Прејди на содржината

Дејвид Грос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејвид Грос
Роден(а)Дејвид Џонатан Грос
19 февруари 1941(1941-02-19)(83 г.)
Вашингтон САД
ЖивеалиштеСАД
НационалностАмериканец
ПолињаФизика, терија на струните
УстановиКалифорниски универзитет
Харвард
Принстонски универзитет
ОбразованиеЕврејски универзитет
Калифорнски универзитет
Докторски менторЏефри Чу
ДокторандиФранк Вилчек
Едвард Витен
Вилијам Касвел
Раџеш Гопакумар
Никита Некрасов[1]
Познат поасимптотска слобода
хетеротична струна
Поважни наградиДираков медал (1988)
Харвиева награда (2000)
Нобелова награда за физика (2004)
СопружникШуламит Тоаф Грос (разведен, 2 деца)
Жаклин Савани
Потпис

Дејвид Грос (19 февруари 1941) — американски честичен физичар и струнотеоретичар. Заедно со Франк Вилчек и Дејвид Полицер, е награден со Нобелова награда за физика во 2004 година за нивното откритие на асимптотска слобода. Toj е поранешен директор и сегашен предавач на Глуковото место за теориска физика на Кавлиевиот институт за теориска физика при Калифорнискиот универзитет. Тој е исто така факултативен член на одделот за физика при Калифорнискиот универзитет и е моментално поврзан со институтот за квантни студии при Чапмановиот универзитет во Калифорнија.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Дејвид Грос со неговта сопруга во Санта Барбара.
Градежни работи во Кавлиевиот институт

Тој се родил во еврејско семејство во Вашингтон на 19 февруари 1941 година. Неговите родители биле Нора и Бертрам Мирон Грос (1912–1997). Грос се стекнал со диполмата и мгистратурата од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, Израел, во 1962 година. Докторатот го стекнал на Клифорнискиот универзитет во 1966 година пор раководство на Џефри Чу.[2]

Тој бил помлад член на Харвард и професор на Принстонски универзитет до 1997 година. тој е добитника на стипендијата на Мекартуровата фондација во 1987 година, Дираковиот медал во 1988 година и Харвиевата награда во 2000 година.[2]

Во 1973 година, Грос, работејќи заедно со дипломецот, Франк Вилчек, на Принстонски универзитет, ја откриле асимптотската слобода, која вели дека колку што се поблизу кварковите, толку е помало силното заемодејство (или промената на бојата) меѓу нив, кога кварковите се во непосредна близина, јадрената сила меѓу ним е толку мала што тие се однесуваат скоро како слободни честички. Асимптотската слобода, независно биа откриена и од Полицер, и е важна за развојот на квантната хромодинамика.

Грос, заедно со Џефри Харви, Емил Мартинец и Рајан Ром исто така ја создале теоријата за хетероитична струна. Четворицата стекнале прекар „Пиринстонов струнов квартет“.[3]

Во 2003 година, Грос биле еден од 22 нобеловци кој го потпишал Хуманистичкиот манифест.[4]

Почести и награди

[уреди | уреди извор]
  1. David Jonathan GrossПроект „Математичко родословие“ (англиски)
  2. 2,0 2,1 „Autobiography“. nobelprize.org. Посетено на 23 Apr 2013.
  3. String Theory, at 20, Explains It All (or Not). NY Times (2004-12-07)
  4. „Notable Signers“. Humanism and Its Aspirations. American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 2012-10-05. Посетено на October 2, 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]