Диего Форлан
Диего Форлан | |||
---|---|---|---|
Форлан во 2011 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Диего Форлан Корацо | ||
Роден на | 19 мај 1979 | ||
Роден во | Монтевидео, Уругвај | ||
Висина | 1.79 м (5 ст 10 ин)[1] | ||
Позиција | Напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Мумбај Сити | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
1990–1991 | Пењарол | ||
1991–1994 | Дунубио | ||
1994–1997 | Индепендиенте | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1997–2001 | Индепендиенте | 80 | (37) |
2001–2004 | Манчестер Јунајтед | 63 | (10) |
2004–2007 | Виљареал | 106 | (54) |
2007–2011 | Атлетико Мадрид | 134 | (74) |
2011– | Интер | 18 | (2) |
2012–2014 | Интернационал | 34 | (10) |
2014–2015 | Осака | 42 | (17) |
2015–2016 | Пењарол | 31 | (8) |
2016– | Мумбај Сити | 11 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2002– | Урујвај | 85 | (32) |
* Ажурирано на: 4 March 2012 ** Ажурирано на: 29 February 2012 |
Диего Форлан Корацо (шпански изговор [ˈDiego Forlán] роден на 19 мај 1979 година) — уругвајски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач во тимот на Мумбај Сити и репрезентацијата на Уругвај. Тој е двократен добитник на наградите Пичичи и Златна копачка на Европа, а исто така ја има добиено и наградата Златна топка за најдобар играч на Светското првенство во 2010 година. Форлан е роден во фудбалско семејство, неговиот татко Пабло играл за Саун Пауло (1970-1975) и за репрезентацијата на Уругвај на Светските првенства во 1966 и 1974 година, а неговиот дедо од мајчина страна, Хуан Карлос Корацо, за Индепендиенте во Аргентина. Форлан се приклучил на Индепендиенте, откако се истакнал во нивниот младински состав, и по успешниот четиригодишен период, тој потпишал договор со тимот од англиската Премиер Лига, Манчестер Јунајтед. Неговата форма во Јунајтед не била толку успешна како онаа во Индепендиенте, иако тој ја освоил Премиер Лигата во 2003 година и ФА купот во 2004 година. Летото 2004 година, тој се преселил во тимот од Ла Лига, Виљареал. Во неговата прва сезона во шпанскиот фудбал во тимот на Виљареал, Форлан постигнал 25 голови во првенството и ја освоил Пичичи наградата. По две успешни сезони во Виљареал, Форлан преминал во Атлетико Мадрид, каде што уште еднаш станал најдобар стрелец во лигата, и првиот играч што ја освоил Пичичи наградата двапати, откако Роналдо го постигнал овој подвиг во сезоната 2003-04 година. Форлан постигна гол за Атлетико, во победата над Фулам во финалето на Лига Европа во 2010 година. Во 2011 година, тој се преселил во тимот на Интер, во италијанската Серија А. Форлан, исто така, имал успешна репрезентативна кариера, откако постигнал 32 гола за својата земја од неговото деби во 2002 година. Тој постигна еден гол на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија во 2002. Тој бил на делба на првото место за најдобар стрелец, со постигнати пет гола на Светското првенство 2010, на кое тој постигна два гола против домаќинот Јужна Африка, еднаш против Гана во четвртфиналето, еднаш против Холандија во полуфиналето и еднаш против Германија во натпреварот за трето место. И покрај тоа што бил на делба на првото место за најдобар стрелец на првенството, Форлан не ја прими наградата за неговите голови поради головите постигнати во продолженијата. Сепак, на Форлан му било оддадено признание со наградата Златна топка, која се доделува на најдобриот играч на првенството. На 12 јули 2011 година, на Копа Америка во Аргентина, Форлан го забележал својот 79-ти настап за Уругвај против Мексико, со тоа соборувајќи го рекордот кој дотогаш го држел поранешниот голман, Родолфо Родригес од 1986 година. Форлан во моментов е најдобриот стрелец на Уругвај на меѓународно ниво во официјални натпревари.
