Јодид
| |||
Систематско име | јодид[1] | ||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
20461-54-5 | |||
Бајлштајн | 3587184 | ||
ChEBI | CHEBI:16382 | ||
ChEMBL | ChEMBL185537 | ||
ChemSpider | 28015 | ||
14912 | |||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
KEGG | C00708 | ||
PubChem | 30165 | ||
| |||
UNII | 09G4I6V86Q | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Конјуг. киселина | јодоводород | ||
Термохемија | |||
Стандардна моларна ентропија S |
169,26 J K−1 mol−1 | ||
Слични супстанци | |||
Други анјони | |||
Дополнителни податоци | |||
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Јодид — соединение на јодот[2] со формална оксидациска состојба −1. Во секојдневието, јодидот најчесто се среќава како составница на јодираната кујнска сол пропишана со закон во многу земји. Две милијарди луѓе на светот страдаат од недостаток на јод во исхраната, кој е најголемиот меѓу спречливите предизвикувачи на умствена попреченост.[3] Јодидниот јон се бележи со I−.
Структура и особености на неорганските јодиди
[уреди | уреди извор]Јодидот е еден од најголемите едноатомски анјони, со полупречник од 206 пикометри. За споредба, полесните халиди се значително помали: бромидот (196 пм), хлоридот (181 пм) и флуоридот (133 пм). Поради неговата големина, јодидот образува релативно слаби врски со највеќето елементи.
Највеќето јодидни соли се растворливи во вода, но помалку од сродните хлориди и бромиди. Бидејќи е голем, тој е помалку водољубив во споредба со помалите анјони. Поради ова, натриум јодидот е лесно растворлив во ацетон, што не важи за натриум хлоридот. Малата растворливост на сребро јодидот и олово јодидот го одразува ковалентниот карактер на овие метални јодиди. Присуството на јодидни јони се забележува од жолтиот талог кој слегува при обработната на раствор од сребро нитрат или олово(II) нитрат.[4]
Водените раствори на јодидните соли подобро го раствораат јодот од чистата вода. Овој ефект се должи на образувањето на тријодидниот јон, кој е кафеав по боја:
- I− + I2 ⇌ I−
3
Редокс и антиоксидантни својства
[уреди | уреди извор]Јодидните соли се благи редуктори и може да реагираат со кислород за да произвдат јод. Редукторот е хемиски збор за антиоксиданс. Неговите антиоксидантни својства можат да се изразат количествено како редокс-потенцијал :
Бидејќи јодидот лесно оксидира, некои ензими лесно се претвораат во електрофилни јодирачки агенси, потребни за биосинтезата на безброј природни производи кои содржат јод. Јодидите можат да делуваат како редуктори на антиоксиданси кои можат да го уништат озонот[5] and реактивни видови на кислородот како водород пероксидот:[6]
- 2 I− + пероксидаза + H2O2 + тирозин, хистидин, липид итн. → јодосоединенија + H2O + 2 e− (антиоксиданси).
Претставителни јодиди
[уреди | уреди извор]Соединение | Формула | Изглед | Се среќава како |
---|---|---|---|
Калиум јодид | KI | бели кристали | јодна составница на јодираната сол |
Јодоводород | HI | безбоен гас | силна неорганска киселина |
Сребро јодид | AgI | жолт прашок кој потемнува на светлина | фотоактивна составница на фотографскиот филм |
Тироксин (3,5,3′,5′-тетрајодотиронин) |
C15H11I4NO4 | бледожолта цврста материја | хормон неопходен за човековото здравје |
Природна застапеност
[уреди | уреди извор]Најчест јодиден минерал е јодаргиритот, природниот кристален облик на сребро јодид. Јодидните анјони понекогаш се среќаваат здружени со жива, бакар и олово, но минералите со такви состави се уште поретки.[7]
Други оксианјони
[уреди | уреди извор]Јодот може да ги заземе оксидациските состојби −1, +1, +3, +5 или +7. Познати се разни неутрални јодни оксиди.
Оскид. состојба | −1 | +1 | +3 | +5 | +7 |
---|---|---|---|---|---|
Назив | јодид | хипојодит | јодит | јодат | перјодат |
Формула | I− | IO− | IO− 2 |
IO− 3 |
IO− 4 или IO5− 6 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Iodide - PubChem Public Chemical Database“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information.
- ↑ „јодид“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ McNeil, Donald G. Jr (16 декември 2006). „In Raising the World's I.Q., the Secret's in the Salt“. New York Times. Посетено на 4 декември 2008.
- ↑ Greenwood, Norman N.; Earnshaw, Alan (1997). Chemistry of the Elements (2. изд.). Butterworth-Heinemann. ISBN 0080379419.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Mineral/rock/commodity names containing 'iodide'“. mindat.org. Посетено на 9 август 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|
|