Мускул
Мускулите се органи што учествуваат во најразличните движења на телото. Го сочинуваат активниот дел од локомоторниот апарат. Човечкото тело е составено од 327 парни и 2 непарни мускули. Заедно со коските и зглобовите го сочинуваат системот за движење. Масата на мускулите изнесува 45-50 % од вкупната телесна маса.
Основни својства на мускулите
[уреди | уреди извор]Основни својства на мускулите се:
- Еластичност- При дејство на некоја сила, мускулот ја зголемува својата должина, а при нејзино престанување се враќа во правобитната положба.
- Надразливост- Способноста на мускулот да реагира на дразби се вика надразливост.
- Спроводливост- Способноста да пренесува импулси и се вика спроводливост.
- Контракнилност- Надразнет мускул реагира со контракција(скусување, издолжување, пауза).
Моторна единица
[уреди | уреди извор]Секој мускул е инервиран од централниот нервен систем, од мотоневрони кои излегуваат од предните рогови на рбетниот мозок. Мотоневронот се разгранува и на тој начин инервира голем број на мускулни влакна. Спојот на мускул и мотоневронот од кој е инервиран се нарекува моторна единица.
Мускулни клеки и ткива
[уреди | уреди извор]Постојат три видови на мускулни ткива изградени од мускулни клетки: напречно-пругасто, мазно и срцево
Напречно-пругастo
[уреди | уреди извор]Должината на напречно-пругастите клетки варира од неколку милиметри до 30cm, а пречникот 10-500 микрони. Имаат повеќе јадра распоредени ексцентрично по периферијата на клетката. Се прикрепени за коските и се издолжени, цилидрични, со тапи завршетоци. Имаат голема брзина на контракција и работат по наша волја.
Мазнo
[уреди | уреди извор]Ги формираат ѕидовите на внатрешните органи: желудник, црева и др. Се издолжени, вретеновидни, со заострени завршетоци.
Имаат бавна брзина на контракција, и работат без наша волја.
Срцевo
[уреди | уреди извор]Ги формираат ѕидовите на срцевите празнини.Се издолжени, цилиндрчни, и градат мрежа(синцициум). Имаат средна брзина на контракција и работат без наша волја. По својата градба се слични со напречно пругастите, а по функцијата со мазните мускулни клетки.
Градба на мускул
[уреди | уреди извор]Мускулите како органи се составени од две ткива: напречно-пругасто мускулно и мазно. Секоја мускулна клетка е обвиткана со сврзно ткиво наречено ендомизиум. Повеќе мускулни клетки образуваат мускулно снопче. Секое мускулно снопче е обвиткано со сврзно тхх дел (лат. venter). На краевите мускулот преминува во жилест дел, тетива (лат. tendo). Секоја тетива поминува во оформен мускулен дел, глава (лат. caput).
Градба на напречно-пругаста клетка
[уреди | уреди извор]Поделба
[уреди | уреди извор]Мускулите можат да се делат според формата, бројот на главите и местото во телото.
Поделба според формата
[уреди | уреди извор]Мускулите се поделени на: долги, куси и плочести.
- Долгите се наоѓаат на екстремитетите.
- Кусите можат да бидат овални (лат. m.orbicularis) и кружни (лат m.sphincter). Ги има на отворите на телото.
- Плочестите ги градат ѕидовите на стомакот и градите.
Поделба според бројот на главите
[уреди | уреди извор]Според бројот на главите се делат на:
- двоглави (m.biceps);
- триглави (m.triceps);
- четириглави (m.quadriceps).
Поделба според местото на местото во телото
[уреди | уреди извор]Се делат на:
- мускули на главата;
- мускули на трупот;
- мускули на горниот екстремитет;
- мускули на долниот екстремитет.
Мускулот како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Мускул во пластика“ (англиски: Muscle in Plastic) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[1]
- „Мускул“ (германски: Muskel) — песна на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bauhaus, Mask, Beggars Banquet BBL 29CD.
- ↑ Dicogs, Deutsch Amerikanische Freundschaft – Gold Und Liebe (пристапено на 23.6.2022)
|