КЛУПСКА КАРИЕРА
[уреди | уреди извор]ПОЧЕТОК НА КАРИЕРА
[уреди | уреди извор]Форлан кој е роден во Монтевидео, е син на поранешниот фудбалер и уругвајски репрезентативец Пабло Форлан, кој се занимавал со тенис во неговата младост. Тој одлучил да тргне по стапките на неговиот татко и да игра фудбал, откако неговата сестра Алехандра била учесник во сообраќајна несреќа, во која загинало нејзиното момче, а таа била на интензивна нега пет месеци и останала хендикепирана. Во 1995 година, кога тој имал 16 години, Форлан бил донесен во Франција од тренерот Ласло Болоњи и поминал неколку месеци на проба во Нанси. Сепак, клубот одлучил да не потпише договор со него, и Форлан се вратил назад во Јужна Америка.
ИНДЕПЕНДИЕНТЕ
[уреди | уреди извор]Тој играл за неколку јужноамерикански клубови, вклучувајќи го и аргентинскиот клуб Индепендиенте, каде што постигнал 36 гола на 77 натпревари во лигата. Неговите голови го привлекле вниманието на европските клубови, и во јануари 2002 година тој потпишал за Манчестер Јунајтед во англиската Премиер Лига за обесштетување од 6.9 милиони фунти.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
[уреди | уреди извор]Диего Форлан потпишал за Манчестер Јунајтед, по барање на сер Алекс Фергусон за сума од 6.9 милиони фунти на 22 јануари 2002 година. Тој дебитирал на 29 јануари, откако влегол во игра во 76-та минута како замена за Оле Гунар Солскер во победата од 4-0 на гости кај Болтон Вондерерс. Тој за првпат бил стартер во тимот во победата од 4-0 на домашен терен над Тотенхем Хотспур на 6 март. Форлан одиграл 13 натпревари во првенството и пет во Лигата на Шампионите во сезоната 2001-02, но не постигна гол. На 18 септември 2002, Форлан влегол во игра во 56-та минута како замена за Рајан Гигс на натпреварот против Макаби Хаифа во Лигата на Шампионите. Тој го постигна својот прв гол за Јунајтед во 89-та минута од пенал во победата од 5-2. Неговиот прв гол во Премиер Лигата го постигна за израмнување на резултатот на 1-1 во 76-та минута, во нерешениот резултат против Астон Вила на домашен терен на 26 октомври. Во следниот натпревар на Форлан во Премиер Лигата, на домашен терен против Саутемптон на 2 ноември, тој влегол во игра во 79-та минута како замена за стрелецот на голот за Јунајтед, Фил Невил, при резултат од 1-1 и го постигнал победоносниот гол во 85-та минута, откако ја вметнал топката во голот на голманот на Саутемптон, Анти Ниеми. На 1 декември, тој за првпат бил двоен стрелец за Јунајтед, постигнувајќи гол во 64-та и 67-та минута во победата од 2-1 на гости кај соперникот Ливерпул во Премиер Лигата. Манчестер Јунајтед ја освоил титулата во Премиер лигата во сезоната 2002-03, а Форлан со шест гола бил трет стрелец во тимот таа сезона веднаш зад Руд ван Нистелрој и Оле Гунар Солскер. Во сезоната 2003-04, Форлан одиграл седум натпревари во Премиер Лигата, на кои немал постигнато гол од стартот на сезоната. Негативната серија била прекината на 25 октомври, кога тој го израмнил резултатот на 1-1 во 45-та минута на натпреварот против Фулам на домашен терен, натпревар кој го загубил Манчестер Јунајтед со 3-1. Форлан потоа постигнал гол на три последователни натпревари во три различни натпреварувања, започнувајќи со гол во продолжението на натпреварот против Лидс Јунајтед на гости во Карлинг купот, кој го доби Манчестер Јунајтед со 3-2. По ова, следел првиот гол на натпреварот во победата од 3-0 на домашен терен против Портсмут во Премиер Лигата, и голот во 6-та минута во победата со ист резултат над Ренџерс во Лигата на Шампионите. Во неговиот следен натпревар во Лигата на Шампионите, тој го постигнал победоносниот гол во 85-та минута за Јунајтед, во победата од 1-0 на гости кај Панатинаикос. На 6 декември 2003 година, Форлан постигнал два гола во продолжението на натпреварот против Астон Вила на домашен терен во Премиер Лигата, што го добил Манчестер Јунајтед со 4-0. Ова биле единствените голови на Форлан во Премиер Лигата, и покрај тоа што играше на повеќе од десет натпревари во првенството во текот на сезоната. Неговиот единствен друг гол за Манчестер Јунајтед бил во ФА Купот, во победата од 3-0 над тимот на Нортемптон Таун од англиската Трета дивизија, на 24 јануари 2004 година. Диего Форлан не бил воопшто во тимот во финалето на ФА Купот на 22 мај 2004 година, кое го добил Јунајтед со победата од 3-0 над Милвол. Тој ја започнал сезоната 2004-05 со Манчестер Јунајтед и играл во квалификациите за Лигата на Шампионите против Динамо Букурешт, и во поразот од 3-1 од Арсенал во Супер купот на Англија (Комјунити Шилд) на 8 август. Неговиот последен натпревар за Јунајтед бил во нивниот прв натпревар во Премиер Лигата таа сезона, во поразот од 1-0 на гости кај Челзи на 15 август.
