминологија што тој ја користел, разјаснила многу работи и продонела за клинички напредок. Нејзината предност е зголемениот степен на прецизност и овозможената разновидност: иако идот по дефиниција е несвесен, егото и суперегото се делумно ссвесни и делумно несвесни. Фројд преку овој модел постигнал дури посистематска класификација на менталните нарушувања од претходната достапна.
“Преносливата невроза е резултат на конфликтот помеѓу егото и идот; Нарцистичката невроза резултат на оној помеѓу егото и суперегото и психозата на конфликтот помеѓу егото и надворешниот свет”
Важно е да се знае дека “трите понови ентитети:идот,егото и суперегото имале долга и опширна историја (два од нив под друго име)- идот како систематски несвесен, суперегото како свесен/идеал на егото. Својствено на тоа Фројд никогаш не се откажува од моделот на топографската поделба на свесно,делумно свесно и несвесно или како што тој истакна “ трите квалитети на свесното и трите делови на менталната опрема не се спојуваат во три идеални целини...и немаме право да очекуваме каков и да било мирен пакт.
Превод
[уреди | уреди извор]Термините “ид”, “его” и “ суперего” не се измислени од Фројд. Тие се латинизми на неговиот преведувач Џејмс Стречи (James Strachey). Самиот Фројд пишуваше своевремено за das Es," "das Ich," и "das Über-Ich или за “ид”, “јас” и “ над јас” , но термините кои Фројд ги користи се повеќе или помалку самообјаснувачки. Фројд го позајмил терминот “das Es “ од Георг Гродек, германски физичар кој бил многу заинтересиран за неконвенционалните методи на Фројд. Зборот его е преземен директно од латинскиот јазик, каде е номинативна форма за прво лице еднина на личните заменки и е преведен со “ Јас, лично “(I, myself) за да му се придаде на важност.
Лицата како Bruno Bettelheim го критикуваа начинот на кој англиските преводни еквиваленти ги попречуваат напорите на студентите да добијат вистинска слика за учењето на Фројд преку заменување на формалниот јазик на елаборираниот кодекс на непосредноста на јазикот користен од Фројд.
Важни аспекти во народната култура
[уреди | уреди извор]Во филмот “Забранетата планета” од 1956год. е на големо откриено дека деструктивните сили на планетата Алтаир IV се “ чудовиштата на идот” – деструктивни психички нагони надвор од границите на овој свет преку операцијата на Креловата “машина за материјализирање на умот.”
Трите нивоа во играта WiiWare BIT.TRIP VOID се ИД, ЕГО и СУПЕРЕГО.
Главниот лик од Скверсофтверската игра Ксеногеарс, Феи Фонг Вонг заболува од асоцијално нарушување на повеќекратна личност според принципот на идот, егото и суперегото. Карактерот на идот во него се развива поради скриената надорешна повреда на неговиот дух и се изделува т.е станува деструктивна, насилна и полна со омраза. Во меѓувреме неговата вистинска личност преминува во суперего кое го заклучува во “оклоп”. Поради тоа, Феи развива трета личност кој станува немоќна коа идот ќе завладее со физичкиот дел- телото и разбеснува уништувајќи си го родното село Лахан.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Snowden, Ruth (2006). Teach Yourself Freud. McGraw-Hill. стр. 105–107. ISBN 9780071472746.
Литература
[уреди | уреди извор]- Фројд, Сигмунд (1910), "Потеклото и развојот на психоанализата", American Journal of Psychology 21(2), 196–218.
- Фројд, Сигмунд (1920), Зад принципот на задоволството.
- Фројд, Сигмунд (1923), Das Ich und das Es, Internationaler Psycho-analytischer Verlag, Лајпциг, Виена и Цирих. Превод на англиски јазик, Егото и Идот, Џоан Ривиер (прев.), Хогарт Прес и Институтот за Психоанализа, Лондон, ВБ, 1927. Прегледано за, "Стандардно издание на целокупните дела од областа на психологијата на Сигмунд Фројд",Џејмс Стрејчи, В.В. Нортон и здружението, ЊуЈорк, 1961.
- Фројд, Сигмунд (1923), "Невроза и Психоза". "Стандардно издание на комплетните психолошки дела на Сигмунд Фројд" XIX тома, (1923–1925): Егото и Идот и другите дела, 147-154
- Геј, Питер (ed., 1989), The Freud Reader. В.В. Нортон.
- Rangjung Dorje (root text): Venerable Khenchen Thrangu Rinpoche (commentary), Peter Roberts (translator) (2001)Transcending Ego: Distinguishing Consciousness from Wisdom, (Wylie: rnam shes ye shes ‘byed pa) Архивирано на 24 март 2012 г.
- Kurt R. Eissler: The effect of the structure of the ego on psychoanalytic technique (1953) / republished by Psychomedia
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Америнаканска психолошка асоцијација
- Sigmund Freud and the Freud Archives Архивирано на 3 март 2012 г.
- Section 5: Freud's Structural and Topographical Model Архивирано на 3 септември 2011 г., Chapter 3: Personality Development Psychology 101.
- An introduction to psychology: Measuring the unmeasurable
- Splash26, Lacanian Ink
- Sigmund Freud
- Sigmund Freud's theory (Russian) Архивирано на 9 февруари 2010 г.