Клифорд Шал
Клифорд Шал | |
---|---|
Клифорд Шал (десно) и Ернест Вулан работат со двојно-кристален неутронски спектрометар во ORNL X-10 графитен реактор во 1949. | |
Роден(а) | 23 септември 1915 Питсбург, Пенсилванија, САД |
Починал(а) | 31 март 2001 Медфорд, Масачусетс, САД | (возр. 85)
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Познат по | Неутронско расејување |
Поважни награди | Награда за Баклиева кондензирана материја (1956) Грегори Аминофиева награда (1993) Нобелова награда за физика (1994) |
Клифорд Гленвуд Шал (англиски: Clifford Glenwood Shull 23 септември 1915 — 31 март 2001) — американски физичар и добитник на Нобеловата награда.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој одел во средното училиште во Питсбург, каде добил универзитетска диплома од Карнегискиот институт за технологија, а докторирал во Њујоршкиот универзитет. Тој работел за „Тексас Компани“ во Њујорк, за време на војна, проследено со работно место во Клинтоновата лабораторија, а во 1955 конечно се придружил на Масачусетскиот институт за технологија, кога во 1986 се пензионирал.
Истражување
[уреди | уреди извор]Клифорд Шал бил награден со Нобеловата награда за физика во 1994 со Канаѓанецот Бертам Брокхаус.[1] Двајцата ја добиле наградата за развојот на неутронско расејувачката техника. Тој исто така спровел истражување за кондензирани материи. Наградата на професорот Шал му била доделена за неговата пионерска работа со неутронското расејување, техника која открива каде се атомите во материјал како одбиени куршуми каде пречките се во темно.
Кога сноп на неутрони е насочен во одреден материјал, неутроните се одбиваат, или се расејуваат, атомите во случајот се истражуваат. Правецот на неутроните се менува, зависно од локацијата на атомите кои ги погодиле, и тогаш дифракцијата на атомските позиции може да се одреди. Сфаќајќи каде се атомите во материјалот и како заемно дејствуваат едни со други е клучно за сфаќањето на својствата на материјалот.
Професорот Шал на седумдесет и девет годишна возраст, на денот на доделувањето на Нобеловата награда, тој изјавил:
- „Тогаш можеме да размислуваме како може да направиме подобро стакло за прозор, подобри полупроводници, подобри микрофони. Сите овие работи подлежат на сфаќањето на основната наука.“
Тој неговата пинерска работа ја започнал во 1946 во сегапознатата национална лабораторија „Оук Риџ“. На времето тој кажал:
- „Научниците во Оук Риџ беа многу нервозни да ги дознаат вистинските вредни научни употреби за информацијата и технологијата кои се развија за време на војната во Оук Риџ и на други места поврзани со воениот период на Менхетенскиот проект.“
Професорот Шал се здружил со Ернест Вулан и во периодот на следните девет години тие истражувале начини за употреба на неутроните произведени од јадрени реактори за да ја осознаат атомската структура на материјалите.
Според впечатокот на професор Шал, најважниот проблем на кој работел е справувањето со одредувањето на позициите на водородните атоми во материјали. Така тој еднаш кажал:
- „Водородните атоми се сеприсутни во сите биолошки материјали и во многу други неоргански материјали, но не би можел да ги видиш со друга техника. Со неутроните излезе дека тоа било сосема поинаку, а ние бевме многу задоволни и среќни да дознаеме работи околу стуктурите во кои се содржи водород.“
Како што ја усовршил расејувачката техника, професор Шал ги проучувал основните својства на самиот неутрон. Тој исто така го извел првото неутронско расејувачко истражување на магнетни материјали. ... „Ако постои... ’татко на неутронското расејување‘ во САД, тоа е професорот Шал“, напишал Ентони Нуњес..., професор по физика во Род Ајлендскиот универзитет.
Професор Шал дошол во Масачусетскиот институт за технологија како постојан професор во 1955 и се пензионирал во 1986, и покрај тоа што продолжил да го посетува и да „гледа преку рамениците“ како студентите прават експерименти во „остатоците од мојата стара истражна лабораторија“.