ВИЉАРЕАЛ
[уреди | уреди извор]Форлан бил тесно поврзуван со трансфер во шпанските клубови Леванте и Атлетик Билбао ( иако за Атлетик може да настапуваат само играчи кои се Баскијци, а Форлан има баскиско потекло), сепак на 21 август 2004 година тој потпишал договор со Виљареал. Диего Форлан дебитирал за Виљареал на 30 август 2004. Тој бил во почетниот тим на гости кај соперникот Валенсија, и го постигнал голот за својата екипа во 77-та минута во поразот од 2-1. Неговиот следен гол бил во победата од 2-0 над Реал Сарагоса на домашен терен на 3 октомври, потоа проследен со израмнувачки гол во ремито 1-1 кај Мајорка и со последниот гол во победата од 4-0 на домашен терен со Нумансија. Помеѓу 12 декември 2004 и 16 јануари 2005 година, Форлан постигнал седум гола на пет натпревари во првенството, вклучувајќи ја и победата од 3-0 на домашен терен над Барселона на 9 јануари. На 22 мај 2005 година, тој го постигнал својот прв хет-трик за европски тим, постигнувајќи ги сите голови за Виљареал во ремито 3-3 на гостински терен против Барселона, можниот шампион на Лигата на Шампиони. Една недела подоцна, тој постигнал два гола во победата од 4-1 над нивниот локален соперник Леванте, а Виљареал ја заврши сезоната на третото место на табелата, и нивно прво учество во Лигата на Шампионите. Форлан ја освоил Пичичи наградата во сезоната 2004-05, за најмногу постигнати голови во Ла Лига, 25. Исто така, тој ја поделил наградата Златна копачка на Европа во 2005 година со напаѓачот на Арсенал, Тјери Анри. Неговиот скор на постигнати голови опадна во сезоната 2005-06, откако Виљареал претрпел неколку промени, но сепак клубот се пласираше во полуфиналето на Лигата на Шампионите, каде што биле елиминирани од Арсенал. Во 2006-07, тој ја завршил сезоната со 19 голови на 36 настапи во првенството ( по 0.53 гол на секој натпревар).
АТЛЕТИКО МАДРИД
[уреди | уреди извор]СЕЗОНА 2007-08
[уреди | уреди извор]Форлан бил поврзуван со трансфер заедно со Хуан Роман Рикелме во Атлетико Мадрид, во замена за Луис Переа плус кеш, во јуни 2007 година. На 30 јуни 2007 година, по заминувањето на нивниот капитен Фернандо Торес во Ливерпул, Атлетико Мадрид потврдил дека тие се согласиле на обесштетување од околу 21 милион евра. Тој се вратил во Англија во февруари 2008 година, во настапот на Атлетико во Купот на Уефа против Болтон Вондерерс ( клубот против кого го забележа дебитантскиот настап кога настапуваше за Манчестер Јунајтед), но тимот загуби со вкупен резултат 1-0 во двомечот. Во мај 2008 година, Форлан му помогна на Атлетико да се пласира во Лигата на Шампионите за првпат по повеќе од една деценија, постигнувајќи го победоносниот погодок против Депортиво Ла Коруња. Тој ја завршил својата прва сезона во Мадрид со 23 гола, и формирал моќно партнерство со аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро.
