Прејди на содржината

CAS-број

Од Википедија — слободната енциклопедија

CAS-број (англ. CAS registry number, CAS RN)[1] — единствена бројчен назнака на Службата за хемиски изводи (Chemical Abstracts Service, CAS) за секоја хемикалија опишана во јавната научна литература (од 1957 до денес) и опфаќа елементи, изотопи, органски и неоргански соединенија, јони, органометали, метали, несоставни материјали (наречени „UVCB“ - материјали од непознат состав, менлив состав или биолошко потекло).[2]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Региастарот на CAS претставува меродавна и сеопфатна збирка на сите објавени информации за хемиските супстанции. Моментално содржи 56 милиони органски и неоргански супстанции и 62 милиони низи, како и дополнителни информации за секоја супстанција; секој ден во регистарот се додаваат 12.000 нови супстанции.[3]

Историски, хемикалиите имаат најразлични синоними. Честопати имињата се езотерични и се составуваат во склад со регионални обичаи на именување, нивните формули, состав или потекло. Позастапените хемикалии имаат и повеќе општи, историски, пазарни и/или улични имиња.

На пример, Хофмановата супстанција „∂-Lysergsäure-Diethylamid“ во CAS е заведена под името „Ergoline-8-carboxamide, 9,10-didehydro-N,N-diethyl-6-methyl-, (8β)“-
а во Мерковиот прирачник позната како „9,10-Didehydro-N,N-diethyl-6-methylergoline-8β-carboxamide“- -
а во текот на првичните фармацевтски иследувања го добила згодното дискретното име „ЛСД-25“.

Но подоцна, претпријатието Sandoz ја промовирал супстанцијата како лекарство, нарекувајќи ја „Делизид“ (во западниот свет). По 1963, Делизидот добил други пошарени маркетиншки имиња, првовремено збунувајќи ја полицијата и неупатените. Од 1989 наваму, ЛСД се користи за научни истражувања под едно од неговите историски имиња, „Лизергид“.

Од друга страна, CAS-броевите не се поврзани со хемијата, претходни системи, и немат воочливи фонетски аналогии и синоними. Бројките се прости и доследни, предвидени за лесно пребарување по базата на податоци.
Броевите им даваат доверлива, широко застапена и меѓународно признаена препознатливост на сите супстанции без оглед на разните номенклатури и дисциплини во употреба кај научнитете гранки, стопанските дејности и регулативните органи. Речиси сите денешни бази на молекули овозможуваат пребарување по CAS-број.

CAS-броевите немаат сопствено значење, туку се доделуваат во последователен нагорен редослед. Бројот има три дела, одделени со цртички: првиот содржи до 7 цифри, вториот има две, а третиот има само една, која служи како контролна цифра. Контролнат цифра се добива со помножување на последната цифра со 1, претходната со 2, таа пред неа со 3 итн, по што сите се собираат и се пресметува збирот модуло 10. На пример, CAS-бројот на водата е 7732-18-5: контролниот збир е 5, а се добива со (8·1 + 1·2 + 2·3 + 3·4 + 7·5 + 7·6) = 105; 105 mod 10 = 5.

Стандардизација и сложеност

[уреди | уреди извор]

Изомери на една молекула добиваат дискретни CAS-броеви: D-гликозата е 50-99-7, L-гликозата е 921-60-8, α-D-гликозата е 26655-34-5 итн.
• Повремено, цели класи на молекули добиваат еден CAS-број: групата ензими наречена алкохолдехидрогенази има број 9031-72-5.
• Стандардна мешавина од поинаку означени соединенија може да добие групен CAS-број; на пр. синапово масло (8007-40-7).

Сопственост

[уреди | уреди извор]

Органот кој е надлежен за доделување на броевите е Службата за хемиски изводи (CAS), оддел на Американското хемиско друштво (ACS). Информациите се заштитени со авторски права, во сопственост на друштвото. Секој што сака да ги користи CAS-броевите во своја база треба да го следи правилото:

Корисник или организација може да постави, без лиценца и без наплата, до 10.000 CAS-броја (CASRN) во каталог, мрежно место или друг производ кој не се наплаќа. Треба да се наведе следново: CAS-бројот е заштитен знак на Американското хемиско друштво.[4]

Пребарување на CAS-броеви

[уреди | уреди извор]
  • Пребарување со CHEMINDEX преку Канадскиот центар за здравје и безбедност при работа[5]
  • ChemIDplus - Напредно преку Националната медицинска библиотека на САД[6]
  • Секојдневна хемија TM[7] преку Австралискиот инвентар на хемиски супстанции[8]
  • Европски информативен систем за хемиски супстанции[9] преку мреж. место на Кралското хемичарско друштво[10]
  • HSNO - Хемиска класификациска информативна база преку Управата за раководство со ризици по животната средина[11]
  • Алатка за пребарување на Австралискиот инвентар на хемиски супстанции[12]

Занимливости

[уреди | уреди извор]

Најмал CAS-број има формалдехидот: 50-00-0. Ова значи дека формалдехидот е веројатно првата супстанција што добила CAS-број.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Опис на регистерот CAS Архивирано на 25 јули 2008 г. - Служба за хемиски изводи (англиски)
  2. Американско хемиско друштво. „Регистарот CAS и регистерски броеви CASRN“. Архивирано од изворникот на 2008-07-25. Посетено на 25 јули 2009. (англиски)
  3. Број на супстанции во регистарот на CAS[мртва врска] (англиски)
  4. Американско хемиско друштво (CAS) (18 јуни 2009). „Правила за употреба на информациите на CAS (важи од 2 јули 2009)“. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 10 февруари 2010. (англиски)
  5. Канадски центар за здравје и безбедност при работа. „Пребарување со CHEMINDEX“. Посетено на 13 јули 2009. (англиски)
  6. Национална медицинска библиотека на САД. „Напредно“. Посетено на 1 декември 2009. (англиски)
  7. Американско хемиско друштво. „Пребарување на супстанции“. Посетено на 8 јули 2009. (англиски)
  8. Национална шема за известување и оценка на индустриски хемикалии. „Подробна помош / напатствија за AICS“. Архивирано од изворникот на 2009-07-09. Посетено на 8 јули 2009. (англиски)
  9. Здружен истражувачки центар на Европската комисија. „ESIS : Европски информативен систем за хемиски супстанции“. Посетено на 11 јули 2009. (англиски)
  10. Библиотека и информативен центар. „Пронаоѓање на CAS0-број“. Посетено на 11 јули 2009. (англиски)
  11. Управа за раководство со ризици по животната средина. „HSNO - Хемиска класификациска информативна база“. Архивирано од изворникот на 2009-07-11. Посетено на 14 јули 2009. (англиски)
  12. Национална шема за известување и оценка на индустриски хемикалии. „Алатка за пребарување на AICS“. Архивирано од изворникот на 2009-05-14. Посетено на 11 јули 2009. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

CAS-бројот на соединенија со познато име, формула или состав ќе го добиете бесплатно на следниве места: