Џенинг Јанг
Џенинг Франклин Јанг | |
---|---|
Роден(а) | 1 октомври 1922 Хефеј, Анхуеј, Кина |
Живеалиште | Кина |
Државјанство | Кинеско (1922 - ) Американско (1964 - ) |
Полиња | Физика |
Установи | Институт за напредни студии Њујоршки државен универзитет во Стони Брук Кинески универзитет во Хонгконг Цинхујски универзитет Чикашки универзитет |
Образование | Линдски универзитет Цинхујски универзитет Чикашки универзитет |
Докторски ментор | Едвард Телер |
Други ментори | Енрико Ферми |
Докторанди | Бил Сатерленд Александар Ву Чао 趙午 К. Лаи 黎振球 Едвард Јен 閻愛德 Бен Фан |
Познат по | Паритетен прекршок Јанг-Милсова теорија Јанг-Бакстерова равенка Бјерс-Јангова теорема |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1957) Румфордова награда (1980) Национален научен медал (1986) Бенџамин Франклинов медал (1993) Алберт Ајнштајнов медал (1995) Богољубова награда (1996) Ларс Онзагерова награда (1999) |
Сопружник | Чили Ту (1950–2003) Фан Венг (2004–наваму) |
Џенинг Франклин Јанг (кинески: 楊振寧 1 октомври 1922),[1] исто така познат како Јанг Зенинг, е кинеско-американски физичар кој работи на статистичка механика и честична физика. Тој и Ли Џенгдао ја добиле Нобеловата награда за физика во 1957[2] за нивната работа на паритетната неконзервација на слабото заемодејство. Двајцата експериментално докажале дека еден од основните квантномеханички закони, конзервацијата на паритетот, е поништен во т.н. слаби јадрени реакции, тие јадрени процеси кои резултираат во емитувањето на бета или алфа честичките.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јанг е роден во Хефеј, Анхуеј, Кина. Неговиот татко, Јанг Вучих (楊武之) (1896–1973), бил математичар, а неговата мајка, Лу Менгхуа (羅孟華), била домаќинка. Јанг посетувал основно и средно училиште во Пекинг, а есента 1937 неговото семејство се преселило во Хефеј по јапонската окупација над Кина. Во 1938 се преселиле во Куенминг, Јунан, каде се наоѓал Линдскиот универзитет. Истата година, како студент во втора година, Јанг ги поминал пријавните испити и студирал во Линдскиот универзитет. Ја добил професорската диплома во 1942,[3] со неговата теза за примена на групна теорија на молекуларни спектри, под надзор на Тају Ву. Тој таму продолжил да студира постдипломски курсеви две години под надзор на Ванг Жукси, работејќи на статичка механика. Во 1944 магистрирал во Цинхујскиот универзитет, кој се преместил во Куенминг за време на Кинеско-Јапонската војна (1937-1945),[3] а подоцна бил награден со стипендија формирана од страна на владата на САД употребувајќи дел од парите кои Кина била приморана да ги плати по Боксерското востание. Било одложено една година, период во кој Јанг предавал во средно училиште како професор и студирал теорија на поле.
Од 1946, Јанг студирал со Едвард Телер (1908–2003) во Чикашкиот универзитет една година како асистент на Енрико Ферми. Во 1949 бил поканет да истражува во институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, каде започнал период на плодна соработка со Ли Џенгдао. Тој станал постојан член на институтот во 1952 и професор во 1955. Во 1963, Princeton University Press го објавил неговиот учебник, „Елементарни честички“. Во 1965 се преселил во Њујоршкиот државен универзитет во Стони Брук, каде што бил наречен „Алберт Ајнштајнов професор по физика“ и прв директор на новосоздадениот институт за теориска физика. Денеска институтот е познат како „Џенинг Јангов институт за теориска физика“.
Се пензионирал од Стони Брук во 1999, задржувајќи ја титулата на почитуван професор. Во 2010, Стони Брук во чест на придонесот на Јанг за универзитетот, најновата градба, интернат, е именувана „C. N. Yang Hall“.
Тој бил избран за член на американското друштво на физичари, Кинеската академија на науки, Синикаската академија, Руската академија на науки и Кралското друштво. Тој бил награден со почесна докторатска диплома од Принстонскиот универзитет (1958), Московскиот државен универзитет (1992) и Кинескиот универзитет во Хонгконг (1997).
Јанг ја посетил територијата на Кина во 1971 за првпат по затоплувањето на кинеско-американските односи и вложил големи напори во помагањето на кинеската заедница на физичари за повторна изградба на истражната атмосфера која била уништена од радикалните политички движења за време на Културната револуција. По пензионирање од универзитетот во Стони Брук се вратил како почесен директор во Цинхујскиот универзитет, Пекинг, каде тој е професор на Хуанг Јибејлу Каикун во центарот за напредни студии (CASTU). Тој е исто така на чело на судискиот одбор за Шавовата награда и е познат професор во Кинескиот универзитет во Хонгконг.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Јанг во 1950 се оженил со Чили Ту (кинески: 杜致禮), професорка. Заедно имаат два сина и една ќерка, Франклин Џуниор, Гилберт и Јули. Таткото на неговата жена, Ду Јуминг бил куоминтангски армиски генерал кој бил воен заробеник на крајот на кинеската граѓанска војна. Неговата првата жена Ту починала зимата 2003. Јанг се оженил со дваесет и осум годишната Венг Фан (кинески: 翁帆), во декември 2004.