СЕЗОНА 2008-09
[уреди | уреди извор]На 9 мај 2009 година, Форлан постигнал два гола против Еспањол и му помогнал на Атлетико да се пласира во квалификациите за Лигата на Шампионите втора последователна година. “ Лос Рохибланкос” губеле со 2-0 на полувремето, а Луис Переа бил исклучен, но направиле пресврт и победиле со 3-2 благодарение на голот на потврдената сезоната на Форлан, од посебна важност што бил постигнат во последната минута. Тој исто така постигнал клучни голови во победите над: Барселона, Виљареал и Валенсија. На 23 мај 2009, Форлан постигнал хет-трик против Атлетик Билбао, кој му помогнал да ја освои наградата Пичичи, како и наградата Златна копачка на Европа по вторпат. Тој ја завршил сезоната 2008-09 со импресивни 32 гола на 33 натпревари ( во суштина еден гол на натпревар).
СЕЗОНА 2009-10
[уреди | уреди извор]Форлан ја започна тивко сезоната 2009-10, и се борел со формата, а Атлетико го забележал нивниот најлош старт во првенството од нивното испаѓање во 2000 година. На 24 октомври 2009 година, Форлан реализирал пенал и промаши уште еден, а Атлетико ремизирал на домашен терен против Мајорка, во кој поголемиот дел од второто полувреме го одиграл со само девет играчи на теренот. Разочарувачкиот резултат и изведбата, довеле до протести од поддржувачите на Атлетико, како и критики за Форлан, кој подоцна бил изоставен од тимот за следниот натпревар. Атлетико почнал да се подобрува по доаѓањето на новиот тренер, Кике Санчес Флорес, и уште еднаш Форлан блеснал во вториот дел од сезоната, а Атлетико се пласирал во финалето на Лига Европа и Копа дел Реј. На 14 февруари 2010 година, Форлан го постигнал првиот гол за Атлетико во победата од 2-1 на Винсенте Калдерон, нанесувајќи му го единствениот пораз во сезоната во првенството на евентуалниот шампион. На 22 април 2010 година, Форлан го постигнал единствениот гол на натпреварот за Атлетико во полуфиналниот прв натпревар на домашен терен против Ливерпул во Лига Европа. Една недела подоцна, Ливерпул го одвел натпреварот во продолженија, поведувајќи со 2-1 вкупен резултат. Форлан, тогаш постигнал повторно гол и го израмнил вкупниот резултат на 2-2, постигнувајќи гол на гости кој му требал на Атлетико за да се пласира во финалето, во кое тие играле против Фулам на “Фолкспаркштадион” на 12 мај. Форлан постигнал два гола против Фулам во финалето, во победата од 2-1 и бил избран за играч на натпреварот. Тој ја завршил сезоната со вкупно 28 гола, вклучувајќи и шест во успешната сезона на Атлетико во Лигата на Европа.
СЕЗОНА 2010-11
[уреди | уреди извор]Сезоната 2010-11, започнала со уште еден трофеј за Форлан и Атлетико, откако го освоиле Суперкупот на Европа, победувајќи го Интер со 2-0 во Монако на 27 август 2010 година. Форлан повторно ја почнал сезоната тивко, и покрај тоа што тој го пронашол патот до противничката мрежа трипати на премиерните два натпревари, тој потоа немал постигнато гол на 12 натпревари во низа во сите натпреварувања, пред конечно да постигне два гола во победата од 3-0 против Осасуна на 13 ноември. Во јануарскиот преоден рок се шпекулирало со негов трансфер, откако Бешикташ, Реал Мадрид и американскиот Сиетл Саундерс се обиделе да го доведат во своите редови.
