Видин (бугарски: Видин) — град во северозападниот дел на Бугарија, административен центар на Видинската област. Тој е град-пристаниште на бреговите на Дунав со тврдина и има 47.138 жители.
Видин е град со древна историја. Наследник е на древното келтско селиште Дунониja каде што Римjаните потоа изградиле град-тврдина со името Бонониja, којшто Бугарите го нарекле Б’дин (Бъдин), а потоа Видин. По римското време, тој е едeн од главните градови на провинциjaта Горна Мезиja (Северозападна Бугарија и Источна Србија).
При Второто Бугарско Царство, цар Јован Страцимир го избира Видин за главниот град на Б’динското (Видинското) царство. Тоа постои само 32 години – од 1364 до 1396, кога и тој крај на Бугарија е поробен од Турците. На 16 октомври1689 австриjската армиjа на Хабсбуршката монархиjа ослободува Видин од турското иго, но подоцна Турците се враќат во градот. Во 1848, Видинци се дигаат против Турците.