Јазовец
Јазовец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Месојадци |
Семејство: | Куни |
Потсемејство: | Melinae Mellivorinae Taxidiinae |
Родови | |
Јазовец (Melinae) е заедничко име за три рода кои припаѓаат на семејството Mustelidae: истото семејство на цицачи на којa припаѓаат творовите, ласиците, видрите и некои други останати ѕверови. Постојат осум видови на јазовци, сместени во три потсемејства: Melinae (јазовци во Европа и Азија), Mellivorinae (медојадни јазовци) и Taxideinae (американски јазовец).
Исхрана
[уреди | уреди извор]Јазовецот се храни претежно со мали цицачи кои живеат на земја, па мошне чест плен му се прериските пци, кои ги ископува од подземните брлози. Тие се активни ноќе, а пленот го наоѓаат благодарејќи на добро развиеното сетило за мирис, вид и слух. Благодарејќи на силните предни нозе и канџи, јазовците се добри копачи, а тунелите кои ќе ги ископаат во потрага по плен ги користат и за спиење.
Размножување
[уреди | уреди извор]Живеат самостојно, а во текот на сезоната на парење мажјаците и женките ги зголемуваат своите територии во потрага по партнер. Јазовците се парат во доцно лето или рана есен. Во рана пролет женките ги котат младите, најчесто од 1 до 5, во подземното дувло обложено со трева. Младите се раѓаат слепи и беспомошни, па женките ги хранат, негуваат и штитат уште 5 до 6 недели. Поголемиот дел од зимата го поминуваат мирувајќи, иако кај нив нема вистински зимски сон.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Јазовецот живее во САД, Северно Мексико и во Европа.
Јазовецот како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Јазо и светулките“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[1]
- „Крадачи“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[2]