ИНТЕР
[уреди | уреди извор]На 29 август 2011, било потврдено дека Диего Форлан потпишал договор со Интер, по заминувањето на Самуел Ето. Тој дебитирал на 11 септември 2011 година, постигнувајќи гол уште на првиот натпревар, во поразот од 4-3 кај сицилијанскиот клуб Палермо. На 4 март 2012, Форлан го постигнал својот втор погодок за Интер против Катанија во ремито 2-2.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНА КАРИЕРА
[уреди | уреди извор]Форлан дебитирал за Уругвај на 27 март 2002 година, постигнувајќи го својот прв погодок во поразот од 3-2 на пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија. Во текот на Светското првенство 2002 година, тој постигнал гол со волеј удар во групната фаза во нерешениот резултат 3-3 против Сенегал на 11 јуни. И покрај тоа што се вратил по негативата од 3-0 и успеал да израмни, Уругвај бил елиминиран од првенството заедно со Франција во групата А. Исто така, тој постигна гол против Бразил во 35-та минута во полуфиналето на Копа Америка во 2007 година. Сепак, тој промашил удар од белата точка во пенал серијата, па на крајот Бразил победи со 5-4 на пенали. Од Копа Америка во 2007, Форлан станал стандарден репрезентативец за Уругвај, често во почетните единаесетмина. На 17 јуни 2008, тој постигнал хет-трик на натпреварот против Перу во квалификациите за Светското првенство. Диего Форлан и Јури Џоркаеф, по наведениот редослед, биле во составите на Уругвај и Франција кои се сретнале во групата А, на Светското првенство 2002. Нивните почитувани татковци, Пабло и Жан, биле учесници во натпреварот помеѓу Уругвај и Франција на Светското првенство во 1966 година, исто така во групата А. Во моментов, со 84 настапи, Форлан е фудбалерот со најмногу настапи за репрезентацијата на Уругвај на сите времиња. На 11 октомври 2011, тој го постигнал својот 32 гол, со тоа станувајќи најдобар стрелец за Уругвај на сите времиња во официјални натпревари, надминувајќи го Хектор Скароне, кој го држел рекордот со 31 гол од 1930 година. (Хектор Скароне постигнал вкупно 42 гола, но 11 од нив на неофицијални натпревари).
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2002
[уреди | уреди извор]Форлан не бил стандарден во првиот тим на Уругвај, за време на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002, претходно во годината настапувајќи единствено на неговото деби против Саудиска Арабија ( на кое постигнал гол). Како и во Манчестер Јунајтед , Форлан и во репрезентацијата на Уругвај го носел дресот со бројот 21 на првенството. Селекторот, Виктор Пуа, го претпочитал напаѓачкото трио; Алваро Рекоба, Себастијан Абреу и Дарио Силва. Откако не настапил на првите два натпревари во групата ( во поразот од 2-1 од Данска и во ремито 0-0 со Франција), Форлан влегол во игра како резерва на последниот натпревар во групата против Сенегал, како дел од двојната замена на полувремето. Кога влегол во игра на местото на Абреу, неговиот тим губел со 3-0. Форлан постигна гол во 69-та минута и го намалил резултатот на 3-2, а Рекоба изедначил од пенал на две минути до крајот. Сепак, со победата на Данска над Франција, Данците се пласирале пред Уругвај на табелата и отидоа понатаму.
КОПА АМЕРИКА 2004
[уреди | уреди извор]Форлан го носел дресот со бројот 21 за Уругвај и на Копа Америка во Перу, кратко време пред неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед во Виљареал. Тој ги одиграл сите шест натпревари на првенството, на кое под раководство на Хорхе Фосати се пласирале на третото место. Единствениот гол Форлан го постигнал во победата од 2-1 над Еквадор, единствената победа на Уругвај во групата. Тие се пласирале на третото место од вкупно четири тима во групата.