Јанг станал американски државјанин во 1964. Сега тој престојува во Кина, а има добиено дозвола за постојан престој во Кина во 2005.[4]
Околу религиозното гледиште на Јанг, тој е агностик.[5]
Награди
[уреди | уреди извор]- Нобелова награда за физика (1957)
- Румфордова награда (1980)
- Национален научен медал (1986)
- Оскар Клејново меморијално предавање и медал (1988)
- Бенџамин Франклинов медал на Американското друштво на филозофи (1993)[6]
- Боверова награда (1994)
- Алберт Ајнштајнов медал (1995)
- Ларс Онзагерова награда (1999)
- Меѓународна награда на кралот Фајсал (2001)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bing-An Li, Yuefan Deng. „Biography of C.N. Yang“ (PDF). Посетено на 2007-09-11.
His birth date was erroneously recorded as September 22, 1922 in his 1945 passport. He has since used this incorrect date on all subsequent official documents.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1957“. The Nobel Foundation. Посетено на November 1, 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Nobel Prize Web site“. Посетено на 2014-10-16.
- ↑ „Chinese "Green Card"“. China Central Television. 2005-06-24. Посетено на 2013-06-01.
- ↑ Jesse Hong Xiong (2009). „Seven“. The Outline of Parapsychology. Rowman & Littlefield. стр. 322. ISBN 9780761849452.
When a reporter asked him: “Do you believe there is a Creator who creates all in the universe?" Professor Chen Ning Yang (1922- ), a Chinese Nobel Prize winner in physics in 1957, answered: “I think it is hard for me to directly say 'yes' or 'no'. I can only say that when we more and more understand the wonderful structures in the nature, no matter whether we directly or indirectly ask the question, there does exist the question you ask: is there someone or God who takes charge of all? I think it is a question that will never be finally answered. (The reporter asked: 'Is it because what man knows is too limited?') On one hand, yes; on the other hand, we can have a feeling that the universe will not be created so wonderful without an ultimate goal.” Professor Yang held agnosticism here.
- ↑ „Benjamin Franklin Medal for Distinguished Achievement in the Sciences Recipients“. American Philosophical Society. Посетено на November 26, 2011.
- Yang, C.N. (1952) [1952]. Special problems of statistical mechanics. Seattle: University of Washington Press. ASIN B0007FZHH4.
- Lee, T. D. and C. N. Yang. "Elementary Particles and Weak Interactions," Брукхејвенска национална лабораторија (BNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (1957).
- Yang, C. N. "The Many Body Problem. Physics Monographs No. 6," Rio de Janeiro. Centro Brasileiro de Pesquisas Fisicas, (1960).
- Yang, C.N. (1963) [1961]. Elementary Particles: A Short History of Some Discoveries in Atomic Physics. Princeton: Princeton University Press. ASIN B000E1CBGG.
- Yang, C. N. "Mathematical Deductions from Some Rules Concerning High-Energy Total Cross Sections," Брукхејвенска национална лабораторија (BNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (1962).
- Yang, C. N. "Symmetry Principles In Physics. Brookhaven Lecture Series Number 50," Брукхејвенска национална лабораторија (BNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (October 13, 1965).
- Yang, C.N. (1983) [1983]. Selected papers 1945-1980, with commentary (Chen Ning Yang). San Francisco: W.H. Freeman. ISBN 0-7167-1406-X.
- „C.N. Yang Institute for Theoretical Physics (YITP)“. Посетено на 2008-01-05.
- Sutherland, Bill (2004), Beautiful Models, World Scientific Publishing Company, ISBN 978-981-238-859-9, Архивирано од изворникот на 2012-06-26, Посетено на 2015-03-23
- Yang, C.N. (1983), Selected Papers 1945-1980, With Commentary, W.H. Freeman & Company, ISBN 978-0-7167-1406-4
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Professor Chen Ning Yang (почетна страница - Institute for Advanced Study in Tsinghua University)
- Chen Ning Yang (почетна страница - State University of New York at Stony Brook)
- C.N. Yang's Home Page Архивирано на 6 јануари 2010 г. (почетна страница - The Chinese University of Hong Kong)
- Nobel biography Архивирано на 13 август 2004 г.
- Symmetries and Reflections (Јангов пензионерски симпозиум во Stony Brook University)
- The CN Yang Scholars Programme Архивирано на 7 јуни 2011 г. во Nanyang Technological University Архивирано на 22 април 2011 г., Сингапур
- „Chen-ning Yang interview“. Simons Foundation. 2011-12-20.
- Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
|
- Родени во 1922 година
- Американски нобеловци
- Американски физичари
- Кинески нобеловци
- Кинески физичари
- Честични физичари
- Теориски физичари
- Странски членови на Кралското друштво
- Носители на Националниот научен медал
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Американското физичко друштво
- Апсолвенти на Чикашкиот универзитет
- Странски членови на Руската академија на науките
- Членови на Полската академија на науките
- Членови на Папската академија на науките
- Членови на Бразилската академија на науките
- Членови на Кинеската академија на науките
- Странски членови на Кинеската академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво