Едвард VI
Едвард VI | |
---|---|
Едвард VI, од Вилијам Скротс, околу 1550 | |
Крал на Англија и Крал на Ирска | |
На престол | 28 јануари 1547 – 6 јули 1553 |
Крунисување | 20 февруари 1547 (9 години) |
Претходник | Хенри VIII од Англија |
Наследник | Лејди Џејн Греј (соборена) или Мери I |
Регент | Едвард Симор (1547–1549) Џон Дадли (1549–1553) |
Почивалиште | 8 август 1553 Вестминстерска опатија, Англија |
Династија | Династија Тјудори |
Татко | Хенри VIII од Англија |
Мајка | Џејн Симор |
Потпис |
Едвард VI (англиски: Edward VI) (12 октомври 1537 - 6 јули 1553 година) бил крал на Англија и Ирска. За крал бил крунисан на 20 февруари 1547 година, кога тој бил на деветгодишна возраст[1]. Едвард бил третиот крал од династија Тјудори и првиот англиски протестантски крал.
Детство
[уреди | уреди извор]Едвард е роден во 1537 година во дворецот Хемптон Корт[2]. Тој бил син на Хенри VIII од Англија и Џејн Симор. Кога била објавена веста на неговото раѓање, кралското семејство го поздравил идниот крал на земјата со голема радост[3]. Едвард бил крстен на 15 октомври, а тогашната принцеза Марија I била крштелница, а Елизабета пак била задолжена за неговата облека.[4] Неговата мајка се разболела на 23 октомври и следната ноќ починала.
Воспитание и образование
[уреди | уреди извор]Едвард било здраво бебе. Неговиот татко бил воодушевен од него. Голем број на документи го опишуваат како високо и весело дете.[5] Сепак, голем број на историчари сметаат дека Едвард бил нестабилно и болно момче уште кога се родил.[6], но сепак и покрај привремените болести, тој генерално бил здрав, освен во своите последни шест месеци од животот.[7]
За здравјето на Едвард се грижела Маргарет Брајан. Тој бил одгледан во многу строга и чиста атмосфера. Неговиот татко рекол дека Едвард бил најскапоценото нешто на просторите на земјата. На својата шестгодишна возраст, тој го започнал своето образование. Негови професори биле Ричард Кокс и Џон Кејк, и главно го училе изучување на јазици, филозофија и либерални науки.[8] Тој го изучувал францускиот, шпанскиот и италијанскиот јазик. Покрај тоа, тој ја изучувал и геометријата, научил да свири на музички инструменрти. Неговато религиозно образование главно било насочено кон започнатата реформација.[9] Неговите религиозни водачи главно биле избрани од страна на Томас Кранмер. Во 1549 година тој бил прогласен за антихрист од страна на папата.[10]
Пристапување кон престолот
[уреди | уреди извор]На престолот се качил во 1547 година, кога починал татко му. Веста за смртта на Хенри и новиот наследник биле објавени на 31 јануари.[11] Тој тогаш имал само 9 години. Новиот крал бил однесен пред Лондонската кула каде бил поздравен од насобраната толпа народ.[12] Следниот ден, аристократите испратиле подароци за новиот крал, а неговиот вујко бил објавен за регент.[11]
Едвард VI бил крунисан во Вестминстерската опатија, прво крунисување на тоа место по речиси 40 години.[13]
Тој бил свршен со својата роднина Мери Стјуард, но по влошувањето на односите помеѓу Кралство Англија и Кралство Шкотска, свршувачката била поништена. Тој починал кога навршил 15 години.