КОПА АМЕРИКА 2007
[уреди | уреди извор]Форлан го носел бројот 21 за репрезентацијата на Уругвај, под раководство на Оскар Табарез, на Копа Америка во Венецуела во 2007 година, кратко време по неговиот трансфер од Виљареал во Атлетико Мадрид. Тој не постигнал гол во групата А, во која се пласирале на третото место од вкупно четири тима, со скор; пораз од Перу со 3-0, победа над Боливија со 1-0 и нерешено 0-0 со домаќинот на првенството. Тие повторно се сретнале со Венецуела, во првото четвртфинале на 7 јули. Форлан постигнал два гола (првиот во 38-та минута и вториот во надополнувањето), а неговата репрезентација победила со 4-1. Во полуфиналето против фаворитот за трофејот Бразил, Форлан го израмнил резултатот на 1-1 во 36-та минута по голот на Маикон, но натпреварот завршил 2-2. Потоа, Уругвај загубил на пенали со 5-4, а Форлан го промашил првиот удар од белата точка. Алфонсо Алвеш промашил за Бразил, навестувајќи ненадеен пораз, откако Диего Лугано промашил за Уругвај, а Жилберто Мело реализираше за Бразилците.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2010
[уреди | уреди извор]На 16 јуни 2010 година, на вториот натпревар на Уругвај во групата против Јужна Африка на Светското првенство, Форлан го отворил резултатот со удар од огромна далечина. Понатаму во натпреварот, Форлан го постигна својот втор гол, овојпат од пенал и исто така учествуваше во третиот за Уругвај, во победата од 3-0 над домаќинот на првенството. На 2 јули 2010 година, Форлан постигнал гол од слободен удар против Гана за израмнување на резултатот во четвртфиналето. Натпреварот завршил со резултат 1-1, а Уругвај се пласирал во полуфиналето по победата над Гана со 4-2 на пенали. На 6 јули 2010, Форлан постигнал уште еден удар од огромна далечина, овојпат со левата нога за израмнување на резултатот против Холандија во полуфиналето. И покрај резултатот од 1-1 на полувремето, на крајот Уругвај загубил со 3-2 и Холанѓаните се пласираа во финалето. Форлан станал првиот играч по Лотар Матеус во 1990 година, кој постигнал три гола надвор од шеснаесетникот на едно првенство. На 10 јули 2010 година, Форлан го постигнал својот последен гол на првенството, откако ја погодил мрежата со одличен волеј удар од работ на шеснаесетникот, обезбедувајќи водство за Уругвај. Овој гол, кој бил постигнат по додавање од Аревало Риос, бил избран од страна на ФИФА за Гол на првенството. Форлан потоа ја погодил пречката од слободен удар, што бил и последниот удар на натпреварот, а тие загубиле од Германија со 3-2 во натпреварот за третото место. На Форлан му била доделена наградата “Златна топка”, за најдобар играч на првенството. Исто така, тој бил избран во тимот на првенството, и бил еден од најдобрите голгетери на Светското првенството со 5 постигнати гола.
КОПА АМЕРИКА 2011
[уреди | уреди извор]На 24 јули 2011 година, Форлан постигнал два гола, по првиот гол на Луис Суарез и со тоа му помогнал на Уругвај да ја освои 15-та титула на Копа Америка, а воедно со 31 гол избил на делба на првото место со Хектор Скароне по број на постигнати голови за репрезентацијата на Уругвај, откако го победиле Парагвај со 3-0 во финалето. Таткото и дедото на Форлан, биле исто така јужноамерикански шампиони со Уругвај во периодот на 95 годишното постоење на најстариот активен турнир во светот.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ И ГОЛОВИ
[уреди | уреди извор]Вкупна Статистика за натпревари одиграни до 29 февруари 2012
Статистика во кариерата
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Клуб | Сезона | Првенство | Куп | Лига Куп | Интерконтинентален | Друго | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | ||
Индепендиенте | 1998–99 | 2 | 0 | – | – | 0 | 0 | – | 2 | 0 | |||
1999–2000 | 24 | 7 | – | – | 0 | 0 | – | 24 | 7 | ||||
2000–01 | 36 | 18 | – | – | 6 | 2 | – | 42 | 20 | ||||
