Диазепам
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
7-хлоро-1-метил-5-фенил-3H-1,4-бензодиазепин-2-он | |
Клинички податоци | |
Заштитени имиња | Валиум и многу други |
AHFS/Drugs.com | monograph |
MedlinePlus | a682047 |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање |
|
Склоност кон физичка зависност | Умерена |
Скклоност кон психичка зависност | Умерена[1][2] |
Начин на примена | Oral, IM, IV, suppository |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | 93–100% |
Метаболизам | Хепатален—CYP2B6 (спореден пат) до дезметилдиазепам, CYP2C19 (главен пат) до неактивни метаболити, CYP3A4 (главен пат) до дезметилдиазепам |
Полувреме на елиминација | 20–100 часа (36–200 часа до главниот активен метаболит дезметилдиазепам) |
Екскреција | Ренална |
Назнака | |
CAS-број | 439-14-5 |
ATC код | N05BA01 |
IUPHAR/BPS | 3364 |
DrugBank | DB00829 |
ChemSpider | 2908 |
UNII | Q3JTX2Q7TU |
KEGG | D00293 |
ChEBI | CHEBI:49575 |
ChEMBL | CHEMBL12 |
Хемиски податоци | |
Формула | C16H13ClN2O |
Моларна маса | 284.7 g/mol |
| |
(што е ова?) (провери) |
Диазепамот (Валиум, Бенседин, Диазепамум, Seduxenum, Relanium, Sibazonum)[3] спаѓа во групата на бензодиазепини (во почетокот произведуван под трговскиот назив Валиум) и претставува седатив, релаксант на мускулите, хипнотик и антиконвулзант, дејствува против анксиозност и емоционална нелагодност.[4]
Во 2023, е трет најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,3 милиони рецепти.[5]. Диазепамот според Светската здравствена организација се смета за неопходно лекарство.
Изглед
[уреди | уреди извор]Бенседин таблетите можат да бидат од 2, 5 и 10 милиграми. Од 2 и 10 се со жолтобела боја, а од 5 исто така се со жолтобела боја само што имаат назначена црта на едната страна.[6][7]
Начин на дејствување
[уреди | уреди извор]Диазепамот ја зголемува активноста на GABA рецепторите кои имаат инхибиторни својства. Диазепамот ги блокира т.е. инхибира ексцитациите од емоционалната сфера на мозокот.
Бенсединот е лек првенствено наменет за лекување на анксиозните нарушувања, тој го намалува чувството на страв и напнатост, делува антиколвузивно и доведува до релаксација на мускулите.
Несакани ефекти
[уреди | уреди извор]При користењето на дизаепам можни се несакани ефекти како: заматен вид, хипотензија, диплопија, нејасен говор, неможност да се задржи урината, запек, а возможна е и агресија и возбуда, и поретко транзисторна левкопенија. Можно е да се појави депресија како недијагностицирано заболување, посебно при употреба на високи дози и труење со диазепам. Кај постарите луѓе, иако поретко, може да се појави апнеа и запирање на дишењето.
Дозирање
[уреди | уреди извор]Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
2-10 мг два до четири пати на ден, во зависност од болеста. За стари и луѓе во лоша состојба почетната доза е 2 мг. За деца 2-4 мг, при што количината на примање се разделува на неколкупати.
Историја
[уреди | уреди извор]Диазепамот е вториот бензодиазепин откриен од Д-р Лео Стернбах додека работел во „Рош“, по хлордиазепоксид (Либриум), кој бил одобрен за употреба во 1960 година. Ставен на пазарот во 1963 како подобрена верзија на Либриум, диазепамот станал неверојатно популарен, со чија помош Рош станал фармацевтски индустриски гигант.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Диазепам, Алкалоид АД - Скопје Архивирано на 4 март 2016 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Clinical Addiction Psychiatry. Cambridge University Press. 2010. стр. 156. ISBN 9781139491693.
- ↑ Ries, Richard K. (2009). Principles of addiction medicine (4. изд.). Philadelphia: Wolters Kluwer/Lippincott Williams & Wilkins. стр. 106. ISBN 9780781774772.
- ↑ „Valium (Diazepamum)“. Архивирано од изворникот на 2010-03-07. Посетено на 2011-06-04.
- ↑ Диазепам - Портал за мозокот[мртва врска]
- ↑ „Извештаи“. Е-здравство. Посетено на 2024-02-26.
- ↑ (2006) Ed.: Lide David R. CRC Handbook of Chemistry and Physics Архивирано на 23 мај 2008 г., 87th, Boca Raton, FL: CRC Press. 0-8493-0487-3.
- ↑ (2001) Ed.: Susan Budavari The Merck Index: An Encyclopedia of Chemicals, Drugs, and Biologicals Архивирано на 27 февруари 2012 г., 13th, Merck Publishing. ISBN 0911910131
|
|