Бидејќи бил малолетен, во кралскиот двор започнала тивка војна околу можниот негов наследник. Хенри VIII во последните денови од својот живот се обидувал да го спречи овој проблем. Тој наредил од името на малолетниот крал да владее регентски совет, додека тој да стане полнолетен. Главната грижа за Едвард била доверена на неговиот вујко Едвард Симор. Регентскиот совет, кој бил предложен од страна на неговиот вујко бил прифатен од страна на Едвард. Советот се грижил за малолетниот крал, но за да ја заштити протестантската вера, советот предприемал радикализам. Молитвеникот на Томас Крамнер бил објавен во 1549 година, според кој бил објавен новиот начин на богослужба. Законите за ересите биле поништени.
Во времето на Едвард, се почувствувала економската криза во земјата, а од друга страна пак надворешната политика била пред колапс. Голем број на манастири биле разрушени, а католичките свештеници останале без работа. Невработеноста се зголемила во голема мера. Француско-шкотската унија ја загрозила безбедноста на земјата па затоа Англија решила да го нападне својот северен сосед. Шкотска била поразена во Битката кај Пинк. Во 1552 година бил погубен вујкото на кралот, Едвард Симор.
Регентство
[уреди | уреди извор]Едвард Симор главно бил егёекутиран под заговор организиран од страна на Џон Дадли. Тој го убедил на Едвард дека на 12 години ќе стане полнолетен и ќе биде спремен за да управува со земјата. Многу бргу тој станал највлијателниот човек во управувањето на Англија. Регентскиот совет под негово раководство ги конфискувал сите имоти на католиците. Тој всушност се обидел да ги продолжи реформите на Хенри VIII. Тој станал толку влијателен што му се открила можноста на практика да го определи идниот крал на Англија. Тој го убедувал кралот дека сестра му Мери не треба да биде наследник на Едвард бидејќи таа би ги уништела протестантските реформи кои биле воведени во времето на неговиот татко и продолжерни во негово време. Тој знаел дека Мери I ќе ги врати имотите на католиците, имоти кои ги направил ќленовите на регентскиот совет многу богати. Тој посакувал сестрите на Едвард VI да бидат објавени за незаконски и да бидаат исклучени од престолонаследничкиот список.
Така, наследничка на престолот станала ќерката на Френсис Греј, Лејди Џејн Греј, која била една од поблиските соработници на Едвард. Џон Дудли успеал да го убеди Френсис Греј својот син да го ожени со Лејди Џејн Греј. Кралот Едвард починал од туберколоза на 6 јули 1553 година, оставајќи го прашањето околу идниот престолонаследник. Едвард според историските акти, се смета дека бил умено и религиозено момле, кој станал жртва на регентскиот совет. Доколку станал полнолетен, се смета дека ќе бил еден од најголемите кралеви на Англија. Тој е еден од главните херои во романот на Марк Твен “Принцот и просјакот“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Henry VIII had replaced the style "Lord of Ireland" with "King of Ireland" in 1541; Edward also maintained the English claim to the French throne but did not rule France. See Scarisbrick 1971, стр. 548–49 , and Lydon 1998, стр. 119 .
- ↑ Loach 1999, стр. 4
- ↑ Hugh Latimer, bishop of Worcester, quoted by Erickson 1978, стр. 181
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеLbapt
. - ↑ Loach 1999, стр. 8
- ↑ Elton 1977, стр. 372 ; Loach 1999, стр. 161 ; MacCulloch 2002, стр. 21
- ↑ Skidmore 2007, стр. 33, 177, 223–34, 260. Edward was also ill in 1550 and "of the measles and the smallpox" in 1552.
- ↑ Loach 1999, стр. 11–12 ; Jordan 1968, стр. 42. For example, he read biblical texts, Cato, Aesop's Fables, and Vives's Satellitium Vivis, which were written for his sister, Mary.
- ↑ Jordan 1968, стр. 40 ; MacCulloch 2002, стр. 8
- ↑ Loach 1999, стр. 13–16 ; MacCulloch 2002, стр. 26–30
- ↑ 11,0 11,1 Loach 1999, стр. 29
- ↑ Jordan 1968, стр. 52
- ↑ Loach 1999, стр. 30–38
|
|