2001–02 | 18 | 12 | – | – | 5 | 1 | – | 23 | 13 | ||||
Total | 80 | 37 | – | – | 11 | 3 | – | 91 | 40 | ||||
Манчестер Јунајтед | 2001–02 | 13 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 5 | 0 | – | 18 | 0 | |
2002–03 | 25 | 6 | 2 | 0 | 5 | 2 | 13 | 1 | – | 45 | 9 | ||
2003–04 | 24 | 4 | 2 | 1 | 1 | 1 | 4 | 2 | 1 | 0 | 32 | 8 | |
2004–05 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 3 | 0 | |
Total | 63 | 10 | 4 | 1 | 6 | 3 | 23 | 3 | 2 | 0 | 98 | 17 | |
Виљареал | 2004–05 | 38 | 25 | 1 | 0 | – | 0 | 0 | – | 39 | 25 | ||
2005–06 | 32 | 10 | 2 | 0 | – | 13 | 3 | – | 47 | 13 | |||
2006–07 | 36 | 19 | 4 | 1 | – | 2 | 1 | – | 44 | 21 | |||
Total | 106 | 54 | 8 | 1 | – | 15 | 4 | – | 128 | 59 | |||
Атлетико Мадрид | 2007–08 | 36 | 16 | 6 | 1 | – | 11 | 6 | – | 53 | 23 | ||
2008–09 | 33 | 32 | 3 | 1 | – | 9 | 2 | – | 45 | 35 | |||
2009–10 | 33 | 18 | 6 | 3 | – | 17 | 7 | – | 56 | 28 | |||
2010–11 | 32 | 8 | 3 | 1 | – | 6 | 1 | 1 | 0 | 42 | 10 | ||
Total | 134 | 74 | 17 | 6 | – | 45 | 16 | 1 | 0 | 197 | 96 | ||
Интер | 2011–12 | 13 | 2 | 0 | 0 | – | 1 | 0 | – | 14 | 2 | ||
Total | 13 | 2 | 0 | 0 | – | 1 | 0 | – | 14 | 2 | |||
Вкупно во кариерата | 394 | 176 | 28 | 8 | 6 | 3 | 95 | 26 | 3 | 0 | 527 | 213 |
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Предлошка:Репрезентација на Уругвај |- |2002||5||2 |- |2003||7||5 |- |2004||11||2 |- |2005||9||2 |- |2006||3||0 |- |2007||9||5 |- |2008||7||3 |- |2009||9||3 |- |2010||11||7 |- |2011||13||3 |- |2012||1||0 |- !Вкупно||85||32 |- |} Statistics accurate as of match played 29 February 2012[2][3]
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]- Манчестер Јунајтед
- Виљареал
- Интертото Куп (1): 2004
- Атлетико Мадрид
- Лига Европа (1): 2009–10
- Супер Куп на Европа (1): 2010
Репрезентација
[уреди | уреди извор]- Уругвај
- Светско првенство:
- 4-то место (1): 2010
- Копа Америка:
Поединечни
[уреди | уреди извор]- ЕФЕ Трофеј (1): 2004–05
- Златна копачка на Европа (2): 2004–05*, 2008–09
- Пичичи трофеј (2): 2004–05, 2008–09
- Светско првенство 2010 Избран во тимот на првенството
- Светско првенство 2010 Златна топка
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Основач и член на фондацијата ”Алехандра Форлан”, на чело со неговата сестра, Форлан е отворен за превенција од опасностите кои произлегуваат од опасно возење. Назад во 1991 година, Алехандра доживеа сообраќајна несреќа, во која загина нејзиното момче, а како резултат на тоа таа остана парализирана. Во тој период, Диего Марадона се сретна со таткото на Форлан, бидејќи тој беше фудбалер во 70-те години и му помогна да се соберат средства за лекување на неговата ќерка. Таа стана составен дел од неговата инспирација да игра фудбал, и целото семејство се соединиле со цел да се обезбеди високо реноме на фондацијата како неговото во Уругвај. Во 2009 година, Форлан се појави во музички спот за Коти, во кој тој настапува заедно со Макси Родригес. Во Јули 2010, Форлан имаше победничко глупирање на Светското првенство 2010, овековечен во стилот на познатата јапонска серија Капетан Цубаса. Победничката песна беше компонирана од анониниот бенд “Златни вувузели” со музика од Супер роботот од анимираната серија “Мазингер З”. На 9 март 2011 година, Форлан на неговата официјална Твитер страница објави дека тој и аргентинскиот модел и глумица, Заира Нара, одлучиле да стапат во брак. Сепак, во јуни 2011 година, Форлан и Нара објавија дека тие ја раскинале нивната веридба. Не беше објавена причина за нивната разделба.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/18587/diego-mart%C3%ADn-forl%C3%A1n?cc=5901[мртва врска]
- ↑ „Forlán, Diego“. National-Football-Teams.com.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-07-15. Посетено на 2012-05-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|