Меѓу поважните награди на Шал се Баклиевата награда, која ја добил од Американското друштво на физичари во 1956, и изборот во Академијата на уметностите и науките на САД (1956) и во Националната академија на науките (1975). Во 1993 тој ја добил Грегори Аминофиевата награда на Кралската шведска академија на науките за неговиот „развој и примена на неутронско дифракционите методи за проучивање на атомските и магнетните структури на цврсти материи“.[1]
Почести
[уреди | уреди извор]Лични награди и почести на Шал
[уреди | уреди извор]- Награден со Баклиева награда, Американско друштво на физичари, 1956
- Избран во Академијата на науките и уметностите на САД, 1956
- Избран во Академијата на науките и уметностите, 1975
- Награден со Грегори Аминофиева награда, Кралска шведска академија на науките, 1993
- Награден со Нобелова награда за физика, 1994, која ја споделил со канадскиот физичар Бертам Брокхаус
- Шалови карпи, на Антарктикот именувани во негова чест
Печатни изданија во чест на Шал
[уреди | уреди извор]- Carroll, Cindy. "Carnegie Mellon University Receives Nobel Laureate Clifford Shull Papers Grant and Additional Gift Will Make the Collection Available to Researchers" Архивирано на 23 јули 2008 г., (Mar. 12, 2004): Carnegie Mellon University.
- Stevenson, Daniel C. "Shull wins Physics Nobel for work done 40 years ago" Архивирано на 27 мај 2012 г., The Tech-Online Edition. Vol. 114, no. 68, Feb. 7, 1995: Massachusetts Institute of Technology (MIT).
- "Oak Ridge Pays Tribute to its Nobel Prize Winner" Архивирано на 14 декември 2012 г., Oak Ridge National Laboratory.
Награди во чест на Шал
[уреди | уреди извор]- The Clifford G. Shull Prize in Neutron Physics Архивирано на 9 мај 2008 г., The Neutron Scattering Society of America.
- Clifford G. Shull Fellowship Архивирано на 8 март 2014 г., Oak Ridge National Laboratory.
Објавени дела
[уреди | уреди извор]- Davidson, W. L., Morton, G. A., Shull, C. G. & E. O. Wollan. "Neutron Diffraction Analysis of NaH and NaD", United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (April 28, 1947).
- Shull, C. G.; Wollan, E. O. "The Diffraction of Neutrons by Crystalline Powders", Oak Ridge National Laboratory (ORNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (April 28, 1947).
- Shull, C.G., Wollan, E.O. & M.C. Marney. "Neutron Diffraction Studies", Oak Ridge National Laboratory (ORNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (Oct. 22, 1948).
- Rundle, R.E., Shull, C.G. & E.O. Wollan. "The Crystal Structure of Thorium and Zirconium Dihydrides by X-ray and Neutron Diffraction", Ames Laboratory, Oak Ridge National Laboratory (ORNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (Apr. 20, 1951).
- Nathans, R., Riste, T., Shirane, G. & C.G. Shull. "Polarized Neutron Studies on Antiferromagnetic Single Crystals: Technical Report No. 4", Massachusetts Institute of Technology (MIT), Брукхејвенска национална лабораторија, United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), National Security Agency (NSA), Air Force Office of Scientific Research (AFOSR), (Nov. 26, 1958).
- Shull, C.G. "Low Temperature and Neutron Physics Studies: Final Progress Report, March 1, 1986--May 31, 1987", Massachusetts Institute of Technology (MIT), United States Department of Energy, (July 27, 1989).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Clifford G. Shull, co-winner of 1994 Nobel Prize in physics, is dead at 85“. MIT-News. Massachusetts Institute of Technology. 2001-04-02. Архивирано од изворникот 2010-12-27. Посетено на 2010-12-27.
Professor Shull shared the 1994 Nobel Prize with Professor Bertram S. Brockhouse of McMaster University, Hamilton, Ontario, Canada.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- 1994 Nobel Physics winners Архивирано на 9 јули 2008 г.
- Nobel Autobiography
- Full-text digital archive of Clifford G. Shull papers
|